Митот за Француската револуција како еврејско-масонски заговор

HOLO2-103-41df

Кратко воведно запознавање со гнасната фашистичка курва Вебстер која се дрзнала да го клевети Мара, благородниот Аmi du Peuple

Неста Вебстер е анти-семитска аристократка, ултра десничар, британски квази-историчар чии теории на заговор се широко цитирани од радикалните десничарски групи ширум земјите каде се зборува англиски. Била член на Британскиот сојуз на фашисти. Вебстер отфрлила голем дел од прогонувањата на Евреите од нацистичка Германија како преувеличување и пропаганда. Радикалниот демократ Жан-Пол Мара, кого Вебстер го клевети во нејзините теории на заговори на Француската револуција, во својот неизмерно влијателен весник „L’Ami du Peuple“, бр. 77, (25 декември 1789), ги брани Евреите од нивно дискриминирање во општествениот живот на Франција:

Што се однесува до Евреите, дури ако изгледа дека тие ќе преземат различни стопански дејности во општеството, ова не е причина тие да бидат исклучени од него.

Прогонувањата на Евреите од нацистичкиот режим во Германија не е преувеличување и пропаганда туку работа на историски верификувани факти. Анти-семитското законодавство во Третиот Рајх (сите закони се потпишани од хомо говедикусите Хитлер, Геринг, Хес, Фрик и др.), кое подолу следи во хронолошки ред, е обемно и тука не е дадено во целост:

7 април 1933 – Закон за одново воспоставување на професионална цивилна служба (Суштина на законот: отстранување на Евреите од цивилната служба)

7 април 1933 – Закон во однос на зачленување во адвокатска комора (Суштина на законот: отстранување на Евреите од адвокатските комори)

22 април 1933 – Закон против преполнување на германските училишта и повисоки институции (Суштина на законот: драстично ограничување на бројот на еврејски студенти)

6 May 1933 – Закон во однос на зачленување во даночни советници (Суштина на законот: отстранување на „не-Ариевците“ од професијата на даночни советници)

30 јуни 1933 – Закон кој ги менува регулациите во однос на јавните офицери (Суштина на законот: отстранување на „не-Ариевците“ од овие професии)

26 јули 1933 – Закон за укинување на натурализациите и судските решенија за германско државјанство (Суштина на законот: дефинирање на Евреите од Источна Европа како „непожелни“ и подложни на денационализација)

29 септември 1933 – Закон за имот (Суштина на законот: спречување на „не-Ариевците“ да поседуваат обработливо земјиште)

4 октомври 1933 – Закон за медиуми (Суштина на законот: исклучување на „не-Ариевците“ и лицата во брак со „не-Ариевци“ од новинарската професија)

21 мај 1935 – Закон за вооружени сили (Суштина на законот: исклучување на „не-Ариевците“ од воена служба)

10 септември 1935 – Општ декрет за воспоставување на одделни еврејски училишта

15 септември 1935 – Закон за државјанство на Рајхот или Првиот Нирмбершки закон (Суштина на законот: резервирање на државјанство за лица со „германска крв“)

15 септември 1935 – Закон за заштита на германската крв и германската чест (Суштина на законот: забрана на бракови и вонбрачни односи меѓу Евреи и „Ариевци“)

14 ноември 1935 – Прва регулација на законот за државјанство на Рајхот (Суштина на законот: отпуштање на еврејските службеници)

7 март 1936 – Закон за избор на составот на Рајхстагот (Суштина на законот: исклучување на Евреите од правото на глас)

26 април 1938 – Декрет за известување околу поседуваниот имот од Евреи (Суштина на законот: основа за последователна експропријација)

25 јули 1938 – Четврти декрет за законот за државјанство (Суштина на законот: одземање на лиценците за работа на еврејските лекари и доктори)

17 август 1938 – Втор декрет за закон за измена на името и презимето (Суштина на законот: присилување на Евреите да ги присвојат имињата „Израел“ и „Сара“)

27 септември 1938 – Петти декрет за закон за државјанство на Рајхот (Суштина на законот: поништување на дозволата за работа на еврејски правници)

12 ноември 1938 – Наредба за придонес од Евреите од германска националност (Суштина на законот: обврзување на сите германски Евреи да платат колективна глоба од 1 000 000 000 рајх марки)

