Жан-Пол Мара – присутен !

Jean-Paul_Marat

Историчарите не биле љубезни кон Жан-Пол Мара (24 мај 1743 – 13 јули 1793). Публицираните истражувачи на Француската револуција, барем на англиски јазик, скоро без исклучок го потценуваат Мара и неговото дело, портретирајќи го како дивјак, демагог, дури злосторник. Некои историчари ја смалуваат значајноста на Мара за револуционерната борба дека имала мала последица по неа, додека други историчари, во целосна противречност, ги признаваат неговите повици за гилотина како главна инспирација за Владеењето на Теророт кое отпочна после неговата смрт.

Слично, со брз преглед на популарните биографии на Мара објавени на Интернет ќе се види дека постои мала симпатија за францускиот лидер. Онлајн енциклопедијата Британика тврди во својот извод за младите читатели: „Жан-Пол Мара беше убиен на врвот на неговата моќ и влијание. Неговата насилна смрт беше предизвикана како резултат на неговата фанатична поддршка на насилство и терор.“ Еден друг есеј (NNDB, „следејќи го целиот свет“) заклучува: „Тој е уважен во историјата како крвожедно чудовиште, а сепак кога му се суди мора да се земат предвид прогонувањата низ кои тој минал и ужасната болест од кој страдал.“

Музичката драма „Мара/Сад“ од Петер Вајс, од 1963 година, е сосема симпатична кон Мара. Но, посебно во нејзината англиска изведба, револуционерниот лидер (портретиран од умно нездрав цимер во лудница) е прикажен да изледа прилично патетичен. Во текот на драмата, Мара гласно говори од својата када, додека верната Симон Еврар го брише со сунѓер неговото тело кое е во рани од болеста. Кога „обичниот народ“ од лудницата бара „Ние сакаме револуција сега“, Мара не може да им понуди ефективно водство, и тие завршуваат во нихилистички бунт.

Драмскиот писател, марксист, додал епилог кон ракописот на музичката драма во кој Мара е вратен во живот, и е презентиран политичкиот дијалог во поразумна содржина. Но, епилогот недостасува од англиските верзии на музичката драма и од популарниот филм на Петер Брук заснован на драмата.

За волја на вистината, Мара не беше ниту крвожедно чудовиште ниту неефективен во неговите политички активности. Повторувачката природа на овие клевети и навреди, всушност, би можела добро да поттикне сомневање дека тие биле измислени токму со цел да се сокријат Маратовите идеали и тактичките успеси како пример за општествени револуционери од наредните генерации.

Иако Маратовите останки биле отстранети од Пантеонот во Париз една ипол година по неговата смрт, тој треба да биде вратен во нашиот „пантеон“ на револуционерни јунаци. За таа цел, важна е веста дека биографија на Мара е објавена во 2012 година која има намера да ги разобличи митовите и полувистините во поглед на неговите политички гледишта и активности. А книгата „Жан-Пол Мара, трибун на Француската револуција“ оди дури понапред давајќи увид во Маратовите напори како политички организатор, со забележување дека таквото знаење би можело да биде од корист за социјалните борби денес.

936809_113980118812951_578151681_n547

Авторот, Клифорд Д. Конер, професор на City University of New York Graduate Center, напишал неколку книги во полето на научната и политичката историја, вклучително „Народна историја на науката“ („A People’s History of Science“, Nation Books, 2005). Socialist Action Books објави бројни негови памфлети.

Конер започнува со краток опис на Маратовите години како доктор и научник. Тој ја разголува клеветата, која потекнува уште од Маратовиот живот, дека Мара бил шарлатан или чудак. Оваа тема е повеќе третирана во Конеровата книга „Жан-Пол Мара: научник и револуционер“ („Jean Paul Marat: Scientist and Revolutionary“, Humanities Press, 1997).

Во книгата „Жан-Пол Мара, трибун на Француската револуција“, Конер бргу нè воведува во подоцните фази на Маратовиот живот, кога Мара се посветил скоро исклучиво на политичкото новинарство. Авторот покажува дека Мара бил пробуден – и дури подмладен од ефектите на неговата ослабувачка болест – од политичкиот вриеж кој довел до Француската револуција.

