Томас Пикети нема рогови но се познава дека е будала по зборовите

49517818Книгата на францускиот економист Томас Пикети „Капиталот во дваесет и првиот век“ (2013 прво издание на француски и 2014 прво издание на англиски) е моментално една од најдобро продаваните книги на Амазон. Во оваа книга Пикети ги третира прашањата за долгорочниот развој на нееднаквоста, концентрацијата на богатството и иднината на стопанскиот развој, анализирајќи податоци од дваесет земји, од периодот на осумнаесеттиот век па до првата декада од нашиот век.

Новинарот Исак Чотинер на 5 мај го интервјуира прославениот Пикети за магазинот newrepublic.com каде на прашањето од новинарот „дали можете да кажете нешто за влијанието на Маркс врз вашето размислување и како вие почнавте да го читате?“, Пикети одговори: „Никогаш навистина не успеав да го читам. Јас не знам дали пак вие сте се обиделе да го читате. Сте се обиделе?“, на чие негово прашање, новинарот му одговара: „Некои од неговите есеи, но не и економските дела.“ Според Пикети: „Комунистичкиот Манифест од 1848 година е кратко и силно дело. Das Kapital, јас мислам, е многу тешко дело за читање и за мене тоа не беше многу влијателно.“

Ако е точно како што самиот Пикети изјавува дека тој никогаш не успеал да го чита Марксовиот Капитал, тогаш врз која основа Пикети критички реферира на Марксовото економско дело? Врз основа на споредни извори? Колку е тоа професионално и чесно од страна на Пикети? Дека Пикети реферира на Марксови економски идеи може да се види од Индексот на термини и автори кои Пикети ги користи во својата книга „Капиталот во дваесет и првиот век“:

Marx, Karl, 5, 7– 11, 27, 531, 565, 579n4, 580nn6,78; falling rate of profit and, 52, 227– 230, 600n33; public debt and, 131– 132

Ниту австрискиот економист Фридрих фон Хајек не е поразличен од Пикети во недоследноста на научната совест при критичко разгледување на Марксовите економски идеи. Ако Пикети признава дека никогаш не успеал да го прочита Марксовиот Капитал, а сепак во својата книга (2013 и 2014) реферира на Марксови економски идеи, Хајек пак во своето дело „Фатална вообразба: грешките на социјализмот“ (Магор, Скопје, 2001) се обидува теоретски да се пресмета со социјализмот (нашата критика на неговиот обид прочитајте ја овде и овде), а сепак во библиографијата за оваа книга, тој набројува 168 автори со 258 книги што би требало да биде гаранција за квалитет. Меѓутоа, замислете, во истата книга нема ниту една книга од Маркс-Енгелсовите дела (МЕД). За каков социјализам тогаш зборува Хајек и врз основа на што тој реферира на Марксови економски идеи во книгата? Хајек да бил совесен и способен да прочита барем една книга од МЕД, немало воопшто да биде противник на социјализмот. Напротив, ќе станел негов бранител. Тој потврдува дека е несовесен што реферира на Марксови економски идеи во „Фатална вообразба…“ и дека е неспособен да прочита барем една книга од МЕД, велејќи: „Не можев да поднесам уште еднаш да нурнам во таа застрашувачка материја.“

Според тоа, ако Пикети и Хајек не ги проработиле Марксовите економски дела а се дрзнале критички да реферираат на негови економски идеи значи само дека и Пикети и Хајек се нечесни и несовесни „интелектуалци“! На интелектуалните пробисвети Пикети и Хајек ќе им порачеме во стилот на Фридрих Енглес кон господин д-р Штибелинг: „Кога човек сака да се занимава со научни прашања, прво треба да ги научи работите, трудовите кои сака да ги исползува треба така да ги чита, како што ги има авторот напишано (во нашиот случај – Карл Маркс, творецот на комунистичката теорија), а пред се‘ да не чита работи кои таму ги нема.“

Магазинот Jacobin на сметка на контроверзната изјава на Пикети прави пародија така што набројува список од девет концизни одговори на книгата „Капиталот во дваесет и првиот век“ од овој нео-кејнзијанистички економист. Закари Левенсон ни дава водич за тоа „Како да напишете марксистичка критика на Томас Пикети без навистина да ја читате книгата“:

Капиталот во дваесет и првиот век е долга книга а вие баш немате време во вашиот исполнет план да ја завршите и да формулирате материјалистичка критика. Ние го надоместивме тоа за вас.

1. Бидете сигурни да истакнете дека Пикетиовиот концепт на капиталот се разликува радикално од Марксовиот.

2. Забележете дека неговиот модел е темелно спротивен на тенденцијата за профитната норма да паѓа.