12 ноември 1938 – Декрет за отстранување на Евреите од германскиот стопански живот (Суштина на законот: исклучување на Евреите од трговијата и занаетчиството)

28 ноември 1938 – Полициска регулација на појавувањето на Евреите во јавност (Суштина на законот: ограничување на движењето на Евреите на одредени места и часови)

3 декември 1938 – Наредба за користење на имотот на Евреите (Суштина на законот: одредување временски рок за продажба или ликвидација на еврејските претпријатија; присилување на Евреите да ги предадат акциите и хартиите од вредност кои ги поседуваат; забрана за продажба или присвојување на злато и драгоцени камења од Евреи)

30 април 1939 – Закон за еврејските станари (Суштина на законот: доделување право на газдите да ги иселуваат еврејските станари пред законското истекување на рокот на закуп)

4 јули 1939 – Десетти декрет за законот за државјанство на Рајхот (Суштина на законот: насилно собирање на Евреите во Рајховата организација на Евреите на Германија)

9 јанури 1941 – Полициска наредба за идентификување на Евреи (Суштина на законот: Присилување на сите Евреи над 6 годишна возраст да носат Давидова Ѕвезда)

7 јануари 1943 – Тринаесетта регулација под законот за државјанство на Рајхот

Мара vs. Вебстер: Француската револуција, заговор или општествено востание?

Во своите книги како „Шевалје де Буфлер“ (1927), „Француската револуција“ (1919) и „Светска револуција: заговор против цивилизацијата“ (1921), Вебстер изложува не еден заговор, туку неколку, настојувајќи дека заговорите од слободните ѕидари и илуминатите, заедно со оние на Луј Филип II, војводата од Орлеан (1747-1793) и странските сили ја предизвикале „трагедијата на Француската револуција“.

Ложите на германските слободни ѕидари и илуминатите беа изворот од каде што произлегоа сите оние анархистички заговори кои кулмунираа во теророт, а тоа беше на една голема средба на слободните ѕидари во Фракфурт, три години пред да почне Француската револуција, кога смртта на Луј XVI и Густав III од Шведска биле прво планирани.

Еден аргумент против ова тврдење (!) на Вебстер би бил аргументот даден од Жан-Жозеф Мунје (1758-1806), активен учесник во Француската револуција, кој ја предложил Заклетвата на тениското игралиште и заедно со Жан-Пол Мара го помогнал составувањето на Декларацијата на правата на човекот и граѓанинот. Мунје настојува дека ниту филозофите, ниту слободните ѕидари, ниту илуминатите имале било каква голема улога во создавањето на Револуцијата. Во неговата книга „За влијанието припишано на филозофите, слободните ѕидари и илуминатите врз револуцијата на Франција“ (1792) Мунје приговорува:

Меѓу благородните заговорници кои ја подготвија смртта на Густав, јас не познавам ниту едно лице кое сакало да земе учество во Револуцијата во Франција, иако ова ќе беше крајно лесно за нив, како што француските демагози тогаш ги повикуваа во своите редови сите лудаци на Европа. Но, шведските заговорници ги немаа истите системи, а нивните виновнички мерки немаа за цел да предизвикаат воспоставување на демократија.

Додека Мара во бр. 657 од својот „L’Ami du Peuple“ е категоричен дека Француската револуција била општествено востание:

Револуцијата беше направена и одржана само од најниските класи на општеството – од работниците, занаетчиите, ситните трговци, земјоделците, од плебејците, од оние несреќници кои бесрамните богаташи ги нарекуваат canaille (измет, отпад), а кои дрските Римјани ги нарекуваа пролетери. Но, кој можеше некогаш да помисли дека таа ќе биде направена само во прилог на ситните земјосопственици, законодавците, поддржувачите на измама.

Мара постојано преку својот весник, лично лепејќи плакати во револуционерниот Париз, одржувајќи пламени јавни говори и пишувајќи есеи, но за жал безуспешно, ги убедувал своите сограѓани да го соборат буржоаскиот систем со втора револуција посветена на социјална правда. Уште во 1790 година, Мара имал несогласување со Камиј Демулен.

