Отворено писмо до народот: Никој не заслужува втор мандат

democracy

Повод: Отвореното писмо на проф. Шкариќ до претседателот Ѓ.Иванов

Фокус, бр. 966, 2014-04-13

Во наведениот број на Фокус, стр. 12-14, е објавено „отвореното писмо до претседателот Ѓорѓе Иванов“ во кое професор Светомир Шкариќ објавува зошто не поддржува втор мандат за досегашниот претседател.

Не само Ѓ. Иванов, туку ниту еден кандидат досега и отсега не заслужува ни прв мандат а камоли втор. Зошто? Сите тие недоквакани политичари се наметнуваат на општеството да го водат, а не што немаат „нови идеи“, туку се заробеници на најцрните и најстари идеи за политички игри, манипулации со јавноста, гушење на секаква демократија, и предавање на земјата во страни раце.

Професорот аргументирано го критикува Ѓ. Иванов и ние, Пријателите на Народот, му честитаме за тоа. Честитаме и на Фокус што го објавува писмото. Но, забележуваме што критиката доаѓа многу доцна и не е марксистички заснована. И иако марксизмот е службено исфрлен од системот на науки, тоа не дава никаква основа да проблемите не се решаваат научно.

Професорот забележува на Ѓ. Иванов што „не сака да сфати дека фузијата на различни власти е својствена на собранискиот систем од социјализмот“, што потврдува дека и Професорот е анти-социјалистички и анти-марксистички настроен. Тој да знае марксизам, ќе знае дека социјализам немало никогаш и поимот ќе го стави во наводници.

Инаку во склад со марксистичкото „укинување на разликата меѓу производствениот и непроизводствениот труд“, должноста претседател се врши бесплатно, а за издржување „и царот ја оре земјата заедно со селаните“, како што советувал Лао Це, како што и Толстоевиот Иван-будалетинката иако цар, ја оре земјата за да не му порасне стомак. Дека не зборуваме на памет, го наведуваме и примерот на уругвајскиот претседател Хосе Мухика, кој за себе вели дека не е сиромашен туку скромен и од својата претседателска плата, која изнесува 12 500 долари, задржува само 1250 долари за лична егзистенција, а сиот остаток го дава за добротворни цели.

Професорот го споменува и новинарот Кежаровски. Пред сè, жалиме за таквата пресуда и ја осудуваме. Жалосно е и срамно новинар да биде осуден за она што го правел професионално. И судијата и налогодавецот за таква пресуда треба да бидат врзани за столб на срамот и да ги плука народот додека не се удават. Сите интелектуалци, со докторски титули, само еднаш да ги прочитале одбранбените говори на Маркс и Енгелс, во случајот на судски процес против „Новиот рајнски весник“, ќе ја кренеа на нозе цела Македонија и ќе спречеа таква пресуда.

Професорот, иако му е специјалност уставно право, сигурно се сеќава на одредбата во Кривичниот законик на СФРЈ каде стоеше одредба: „Не одговара за навреда оној кој ќе се изрази навредливо за некого во научно дело или новинарски напис.“ Во таа смисла, законодавците на Р. Македонија погрешиле што не ја презеле таа одредба од кривичното право на „социјализмот“. И ќе грешат сите тие кои бегаат од Маркс и Енгелс. А бегаат сите. Посебно интелектуалците кои беа должни да го проучат и да го спроведат марксизмот во дело. Затоа „не заслужуваат втор мандат“ не само кандидатите за претседател на Републиката туку и докторите на политички, правни, економски, филозофски, историски, социолошки и други општествени дисциплини кои не се науки.

Тркалото на историјата оди кон тоа да „извршители на тестаментот на револуцијата бидат нејзините најлути непријатели“ (Маркс). Иако „ништо не се повторува“, сè додека постои стоковно-парично стопанисување, сè против што зборува Професорот, а во врска со политиката, ќе се повторува. Може да се симне и „бог од небото“, но ако не го укине стоковно-паричното стопанисување и тој нема да добие „втор мандат“. Ќе се случи она што се случувало многу пати – власта на една страна а народот на друга. Но, манипулантите и манипулациите во политиката ќе „докажат“ дека политичарите се во право, а „народот е со ниска свест“. Тоа додуша и го тврдат индиректно многу „интелектуалци“ кога велат „секој народ има таква власт каква што заслужува“, што не е точно. А што да прави народот со „интелектуалците“, макар и претседатели и доктори на „науки“, кои му ги затвораат очите со буржоаско право, парламентарна демократија, пазарна економија и други глупости!

Народе! Кој и да победи, ти ќе изгубиш! Размислувај која е разликата меѓу турскиот султан, грчкиот и српскиот крал и бугарскиот цар на кој си им робувал и на кои си плаќал даноци, и денешните претседатели и интелектуалци за кои исто плаќаш даноци! Нема разлика! Ти си роб и во „независна и суверена“ Македонија во која споменатите будали те убедуваат дека твоја патриотска должност е да плаќаш даноци за нивното ленствување!

 

Дојран, сабота 12.04.2014,                                                                                                                                                    Пријателите на Народот

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s