Пак за комунизмот

Највисоко вреднуваната и најдобро позната од банкнотите пуштени во промет од Државната банка на Германската Демократска Република (ГДР) беше марката од 100. Сината банкнота го покажува Карл Маркс на предната страна, а на задната страна ја покажува Палатата на Републиката како што се гледа од булеварот Унтер ден Линден во Источен Берлин. Во позадината може да се види Берлинската телевизиска кула, црвениот градски хол (Rathaus) и Zeughaus (Арсенал). Комбинацијата на наука, политика, бизнис и луѓе била предвидена да укаже почит на социјалистичкиот систем и да ја покаже ГДР како напредна и современа земја.

Највисоко вреднувана и најдобро позната од банкнотите пуштени во промет од Државната банка на Германската Демократска Република (ГДР) беше марката од знак 100. Сината банкнота го покажува Карл Маркс на предната страна, а на задната страна ја покажува Палатата на Републиката како што се гледа од булеварот Унтер ден Линден во Источен Берлин. Во позадината може да се види Берлинската телевизиска кула, црвениот градски хол (Rathaus) и Zeughaus (Арсенал). Комбинацијата на наука, политика, бизнис и луѓе била предвидена да укаже почит на социјалистичкиот систем и да ја покаже ГДР како напредна и современа земја.

Седнувам да пишувам, и во очи ми паѓаат неколкуте банкноти кои ги преместувам цел ден од тренерките во панталоните и обратно и во тоа преместување сум ги оставил на масата со книгите. Ми проаѓа мислата дека може со книгите негде да ги затурам и – оди после, најди ги. Не да збеснувам, се разгневувам. И не можам да ја замислам индолентноста на луѓето кои не размислуваат воопшто за тој проблем – парите. За нив „парите се најважни“ и „без пари ништо не се може“, и тука престанува сето размислување. А дали се навистина „парите најважни“ и до кога „без пари ништо не се може“ – за тоа не се размислува. Уште повеќе ме разгневуваат мас-медиумите и властодршците за кои не постои наука освен она што е кажано напред за секој граѓанин.  Па, и дете. Но, токму парите на нив најмногу им одговараат – секогаш ги имаат колку сакаат и каде сакаат. А што мнозинството луѓе живеат мизерен живот – тоа не им е гајле.

Дури и во минатото испеени се песни дека  „љубовта за пари не се купува“ и створени се митови, легенди и приказни со кои се докажува дека се може без пари и дека тие не се најважни. Дури и во Библијата се запишани мисли кои тоа ни го докажуваат. Но, да го оставиме наведеното како „наивно народно кажување“ и да се свртиме кон праксата и науката.

Се знае дека „парите немаат господар“. Кој ги има во рацете – тој е господарот. Во таа смисла тие може да бидат украдени, најдени или „чесно“ заработени. (Со „чесно“ заработување се занимаваат политичарите, бизнисмените и криминалците). Работникот колку чесно да работи, никогаш не може толку да заработи да од тоа чесно живее. Од заработеното работникот може само да живурка од денес до утре. Но, и за тоа не е сигурен оти џепарошите демнат на секое ќоше и на секој чекор. Додуша владата „презела сигурна мерка“ и наложила во сите јавни установи и средства за јавен транспорт да се стави натпис: „Чувајте си го паричникот“, но тие паричници, како да се соработници на џепчиите, се „губат“ и понатаму.

И трговците, и тие како да се помошници на владата и џепчиите, секојдневно цените ги креваат кој за денар, кој за два или пет и така ни ги празнат џеповите… (А „Билна аптека“-Скопје дури и за по 15 единици. Но, кога е „за здравје, човек не прашува за цена“. Но, и покрај тоа – пак не сме здрави. Значи, џабе високи цени на лековите.)

И, што со тоа има комунизмот!  Има, има. Само читајте.

Во комунизмот средствата за производство се општествена сопственост и заради тоа не постојат пари. (Исто како во фамилијата – никој не плаќа на домаќинката што пере, готви, чисти, пегла а, уште ако е и „вработена“ – и на работа оди. А тоа се` што го работи дома – тоа не се смета за „работа“. И, можеби, затоа и не ‘и се плаќа. Каква „прекрасна“ логика!)

