Што тоа навистина сака Мајка Русија од Козак Мамај?

Стварноста за фашистичката власт во Кремлин

Водачот на нео-евроазиското движење, рускиот фашист Александар Дугин отворено повикува да се убиваат Украинците и да се анектираат делови од украинската држава кон Русија за да се изгради фашистичка Евроазиска Унија.

Евроазиската Унија која треба да ги вклучи Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и веројатно Узбекистан и Туркменистан треба да се формира во 2015 година. Тоа ќе биде пеколен бумеранг за протагонистите на Евроазиската Унија затоа што една таква Евроазиска Унија ќе го удвои муслиманското население во Русија и трипати ќе го зголеми ако плутократот Путин успее да ги присвои сите членови кои тој ги сака во својата Евроазиска Унија. Муслиманската стапка на наталитет е двојна од руската стапка на наталитет. Слична е ситуацијата во Европската Унија. Некои демографичари предвидуваат муслиманско мнозинство во Русија до 2050 година.

Во 1997 година, додека се‘ уште бил ко-водач на Национал-болшевичката партија на Русија, Дугин го објавил своето најважно дело „Темелите на геополитиката“. Воениот советник на Дугин за оваа книга бил генералполковник Николај Клокотов кој предавал на воената академија на вооружените сили на Русија. Со помош на овој генералполковник, Дугин дал план за изградба на Евроазиската Империја. Одредени региони и земји би биле одземени по пат на воена сила (груба сила), други региони и земји – со силата на убедување (мека сила). Во поглед на Украина, на пример, Дугин напишал:

Сувереноста на Украина претставува еден таков негативен феномен за руската геополитика што може, во принцип, лесно да предизвика воен судир. Украина како независна држава со одредени територијални амбиции сочинува огромна закана за целата Евроазија, а без решението на украинскиот проблем, нема смисла да се зборува за континенталната геополитика. Земајќи го предвид фактот дека едноставна интеграција на Москва со Киев е невозможна и нема да резултира со стабилна геополитичка структура, Москва треба активно да се вклучи во реорганизација на укранскиот простор во согласност со единствениот логички и природен геополитички модел.

Овој „логички и природен геополитички модел“ подразбира поделба на Украина на неколку „зони“, мнозинството од кои ќе бидат директно контролирани од Москва. Ова е нешто што Кремлин моментално веќе се обидува да го направи.

Пропаста на прорускиот режим на Јанукович е голем пораз за руските национални интереси. Путин ја гледа Украина како сателит на рускиот протекционистички капитализам. Како што еднаш тој му рекол на тогашниот американски претседател Џорџ Буш: „Украина дури не е држава.“ Во јавност, г-дин Путин не може да се дрзне да ја нарече Украина било што освен „крај“, рускиот збор за територија. Тој беше одлучен да ја стопира Украина да се најде под крилото на европскиот капитализам предводен од Германија. Но, неговиот човек, Јанукович не можеше да помогне.

Cossack_Mamay_1890

Митот за нацистичката власт во Киев

Ако во шкотскиот случај, сепаратизмот стана единствена сериозна политичка сила после доаѓањето на власт на Тачер и десничарите, и како дел од широка опозиција кон ова, тоа не е случај со украинската област Донецк (населена од Руси со 48.15% и од Украинци со 46.65%) дека наводно станал сила во одговор на државниот удар кој донесе на власт нацистичко-неолиберална коалиција. Едноставно не е точно дека и во двата случаи тоа се „одбранбени одговори“ од предоминантно индустриски области кон промени во политичката ситуација во целата земја.

Вистината е следната: Свобода (една од петте најголеми политички партии во Украина чии три члена имаат работни места во украинската привремена влада) повеќе не соработува со Алијансата на европските национални движења (AENM). Уште во почетокот на 2013 година Свобода беше отстранета од нејзиниот статус на посматрач во Алијансата од страна на унгарската радикална десничарска политичка партија Јобик. Причината зад одлуката на Јобик да ја блокира соработката на Свобода со AENM беше токму овој идеолошки судир: Свобода е про-ЕУ и анти-Кремлин, додека Јобик е анти-ЕУ и про-Кремлин. Значи, Свобода се спротивставува на влијание на Кремлин во Украина, а Јобик сега соработува со руските евроазисти чиј идеолог е Александар Дугин, кој повикува за анексија на неколку делови од Украина кон Русија (горе цитиран) и неодамна беше активен во регрутирање на руски ултра-националистички милитанти кои ги убедуваше да одат во Украина да ‘и помогнат на руската војска да ја нападнат Украина. Додека политичката партија Правиј Сектор навистина има нео-нацистичка реса – сочинета од претставниците на групата „Бел Чекан“, „Патриотска Украина“, Социјал-националното Собрание – главната група зад Правиј Сектор е „Тризуб“ (Тризабец) која е далеку од тоа да промовира нео-нацизам, расизам и анти-семитизам. Нејзината идеологија може да биде толкувана како национално конзервативна. Покрај тоа, никој од Правиј Сектор не е претставен во новата (привремена) украинска влада.

