Инвазијата на Крим е историска грешка во надворешната политика на Русија

1976983_705398399499240_1416538339_n

Автор: Марк Адоманис кој специјализирал за руска економија и демографија

Превел, уредил и додал забелешки Томислав Захов

Аргументот на Путин-Путлер за анексија на Крим кон Русија е дека Полуостровот има големо етничко руско население кое тој треба да го вклучи во Руската Федерација за да го заштити. Па и Латвија, Естонија и Казахстан сите овие држави имаат етнички руски населенија над 20%, и во сите нив процентот е повисок од 17-те % присутни Руси во Украина! Дали Путлер изјавува дека тој може исто така да ги анектира сите или само дел од било која од овие нации? Дури ако тој не вели дека има такви планови или идеи во својот болен фашистички ум, точно е она што тој го изјави за Крим (4 март 2014).

На 4 март 2014 година, рускиот „претседател“ Владимир Путин се појави на прес-конференција. Еден новинар го праша: „Каква ја гледате иднината на Крим? Дали ја земате предвид можноста Полуостровот да се придружи на Русија?“ Одговорот на Путлер бил категоричен: „Не, не размислуваме за тоа.“

После две недели, на 18-ти март 2014 година, Путлер иницира „референдум“ во Крим. Додека стотици руски војници стражареле, нишанејќи со пушки, и со гласачко ливче кое не содржело алтернатива за останување во рамки на Украина, Кримљаните биле прашани дали тие сакаат да се придружат на Русија. Кога „гласовите“ биле изброени, повеќе од 95% од нив поддржале припојување кон Русија. За неколку часа, Путлер го анектирал Крим кон Русија.

Кримските Татари го бојкотираа кримскиот референдум, а многу од нив заминаа во Киев да учествуваат во Револуцијата. Заклучокот дека референдумот покажа дека Татарите сакале да бидат дел од Русија е целосно смешна лага.

Покрај тоа, причината што има толку многу етнички Руси во Крим споредено со други етнички групи, како Татари, е Сталиновата политика на етничко чистење. Пред Сталин да го наметне државно-спонзорираниот расизам во Крим, повеќе од третина од населението биле Татари.

Не е првпат Путлер да биде фатен како лаже за Крим. Две седмици пред да го нападне Крим, тој се заколна пред светот дека тоа е нешто што тој никогаш нема да го направи.

1383195_494828337288619_627041406_n

Изгледаше веројатно дека Русите одлучија да интервенираат, но сепак тие бесно негираа било какво вмешување и многу од известувањата кои доаѓаа од Севастопол (каде што Русија веќе имаше распоредено околу 15 000 трупи) и Симферопол (регионалниот главен град) беа збунувачки и противречни. Сега, не постои ниту најмало сомневање: во кампања која ги имаше сите ознаки на нејзината карактеристична воена доктрина, Русија брзо испрати илјадници трупи на суверената територија на Украина. Руските трупи дури не претендираат да се покоруваат на било какви претходни договори и со активното разоружување на малиот број на украински војници лоцирани на полуостровот и со поставувањето на препреки на патиштата и со преземањето на контрола над круцијални делови од инфраструктурата, тие практично го отсекоа Крим од остатокот на светот. Никако не е преувеличување да се рече дека Русија го нападна и презеде Крим.

Точно колку лоша ситуацијата ќе стане зависи од огромен број на веројатности, но можеби најважната веројатност е следната: која е крајната игра на Русија?

Водачот на нео-евроазиското движење, рускиот фашист Александар Дугин отворено повикува да се убиваат Украинците и да се анектираат делови од украинската држава кон Русија за да се изгради фашистичка Евроазиска Унија.

