Што навистина се случи во Одеса

Жена зборува преку мегафон додека држи плакат на кој пишува: „Путин, ти ќе ја имаш судбината на Хитлер! Амин!“ за време на собир на проукраински активисти во јужниот украински град Одеса на 4 мај 2014 година.

Жена зборува преку мегафон додека држи плакат на кој пишува: „Путин, ти ќе ја имаш судбината на Хитлер! Амин!“ за време на собир на проукраински активисти во јужниот украински град Одеса на 4 мај 2014 година.

Новинарот Сергеј Дибров од Одеса беше очевидец на насилството од 2 мај во кое загинаа 46 луѓе, а најголемиот дел од нив загинаа во пожар кој избувна во Синдикалната зграда.

Пред 2 мај

Плоштадот Куликово поле во центарот на Одеса се користел како гробишта за затвореници пред да биде преобразен во плоштад за демонстрации и паради. Во советско време, раскошната зграда која стои овде служела како главен штаб за регионалниот комитет на комунистичката партија. Истата зграда е реконструирана неколку пати. Во најскоро време таа служеше како главен штаб за локалната синдикална федерација и изнајмуваше внатре канцелариски простор.

Кон крајот на февруари, откако поранешниот претседател Виктор Јанукович беше протеран од Украина преку Евромајданската револуција, противниците на приклучувањето на Украина во Европската Унија од Одеса поставија анти-Мајдански камп на плоштадот Куликово поле, близу главниот штаб на синдикатот.

Кампот беше центар на активност за поддржувачите на „федерализација“ на Украина – кои многумина го сметаат како тајно писмо на Кремлин за распарчување на Украина – и сепаратистите поддржувани од Русија. Тоа беше локација на редовни собири на неколку илјади учесници.

Проукраинските граѓани долго време бараа од властите да го отстранат кампот.

2 мај

Ноќта на 2 мај, фудбалските тимови Черноморец (Одеса) и Металист (Харков) играа во Одеса. Откако започнаа Евромајданските протести во ноември 2013 година, украинските фудбалски фанови започнаа традиција – на денот на натпреварот – со мирно марширање изразуваа поддршка за единство на Украина како нација. Планираниот марш се случи во Одеса на 2 мај во 3 часот попладне.

Во последните пет месеци, Одеса исто така имаше спротивставени политички собири. Еден таков се случи на 1 мај, кога анти-Мајдански активисти и „левичарски“ партии учествуваа во мирен марш.

Следниот ден, сепак, беше различен. Анти-Мајдански страници на руски контролираната социјална мрежа „Вконтакте“ споделуваа повици за да насилно се спречи проукраинскиот марш и да се соберат на Авенија Олександривка, близу планираниот марш.

Една од страниците ги повика своите поддржувачи во Одеса да „се однесуваат како Донецк“, повикувајќи се на крвавите напади од проруските демонстранти – поддржани од Кремлин – против проукраинските демонстранти на 27 април 2014.

Напаѓачите поддржани од Русија дојдоа вооружени, спремни да нападнат

Еден час пред маршот, околу 200 млади луѓе се собраа на договорена локација.

Тие дојдоа спремни да се борат. Имаа пиштоли, стапови, ножеви и носеа шлемови и непробојни елеци. Се однесуваа агресивно и започнаа да го растураат тротоарот за да спремат камења да ги фрлаат кон своите противници.

Во исто време, околу 1000 фудбалски фанови и поддржувачи на единството на Украина се собраа на плоштадот Соборнаја.

Само неколку десетина членови на мајданските самоодбранбени единици, паравоена патриотска организација формирана за време на Евромајдан заради поддршка на Револуцијата, беа опремени да ја бранат толпата.

Атмосферата на плоштадот беше позитивна. Фановите од двата тима од Одеса и Харков заедно ја пееја украинската национална химна, извикуваа патриотски слогани како „Одеса, Харков, Украина“ и пееја песни против рускиот претседател Владимир Путин.

Кога фановите се собраа во колона и започнаа да маршираат кон стадионот, членовите на самоодбранбената единица беа информирани за неколку стотина агресивни анти-Мајдански поддржувачи кои доаѓаа на плоштадот од улицата Хреческа, да ја нападнат колоната од мирни демонстранти.

Полицијата не ги раздели двата собири еден од друг.

Вооружените самоодбранбени борци формираа ланец и ги поставија своите штитови на преминот кај улицата Хреческа за да ги заштитат фановите.

Но, штитовите не ги сопреа напаѓачите.

Тие фрлаа камења и зашеметувачки гранати кон колоната. Во одговор на експлозиите, фудбалските фанови и украинските патриоти веднаш реагираа и фрлија бенгалски оган и димни гранати кон напаѓачите.