3. Посочете дека неговото решение е отворено реформистичко и покрај тоа би барало борбеност од работникот на ниво кое не е видено за скоро еден век.

4. Нешто нешто закон на вредност нешто.

5. В ред, нееднаквост. Но, тогаш посочете дека тој не ја објаснува!

6. Спомнете ги во дигресија неговите пријателски врски со Сеголен Ројал и Partie Socialiste.

7. Наводно зачудете се дека луѓето се грижат сега со обѕир на тоа дека тој едноставно го составува како збирка емпириски она што ние веќе сме го знаеле.

8. Кукајте над неговата збрка меѓу финансиските и индустриските капитали.

9. Речете дека сепак вие ќе ја купите книгата бидејќи „податоците ќе бидат корисни“.

Иако Пикети го негира она што Чотинер го сугерира како задна намера на авторот,

И.Ч.: Поради вашата книга, очевидно од насловот, изгледа како да вие му признавате заслуга на Маркс на некој начин.

Т.П.: Не, воопшто не, воопшто не! Големата разлика е дека мојата книга е книга за историјата на капиталот. Во книгите на Маркс нема податоци.

очигледна е злонамерностa на Пикети да го експлоатира фетишизмот околу есхатологијата на Марксовиот магнум опус („крајната цел на ова дело е да го разоткрие економскиот закон на движењето на модерното општество“, Капиталот, том 1, Скопје, 1975, стр. 16) заради личен профит од продажбата на „Капиталот во дваесет и првиот век“ – во што вампирски му успева: моментално неговата книга е најпопуларна на Амазон, засенувајќи ја дури Џ.К.Роулинг. Второ, веќе во почетокот на овој пост ги откривме роговите на Пикети а тој уште еднаш како мало дете ги покажува како да се фали и гордее што ги има (што има краток ум!): наспроти фактот што „никогаш не успеал да ги прочита Марксовите дела“, освен Комунистичкиот Манифест (практично неопходен да биде прочитан од секој средношколец кој посетува часови по историја!), и овојпат самодоверливо вели дека „во книгите на Маркс нема податоци“! Можеби Пикети само случајно ги листел страниците од Капиталот на Маркс?! Можеби само го прегледувал неговиот индекс на термини и автори?! Дури оној кој само фрлил брз поглед во Марксовите економиски дела ќе увидел дека таму има изобилство од собрани „тешки“ емпириски докази. Според тоа, Пикети или свесно лаже или е несвесна будала кога вели дека „во книгите на Маркс нема податоци“. Ако не е несвесна будала, тогаш тој свесно се посрамотува кога го вели тоа бидејќи постои сериозно сомневање дека Пикети посветил време да се запознае со Марксовите економски дела за кого тој вели дека не собирал податоци. Ако Пикети е во право – а не е во право – тогаш изгледа дека сите оние долги часови кои Маркс ги минал буричкајќи во Бритиш лајбрери во период од една декада биле за ништо. Oбратното е случај: Пикети бадијала потрошил од својот живот петнаесет години (1998-2013) за да го напише својот „Капитал во дваесет и првиот век“ затоа што не ја разбрал историската динамика на богатството и доходот, динамиката која ја движи акумулацијата и распределбата на богатството, што се должи на неговиот недостиг од соодветни податоци и издржана теорија. На неговите обвинувања и заблуди против неолибералниот модел на капитализмот околу негативните трендови кои наводно тој ги продуцира („Економските трендови не се дела на Бог. Политичката акција ги потиснала опасните нееднаквости во минатото и таа може да го направи тоа повторно.“), можеме за крај да одговориме со цитат од „Неуспехот на капиталистичкото производство“ (2011) на американскиот марксистички економист Ендру Климан:

„Неолиберализмот“ и „финансијализираниот капитализам“ – сроден помодарски збор што ние го слушаме овие денови – се опашката, не кучето што ја мае. Карактеризирањето на еден период на капиталистичкиот развој како „неолиберален“ поради тоа не е засновано на факти колку во силна тенденција кон политички детерминизам – идеја дека законите на капитализмот можат да бидат темелно изменети со политичка волја и сила. Оваа тенденција го проби својот пат во марксистичката мисла на различни начини, како преку Франкфуртската школа, структурализмот и посtструктурализмот, и Регулациската школа во Франција и Школата на социјална структура на акумулација во САД. Можело да се очекува дека неуспехот на кејнзијанистичките политики наспроти економската криза од средината на 1970-те, и неуспесите на социјалдемократијата и сталинизмот, ќе провоцираат оддалечување од политичкиот детерминизам. Сепак, еден таков пресврт не се случи, а популарноста на оваа тенденција изгледа дека се зголеми во екот на последната економска криза.