Во комунизмот сите се вработени, без обѕир на возраста и физичката способност така да нема невработени, деца на улица или запуштени старци и инвалиди. (Каде ли научиле тоа исто да го прават селските семејства во кои сите работат „според способноста“ – и деца, инвалиди и старци; и „сите трошат според потребите“. Ниту на еден член во фамилијата ништо не му недостасува, ако е тоа во „надлежност“ на истата. Исто така како да го читале Сен-Симон, па знаат дека „секој е способен да произведе повеќе отколку што му треба“ и затоа ги ангажираат членовите на семејството да работат „секој според способностите“. Зошто ли овие селани не ги читаат  „докторите“ на економски „науки“, па и на нив да им крене како што ‘и оди на државата. (Денес на селаните ако не им оди, тоа е затоа што на државата не ‘и оди добро. Но, чудо едно, на државниците им оди одлично. Навистина чудни феномени во буржоаското општество. Ете, сето тоа го нема во комунизмот.)

Во комунизмот сите деца се згрижени во градинки. Жените се ослободени од „милениумското куќно ропство“ со изградба на ресторани за општествена исхрана и сервиси за хемиско чистење и перење, и за истите „е забрането работење во ноќна смена и на места опасни по жениното нежно здравје“- како вели  Маркс. Сите луѓе работат „според способностите“ и  „трошат според потребите“ бидејќи „секој е способен да произведе повеќе отколку што му треба“, а остатокот се троши за издршка на болни и неспособни за живот. Производството е механизирано и автоматизирано до степен кој го овозможува науката, што значи дека  „е исполнета  историската улога на капиталот и престанал трудот во кој човек работел она што можел да го даде на стварите да го прават за него“ (МЕД, Том 19, стр. 192), што нешто овозможува многу слободно време на луѓето кое тие го трошат за развој на своите способности што биле потиснати или згаснати во антагонистичката фаза на развојот на човештвото.

На ова некој ќе каже: „Да, комунизмот е многу убаво нешто, но тој не е можен сега. Тој е далечна иднина на човештвото“. Таквите зборови, кои ги изговарале многу луѓе и во време на Маркс (Види МЕД, Том 6, стр. 346, 360; или Том 7, стр. 344), покажуваат само дека тој човек не разбира ништо од комунизам. Ниту пак од страдањето на народот. Според Маркс и Енгелс „комунизам е општествено движење кое ги решава сегашните проблеми“. Значи комунизмот не е ни далечна иднина, ни некоја измислена филозофија туку научно решавање на постоечките проблеми. Маркс и Енгелс не напишале ниту еден збор за некоја „далечна иднина“. Тие само ги анализираат постоечките  општествени проблеми и кажуваат кои причини ги предизвикуваат.  Во таа смисла го организираат и Здружението на работниците (Интернационалата) како начин на заедничко научно решавање на постоечките проблеми. Значи во марксизмот нема ништо за „далечната иднина“ туку само отклонување на пречките кои ја загорчуваат сегашнината.

Иако многу луѓе со сентименталност се сеќаваат за „социјализмот“, но човек не може да не искаже гадење од изговорите на тогашните „комунисти“ кои ја водеа државата. Кога работниците ќе прашаа нешто зошто не се решава, одговорот секогаш беше: „Не може све преко ноќи“. На еден таков „одговор“ еден работник му рече на Стане Доланц: „Чудна е таа ноќ која трае четириесет години и на некои им донесе тешки милијарди а на нас работниците беда“. (Тогаш уште не бев запознаен со Маркс-Енгелсовите дела-МЕД и не знаев за изреката „Незнаењето е поблиску до вистината отколку предрасудите“ (Ниче). Работникот не беше „учен“ ама сфатил дека „комунистичката ноќ“ на некои – скоро сите од власта, СКЈ и функционери од стопанството – им донесе тешки милијарди…  Или друг работник го прашува: „Како може да бидат членови на СКЈ милијардер и работник кој нема ни да преживее до крајот на месецот?“ А Доланц ноншалантно му „одговори“: „Ту нема ништо лоше ако су милијарде поштено зараѓене“. Глупак. Како може „поштено да се заради“ во политиката кога таа ништо не произведува! А уште еден Томас Минцер кажал: „Од чесна работа не може човек да се збогати. Може само чесно да живее“.) И двајцата работници не беа „учени“ ама гледаа дека со „социјализмот“ нешто не е во ред. А, С. Доланц иако беше  „учен“ и на високо раководно место во партиското и државното раководство, тој беше уверен дека со „социјализмот“ се` е во ред и дека човек може да се збогати со чесен труд.

