6 мај 1758: Роденден на Робеспјер

Портрет на Максимилијан Робеспјер од Пјер Рош Вињерон (1786 год.)

Портрет на Максимилијан Робеспјер од Пјер Рош Вињерон (1786 год.)

Незаборавно опишан од Томас Карлајл како „сино-зеленкастиот Непоткуплив“, Максимилијан-Франсоа-Мари-Исидор де Робеспјер е роден во градот Ара во северо-источна Франција, најстарото дете на еден правник. „Де“-то во неговото презиме на крајот тој ќе го отфрли. Се зборува дека има многу дамнешно ирско потекло, но неговото семејство долго време било француско. Приновата дошла само четири месеци после венчавката на неговите родители а подоцна се родиле неговите две сестри, Шарлот и Анриет, и помладиот брат, Огистин.

Максимилијан ја загубил својата мајка кога имал само шест години. Таа починала на дваесет и девет години, раѓајќи го своето петто дете. Исто така го загубил својот татко кој ги напуштил своите деца и исчезнал. Според покасните сеќавања на Шарлот, нејзиниот брат после оваа случка никогаш не размислувал за својата мајка без да плаче а една од последиците, за разлика од повеќето француски револуционерни лидери, била тоа што тој знаел од лично искуство што значи да се биде сиромашен.

Тој и Огистин биле одгледани од родителите на нивната мајка и испратени на училиште како сирачиња во Ара. На единаесет години Максимилијан добил стипендија на угледна школа во Париз, колеџот Луј-ле-Гран, каде што тој научил и ѝ се восхитувал на Римската Република и личности како Катон и Цицерон. Исто така тој почнал да го почитува Жан-Жак Русо и ја загубил вербата во католицизмот. Негов соученик кој исто така ќе одигра водечка улога во Револуцијата бил Камиј Демулен.

Робеспјер бил брилијантен во класична литература, па во 1775 година бил одбран да го одржи официјалното обраќање со латински стихови како посакување на добредојде за Луј XVI кога тој и Мари Антоанет ја посетиле школата на враќање од нивното крунисување во Ремс. Кралот и кралицата доцнеле, задржувајќи ги сите да висат со часови на силниот дожд, седеле во својата кочија за време на целата церемонија и заминале непромислено со насмевки, но без ниту еден збор како одговор или дури одобрувачко климање со глава.

Портрет на Елеонор Диплеј и Максимилијан Робеспјер од Теса Ноел

Портрет на Елеонор Диплеј и Максимилијан Робеспјер од Теса Ноел

Во 1781 година, Робеспјер се вратил во Ара да работи како правник додека Шарлот го одржувала домот за него. Тој никогаш нема да се ожени, макар што Шарлот изјавила дека тој бил привлекуван од и бил привлечен за жените, како и дека имал врски со неколку, вклучително Елеанор Диплеј, најстарата ќерка на столарот во чија куќа во Париз тој бил сместен во 1790-тите години. Неговата пракса била само скромно успешна. Изгледа дека тој бил подружељубив и посочувствителен човек отколку што покажува неговиот покасен углед, иако според Шарлот имало длабока воздржаност во неговиот карактер. Се придружил на естетичарскиот клуб Росати кој организирал летни пикнизи на кои се рецитирале стихови на теми на животот и љубовта, како и книжевната академија во Ара. Но, неговото настојување да ги претставува сиромашните клиенти против богатите ги вознемирило привилегираните класи. Не го криел своето неодобрување на апсолутизмот и неговото интересирање за правда и еднаквост.

Кога во 1789 година кралот свикал национално собрание на трите сталежи, Робеспјер бил избран како еден од претставниците од Ара и ја започнал својата кариера во националната политика. Присуствувал на првата седница на третиот сталеж на 5-ти мај 1789 година, еден ден пред да наполни триесет и една година. Иако физички невпечатлив, со слаб глас и грчеви на лице, Робеспјер бргу оставил впечаток. Сиот свој живот тој живеел штедливо и се облекувал едноставно и уредно, а неговите манири биле ненаметливи.

Како водечки член на левичарскиот Јакобински клуб, тој не се вознемирил од масакрите на затворените аристократи и свештеници во Париз во 1792 година и барал Луј XVI да биде егзекутиран. {Сведочењата на Мадам Тисо и Жан-Пол Мара се спротивни. Мадам Тисо има кажано дека таа била очевидец на моментот кога Робеспјер пребледел штом ја здогледал отсечената глава на принцезата Ламбаљ убодена на копје и така заедно со обезглавеното тело парадирана по улиците на Париз, додека Мара го критикувал што се криел за време на Септемвриските масакри ~ заб. на Т.Захов.} Од 1793 година тој бил најважниот човек во Комитетот за јавен спас што го спровел Владеењето на Теророт и култот на Врховното Битие. Интересот за правда и еднаквост се претворил во тиранија и терор. {Теророт немал класен карактер! Meѓу граѓаните кои биле осудени од револуционерните судови, околу 8 проценти биле аристократи, 6 проценти свештеници, 14 проценти средна класа и 72 проценти биле работници или селани обвинети за криење жито, избегнување регрутација, дезертерство и бунтување ~ заб. на Т.Захов.} Понеодамнешните историчари биле пољубезни кон Робеспјер отколку што бил Карлајл, но неговиот спој на високи принципи и безобѕирност предизвикал страв и во 1794 година неговите непријатели го обвиниле дека тежнее да стане диктатор и бил испратен на гилотина на којашто тој и неговите колеги (Сен-Жист, Кутон, Леба и др.) испратиле толку многу други граѓани. Имал триесет и шест години кога бил егзекутиран.

Извор

Сен-Жист (Кристофер Томпсон) и Робеспјер (Анджеј Северин) на пат кон гилотината: сцена од историскиот филм „La Révolution française“ (1989 год.)

Сен-Жист (Кристофер Томпсон) и Робеспјер (Анджеј Северин) на пат кон гилотината: сцена од историскиот филм „La Révolution française“ (1989 год.)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s