Додека „неолиберализмот“ може да биде израз од помош кога се користи да се повика на доминантната политика и идеологија на одреден период, доказот што јас ќе го презентирам долу ме доведе да заклучам дека тој не е корисен концепт за објаснување на маршрутата на стопанството низ последните неколку децении. Она што го сметам како покорисно е една идеја на Маркс што политичките детерминисти често ја испуштаа: политиката и идеологијата се засновани на и условени од односите на производството кое е вистинскиот темел на општеството. Оваа идеја беше централно важна за Марксовата Критика на Готската програма и неговите критики на сродни напори да се дадат „политички“ решенија на општествено-економските проблеми. Во светло на ограничената експликациска моќ на концептот на неолиберализмот и неуспесите на политичкиот детерминизам, сметам дека оваа идеја вреди да биде повторно разгледана.

keep-calm-and-read-marx-1

Advertisements

2 thoughts on “Томас Пикети нема рогови но се познава дека е будала по зборовите

  1. ПОТЕКЛОТО НА ГРЕШКАТА НА СИСТЕМОТ

    Идеологијата на сегашниот капитализам тврди /така се и практикува/ дека трудот е стока, како и секоја друга стока што се купува на пазарот. Поради тоа таа /стоката труд/ е исплатена и претставува завршена работа. Третирањето на трудот за стока, како секоја друга стока,подразбира дека купувањето на стоките потребни за работата: сировини, материјали и услуги, се поистоветува со купувањето и на трудот.Тие купувања се праваат од вложените пари, додека купувањето на трудот нее од вложените пари. Тоа значи купувањата на таквите стоќи се преттворен облик /сурогат/ на вложените пари, или втор облик, додека самите вложени пари се првиот облик на стока. И уште тоа, таквите стоќи се купуваат на друг пазар, пазарот на стоки и услуги, додека парите, како прв облик на стока, се купуваат на друг пазар, пазарот на пари.

    Присуството на различност на стоките, е присутна и во тоа што и купувањата на стоките како сировини, материјали и услуги,и продавањето во облик на нови производи или услуги се врши само на еден пазар.Тоа подразбира дека врз основа на нивното присуство, ја нема можноста за остварување на разлика помеѓу куповната и продажната вредност. За нив, напросто речено владеат тие цени. Додека оригиналниот вид на стоки, а тоа се: трудот и парите, тие се купуваат на пазарот на труд и пазарот на пари со условни цени, аконтациони, за со нив да се влезе во работата, и заедно со сите други трошкови да се излезе на вториот пазар, пазарот на стоки и услуги на продавање. Во колку има можност да се оствари повисока цена од таа што е веќе утврдена, тоа значи дека пазарот- купувачите, признаваат повисока цена на трудот и парите и од таа што била утврдена на првиот пазар- пазарот на труд и пазарот на пари. Обратно, во колку нема можност, тоа значи дека пазарот на ги признава во таа мера аконтационите цени. Према тоа, јасно се гледа дека потеклото на парите за купувањето на трудот не се од вложените пари на газдите, туку од остварената цена за трудот со продажбата на производите или услугите во кои е вложен.

    Со продажбата на новиот производ или услуга, купените стоки: сировини, материјали и услуги, како облик на пари, се враќаат пак во првобитната форма- облик на пари, додека остварената разлика до вкупно остварените пари, како резултат на работата, е остварена цена за вложениот труд и за вложените пари, како заслуга. Бидејки едниот дел е веќе калкулиран, а тоа е аконтационите цени, остатокот претставува вториот дел на заслугата. Обликот на првиот дел на заслугата, аконтационите цени е: за трудот остварената нето плата, додека за парите остварената камата. Основата за добивањето на таквите цени е: за трудот знаењето и способноста за обавувањето на работата, а за парите количината на вложените пари и сопствени и кредитни. Основата, или параметарот за утврдувањето на заслугата во остатокот на парите, како заслуга на трудот и парите е содржана, во заедничките особини на парите и трудот,а тоа се цена и вредност. И трудот и парите имаат и цена и вредност. Кај трудот, поради неговата апстрактност и цената и вредноста се исти. Како веќе позната аконтационата цена на трудот, претставува паричен израз на вредноста, што е релевантен параметар /најблиска до вредноста/ да послужи при делбата. Кај парите, вредноста си ја има во самите вложени пари, сопствени и кредитни. Тоа е релевантен клуч за утврдување и на заслугата, во случај на добивка, и на одговорноста во случај на загуба.