Сите тие „водачи“, властодршци, доктори на општествени „науки“ и „теоретичари“ на марксизмот, сносат историска одговорност што ја изневерија работничката класа и пак ја вратија во канџите и калиштето на наемното ропство иако беа створени сите услови да тоа никогаш не се повтори. И никој и не помислуваше дека ќе се повтори. А доволно било само да се прочитаат некои страници од „Капиталот“ или „Бедата на филозофијата“. Затоа пролетаријатот од цел свет, а посебно од земјите кои беа декларирани како социјалистички и во кои се донесуваа разни закони за заштита на работникот, мора да изврши историска одмазда над сите виновници. Дали тоа ќе биде во форма на изградба на споменик на нивната глупост, во форма на додавање натписи на нивните споменици со кои ќе се објасни дека не ја извршиле чесно и совесно својата улога или во форма на ископување на нивните гробови и бришење на секаков траг на нивното постоење – тоа нека го одлучуваат идните генерации.

Покасно, како студент на постдипломски студии на Економскиот факултет во Скопје, си поставив задача да ги проучам МЕД и да изработам квалитетен магистерски труд во кој што квалификувано ќе кажам што не е добро во социјализмот. И во јуни 1980-та ги купив МЕД и почнав да ги проучувам. Не можев да верувам во она што го читав. Па, ние воопшто не сме имале социјализам. Политичката економија воопшто не била наука и не можело да постои политичка економија на социјализмот. Се разбира, се откажав да магистрирам на факултет кој не се занимава со науки и продолжив на работното место (во ЈНА) и во месната заедница каде што живеев, да се ангажирам работите „да се доведат на свое место“ бидејќи „комунисти сносе моралну политичку одговорност за све што се дешава у друштву“ – ни порачуваа секојдневно од ССНО, ЦК СКЈ и од Претседателството на СФРЈ. И тоа, не зборував, туку поднесував написи кои ги составував во слободното време-дома. Ги праќав до највисоките форуми. Лично одев до нив. Ниту ме примаа, ниту ми одговараа. И после четиригодишна борба за марксистичко решавање на проблемите – ме „пензионираа“ од ЈНА, како „трајно неспособен за активна воена служба“. Мојата „неспособност“беше предизвикана од исполнувањето на статутарната обврска на членовите на СКЈ кои, по истата, мораа „постојано марксистички да се образуваат“. Заради тоа што ги проучив публикуваните МЕД (во 46 тома) во СФРЈ и настојував да ги исполнам своите обврски како комунист, замислете, станав „трајно неспособен за активна воена служба“. А тие што останаа и понатаму „способни“ и што не ги проучија МЕД – тие ја растурија СФР Југославија и толку многу го компромитираа марксизмот што работниците дозволија, иако „не сакаа да го менуваат системот“, да се „врати капитализмот“. Каква идиотска работа на СКЈ, да не ја исполниш авангардната улога на комунистот и да не ги оспособиш работниците да знаат што е комунизам и да истиот го остварат додека уште сите викаа:„Да живее комунизмот“, „Да живее другарот Тито“ итн. Но, видовме како се постапува со тие што марксистички се образуваа со читање на МЕД. А зошто така се постапуваше?