Во 1997 година, додека се‘ уште бил ко-водач на Национал-болшевичката партија на Русија, Дугин го објавил своето најважно дело „Темелите на геополитиката“. Воениот советник на Дугин за оваа книга бил генералполковник Николај Клокотов кој предавал на воената академија на вооружените сили на Русија. Со помош на овој генералполковник, Дугин дал план за изградба на Евроазиската Империја. Одредени региони и земји би биле одземени по пат на воена сила (груба сила), други региони и земји – со силата на убедување (мека сила). Во поглед на Украина, на пример, Дугин напишал:

„Сувереноста на Украина претставува еден таков негативен феномен за руската геополитика што може, во принцип, лесно да предизвика воен судир. Украина како независна држава со одредени територијални амбиции сочинува огромна закана за целата Евроазија, а без решението на украинскиот проблем, нема смисла да се зборува за континенталната геополитика. Земајќи го предвид фактот дека едноставна интеграција на Москва со Киев е невозможна и нема да резултира со стабилна геополитичка структура, Москва треба активно да се вклучи во реорганизација на укранскиот простор во согласност со единствениот логички и природен геополитички модел.“

Овој „логички и природен геополитички модел“ подразбира поделба на Украина на неколку „зони“, мнозинството од кои ќе бидат директно контролирани од Москва.

Пропаста на прорускиот режим на Јанукович е голем пораз за руските национални интереси. Путин ја гледа Украина како сателит на рускиот протекционистички капитализам. Како што еднаш тој му рекол на тогашниот американски претседател Џорџ Буш: „Украина дури не е држава.“ Во јавност, г-дин Путин не може да се дрзне да ја нарече Украина било што освен „крај“, рускиот збор за територија. Тој беше одлучен да ја стопира Украина да се најде под крилото на европскиот капитализам предводен од Германија. Но, неговиот човек, Јанукович не можеше да помогне.

Некои од подлизурковците на Путин сакаат да тврдат дека на привремената влада на Украина ѝ недостига легитимитет бидејќи таа не е избрана од народот. Ова е апсолутна бесмислица, а краток преглед на американската историја покажува зошто. Џералд Р. Форд стана 38-от претседател на Соединетите Американски Држави во август 1974 година кога Ричард М. Никсон отстапи од функцијата поради губење чест. Форд беше првиот човек кој ја доби функцијата претседател без да биде избран за претседател или вице-претседател, кој исто така ја презеде функцијата на вице-претседателство со именување после оставката на Никсон. Штом американскиот народ доби можност да одлучи дали Форд треба да биде претседател, тој веднаш гласаше „не“. Форд не е единствениот Американец кој имал претседателска власт без да биде овластен да ја извршува од народот. Честер А. Артур стана претседател во 1881 година после атентатот врз Џејмс Гарфилд, и за разлика од Форд, Артур беше избран да служи како вице-претседател. Сепак, додека Форд барем успеа да ја добие номинацијата од својата партија за да продолжи во извршувањето на функцијата при истекувањето на неговиот првобитен мандат, Артур не успеа да го постигне дури тоа и беше отфрлен како кандидат. Таа иста судбина му се случи на Ендру Џонсон, кој како Артур дојде на власт после атентат врз претседателот Абрахам Линколн. Додека Артур беше понижен со тоа што му беше одбиена номинација од страна на неговата партија, тој можеше да се чувствува подобро за себе знаејќи дека, за разлика од Џонсон, барем тој не беше симнат од власт како што беше Џонсон. Одречените владејачи Форд, Артур и Џонсон ја извршуваа претседателската функција за повеќе од една декада. Дали американската влада беше нелегитимна за време на овој период? Други Американци кои го наследија претседателството, како Џон Кенеди и Теди Рузвелт, го озаконија своето владеење така што беа избрани за да го продолжат. Дали тоа значи дека Форд, Артур и Џонсон не требаше никогаш да бидат претседатели? Се разбира, не. И нема логика да се поддржува идејата дека привремената владата на Украина беше на некој начин нелегитимна. Виктор Јанукович, украинскиот претседател, беше симнат од власт и обвинет за големи злосторства за кои тој без сомневање е виновен. Тој побегна од државата за да избегне судско гонење и му е даден азил од Русија, која одбива да го предаде. Привремена влада, баш како таа на Форд, Артур и Џонсон, беше воспоставена заради организирање на избори кои беа испланирани да се случат многу побргу отколку во случајот на Форд, Артур или Џонсон.

