Вие, мои драги Украинци, ќе мора да научите да убивате непријател

10151785_609038225847139_7794209724914462037_n

Украинскиот Мара од Москва ги повикува Украинците во самоодбрана да ги убиваат руските натрапници

Александар Мнацакајан:

Вие, мои драги Украинци, ќе мора да научите да убивате непријател

„Иако не можам да гледам како страда ситен инсект, тие сепак ми кажуваат дека сум суров. Но, мене ме обзема длабока огорченост поради нашите лажни хумани сфаќања и поради нашата длабока попустливост кон секој наш суров непријател. Ние сме глупаци поради тоа што забораваме да се чуваме од нивните удари. Ако било кога тие добијат надмоќ спрема нас, погледајте ги тогаш како, носејќи оган во едната и меч во другата рака, ги пустошат регионите и просто ги убиваат сите родољубци, ги убиваат нивните жени и нивните деца, а градот го препуштаат на пламени јазици.“ (Жан-Пол Мара, L’Ami du Peuple, бр. 121)

Она што јас сакам да ви го кажам ќе изгледа малку нехумано. Но, не можам, а да не го кажам тоа.

Украинци, мои пријатели!

Едно време, јас бев многу задоволен со склоноста за пријателство и немилитантноста на вашата војска. Не само пред еден месец во Крим, но и претходно. На пример, кога во Севастопол на Фиолент еден војник побара поручник на радио да се прекине пукањето за 5 минути за да цивилите можат да поминат по морскиот брег.

Сега, јас не сум среќен со оваа склоност за пријателство. За време од 23 години на независност вашите војници не учествуваа во ниту една војна. Добро, освен на Балканот каде што UkrBAT помириса малку барут. Ветераните од Авганистан  огромното мнозинство од нив се пензионирани или на високи положби кои не се непосредно поврзани со борење. Јасно, украинската војска нема ниту навика, ниту желба да убива.

Русија за време на овие 23 години водеше постојани војни. Само во скоро време – Чеченија, Дагестан, Грузија (Осетија и Абхазија). Руската војска е навикната да убива. Тие се навикнати на фактот дека непријателот мора да биде уништен, тие се навикнати да гледаат извадени утроби и отсечени екстремитети – нивни и нечии други. Тие се навикнати на фактот дека тие кои преживеале добиваат медали, ѕвезди и понекогаш дури пари. Покрај тоа, тие немаат комплекси во поглед на цивилното население. Тие се навикнати на фактот дека тие можат да пукаат во цивили, да вршат рација и да ограбуваат, без да одговараат за своите злосторства.

15FB637_1

Од разговори со украински колеги, јас сфатив дека вие едноставно не ја познавате нашата стварност и методи на водење војна. Ќе ги набројам накратко:

Истрелување на тактички проектили „Tochka-U“во градови и села со многу цивили (Комсомолскоје, Грозни – Чеченија, Поти – Грузија). Ракетни напади врз населени зони со MLRS (Систем на лансирање повеќе ракети), хеликоптери и авионско бомбардирање. Казнени операции во Нови Алди (60 цивили во еден ден, вклучително старци, жени и деца + грабеж и палење на домовите) и Самашки (повеќе од 100 цивили во 2 дена) – овие се само два од најочигледните и најпознати примери.

1CFEE7E_1

Тепања и понижување на заробени војници (руската пропаганда ги нарекува бандити, па исто така тие ги нарекуваат вашите браќа). Видете онлајн снимка од селото во Комсомолск во Чеченија. Случајот на Буданов (силување и давење на чеченска девојка Елса Кунгаева од руски полковник), случајот на Улман (пукање во кола со учители по грешка и после тоа намерно убивање на ранетите), случајот на Лапин (измачување и злоупотреба на притвореник, кој потоа е убиен, бидејќи жртвата Зелимхан „го погледнал“), случајот на Худјаков и Аракчеев (убиство без мотив на контролниот пункт на возачите на Камаз). Ова се само оние случаи за кои беа можни судски парници. Но, има десетици ако не и стотици такви индивидуални случаи.

1B196EE_1

Ровови и јами со десетици неидентификувани тела после промена на распоредот на руските трупи. Филтрациски логори, каде што на затвореници, непријателски војници и луѓе кои се нашле таму по несреќен случај, им биле пуштани кучиња да ги гризат, биле измачувани со електрични шокови, потопувани во студена вода, биле држани во јами со вар, им биле отсекувани ушињата, биле сакатени на решетки. Бескрајна низа на грабеж и подметнување пожар, силување, тепања, горење на живи луѓе. Неколку илјади исчезнати после незаконски апсења во домови за време на „замавите“ (во 2003 година во рок од еден месец истражување јас скоро своерачно собрав повеќе од 700 случаи).

153B9B3_1

Ова не значи дека сите овие методи ќе бидат применети во Украина. Тоа е друга историја, други тимови и однос исто така. Тоа исто така не значи, се разбира, дека сите руски војници се како горенаведените. Но, ова е системот кој преовладува во руската војска и казнените единици на OMON (Мобилни единици за специјални цели) кои се еднакви на вашата посебна полициска сила „Беркут“. И ова е искуството на руските трупи во Чеченија (главно) и во Грузија.

Јас разбирам дека тоа е страшно, дека можеби првата реакција е да се предаде за да се избегне овој кошмар. Јас не сакам да ве исплашам, драги Украинци. Но, сакам да немате заблуди за луѓето со кои си имате работа и најважно – она со што си имате работа. Сакам да ве предупредам однапред. За да не бидете изненадени и да не велите „како тие можат“ и друго хуманитарно кукање. Јас сакам да разберете дека фразата „Вие славевте добро“ и потоа среќен кикот од неодамнешното откривање на разговори на мобилен телефон е веројатно автентична. Русите зборуваат вака, мислат вака и дури дишат вака.

0_30485_f1fa64ec_xl

Постои можност руските трупи да влезат во Украина. Ако некој избере да се предаде – тоа е негова работа, јас можам да го разберам тоа. Но, тој кој го избира патот на отпор кон напаѓачите, без оглед на тоа дали е партизан или редовен војник, мора да се бори вистински. Без чувствителност и комплекси.

Вие, мои драги, мора да научите да го убивате непријателот. Вие мора да учите брзо и да научите добро. Вие нема да имате време за експерименти и можности да преполагате вашите испити.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s