Митот за Исус социјалистот

jesusasocialist_2012-04-05-alexander-1

„Мара не живееше за да биде споредуван со Исус бидејќи Исус го предизвика суеверјето и ги бранеше кралевите, додека Мара имаше храброст да ги скрши.“ ~ санкилотскиот оратор Броше, на денот на откривање на олтарот за срцето на Мара.

Кога ние го читаме Новиот Завет, поточно Евангелието на Лука (12:13-14), го откриваме следново:

„Некој од народот Му рече: „Учителе, кажи му на мојот брат да го раздели со мене наследството!”А Он му рече: „Човеку, кој Ме постави да ви судам или да ве делам?”

Во само еден стих, ние гледаме дека бог го побива митот дека „левичарот Исус Христос поддржувал социјализам“. Значи, кога Исус бил прашан да поддржи прераспределба на богатството – да му рече на еден брат да го раздели семејното наследство со другиот брат – Исус одбил! Исус никогаш не би поддржал политики на експропријација од страна на социјалистичка влада во прилог на безимотната класа. Тој дури не би се вмешал заради еден човек да го раздели своето семејно богатство со својот брат.

Очигледно, Исус остро би го предупредил братот против трупање богатство заради алчност, нечесност и измама на неговото семејство. Но, Исус лично ѝ проповедал на одредена индивидуа за тоа како да живее правилно. Исус никогаш не учел некое лице за тоа што е погрешно со друго лице (освен да разјасни како слушателот треба да се однесува со помош на споредба). Значи, Исус бил капиталист, кој проповедал „лична одговорност“, а не социјалист.

Од Библијата се пробива следната вистина: Исус зборувал на индивидуа, никогаш спрема/за владата или за владина политика. Во Јован 18:36, „Исус одговори: „Моето царство не е од овој свет.“ Скоро секој левичар го збунува она што Исус го рекол како да е нешто политичко, за промена на владините лидери или идеологијата на владата. Во Делата на светите апостоли од светиот апостол Лука, апостолите сакале да знаат дали на крајот Исус ќе ја измени владата на Израел така што ќе ги собори од власт Римјаните. Исус ги одбил таквите идеи:

„А тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилево?” И Он им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт.“ (Дела 1:6-7) Значи, Исус не нуди правила за земна акција и борба на експлоатираната класа. Повеќе прочитај во текстот „Зошто Исус бил радикален пацифист“.

Исус можел да ги толерира земните експлоатациски закони на Римската Империја и одредбите на Еврејскиот Закон бидејќи тој бил рамнодушен кон нив, презирајќи ги само како нешта кои се важни само во границите на времето на смртниците, а не бидејќи тој им признава вредност затоа што секој земен закон може да биде уништен од семоќноста на бог кој потоа одново ќе го изгради идниот поредок без човечка помош. Поради ова, Исус не бара од своите верници систем на етика, не бара посебно однесување во било каква јасна насока, вклучително класна борба заради соборување на власта на имотните. Вера и само вера, надеж и очекување е она што Исус го проповеда за верникот. Тој верникот не треба да придонесе ништо за понова изградба на иднината бидејќи самиот господ ја има одредено.

Марко 1:15: „Времето се исполни и царството Божјо наближи, покајте се и верувајте во Евангелието.“ Исус се гледал себе како пророк на божјото царство што се доближувало, царство кое според Стариот Завет ќе донесе избавување од сите земни недостатоци а со тоа и од сите економски грижи. Неговите следбеници не треба да прават ништо освен да се подготвуваат за овој ден. Исус проповеда дека времето за грижи околу земните работи е минато засега во очекување на царството на бога, па луѓето единствено мора да имаат верба. Во тоа божјо царство нема да има економски грижи за безимотните. Таму верниците ќе јадат и пијат на масата на бога (Лука 22:30). Според тоа, на сите подготовки направени од Исус мора да се гледа само како на транзициски средства.

Само на овој начин ние можеме да разбереме зошто во Беседата на Гори Исус му порачува на својот народ да не размислуваат за храна, пиење и облека, зошто тој ги убедува да не сеат или жнеат или собираат жито во амбари, ниту да обработуваат или плетат мрежа. Ова е единственото објаснување за квазикомунизмот што тој и неговите апостоли го проповедаат. Овој „комунизам“ не значи производство со средства за производство кои припаѓаат на заедницата. Тоа е само распределба на потрошувачки добра меѓу членовите на заедницата: „секому му се даваше според неговите потреби“ (Дела 4:35). Според тоа, апостолите на Исус живееле во секојдневно очекување за спасение.

Исус дури проповеда laissez-faire капитализам делумно во случката во храмот (види Матеј 21), кога тој ги превртува масите на менувачите на пари. Некои левичари погрешно мислат дека менувачите на пари биле банкари. Всушност, тие разменувале една валута за друга, тогаш стандардни грчки или римски пари за еврејски или тирски шекел од кои последните две биле единствено прифатливи за плаќање на задолжителен десеток побаран од свештениците на храмот. Поради тоа, аџиите или верниците морале да ги разменуваат своите секуларни пари за да би купиле жртвено животно, обично гулаб или јагне, заради подготовка за следните денови на верски обреди. Но, менувачите на пари ги мамеле луѓето со нечесен курс на размена.

Сепак, Исус изречито ја поддржал идејата на капитализам. Во Матеј 25:14-18, Исус учи какво е божјото царство:

„Зашто, Он ќе постапи како човек, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот;и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина.Оној, што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти;исто така и оној што зеде два таланта, спечали други два;а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така го сокри среброто на својот господар.“

Учејќи ги своите верници како тие треба да живеат, Исус се согласува дека човек кој тргувал со вложен капитал и заработил профит е пофален и награден од својот господар, „Господ Бог“, и му е дадено зголемен авторитет. Највпечатлив момент е она што Исус му го кажува на човекот кој бил преисплашен да ризикува со едниот талант од злато кој му бил доверен. Исус ја прифаќа идејата за заработување камата заради профит.

Матеј 25:27-28: „Затоа требаше моето сребро да го дадеш на трговците, па јас, кога дојдам, ќе си го приберам своето, со добивка;земете го од него талантот и дајте му го на оној, што има десет таланти.“

Макар што зборовите на Исус се полни со гнев кон богатите, сепак тој не објавува војна против богатите и не проповеда одмазда против нив бидејќи бог има изјавено: „Одмаздата е моја.“ Во божјето царство сиромашниот ќе биде богат, а богатиот ќе биде натеран да страда. Според тоа, Исус не бил општествен реформатор. Неговите учења немаат морална примена на земниот живот а неговите препораки до апостолите само имаат значење во поглед на нивната непосредна цел – да го чекаат господ со стегнати крстови и запалени светла „за да му отворат веднаш, штом дојде и почука“ (Лука 12:36). Токму овој опортунизам му овозможило на христијанството успешно да се шири низ светот. Неутрално кон било кој општествен систем значи без изречито да осуди одреден општествен систем, христијанството можело да опстои со векови без да биде уништено од колосалните општествени револуции кои се случувале низ историјата. Само поради оваа причина тоа можело да стане религија на римските императори и англо-саксонските капиталисти, средновековните феудални лордови и современите индустриски пролетери. Секоја доба и секоја класа можеле да го земат од Библијата оној цитат што тие го сакале бидејќи во неа не се содржи ништо што изречито осудува одреден општествен поредок.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s