Маркс, Енгелс и Ленин за класите

Marx-Gindin„Историјата на секое досегашно општество е историја на класните борби. Слободниот човек и робот, патрицијот и плебеецот, баронот и крепосниот селанец, цеховскиот мајстор и калфата, накусо – угнетувачот и угнетениот, стоеле еден наспрема друг во постојана спротивност, воделе непрекината, ту скриена, ту отворена борба, борба која секогаш завршувала со револуционерна преобразба на целото општество или со заедничка пропаст на класите што се бореле.“ (Маркс и Енгелс, Манифест на комунистичката партија, 1848 год.)

„Што се однесува до мене, мене не ми припаѓа ниту заслугата дека јас сум го открил постоењето на класите во современото општество, ниту пак дека сум ја открил нивната меѓусебна борба. Буржоаските историчари одамна пред мене го изложија историскиот развиток на таа борба меѓу класите, а буржоаските економисти — економската анатомија на класите. Новото што јас го направив се состои во доказот на следново: 1) дека постоењето на класите е сврзано со определени, историски фази од развитокот па производството (historische Entwicklungsphasen der Production); 2) дека класната борба неизбежно води кон диктатура на пролетаријатот; 3) дека таа диктатура претставува само премин кон уништувањето на секакви класи и кон општество без класи.“ (Маркс, Писмо до Вајдемаер, 1852 год.)

„Класите се големи групи луѓе кои се разликуваат по своето место во историски условениот систем на производството, по својот однос, повеќето утврден и формулиран во законите, кон средствата за производство, по својата улога во општествената организација на трудот и, според тоа, по начинот на добивањето на оној дел од вишокот на општественото богатство со кое располагаат; класите се такви групи луѓе од кои една може да го присвојува трудот на другата благодарение на разликата на нивното место во одредениот систем на општественото производство.“ (Ленин, Големата иницијатива, 1919 год.)

karl_marx_infographic_by_arbrenoir-d3d1y0w

„Следното прашање на кое треба да се одговори е: што сочинува некоја класа? Одговорот се добива сам од себе од одговорот на едно друго прашање: што прави наемните работници, капиталистите, сопствениците на земјата да образуваат три големи општествени класи? На прв поглед тоа е истоста на доходите и на изворите од доходите. Тоа се три големи општествени групи, чии компоненти, индивидуите што нив ги образуваат, живеат соодветно од наемнина, профит и земјишна рента, од исползувањето на нивната работна сила, нивниот капитал и нивната земјишна сопственост.“ (Маркс, Капиталот, том 3, 1894 год.)

„Сите членови на општеството, кои не фигурираат непосредно во препроизводството, со труд или без него, можат својот дел од годишното стоковно производство – значи нивните средства за потрошувачка – во прва рака да ги добијат само од рацете на класите, на кои производот им иде од прва рака – од производните работници, индустриските капиталисти и земјосопствениците. До колку се нивните доходи материјално изведени од наемнината (на производните работници), од профитот и земјишната рента, и поради тоа се појавуваат спроти оние оригиналните како изведени. Сепак, од друга страна, оние што ги примаат овие доходи изведени во оваа смисла, ги примаат со својата општествена функција како крал, поп, професор, проститутка, наемен војник итн., и тие можат, значи, своите функции да ги сметаат како оригинален извор на своите доходи… Овие момци се појавуваат како купувачи спроти индустрискиот капиталист, и до толку како посребрувачи на неговата стока; и тие во соодветен размер ги фрлаат ,,парите“ во циркулацијата, а индустрискиот капиталист ги добива од нив. При што постојано се заборава, од кој извор тие првобитно ги добиле и постојано пак сè одново ги добиваат.“ (Маркс, Капиталот, том 2, 1885 год.)

„Под буржоазија се подразбира класата на модерни капиталисти, сопственици на средства за општествено производство и вработувачи на наемен труд. Под пролетаријат, класата на модерни наемни работници кои, немајќи свои средства за производство, се принудени да ја продаваат својата работна сила за да живеат.“ (Маркс и Енгелс, Манифест на комунистичката партија, 1848 год.)

„Врз разните облици на сопственоста, врз социјалните услови на егзистенцијата, се издига целата надградба на различни и особени чувства на илузии, начини на мислење и гледање на животот. Неа ја создава и оформува целата класа од својата материјална подлога и соодветните општествени односи.“ (Маркс, Осумнаесеттиот бример на Луј Бонапарта, 1852 год.)