Засега сосема е нејасно дали Русија едноставно има намера да го отцепи Крим како казна за обезвластувањето на Виктор Јанукович или дали Русија има намери да спроведе многу поголема (и многу поопасна) кампања да ја собори и замени сегашната украинска влада. Ниту една од овие намери не се ни најмалку оправдани, а секој обид на Русија присилно да го отстрани Крим од Украина би го прекршил мноштвото од меѓународни закони и спогодби.

Зошто Крим НЕ е Косово

 
  Косово Крим
Предуслови за референдум Геноцид врз косоварските Албанци од српската влада во 1998-99 во кој 3300 цивили го загубија животот Никакви докази за загуби на живот или закана по малцинствата од страна на украинските власти. Всушност, најнеодамнешното масовно убиство во современата историја на Крим, масовната депортација и делумно уништување на кримските Татари, домородниот народ на Крим, беше извршено од Советскиот Сојуз по наредба на Сталин, чиј режим сегашното руско водство активно го рехабилитира и чиј наследник е.
Етнички состав 88-95% Албанци и 7% Срби; 93% од Албанците ја поддржаа независноста 60% Руси, 24% Украинци и 13% кримски Татари; реално 34% од етничките Руси во Крим поддржаа припојување кон Руската Федерација.
Организација на референдумот Близу ДЕСЕТ ГОДИНИ привремената Меѓународна организација на Обединетите Нации ја надгледуваше територијата после повлекувањето на српските сили (1999-2008).Косово работеше ДЕВЕТ ГОДИНИ за да ги исполни меѓународните критериуми за признавање пред референдумот. 21 ден меѓу промената на владата и фалсификуваното гласање.
Меѓународни набљудувачи Организација за безбедност и соработка во Европа (OSCE) го олесни спроведувањето на референдумот во Косово Луѓе вооружени со пиштоли им се закануваа на специјалните претставници на О.Н. и истераа делегација на високиот комесар за национални малцинства на OSCE. Покрај тоа, Русија одби контактна група на OSCE составена од Русија, Украина, Британија, Франција и С.А.Д.
Агенда на референдумот Косово напредна за НЕЗАВИСНОСТ. Огромно мнозинство од гласачите рече „да“ за отцепување од Србија. Референдумот нудеше опција да се стане ДЕЛ од ТРЕТА ЗЕМЈА – Руската Федерација, или да се отцепи од Украина. Референдумот не нудеше опција на статус кво.
Внатрешно признавање на резултатите од референдумот Косовскиот демократски избран парламент гласаше за официјално отцепување од Србија. Кримскиот парламент беше преземен од револвераши. А премиерот беше присилен да си даде оставка и беше заменет од сепаратистот и поранешен осуденик Сергеј Гоблин Аксионов, кој доби помалку од 4% од гласовите за време на претходните избори.

Но, постоењето на бројни „замрзнати конфликти“ ширум поранешната советска територија покажува дека животот може да продолжи после создавањето на проруска енклава. Но, ако реалната цел на Русија е промена на режимот во Украина, а овластувањето за употреба на воена сила, изгласано од горниот дом на парламентот, беше толку неодредено опишано што тоа би можело да се искористи за да се оправди секој правец на акција, а во тој случај ние би можеле да бидеме сведоци на отворена воена состојба во Европа за првпат откако заврши Втората светска војна.