Марксистичко толкување на „Република Донецк“

Фактот што изостана решавачкиот удар на работничката класа во Англија го наведе Маркс во 1867 година повторно да се зафати со изучувањето на ирското прашање. Негов заклучок беше дека отцепување на Ирска од Англија е нужно како предуслов за социјална револуција во Англија. Се разбира, многу анти-империјалистички левичари будалесто веруваат дека анектирањето на некои украински територии кон Русија би било предуслов за социјална револуција во Украина. Прво, распарчувањето на Украина би било чист фашистички кримен од Кремлин поттикнуван од лунатикот Дугин кој треба да биде убиен колку што е можно побргу. Второ, не постои вистинска авангарда во Украина која ќе го искористи овој наводен предуслов за да предизвика социјална револуција таму. Исто така постои кај овие анти-империјалистички левичари очигледно погрешно логичко толкување на Марксовата најважна теза во националното прашање! Случајот на Ирска, случајот на една мала нација, тие сакаат да го применат на Русија како што апсурдно си замислиле дека би можеле! Очигледно, тие треба да се вратат во марксистичките клупи и да направат рекапитулација на Марксовите написи за ирското прашање. А таа Марксова најважна теза во националното прашање е дека ниту една нација која угнетува други нации сама не може да биде слободна, а особено дека тоа не може да биде работничката класа на руската нација која ја угнетува Украина. Доволен пример е лицемерието на Кремлин кон Киев кога ‘и врши притисок да не потпише договор за слободна трговија со ЕУ. Од 2004 година Русија отпочна постојано да ја покачува цената на доставуваниот природен гас за Украина. До 2005 година Украина плаќала 50 долари по 1000 bcm а оттогаш цената била покачена до 426 долари по 1000 bcm во 2012 година. Во 2013 Украина плаќа 430 долари по 1000 bcm. На 1 април 2014 година цената на рускиот гас порасна до 480 долари за 1000 кубни метри! Овој грабеж на украинскиот бруто домашен производ од страна на Русија нормално доведе до економски судири меѓу двете држави од 1990 година. Природниот гас е она што најмногу го увезува Украина моментално и е главната причина за трговскиот дефицит на Украина. Украина треба да стави крај на уцените од Кремлин со тоа што ќе инвестира во експлоатација на своите резерви на природен гас.

48602626

Предавниците на украинската нација

Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) му понуди на Киев заем од 18 милијарди долари доколку се согласи да усвои сурови мерки на штедење кои вклучуваат: кратење на буџетскиот дефицит, зголемување на даноците, премин кон флексибилен девизен курс и зголемување на продажните тарифи на енергија за домаќинствата. Според тоа, флексибилниот девизен курс ќе ја зголеми инфлацијата, а зголемените цени на гас тешко ќе ги погодат семејните доходи бидејќи гасот е широко користен во украинските домаќинства за готвење и затоплување. Според државната енергетска компанија Нафтогас, цените на гас за домаќинствата би се зголемиле за 50 проценти почнувајќи од 1 мај 2014 година. Стапките на данокот на личен приход би пораснале од сегашните 15-17 проценти до 25 проценти. Самиот украински премиер Арсениј Јацењук изјави пред членовите на парламентот дека стопанството на Украина ќе се намали до 3 проценти, а инфлацијата ќе порасне до 14 проценти. За жал, тоа се работниците во Украина кои најтешко ќе настрадаат ако наскоро тие не реагираат против привремената влада на Јацењук (поддржуван од олигархот Ринат Ахметов) така што ќе ја соборат и ќе воспостават вистинска народна влада која ќе ги експроприра сите олигарси кои ја корумпираат демократијата во земјата. Со оправдание дека Украина е на работ на економски и финансиски банкрот, Јацењук лажно тврдеше дека владата нема друг избор освен да ја прифати понудата на ММФ. Јас сум сигурен дека богатството на сите украински олигарси збирно изнесува повеќе од заемот на ММФ, односно повеќе од 18 милијарди долари. Тогаш, зошто привремената влада на Украина си натоварува историска одговорност да обврзува цела генерација да отплаќа долг кон светските банкари? Меѓународните банки не се добротворни организации. Тие даваат пари на заем знаејќи дека нивните пари ќе бидат оплодени, дека долговите ќе бидат отплаќани повеќекратно!