„Во онаа мера во која се развива капиталот, во иста мера се развива и пролетаријатот, класа на модерни работници кои живеат само дотогаш додека наоѓаат работа, а наоѓаат работа само дотогаш додека нивниот труд го наголемува капиталот.“ (Маркс)

„Трудот произведува чудесни дела за богатите, но разголување за работникот.“ (Маркс)

optimist

„Бидејќи одвојувањето од секоја човечност практично е завршено во изградениот пролетаријат, бидејќи во животните услови на пролетаријатот сите животни услови на денешното општество се збиени во својот најнечовечки врв, бидејќи човекот во него се загубил самиот себеси, но истовремено не само што добил свест за оваа загуба, туку и непосредно е принуден на бунт против оваа нечовечност, принуден нужно, затоа пролетаријатот може и мора да се ослободи самиот себеси. Но, тој не може да се ослободи самиот себеси ако не ги укине своите сопствени животни услови, а да не ги укине сите нечовечки животни услови на денешното општество кои се збиени во неговата ситуација. Тој не минува попусто низ суровата но прекалувачка школа на трудот. Не се работи за тоа што во дадениот момент замислува како своја цел, овој или оној пролетер или дури целиот пролетаријат. Се работи за тоа што тој всушност е, а што сообразно на своето битие ќе биде историски принуден да направи. Неговата цел и неговата историска акција се предназначени јасно, неизменливо во неговата сопствена животна ситуација, како и во целата организација на денешното граѓанско општество.“ (Маркс и Енгелс, Светото семејство, 1845 год.)

„Буржоазијата го симна светечкиот ореол од сите дотогаш достоинствени професии, на кои се гледаше со страхопочит. Таа ги претвори во свои платени наемни работници лекарот, правникот, свештеникот, поетот и научникот.“ (Маркс и Енгелс)

„Крупната индустрија доведува на едно место голема маса луѓе кои меѓу себе не се познаваат. Конкуренцијата ги раздвојува нивните интереси.“ (Маркс, Бедата на филозофијата, 1847 год.)

„Дури и еднаквоста на надниците, таква каква што бара Прудон, само го претвора односот на сегашните работници кон својот труд во однос на сите луѓе кон трудот. Општеството тогаш се сфаќа како апстрактен капиталист. Надницата е непосредна последица на отуѓениот труд, а отуѓениот труд е непосредна причина на приватната сопственост. Според тоа, со отпаѓањето на приватната сопственост отпаѓа и наемнината.“ (Маркс, Економско-Филозофски ракописи, 1844 год.)

„Зголемувањето на надниците доведува до исцрпеност на работниците. Колку што повеќе тие сакаат да заслужат, толку повеќе мораат да го жртвуваат своето време и, потполно да се одрекуваат од секоја слобода, извршувајќи ропски труд во служба на лакомоста. При тоа тие го скратуваат својот живот. Тоа скратување на траењето на нивните животи е поволна околност за работничката класа во целина, бидејќи на тој начин секогаш има потреба од нова понуда. Таа класа мора секогаш да жртвува дел од себе за да сосема не би пропаднала.“ (Маркс, Економско-Филозофски ракописи)

„Насилното повишување на надницата би било само подобро плаќање на роб, но тоа нема да придонесе ни за работникот ни за трудот нивно човечко одредување и достоинство.“ (Маркс, Економско-Филозофски ракописи)

„Бидејќи едно општество, според Смит, не е среќно доколку повеќемината трпат, а бидејќи најбогатата состојба на општеството води до тоа патење на повеќемината и дека националната економија (воопшто општеството на приватниот интерес) води кон таа најбогата состојба, излегува дека несреќата на општеството е цел на националната економија.“ (Маркс, Економско-Филозофски ракописи)

„Да земеме сега едно општество во кое богатството расте. Оваа состојба за работникот е единствено поволна. Овде настанува конкуренција меѓу капиталистите. Побарувачката за работниците ја надминува нивната понуда. Меѓутоа: Повишувањето на надниците доведува до исцрпување на работниците. Доколку посакуваат повеќе да заслужат, дотолку мораат повеќе да жртвуваат од своето време и потполно да се одречат од секаква слобода, извршувајќи робовски труд во служба на лакомоста. Притоа тие го скратуваат својот живот. Тоа скратување на траењето на нивниот живот е поволна околност за работничката класа во целина, бидејќи на тој начин постанува нужна секогаш нова понуда. Таа класа мора секогаш да жртвува дел од себе за да не би сосема пропаднала.“ (Маркс, Економско-Филозофски ракописи)