По член 5 од Статутот на СКЈ „Идејна и теориска основа на делувањето на СКЈ е научниот социјализам, кој се базира на теориската мисла на Маркс, Енгелс и Ленин… (збогатена)… со  марксистичките сознанија и теориски придонеси на југословенското  револуционерно работничко движење, посебно на Тито и Кардељ“. Меѓутоа, не што Тито и Кардељ не придонеле ништо за збогатувањето на марксизмот, туку тоа не го направил ниту Ленин. А по него ни Сталин, па ни Мао Це Тунг. И не само тоа туку тие не ги ни проучиле доволно МЕД кои биле публикувани во нивно време. Така Ленин си дозволува во конципирањето на стопанската политика на Советската Република да заземе став, и истиот да го наметне на сите, и да добие поддршка од Конгресот на РКП(б) дека „социјализам може да се гради и со капитализам, кој го одобрува РКП(б) бидејќи власта останува во рацете на работниците и селаните и со тоа не се реставрира сопственоста на спахиите и капиталистите“. Тоа е идиотско тврдење, иако е од Ленин. Марксовиот „Капитал“ е преведен во Русија од Н.Ф.Даниелсон уште додека Ленин е дете. Понатаму, тој знаел германски, француски и англиски, каде и што бил, и имал прилика да го чита „Капиталот“ и на тие јазици. И тогаш како не можел да го разбере тоа што Маркс го пишува во првиот том на стр.510 каде јасно вели: „Капиталистичкиот процес на производство, посматран во својата поврзаност или како процес на репродукција, не произведува само стоки, само вишок на вредноста, тој го произведува и репродуцира самиот капиталистички однос: на една страна капиталистот, на другата наемниот работник“. Јасно, што појасно не може да биде. А, освен тоа, ако средствата за производство се општествена сопственост, тогаш нема потреба од производство на стоки… Но, да го оставиме Ленин.

Никако не може да биде јасно и да се разбере како тоа можеше да се случи, она што го погрешил Ленин, да не го видат „теоретичарите“ на марксизмот и да не го поправат за 40 односно за 60 години „социјалистички“ развој. Ги собираа, ги преведуваа МЕД, формираа марксистички школи и центри и ниту на еден не му текна дека стоковното производство никако не може да биде социјалистичко. За него вели Маркс дека е највисока форма на капиталистичко производство и по него настапува комунистичко. А покрај тоа општествената сопственост и стоковното производство се исклучуваат меѓу себе, тие не се согласни едно со друго. Кога го пишував тоа уште 1983-та до ЦК СКЈ, „шефот“ на финансиската служба во командата на 3-та Армијска област, полковник Павковиќ Милутин, кој беше и магистер на економски „науки“, ме обвинуваше кај командантот на Третата Армија, генералот Мирковиќ, дека јас ги напаѓам високите државни раководители. Добро што ниту генералот, ниту службата на безбедност ниту пак правната служба не ги прифатија неговите обвиненија. Ме спаси тоа што се` што пишував, пишував во слободно време а не на работно место. Ниту пак во работното време разговарав со некого за тоа. А ми се наметнуваа разни магистри на економски „науки“  (Стојменов Стојмен, Дамјановски Спасе, Мијатовиќ Зоран), потполковник Нешовски Киро, полковник Чејовиќ, полковник Остојиќ и други. Можеби немаше да се сетат тие,  но јас бев свесен дека ако прифатев дискусија ќе морав да ги напаѓам стопанските и политичките мерки на државното и партиското раководство а тоа беше против одредбите на Правилото за служба во ЈНА и, во таков случај, по прописите за воена дисциплина правев дисциплински престап(!) и ќе можеа да ме суспендираат од служба. (Веќе спомнав претходно дека мојот третопретпоставен веќе ме напаѓаше. А беше превзел и „мерки“ за мое фаќање и задржување на нервно одделение во Воената болница во Скопје. Каква „инвентивност“!) Имено, со споменатото правило беше регулирано да војните лица се должни да ја спроведуваат политиката на државното и партиското раководство. Ама кога тоа раководство е глупаво, па не чита марксизам и само ги прекрстува категориите на политичката економија во „социјалистички“ – што е апсурдно, тогаш човекот кој ги проучи МЕД а работи во ЈНА, е изложен на опасност да биде и кривично казнет за зборување на научната вистина. Од тоа и се уплашив во еден „разговор“ со четири полковника, еден потполковник, еден мајор и еден поручник, кога еден полковник ме праша: „Што мислиш за Долгорочната програма за економска и општествена стабилизација“ а јас веднаш треснав: „Нема да успее!“. Кога излегов на „пауза“ во ходник размислував, и се „тешев“ со тоа дека ќе се бранам ако ме обвинат, дека одговарав на прашање а не сум разговарал со никого за тоа. И навистина така беше. Реков напред дека со никого не разговарав а поднесоците ги пишував дома. (Ех, Маркс, Маркс и ти драги Енгелс! Вие ми ја спасивте душата. Ме воскреснавте. Јас денес на секого од оние што беа со мене им гледам во очи. Но тие бегат и да се сретнат со мене. Јас сакам да разговарам за тоа време, но тие не – „бидејки им е посран образот“- вели народот.)