Улицата се исполни со чад и напаѓачите се повлекоа кон улица Хреческа.

Досега, сепак, проукраинските фанови беа повредени од камења, погодени во лице и глава.

Додека проукраинските самоодбранбени членови стоеја во редица спроти проукраинската толпа, покривајќи ги со штитови, полицијата формира слична редица близу анти-Мајданската толпа. И покрај блокадата, нивните противници поддржувани од Русија продолжија да фрлаат камења и други предмети.

Анти-Мајданската толпа беше бројно надмината и наскоро продолжија да се бранат како што гневните фудбалски фанови започнаа напад и ги каменуваа агресорите протерувајќи ги од соседните улици.

Истрели испукани од проруски агресори; убиено е првото лице

Тоа се случи кога беа испукани првите истрели.

Еден од анти-Мајданските поддржувачи, вооружен со автоматска пушка Калашников, отвори оган по патека која води кон главната улица на Одеса Дерибасивскаја. Еден куршум погоди млад фудбалски фан во гради и го уби. Неколку десетина други фанови беа однесени со болничка кола, повредени од камења.

Откако се пролеа првата крв, насилството се прошири.

Млади жени и постари луѓе од проукраинскиот собир започнаа да го растураат тротоарот и да предаваат камења на фронталниот ред. Наскоро, други поддржувачи донесоа бензин и пластична пена, а млади жени започнаа да мешат Молотови коктели веднаш на улица Дерибасивскаја.

Четириминутно видео го покажува судирот и пожарот надвор од синдикалната зграда во Одеса на 2 мај.

Неколкучасовна улична борба остава четири погинати лица и повеќе од 100 ранети

Полицијата се обиде да ги заштити анти-Мајданските борци, но беше присилена да се повлече од Молотовите коктели и камењата. Проукраинската страна исто така започна да користи пушки.

Уличната борба продолжи неколку часа, која одзеде во почетокот животи на четворица и повреди околу 100 луѓе. Заменик шефот на полицијата на Одеса, Дмитриј Фучеджиј и главниот уредник на популарниот локален електронски весник Dumskaya.net, Олех Константинов, беа меѓу повредените.

Околу 5 часот попладне, проукраински активисти заробија противпожарно возило и го довезоа кај толпата од анти-Мајдански луѓе, користејќи го неговиот воден топ да ја растераат борбената толпа. Фудбалските фанови ги прогонуваа противниците и ги тепаа оние кои ги фаќаа додека проукраинските самоодбранбени членови се обидоа да ги спречат во обидот да ги линчуваат нивните жртви. До ова време, 74 болнички коли интервенираа.

Откако анти-Мајданските поддржувачи беа прогонети, проукраинските активисти се насочија кон плоштадот Куликово поле да го уништат прорускиот камп. Околу 2000 проукраински активисти го нападнаа кампот, каде што беа присутни околу 200 анти-Мајдански поддржувачи.

Видео ја покажува полицијата на Одеса која ја брани проруската толпа додека може да се види човек кој користи автоматска пушка зад полицијата.

Проруската толпа побегнува во Синдикалната зграда

Кога активистите ги потпалија шаторите и бината, советникот од Одеса Олексиј Алба ги повика проруските активисти од кампот да побегнат во соседната синдикална зграда.

Проукраинските активисти ја нападнаа зградата со камења и молотови коктели, додека анти-Мајданските поддржувачи фрлаа Молотови коктели од покривот.

Неколку шишиња со бензински бомби, фрлени од активистите надвор, пробија во предниот влез и прозорците од вториот и четвриот кат, каде што огнот бргу се прошири.

Запалената зграда зароби луѓе внатре. Осуммина од нив погинаа откако скокнаа од горните катови кога се обидоа да го избегнат пожарот. Повеќе од 20 луѓе погинаа само од вдишување чад.

Во исто време, проукраински активисти спасија неколку десетина луѓе од собите на вториот и третиот кат.

Противпожарните служби бавно одговорија

Противпожарните служби пристигнаа еден час откако пожарот избувна.

Повеќе од 100 луѓе во зградата побегнаа на покривот на безбедно. Полицијата, која пристигна откако пожарот беше изгасен, ги зеде надвор и ги уапси. Некои фудбалски фанови се обидоа да ги нападнат, но уште еднаш беа спречени од проукраинските самоодбранбени членови.

Најкрвавиот ден во Одеса од 1918 година

Настаните од 2 мај беа најкрвавиот граѓански судир во Одеса после предреволуционерните напади врз градските Евреи и уличните борби во 1918 година.

Вкупниот број на погинати сега изнесува 46 жртви. Еден од погинатите е градскиот советник Вјачеслав Маркин. Алба, кој ги водеше луѓето во Синдикалната зграда, преживеа.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s