Конер истакнува дека широк опсег на општествени сили учествувал во востанието: „Процесот на Револуцијата беше опишан како непрекината низа од четири преклопувачки револуционерни бранови кои удираа против монархијата. Веднаш по аристократското востание, буржоазијата (капиталистичката класа во зачеток) се вклучила во судирот, а потоа селаните, и на крајот, урбаните сиромашни луѓе за кои Мара станал трибунот (јавниот поборник, заштитник и водач).“

Други хроничари на Француската револуција, како што е Алберт Собул, истакнале дека протестите од посиромашните класи често се случувале во годините пред револуцијата, како што нивниот животен стандард постојано се влошувал. Но, овие протести биле локални и генерално овде-онде по карактер. Покрај тоа, мнозинството население било поделено. Околу 80 проценти од француското население било сочинето од мали селани, и рурални наемни работници кои посакувале да поседуваат земја. И работничкото население во помалите и поголемите градови било поделено. Неговите „повисоки“ редови вклучувале главни занаетчии и ситни трговци, многу од кои повеќе се идентификувале со буржоазијата отколку со калфи, чираци и работници кои работеле во нивните работилници.

Сепак, масовното движење против привилегиите на кралот, а подоцна против аристократијата, било способно да ги обедини различните класи во обединето револуционерно движење – барем за одредено време.

Конер покажува дека Маратовите гледишта во почетокот на револуцијата не биле сепак многу радикални. За време на падот на Бастиља, на 14-ти јули 1789 година, Мара уште бил политички непознат човек, и сè уште гаел заблуди дека кралот би можел да помогне во воспоставувањето на демократија за нацијата. Но, мобилизациите на обичниот народ толку многу го инспирирале Мара што тој бргу ги прилагодил своите гледишта. Почнал да објавува весник, L’Аmi du peuple (Пријател на Народот), во кој ги застапувал барањата на масите за општествена еднаквост и економска правда.

Заземајќи го овој став, Мара наскоро се соочил со бесот на главните политички лидери – не само функционерите кои останале од стариот режим но исто така наводно „револуционерни“ (сепак конзервативни) политичари. Неговото храбро одбивање да отстапи пред клеветите и отворената полициска репресија само го зголемило неговото политичко влијание. Маратовиот широк круг на поддржувачи го бранел и го криел од полицијата.

b8b4d672045537c4_large

Неуспешниот обид на Луј XVI да побегне од Париз во јуни 1791 година, и појавувањето на докази дека кралот правел заговори против Револуцијата, почнале да разобличуваат секоја доверба во плановите да се задржи уставната монархија. Конер покажува, сепак, дека Мара бил далеку од воодушевување од резултатот: „Според негово видување, народот сепак не бил целосно разбуден, туку месечарел, скитал во забуна, мошне далеку од постигнување на политичка јасност која била неопходна да се консолидира Револуцијата.“

Следната година, народот бил зафатен од шовинистичка воена треска, кога Франција ѝ објавила војна на Австрија. Но, Мара одбил да се придружи на прославите, па дури одел дотаму што рекол дека француските порази би биле повеќе добредојдени отколку победите. „Постои вистинска опасност“, напишал тој, „дека еден од нашите генерали би можел да победи во битка и манипулирајќи ја опиената радост на неговите војници и народот, би можел да ја води својата победничка војска против Париз за да одново ја воспостави власта на кралот.“

Маратовото предвидување се докажало како точно но некое време подоцна, кога Шарл Франсоа Димурје, главниот француски воен командант на фронтот, се заканувал дека ќе маршира против Париз за да го протера радикалното крило од Националната конвенција. Наскоро Димурје пребегнал кај австриската војска а подоцна кај британската.

Точноста на ова и други „пророштва“ кои Мара ги дал во својот весник го одразила делумно пристапот кој тој го стекнал до „внатрешни“ информации – често давани од неговите подземни поддржувачи во војската, владата и на улиците. Но, исто така тоа ја покажало неговата остроумна способност да ги анализира таквите информации во контекст на стратешката дебата. Во многу околности, судирите на политичките сили во Револуцијата биле израз на основни судири меѓу општествените класи. За време на оваа доба, се разбира, двете главни спротивставени класи на денешницата, пролетаријатот и капиталистите, само што почнале да се развиваат.

Во пролетта 1793 година, Француската револуција бргу се кревала до својот врв, а Мара се искачувал до височината на својата моќ. Конзервативното жирондистичко крило на Националната конвенција се обидело да изврши противнапад кон Мара, обвинувајќи го за „противдржавно делување“. Наместо едноставно да ги обвини своите обвинувачи, сепак, Мара барал судски процес, кој потоа тој го искористил како форум не само да покаже дека обвинувањата биле бесмислени но и да ги обвини жирондистите (партијата на крупните капиталисти) за нивно соучесништво со Димурје.