Државното и партиското раководство – не само во СФР Југославија туку и во СССР, Кина и сите земји кои се декларираа за социјалистички – ако беа комунисти, и ако го познаваа марксизмот требаше да спроведат:

1.Скратување на работното време, зголемување на бројот на смените и вработување на сите и инвалиди, деца и старци по принцип „секој според способностите“. А бидејќи од Адам и Ева постои факт според кој „секој е способен да произведе повеќе отколку што му треба“ мораа и да организираат и потрошувачка „секому според потребите“;

2.Укинување на старата општествена поделба на трудот која произлегуваше од постоењето на приватната сопственост над средствата за производство. Штом се укинуваше таа, се укинуваше и антагонистичкиот карактер на општеството и немаше потреба од огромна армија, милиција, судство и чиновништво. Одбранбената функција на општеството кон надвор и безбедносната внатре во земјата ја преземаше работничката класа. Тоа беше и сторено во шеесеттите и седудесеттите години со концепцијата на општенародната одбрана (КОНО), но, како што се заоструваа антагонизмите во општеството од „социјалистичкото“ стоковно производство, така полека и се укинуваше споменатата концепција за да потполно нестане во осумдесеттите години од ХХ век. Тоа го доживував и согледував уште како старешина во Сараево кога на подвижните логорувања со питомците ни „маркираа“ партизанските и територијалните единици кои до 1975 година потполно се „изгубија“ – престанаа да постојат и заради „економизирање“ се укинуваа. Се задржуваше само „територијалната“ одбрана која во распадот на Југославија одигра сосема негативна улога на националистички армии против ЈНА;

3. Згрижување на сите деца во градинки, изградба на мрежа на ресторани за општествена исхрана и сервиси за хемиско читење и перење, заради ослободување на жената од „милениумското куќно ропство“. Во некое време беше спроведена општествена исхрана по фабриките, но покасно и таа беше ликвидирана заради „економичното“ работење на стопанските организации;

4. За жената „вработување на работни места кои не го угрозуваат нејзиното нежно здравје“ и „забрана на работење во ноќни смени“, како би се обезбедило да „здрава жена биде и здрава мајка  односно здрав темел на општеството“, како вели Маркс;

5. Поврзување на школувањето со производството така што ученикот-студентот работи се` додека се школува. Заради тоа тој е слободен да се школува на која сака школа или факултет и да во текот на школувањето ги менува истите. Воспитаникот не ги повторува годините, но во свидетелството му остануваат слабите оценки по предметите од кои не го совладал градивото. Доколку сака да се запише на високошколска установа а по програмските предмети кои се тежишни на истата и учеле во средно училиште има слаби оценки, не може да се запише додека не стекне соодветни знаења кои ќе му овозможат да ја прати наставата. Воедно воспитаникот додека се школува со производствената работа го „одработува“  својот еднособен стан или гарсоњера од кој ќе му бидат предадени клучевите на денот на неговото полнолетство или матурирање, како доказ за неговата психофизичка зрелост да се вклучи во светот на возрасните. Се разбира, наместо денешните банџи скокови и екстремни спортови;

6. Здравството се остварува во склад со дефиницијата на А.Штампар, која ја има прифатено и Светската здравствена организација, како „потполна психичка, физичка и социјална благосостојба а не само отсуство на болест и болка“. За тоа денес никој не го боли глава што кажал „некој“ А. Штампар. Важно е да се врши „наградување според трудот“ како да е здравјето на народот копање дупки или товарење камења одн. берење јаболки;

7. Се преземаат мерки за елиминација на негативностите од досегашниот стихиен развој на општеството како пошумување на голини, оживување на уништени водотокови и земјоделски површини, се дислоцираат населените места од водоплавни реони и равнински предели итн.