Сепак, дури ако ние завршиме со најмалку лошата опција на Крим претворен во руска енклава како Абхазија или Трансдниестрија (што, сите знаеме, сè уште би било навистина лошо!), Русија направи колосално погрешна проценка која би можела да ги влоши нејзините односи со Европа и С.А.Д. за цела генерација. За разлика во 2008 година, кога Грузијците навистина започнаа први да пукаат и на тој начин ѝ дадоа на руската интервенција во Јужна Осетија оправданост, ништо од тоа што се случи во Крим или на друго место во Украина дури оддалеку не наликуваше на ситуацијата во Грузија. Руската интервенција во Крим е чист обид да се употреби воена сила за да се влијае врз политиката на друга земја, а тоа ќе биде сфатено така од секого во Европа и С.А.Д. Не постојат многу групи на Западот кои се склони кон подобри односи со Русија, постои поддршка во одредени деловни и дипломатски кругови, но малку поддршка меѓу општата јавност, но малкуте групи кои постојат ќе бидат целосно маргинализирани и дискредитирани. Дополнителните санкции и казни ќе се зголемуваат, и никој во С.А.Д. или Европа нема да се осмели да се спротивстави на нив, бидејќи тие не сакаат да бидат сфатени дека се поддржувачи на руската агресија. Па, да сумираме, веќе малата група на руски пријатели на Запад ќе се стопи а нејзините односи со Европа и С.А.Д. разбирливо ќе се влошат на најлошо ниво од времето пред Горбачов да стане премиер.

1948097_596507487100213_385652602_n

А тоа е само дипломатската цена што ќе треба да се плати. Економската цена за Русија ќе биде исто така сериозно висока. Берзата во Москва ќе стане апсолутно тешко погодена, а многу странски инвеститори ќе сакаат да ја напуштат земјата колку што можат побргу. Во зависност од сериозноста на ситуацијата во Украина, рускиот финансиски систем би можел да стагнира. Многу од овие одлуки кои влијаат на руското стопанство ќе бидат донесени во брзање и без трезна проценка на трошоците, но тоа е начинот на кој светот функционира: инвеститорите често преувеличено реагираат на политички настани и тие се разбира преувеличено ќе реагираат на воена инвазија против соседна земја. Стопанството на Русија веќе забавува во изминатите неколку квартали, а последното нешто што му треба во моментот е огромна брзина на бегство на капитал. Рубљата исто така ќе биде погодена и додека поевтината рубља би можела на крајот да биде добра за домашните производители на краток рок, многу послабата рубља веројатно ќе предизвика инфлација (можеби ќе ја натера Централната банка да ги зголеми каматните стапки).

Oткако започна рускиот воен напад во Украина, стопанството на Русија е во состојба на слободен пад. Сега, индексот на московската берза е минус 15% за разлика од месец февруари, намалувајќи се за вредност од околу 100 милијарди долари. Слободниот пад радикално забрза надолу на 3-ти март а за тој феномен постои само едно можно објаснување: Кремлин настапи на берзата и започна бесно да купува руски хартии од вредност за да вештачки ја зголеми побарувачката и да ги стабилизира цените. Но, Кремлин не може да си го дозволи тоа засекогаш, а кога ќе прекине да го прави тоа, пазарот ќе се врати во слободен пад. Не е само берзата во неволја. Пазарот на обврзници исто така беше уништен, каматните стапки пораснаа, а вредноста на рубљата наеднаш и брзо почна да паѓа, што значи дека инфлацијата врз стоките од странство, од коишто рускиот потрошувач зависи, беснее. Опаѓачката рубља го принуди Кремлин не само да мора да купува руски хартии од вредност, но исто така да ја купува самата валута, за да спречи обезвреднување од изнесувањето на пари надвор од земјата.

10270495_10203768353756282_9042765954967960963_n

Русија ќе „успее“ да го преземе Крим и можеби други делови на Источна Украина. Меѓутоа, во Днипропетровск 84.1% од жителите сакаат да живеат во Украина. Во Харков 65.6% сакаат да бидат во Украина. Во Луханск 51.9% сакаат да бидат во Украина а 30% сакаат да се присоединат кон Русија. Во Донецк 52.2% сакаат да бидат во Украина а 27.5% сакаат да се присоединат кон Русија. Бројот на етнички Украинци во Харков е 71.5%. Во Луханск = 60% а во Донецк = 59%.

Од стратешка перспектива нејзината интервенција во Украина ќе биде катастрофа: тоа сериозно ќе ја ослаби веќе застојувачката економија и ќе ги влоши односите со мноштво земји со кои Русија треба да има продуктивни работни односи. Би можело да изгледа дека Русија уверено ја потврдува својата моќ во нејзиното соседство, но таа всушност прави грешка од историски размери.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s