Дури привремената влада во Киев именува двајца милијардери како гувернери во областите Донецк (Сергеј Тарута) и Днипропетровск (контроверзниот милијардер Игор Коломојскиј). Преведено: Привремената влада ги именува како гувернери токму оние кои ја закопаа демократијата во Украина и кои го поддржуваа поранешниот владетел Јанукович (Дмитриј Фирташ и Ахметов) заради личен интерес. Денес, во овие критични денови за самиот опстанок на Украина секој Украинец зборува за одбрана на демократијата и слободата. Hélas, тие имаат погрешно разбирање на демократијата. Како што Аристотел во кратки црти ја дефинира: „Демократија постои кога безимотниот народ, а не имотните, се гувернери.“ Именувањето на тие олигарси како гувернери од привремената влада ги разобличува вистинските лица на Јацењук и другите од власта како реакционери и со ова именување привремената влада испрати тајна порака до украинскиот народ дека оваа лажна авангарда сака плутократија а не демократија. Сега, се‘ зависи од украинскиот обичен народ дали ќе ја присили привремената влада да делува според народната волја. Ако популистичките мерки кои може да бидат побарани од народот на Украина се одбијат од страна на привремената влада, тогаш следниот чекор на Украинците е јасен кој треба да биде: соборување на сегашната привремена влада и воспоставување на вистинска народна влада која ќе го испита процесот на приватизација со кој гореспоменатите и други лица станале милијардери. Ова е единствениот правилен начин на кој привремената влада доколку навистина е патриотска влада може да ги освои срцата на народот од источните региони на Украина а кој се декларира како руски: дека оваа привремена влада работи за премин на украинското општество кон демократски поредок а не кон демократија без демос, односно кон плутократија.

Териториите на Украина не можат да се одбранат со помош на овие олигарси кои прво го ограбија богатството на украинскиот народ а потоа тој треба да очекува од нив да промовираат национално единство со ограбените пари на народот. Ако привремената влада навистина сака да биде вистинска народна влада и ако навистина таа сака да ги стабилизира источните територии на Украина, таа треба да го конфискува богатството на овие олигарси и да го распредели до народот (без разлика на неговото национално изјаснување) преку различни социјални услуги. Ова е како вие можете да изградите национално единство ширум цела Украина. Ако привремената влада сака да ги стабилизира дополнително источните територии, тогаш таа треба да даде добар патриотски пример пред очите на жителите на овие области така што јавно ќе ги егзекутира овие горе споменати четири олигарси. Сакале или не, вие не можете да направите револуција во бели ракавици! Одбраната на демократијата и слободата подразбира готовност да се употреби насилство против сите оние кои сакаат да ја корумпираат демократијата и слободата, вклучително против сите оние кои поттикнуваат и поддржуваат отцепување на делови од Украина без да дадат социјално решение за целата територија на Украина.

dugin1

Марксистичка меѓународна федерација како алтернатива на фашистичкиот Евроазиски Сојуз

За разлика од Дугин и Путин, класиците на марксизмот Маркс и Енгелс сметале дека задача на пролетерската револуција не е укинување на постојната нација, туку менување на социјалните односи во неа, а со самото тоа и менување на односот помеѓу нациите во кои победила таа револуција.

Според Маркс-Енгелсовите идеи од „Манифестот на комунистичката партија“, со падот на спротивставеностите на класите во рамките на нациите паѓа и непријателскиот став меѓу народите и се отвора пат за меѓународен развиток на социјализмот.

Постоењето на слободна национална држава Маркс и Енгелс го земаат како природен предуслов за социјалната револуција, работничката класа не ја сметаат антинационална (безнародна).

Уште во почетокот на своите разгледувања Маркс и Енгелс ја прифатиле мислата за т.н. потребни нации, т.е. нации чие ослободување има приоритет, бидејќи е тоа чекор кон создавањето на услови за пролетерска револуција на исток на Европа. Таква потребна нација тие видоа во полскиот случај.

Полскиот национален проблем за Маркс и Енгелс бил важен затоа што обновувањето на самостојноста на полската држава би значело територијално и вистинско разбивање на реакционерниот сојуз меѓу руската, австриската и пруската династија. Со таквиот развиток на државите суштински би била ослабена феудалната реакција на исток на Европа и би ‘и се отворил пат на меѓународната пролетерска револуција.