Ако „комунистите“, од Октомвриската револуција до денес, ги предводеа работниците во остварување на ваков комунизам, никогаш немаше да пропадне „социјализмот“ и да се врати капитализмот. А вака, кога и водачите не се ништо попаметни од обичниот народ во водењето, се „случуваат“ работи кои никогаш не се случиле ниту ќе се случат некогаш. Навистина Изаија е во право кога вели: „Оние што го водат народот – го заведуваат. А тие што дозволуваат да бидат водени – ќе пропаднат“ (Иза.9:15.)

Не се застанува на чело на народот за да се воздига човек себе и дa го ограбува со даноци, туку се застанува да му се покаже на истиот каде греши. А греши народот што ги прифаќа глупостите на политичарите за приватна сопственост над средства за производство (за кои мора да плаќа данок), за парламентарна демократија која постои само за парламентарците но не и за народот, за човекови права и слободи кои не постојат додека човек е невработен или се плаши дека ќе го отпуштат од работа…

Граѓани на Македонија! Само КОМУНИЗМОТ ви е ЕДИНСТВЕН СПАС и СИГУРНА ИДНИНА. Затоа престанете да ги слушате глупавите политичари и почнете да размислувате со своја глава. На вас не ви треба „национална, суверена и независна“  Македонија во која сте робови на КАПИТАЛОТ и која секој момент можат да ја растргнат постоечките политички партии и да ја присоединат кон голема Албанија, Грција или Бугарија. (Србите би биле глупави тогаш ако го испуштат „својот“ дел од кој српскиот народ се откажа во името на Титовото братство и единство.) На вас ви треба СУВЕРЕНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА НА РАБОТНИКОТ, во која секој работник е слободен и сигурен во својот живот без обзир на нација, вера или раса. Навистина колку е Маркс генијален кога вели: „Ниту Пољак, ниту Италијанец, ниту Унгарец ќе биде слободен се` додека работникот е роб“. Ете, иако има преку стотина „национално“ чисти земји, или земји каде националните малцинства не ствараат никакви неприлики, не постои ниту една земја каде има општествен мир. И така ќе биде додека „мудреците“ кои не знаат да читаат не го научат тоа. А работниците да не чекаат и да не бидат изневерувани од секој и секого, нека го читаат Маркс и нека го остваруваат полека Марксовото: „Ослободувањето на работниците може да биде само дело на самите нив. Тие не може да се ослободат, а да не го срушат во прав целиот стар поредок и да го ослободат целиот свет“.

РАБОТНИЦИ, ТЕХНОИНТЕЛЕКТУАЛЦИ, ЗАНАЕТЧИИ, МЛАДИНЦИ, ЖЕНИ, ПРОСВЕТАРИ, МЕДИЦИНАРИ и ЕГЗАКТНАУЧНИЦИ! Сите вие кои сте робови на капиталот и кои „го одржувате створениот свет“, вие не знаете колку сте силни. Се` е во ваши раце: фабрики, машини, возила, електоцентрали, ниви и води. „Затресете“ малку со рацете да видат господата кој е „газда“. Се` чека на вашиот труд. Не дозволувајте тој труд да ви го одземаат други со „приватна сопственост која е бесмислена“. Замислете! Како човек може да биде сопственик на фабрика кога тој може да работи само на една машина? Како може да биде сопственик на сто или илјада стана кога му треба само еден! Како може да има сто возила кога може да вози само едно! Но, за капиталистите „се` е можно“, само кога најдат наивни луѓе кои можат да ги лажат како сакаат.

Не верувајте на лагите на глупаците дека комунизмот уништил сто милиони луѓе и кои отвараат „музеи на жртвите на комунизмот“. На комунизмот не му дадоа да живее ниту еден ден Лениновата НЕП и Глигоровото „социјалистичко“ стоковно производство. И како може да убие некого нешто што не постои. Да, може некој да се претставува за комунист, но тој тогаш мора да знае марксизам. А марксизмот е најдемократско учење на светот. Во него нема лични авторитети. Најголем авторитет во него е знаењето. Кој најмногу го познава марксизмот, тој е „најголем“. Но за тоа никој не мора да му се клања и да му служи, туку и тој како Спиноза, Исус Христос  или апостол Павле мора да си го заработи лебот со работа на нива или во фабрика.