(Тоа е истиот Камиј Демулен кој прв на 12-ти јули 1789 јавно повикал на вооружен отпор на францускиот народ против триесет илјадната војска на војводата Де Брогли, позиционирана меѓу Париз и Версај. Камиј Демулен, излегувајќи од едно од кафеата во Пале Ројал, Кафе Фој, со меч во една рака и пиштол во другата, се качил на стол и го повикал народот да се вооружи. Кршејќи гранче од дрво, тој зел, како што е познато, зелен лист како амблем. И неговиот врисок: „Ниту миг не смееме да изгубиме, трчајте да се вооружите!“ се проширил низ сиромашните предградија Сен Фобург и Сен Антоан.)

Несогласувањето меѓу Демулен и Мара настанало кога Демулен не го објавил во својот весник текстот под наслов „Многу сериозни жалби од оние кои немаат ништо против оние кои имаат се‘” кој Мара му го испратил. А причината за несогласувањето била Маратовото бранење на социјална револуција, имено политички обид да се извлече мнозинството народ од бедната сиромаштија:

Што би добиле ние, уништувајќи ја аристократијата на благородништвото, ако тоа едноставно ја замени со аристократија на богатството?

Револуцијата имала мало значење за Мара ако таа не ја задоволила оваа цел. Додека Демулен и другите револуционерни новинари барале да се стави крај на аристократската привилегираност и власта на кралот, тие покажале мал интерес за ограбувањето против урбаните сиромашни. За разлика од нив, Мара не ги сфаќал институциите Национално собрание и Париска Комуна како отелотворување на Револуцијата, туку во заложништво на богатите класи и непријателите на народот:

Не очекувајте ништо од добрата волја на јавните службеници: тие секогаш се инструменти на деспотизмот, и колку што е поголем нивниот број, толку поопасни тие ќе бидат. Не се надевајте за ништо од богатите и имашните, од луѓето кои дошле до удобност и раскош, од лакомите луѓе кои љубат само злато. Не може да се создадат слободни граѓани од поранешни робови. Само оние кои ја обработуваат земјата, кои работат како ситни трговци, мајстори, занаетчии и надничари, простата толпа, како што тие се наречени од безобразните богаташи, кои може да формираат слободен народ, нетрпеливи спрема угнетување и секогаш спремни да го отфрлат своето ропство.

Кон крајот на 1791 година (значи после Масакрот на Марсовото поле против демократската интелигенција што се случил на 17 јули 1791), најдобрите револуционери целосно изгубиле надеж во Револуцијата. Мара верувал дека се‘ е изгубено („Револуцијата не успеа“, напишал тој во „L’Ami du Peuple“) и на 21 јули 1791 го потврдува тврдењето дека Револуцијата од 1789 година била општествено востание, а не заговор:

Тоа беше група од сиромашен народ што ги сруши ѕидините на Бастиља. Само поттикнете ги да работат и тие ќе се докажат како што се докажаа првиот ден. Тие не бараат ништо повеќе освен да се борат против своите тирани. Но, тогаш тие беа слободни да делуваат, сега се заробени.

Според Никола де Бонвил (1760-1828), оригиналниот промотор на идејата за народна милиција, од 800 000 жители на Париз, на 14-ти јули имало 300 000 вооружени мажи, а според Антоан Барнав (1761-1793) нив ги имало 180 000, а не како што Вебстер тврди дека во опсадата на Бастиља учествувале само приближно 1000 Парижани и „аутсајдери“. (Интересно е да се спомене фактот дека макар што Никола де Бонвил бил член на слободното ѕидарство од 1786 година, сепак, наспроти тврдењата на Вебстер дека токму заплетите на масоните ја предизвикале „трагедијата на Француската револуција“, тој бил непријателски поставен кон крвавото насилство на Револуцијата и во својот весник „Месечна хроника“ спорел против Септемвриските масакри што се случиле во 1792 година. Поради оваа негова „хуманитарна поставеност“, тој го предизвикал бесот на Мара, исто така масон, кој го обвинил како аристократ. Јас би го нарекол ова Вебстеров парадокс.)

Грст заговорници не можат да се борат против војска; реакцијата не може да биде совладена од банда луѓе, колку и да се решителни. На една војска мора да се спротивстави војска, а за победа над војска потребен е народ, цел народ, стотици илјади мажи, жени и деца од еден град. Само тие можат да бидат победници, само тие победувале војски деморализирајќи ги, парализирајќи ја нивната ѕверска сила. ~ Петар Кропоткин, „Големата Француска револуција 1789-1793“, објавена во 1909 година.