Енгелс ја повторува оваа мисла во своето писмо до Карл Кауцки во 1882 година, дека полската нација мора да биде национална пред да стане интернационална, дека е најинтернационална токму тогаш кога е вистински национална.

Маркс и Енгелс како вистински антислависти нагласуваат дека обновена Полска треба да биде територијално доволно голема, дека не смее да владее само над сливовите на своите реки, туку и над нивните устија во морето, дека според тоа на Полска ќе мора да ‘и припадне и балтичкото приморје што го населуваат Германци. Значи, Германците ќе мораат да го признаат полскиот суверенитет. На тој начин би се создало она што е нужен предуслов на борбата на пролетаријатот во Полска: „почва под нозете“.

Дека Маркс и Енгелс не биле германски буржоаски националисти, антислависти или социјалшовинисти доволно е да се спомене фактот дека Енгелс не го изучувал рускиот јазик само како јазик на непријателот кој е добро да се познава, туку некое време се носел со мисла да работи на компаративната граматика на словенските јазици. Значи, го водел општиот интерес за словенските нации и нивната култура.

Царскиот апсолутизам во Русија не беше омразен од страна на Маркс и Енгелс затоа што тоа беше словенска земја, па и династија со словенска карактер, туку затоа што тоа беше најреакционерен, а истовремено и највлијателен и најјак режим во Европа, што се испречуваше пред секој политички и општествен напредок во Европа, па и на други континенти.

На крајот, важно е да се истакне и тоа што Маркс и Енгелс, во рамките на својата историска стварност, веќе дадоа решение за прашањето што се случува со нацијата по извршената пролетерска револуција. Во времето на Париската комуна Маркс и Енгелс ја одбиваат тезата на француските претставници во Генералниот совет на Првата интернационала, кои имаа мислење дека нациите би требало да се поделат во мали групи, во кои би сочинувале сојуз а не држава.

Маркс и Енгелс не сметаа дека нацијата е само појава на граѓанската епоха, иако настанала со неа. Беа уверени, секако врз темелот на своето изучување на вистинскиот општествен развиток, дека нацијата ни по револуционерното укинување на експлоататорските општествени односи не станува нешто непотребно, некоја „застарена предрасуда“, туку дека е тоа општествен феномен кој не може ни да се укине ни да се заобиколи, туку дека револуцијата допрва создава вистински можности за постигнување на вистинско единство на нацијата, која постои и натаму.

„Кој со категориите на политичката економија ја гради зградата на некој идеолошки систем, тој ги разединува членовите на општествениот систем. Тој тогаш секој член на општеството го претвора во одвоено општество, а потоа овие одвоени општества истапуваат едно по друго.“ (Маркс, 1847)

Она што треба да се укине, тоа е „државната власт, која се претставуваше за олицетворение на тоа единство, но сакаше да биде независна од нацијата и да стои над неа.“ (Маркс, 1871) Единството на нацијата се организира преку комунското уредување.

НАРАВОУЧЕНИЕ

Режимите во Русија, Кина, Иран, Сирија и дури исламистичките фундаменталистички фанатици се анти-Америка и овие лажни анти-империјалисти се спремни ширум светот да стапат во сојуз, макар вербален, со овие режими „против“ империјализмот. Со овие режими кои се познати по невидена репресија и експлоатација на работничката класа. Вистинските пролетерски интернационалисти треба да бидат искрени и да не им даваат поддршка на сите империјалистички сили! И режимот во Вашингтон и режимот во Москва и режимот во Пекинг и режимот во Дамаск и режимот во Техеран итн. се капиталистички влади и анти-комунистички организации! Зошто би им се давало поддршка во некојаси квази-антиимперијалистичка борба? Авангардите на работниците доколку се искрени во различни земји ќе ги подготвуваат работниците за соборување на својата национална буржоазија! Единствениот сојузник на работниците е светскиот пролетаријат а не капиталистичкиот режим во Москва, Дамаск, Техеран или Пекинг! Работниците од Украина, Русија, ЕУ и САД, треба да се обединат против своите национални владејачки класи а не да поддржуваат некојаси квази-антиимперијалистичка борба! Работниците треба да бидат обединети против рускиот, европскиот, американскиот и сиот империјалистички систем на декадентниот капитализам. Работниците треба да ги отфрлат сите видови на национализам! Ова е единствениот пролетерски став за да се спречат меѓу-империјалистички војни, меѓу Русија и САД, меѓу Иран и Израел, меѓу Кина и Јапонија итн.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s