НАРОДОТ  знаел  „марксизам“ и пред Маркса. Затоа ја створил басната за Штурецот и мравката што е консеквентно на марксистичкото „укинување на разликата меѓу производствениот и непроизведствениот труд“. Или приказните за Царот-говедар, за Синот на столарот и принцот или Колку вреди еден цар. И безброј други духовни творби кои во се` го потврдуваат марксизмот. Само што НАРОДОТ  верува дека се тоа приказни за „забава“ а не и за поука.

НАРОДЕ!  Прекини да „си копаш гроб сам на себе со својата широкоградост“. Ако веруваш во бога – остварувај го библиското „кој не работи-нека и не јаде“. Отфрлај го буржоаскиот поглед на свет по кој секоја работа што ствара профит е производна. Ете, за буржоазијата е производна и проституцијата, криминалот, војните, дрогата, трговијата со оружје и делови од човечкото тело, судските процеси, пишувањето романи, новинарството, пеењето, глумењето… А тоа не е точно. Чии ќерки одат во јавните куќи! Народните. Чии деца гинат во војните и во бесмислените улични пресметки! Народните. Чии деца страдаат од сите општествени деструктивни процеси! Пак твоите НАРОДЕ! Освести се НАРОДЕ и стави крај на твоите маки со научно решавање на проблемите.

Обратете се во секое време и на секој начин на адреса: Гогов Лазар, Булевар Ј.Сандански 50/I-1 Скопје или на телефон 02/2450-189 одн. Мобилен 075/744-634 и ќе ги добиете сите потребни информации и помош за марксизмот со што ќе ги решите сите ваши маки и маките на наредните генерации. Или отворете блог Заховистика и таму ќе најдете многу важни работи.

„Не клечи НАРОДЕ и не ја ведни главата“. Не е точна изреката „наведнатата глава сабја не ја сече“. Помина времето на сабјите како систем. А времето на калашниковите постои бидејќи така власта сака а не што ти треба на ТЕБЕ.

„На мудриот-доста“ (Sapienti sat), вели латинската изрека, но ако треба уште – јавете ни се.

Лазар Гогов

Скопје, вторник 1 април `14.

Advertisements

One thought on “Пак за комунизмот

  1. Јас сум секогаш да се прави промена до тоа што е можно, а не идеално. Правејки го можното се стигнува се поблиску до идеалното. Првата потреба за правење на таква идеална промена е рушење на старото, а сите учења досега велат, копај нов бунар, но стариот не го покривај. Се што се прави со сила, во себе содржи доказ дека сеуште не се созреани условите, што всушност значи предвремена градба. Станува збор за нов облик на организирање од самостоен во организиран живот, кое претставува пресврт во свеста, што за многумина е неприфатливо, поради кое и на овој план се појавува потреба за рушење на старото на принуден начин. Таков обид имаше во првиот период од изградбата на социјализамот, а тоа беше принудната колективизација. Кога видоа дека колективното работење е потежок облик на организација, се повлекоа. За мене патот до таквата цел е само преку оспособување на постојниот систем- капитализам, да дава се по поволни резултати, кога во екот на неговиот најсилен развој, сам ќе создаде нов облик на свеста, дека парите не се важни и дека и без нив може да се воспостави организација на лугето што ќе биде повисок квалитет од тој што го има. Моето сознание е усмерено во тој правец, да му помогнеме на системот да ја отстрани грешката која го кочи во развојот, за да го убрзаме тој процес. Само имајте во предвид дека и промената за која се залагам претставува вид на промена на свеста кај лугето, и немојте да мислите дека ќе се оствари веднаш. Потребно е време додека да им помогнеме на лугето да ја сватат промената, и дека таа може да се случи само во колку таквата свест се развие до степен на потреба од нужна промена на ниво на систем, за кое ќе треба да се изборат.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s