Вебстер изнесува друг заговор, овојпат дека војводата од Орлеан го поттикнал францускиот народ на востание така што ги лишел од леб. Напротив, суровата зима, неуспешните жетви, алармантното покачување на цените од 1785 година се причините за востанието. На 20 декември 1788 година, „Journal de Paris“ објавил писмо напишано од маркиз де Лимон до општинскиот поп на црквата Saint Еustache во кое се вели дека војводата од Орлеан секој ден ќе донира илјада ливри леб за сиромашните од општината, дека жените во блажена состојба ќе имаат бесплатна медицинска услуга за пораѓање и дека за сиромашните и бездомните ќе се овозможи помош и прибежиште додека трае суровата зима. Навистина извонреден начин да се поттикнат Парижани да кренат востание против монархот, oсвен ако некој не верува дека тој ја предизвикал нивната глад или бременост!

Француската револуција ја десеткувала аристократијата и околу 8-10% од неа била уништена со гилотинирање или стрелање, без разлика на возраста на припадниците на оваа класа. Луј Амарант, син на париски аристократ, имал само 15 години кога бил гилотиниран. Периодот од Револуцијата познат како Владеење на теророт бил посебно суров кон богаташите. За Робеспјер, богатите луѓе биле изворот на општествените пороци и единствената казна била смрт. Мара го споделувал неговото мислење и преку својот весник и како делегат во Конвентот барал целосно уништување на капиталистичката класа. Па, за време на владеењето на јакобинците, капиталистичката класа исто така била десеткувана, и многу банкари, брокери или трговци биле егзекутирани само затоа што биле богати. Ова исто така било случај со неколку многу богати еврејски бизнисмени во градот Лион. Ова е една од причините што за време на Француската револуција, бизнисот на Ротшилд останал базиран во Франкфурт. Друга порелевантна причина била што до доцните 1790-ти години, Мајер Амшел Ротшилд само што веќе почнал да го гради својот банкарски бизнис. Дури во 1812 година Џејмс де Ротшилд (1792-1868), еден од петте сина на Мајер Амшел, се преселил во Париз за да ја основа банката „De Rothschild Frères“.

Но, кога конечно Француската револуција стигнала до Франкфурт, нејзините последици биле буквално експлозивни. Националната гарда, која напредувала, пристигнала во октомври 1792 година, кога француските трупи привремено го окупирале Франкфурт – според Вебстер, базата на сите еврејско-масонски заговори – само десет седмици после крунисувањето на последниот свет римски император, Франциз II. Изгледа дека ниту еврејската заедница била повеќе задоволена од остатокот од градското население од оваа обновена странска наезда. Наспроти сите потенцијални бенефиции од француското влијание кои можеле да бидат добиени од еманципацијата на француската еврејска заедница во 1791 година по декрет изгласан во Националното собрание, непосредните, материјални последици од француското присуство биле јасно негативни. Во јуни 1796 година, после поразот на австриската војска кај Лоди, Франкфурт бил толку тешко бомбардиран од победничките француски сили што скоро половина од куќите во Judengasse (еврејското гето) биле уништени од пожар. После нанесената штета врз целиот град, австрискиот гарнизон бил принуден да се предаде. Наспроти големата штета од битката, уништувањето било корисно за еврејската заедница. Бомбардирањето довело до фактичко укинување на гетото.

Не можејќи да го замолчат или да го поткупат, неговите непријатели го убија

Мара пред долго време ја предвидел можноста да заврши како што завршил – да биде убиен од приврзаниците на стариот режим. Многу аристократи се надевале на враќање на стариот режим, но тие не разбрале дека времињата се промениле. Шарл Морис де Талеран (1754-1838) го има речено следното за емигрантите: „Тие не научија ништо и не заборавија ништо“. Ниту пак тие биле успешни со своето ресоцијализирање во францускиот живот. Многу аристократи се соочиле со едно такво непријателство, кога побарале да им се врати одземениот имот, што одбрале да не се враќаат и ги прекинале своите врски со Франција, како во случајот на семејството Роган. Малкумина се вратиле после обновата на бурбонската монархија во 1815 година.