Roux54

За еден месец, станало очигледно дека расположението на народот се свртило против жирондистите и во прилог на радикалното крило на Конвенцијата, монтањарите и јакобинците. Десетици илјади луѓе излегле на улици и ја блокирале Конвенцијата, барајќи жирондистичките делегати да се откажат од своите мандати. Мара порано предупредил против прерано востание – што треба да ја разобличи историската слика за него како „дивјак“ склон кон насилство. Но, ситуацијата се променила. Гледајќи ги масите на улиците, тој дал знак дека „сега е време“ за решителна акција. Мара помогнал во убедувањето на жирондистите да ја напуштат Конвенцијата, според тоа се одбегнала потребата од силна битка за да се присилат на повлекување.

Таа победа, пишува Конер, го одбележила пресвртниот момент на Револуцијата, целосниот пораз на аристократските привилегии. Со тоа, Мара се повлекол од политиката и од јавниот живот. Неговата болест се покажала премногу ослабувачка за да му дозволи да продолжи да биде активен во јавниот живот и политиката. И буквално веднаш, јакобинците почнале да го игнорираат, преобразувајќи го „Пријателот на Народот“ во безопасна икона – која тие ја прифатиле за да се борат против порадикални критичари.

Конер забележува дека Мара, до одреден степен, им помогнал на јакобинците во таа цел. Една седмица пред да биде убиен, на 4 јули, Мара објавил обвинување кон Жак Ру и другите „гневни“ (еnragés) кои застапувале бескласно општество и го пренесувале гласот на обичниот народ разгневен од вртоглаво растечките цени на прехранбените производи. Мара тврдел дека таквата пропаганда ја поткопувала поддршката на народот за револуционерната влада и според тоа ја охрабрувала контрареволуцијата.

Дури денес, прашањето за тоа дали „гневните“ биле „премногу леви“ би можело да биде спорно. Во својата музичка драма „Мара/Сад“, Петер Вајс го користи ликот на Ру како гласот на современата класна борба, кој гледа подалеку и со повеќе согледување од Мара. Но, во добата на Француската револуција, се разбира, на работничката класа ѝ недостигала кохезија и моќ да ги преземе уздите од растечката буржоазија. Требало уште пола век додека Карл Маркс не можел да напише дека „сеништето на комунизмот“ станало важна сила.

Сумирајќи го Маратовото политичко наследство, Конер дава посебен акцент на неговата улога како тактичар, надарен со остро чувство за она што треба да се прави следно во клучни политички сплет на околности. Но, Конер истакнува важен неуспех во Маратовото револуционерно водство – фактот дека тој одбил да ги организира своите следбеници во политичка партија. Мара секогаш настојувал дека единствената „партија“ била народот. И така, за разлика од Робеспјер и другите јакобинци, на Мара му недостигале уште лостови освен неговите лични напори за да делува во суштински важни ситуации.

Ако била создадена влијателна маратистичка партија, можеби Француската револуција ќе била поштедена од некои стапици и од брзата дегенерација со која се соочила во годините после смртта на Мара. Но, оставајќи ја на страна таквата шпекулација, ние треба да истакнеме дека политичкото наследство кое Мара го оставил за следните генерации сè уште е многу реално, и треба само да биде одново откриено. Маратовата бескомпромисна борба за социјална револуција, заклучува Конер, не изгубила ништо од својата релевантност и итност. Пријателот на Народот – присутен !

„Тие рекоа дека Мара е мртов. Не. Мара не е мртов. Ставете го во Пантеонот или фрлете го во одводен канал; не е важно – тој е тука следниот ден. Тој е прероден во човекот кој нема работа, во жената која нема леб, во девојката која мора да го продава своето тело, во детето кое не научило да чита; тој е прероден во таваните на Руен; тој е прероден во подрумите на Лиљ; тој е прероден во незатоплениот стан, во мизерниот душек без ќебе, во невработените, во пролетаријатот, во борделот, во затворот, во безмилосните закони, во безперспективните училишта… О, внимавај, човечко општество: ти не можеш да го убиеш Мара сè додека не ја убиеш мизеријата на сиромаштијата“.

(Ова не било објавено од Виктор Иго, но било наменето за неговиот роман Quatre-Vingt-Treize „1793“.)

„Мара не живееше за да биде споредуван со Исус бидејќи Исус го предизвика суеверјето и ги бранеше кралевите, додека Мара имаше храброст да ги скрши.“ ~ санкилотскиот оратор Броше, на денот на откривање на олтарот за срцето на Мара.

„Мара не живееше за да биде споредуван со Исус бидејќи Исус го предизвика суеверјето и ги бранеше кралевите, додека Мара имаше храброст да ги скрши.“ ~ санкилотскиот оратор Броше, на денот на откривање на олтарот за срцето на Мара.

Автор: Мајкл Шрајбер

Извор

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s