    Бидејки крајниот пазар, пазарот на стоки и услуги, покрај цените на сите материјални вложувања, признава и цени на трудот и парите, како заслуга за новиот облик на производот или услугата, со пуштените пари за материјалните трошоци за така добиените производи или можност за услуги, можат да се купаат од нив помалку – количински, а ќе останат непродадени во вредност на остварената нова вредност, на име додатен дел на аконтационите цени. Непродадената стока се наоѓа кај газдите, во исто време и парите што одговараат на нив, како нова вредност, се наогаат кај нив, према идеологијата на капитализамот ги присвојуваат газдите. Тука доаѓа до израз грешката на идеологијата на капитализамот, за третирањето на трудот како стока, која е иста како и сите други стоки. Штом газдите го присвојат делот што му следува на трудот, а и производот или можноста за услугата се наоѓаат кај нив, во таков случај, бидејки тие производи или можност за услуги, се надвор од нивните потреби, ги изнесуваат на пазар на кој нема пуштено пари за нивно купување. Парите ги присвоиле газдите. Така настанува одземањето на можноста за богатење на работниците, што е причина за создавање на понуда без покритие, или вишок на понуда, а се изразува во кочење на работата, ограничување на развојот, наречено со име појава на криза. Од таквото погрешно третирање на трудот, гледано на ниво на систем, немаат корис ни газдите, бидејки се додека тој вишок на понуда не се уништи, работата се одвива со намален капацитет, отпуштања, ликвидирање на фирми, отварање на војни и др.

  2. Нема секој право на мислење ако претходно науката веќе дала егзактно мислење за одредена проблематика. Нема уште резерви за право на мислење бидејќи Маркс уште во 1867 година дал научно објаснување зошто капитал односот е дефектен штом тој достигне одреден максимум на своите производствени сили.

    „Фактот дека Месечината орбитира околу Земја не го поништува законот на гравитација, бидејќи законот не претпоставува дека телата мораат да се движат едни кон други, па нека се случува што сака. Тој објаснува зошто тие се движат едни кон други ако и кога тие го прават тоа. На истиот начин, фактот дека математичките и логичките закони не исклучуваат случаи во кои стапката на профит пораснува не го поништува Марксовиот закон за тенденциско опаѓање на профитната норма, бидејќи овој закон не претпоставува дека профитната стапка мора да паѓа, па нека се случува што сака. Тој објаснува зошто таа паѓа, кога ова се случува.“ (Ендру Климан, Изопачувајќи го Марксовиот Капитал)

    Капитализмот е инхерентно дефектен капиталистите во него тежнеат да произведуваат со што помалку трошоци вклучително и труд и така софистицирајќи го производството технички тие ги намалуваат стапките на вишок на вредност со што предизвикуваат пад на профитната норма бидејќи ова е тренд ширум целото стопанство. Тој инхерентен дефект е судирот меѓу проширувањето на физичкото производство и зголемувањето на апстрактната вредност. Истиот дефект може да се реши единствено со УКИНУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО ЗА ПАРИ (АПСТРАКТНА ВРЕДНОСТ).

    Не Обама, не Путин, не Ленин ако сака нека биде и Јахве на чело на влада, никој не може да го спречи тој судир и последиците од него – кризите, доколку владите го задржуваат производството за пари, без обѕир дали ќе ги наречеме капиталистички или народни-социјалистички пари.

    Марксовиот закон за тенденциско опаѓање на профитната норма накратко вака ја објаснува кризата од 2007 година која првично избувна во С.А.Д.: Акумулацијата на инвестиран капитал го надмина растот на вработеност, што тежнее да ја снижи профитната стапка а различните „противдејствувачки фактори“ не успеаја да ја компензираат оваа тенденција во текот на било кои освен кратки периоди.

    Тие „продивдејствувачки фактори“ кои Маркс ги споменува а кои капиталистите ги користат да ја намалат тенденцијата на профитната норма да паѓа се: 1.Поинтензивна експлоатација на трудот на работниците.
    2.Намалување на платите на работниците под нивната вредност.
    3.Поевтинување на елементите на постојаниот капитал (машинеријата).
    4.Релативниот вишок на население.
    5.Трговијата со странство.
    6.Зголемувањето на акционерскиот капитал.

    Тоа што мнозинството (квази)левичари денес поддржуваат социјализам со стоковно-парично производство е поради нивната заблуда за постоење на „неолиберален капитализам“, „банкарски капитализам“ и „ниско платежен капитализам“ па врз основа на оваа погрешна проценка тие извлекуваат погрешни политички програми во кои бараат хуманизирање на капиталот, национализација на парите и зголемување на надниците за работниците ! http://www.scribd.com/doc/209021698/

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s