Според Вебстер, Шодерло де Лакло (1741-1803) ги користел парите на војводата од Орлеан за да го финансира перото на Мара во корист на овој војвода и против генерал Лафајет во 1790 година. Прво, нема сомневање во финансиската способност на војводата од Орлеан да финансира револуција. Тој бил вториот најголем земјопоседник во стариот режим, веднаш после самиот крал, со годишна рента од 7 500 000 ливри. Oва било неговиот пресметан приход во 1787 година. Од 1791 година приходот му бил драстично намален на 4 300 000 ливри, а војводата од Орлеан бил принуден да потпише спогодба со своите бројни кредитори. Сепак, тој можел да си дозволи да купува „интелектуалци“ за да се спротивстави на кралот. Но, неговиот главен проблем бил недостатокот од постојаност во неговите заговори. Жак Пјер Брисо (1754-1793), пишувајќи за војводата од Орлеан, вели дека „принцот беше прилично наклонет кон заговори кои траеле само дваесет и четири часа – ако тие беа нешто подолги, тој се иплашуваше.“

Ако постои нешто што е сигурно е дека Мара никогаш не бил виновен за примање поткуп. Ова е против сите негови принципи, но тоа не значи дека тој не се бранел кога тоа е неопходно. За време на судењето на Луј Капе, Мара добил на своја адреса бројни писма од ројалисти кои му нуделе пари само да каже барем еден збор во прилог на обвинетиот крал. Во едно писмо му се понудени сто илјади златници. Но, единствениот одговор на Мара бил:

Јас припаѓам на народот, јас никогаш нема да припаѓам на било која друга партија. Тоа е мојата професија на верност.

А во друга прилика има изјавено:

Мене би ми помагале, мене би ме уважувале, мене би ми ласкале кога само би се согласил да молчам. Мене би ме наполниле со злато кога само би сакал да го посрамотам своето перо. Јас го одбив искушувачкиот метал, па живеев во беда, но ја сочував чистината на своето срце.

Или:

Јас знам дека мојата глава е уценета од никаквеците кои ги водат државните работи; петсто полицајци ме бараат ден и ноќ. Па добро! Ако тие ме фатат, ќе ме заколат и ќе умрам како маченик на слободата. Никогаш нема да се каже дека татковината ќе пропадне и дека пријателот на народот бил држан во кукавички молк.

После 10-ти август 1792 година, биле изгласани субвенции за патриотскиот печат (вкупно 100 000 ливри), и Мара, сосема логично го побарал својот долг, но тоа му било одбиено, и потоа, на 2 септември 1792 година,јавно преку својот весник тој се обратил на војводата од Орлеан, за да ja врати ситуацијата со весникот во нормална состојба:

Во име на татковината, согласете се денес веднаш заради јавен спас да му овозможите на L’Ami du Peuple средства за да неговите дела се печатат без одложување. Скромната сума од 15 000 ливри ќе биде доволна да се купи хартија и да се плати работната рака. Ако пристапувате на ова, бројoт на копии за таа сума ќе се дели за беспари.

Oва апсолутно не значи дека тој бил поддржувач на војводата од Орлеан („Партијата на Мара и Робеспјер не бара да се казни кралот со смрт за да го постави Егалите на тронот“, пишува Мара за војводата во декември 1792 година, а во следниот број на Journal de la république française, тој вели: „Јас изјавувам дека отсекогаш сум сметал дека Орлеан е бесрамен материјалист, без доблест, без душа, без срце, без било каква друга вредност… Јас никогаш не верував во неговиот патриотизам, а неговите знаци на патриотизам се само заради остварување на неговите амбициозни планови… Сметам дека тој е скриен интригант, наговарајќи ги патриотите со оние на кои тој им се прикраде и тој е тајно поврзан со лидерите на фракцијата Ролан, кој сплеткатори за него и изгледа дека ќе продолжи да го прави тоа…“ за да најпосле на 12 април 1793 година во бр. 169 од својот весник Le Publiciste, Мара ја побара главата на војводата.)

Но, главното прашање кое треба да го одговорат оние кои го обвинуваат Мара за поткупливост е следното: зошто револуционерната влада би им помогнала на сите други патриотски новинари освен на L’Ami du Peuple?

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s