Murales_Rivera_-_Treppenhaus_7_Marx

Advertisements

4 thoughts on “Маркс, Енгелс и Ленин за класите

  1. Tezite na Marks, Engelst i Lenin se netocni. Tie doagaat do zaklucok deka osiromasenata klasa treba da sprovede diktatura i posle toa da go pretvori opstestvoto bez klasi. Tie smetaat deka pozicijata vo koja se rabotnicite, im pretstavuva skola za takov pravec na razvivanje na nivnoto dejstvuvanje. Do tuka nivnoto soznanie e na nivo na zaklucok sto e toa sto treba da go napravi siromasnata klasa, kako najbrojna, duri i toa se zagovara deka mora da bide po pat na sila. Pretpostavkata e deka ja ima taa moznost na ucena vo kolku saka da se oslobodi. No, dali soboruvanjeto na sprotivnata klasa i doaganje na vlast znaci osloboduvanje ? Za da se sluci osloboduvanje im ja nema ideologijata kako ke se sluci toa. Prema mene, nivnite sogleduvanja otisle vo pogresen pravec. Svesni se za toa deka site opstestva se klasni, tuku odednas pretpostavuvaat deka resenieto e preku presvrt. Takviot pristap, iako ima i logicki tolkuvanja, go pravi nivnoto ucenje pogresno. Na planot na tolkuvanjeto imaat ogromno nesfakanje, sto ne uspeale da navlezat vo sustinata na problemot. Duri i odredeni konstatacii im se pogresni. Eve na primer, tvrdenjeto deka novata vrednost odi vo koris na klasata i toa gi pravi bogati e pogresno. Kapitalistot vrz osnova na negoviot vlog od pari sozdava dodadena vrednost /nova/ koja ja prima na dva navrati, prviot preku pazarot na pari, vo oblik na ostvarena kamata /akontacija/ za vlogot od pari, a vtoriot pat kako ostatok od vkupno ostvarenata dodadena vrednost minus ostvarenata kamata. Toj ostatok moze da bide profit ili zaguba. Profitot znaci dodatok na akontacijata ili pak korekcija. Slucajot so trudot, e isti takov, koga i toj so svojot vlozen trud sozdava nova vrednost, koja ja prima /treba da ja primi/ vo dva navrata. Edniot e preku pazarot na trud, vo oblik na ostvarena neto plata, /akontacija/, a drugiot kako ostatok od vkupno ostvarenata dodadena vrednost minus ostvarenata neto plata /akontacija/. I ovoj ostatok moze da bide profit ili zaguba. Znaci i za kapitalistot i za rabotnikot vlogot sto ima vrednost e zasluzen za sozdavanjeto na dodadenata vrednost sto se odnesuva na kapitalistot i sto se odnesuva na rabotnikot. I samo uste toa, da utvrdime sto pretstavuva vlog od vrednost i za rabotnikot i za kapitalistot. Za kapitalistot toj e pojasen, bidejki se raboti za predmeten oblik veke prisuten, a toa e vlogot od sopstvenite i kreditnite pari. Dodeka za rabotnikot, vlogot od vrednost se sozdava vo tekot na rabotata, a pretstavuva vlog od trud, za koj krajniot pazar- pazarot na stoki i uslugi priznava dodadena vrednost. Ostvarenata neto plata pretstavuva eden del od taa dodadena vrednost, vo oblik na akontacija, koja iako ne celosna e najblisku do vrednosta na vlogot od trud. Toa znaci deka taka utvrdenite vlogovi od vrednost i za kapitalistot i za rabotnikot se klucot za raspredelba na krajniot rezultat- profit ili zaguba. Ova rassvetluvanje na stvarnosta, ni dava moznost da vidime deka kapitalistite prisvojuvajki go delot od dodadenata vrednost sto im sleduva na rabotnicite, ne se bogati od nea tuku uste poveke si pravi problemi so nea. Toj cin vo sustina znaci prisvojuvanje na kupovnata mok za veke stvorena ponuda sto odgovara na toj pogresno prisvoen del. Na toj nacin kapitalistite si go zabavuvaat bogatenjeto vrz osnova na svojot vlog od vrednost. Vsusnost tie pravaat neopravdan grev i za rabotnicite i za sebe. Toj pogresno prisvoen del e pricina za sozdavanjeto na klasite, bidejki rabotnicite gi osiromasuva, namesto da go dobijat, toj se frla vo otpad i e priccina za rastvaranje vojni i na toj nacin unistuvanje. Toa e realnata ideologija na sustinata na problemot za koj rabotnickata klasa treba da se bori, no ne so sila, bidejki kapitalistite se proizlezeni od narodot, a ne se padnati od nebo. Koga ke se osoznae problemot i kapitalistite ke popustat i rabotnicite taka sto ke se dojde do razbiranje, za koe so vekovi nemalo soznanie.

  2. „Тезите на Маркс, Енгелс и Ленин се неточни. Тие доаѓаат до заклучок дека осиромашената класа треба да спроведе диктатура и после тоа да го претвори општеството без класи. …Тоа се заговара дека мора да биде по пат на сила.“ (Колев)

    Сите досегашни искуства (Англиската граѓанска војна или Големото востание 1642-1651, Великата Француска буржоаска револуција 1789-1794, Париската комуна од 1848-1850 и 1871, итн.) не‘ учат дека радикалните, револуционерни промени се постигнати со револуција – во вистинската смисла на тој збор, во која се губеле и глави. Вие, Колев, зборувате против овие искуства.

    „Теророт ни го наметна тероризмот на Антантата, тогаш кога ордите на големите сили на светот се нафрлија на нас, не воздржувајќи се од ништо“, изјавил Ленин правдејќи го болшевичкото прибегнување кон терор. Пролетерските револуции беа извојувани спротивно на најенергичното противење на западниот капитал. А, по Револуцијата, целата територија на Русија е бојно поле каде здружените контрареволуционерни сили и оружените сили на 14 капиталистички земји преземаат сè за да ја уништат Револуцијата. Белиот терор е одговорен за над 400 000 егзекутирани цивили и војници. Да се „забораваат“ такви факти не само што не му служи на чест на еден научник, туку зборува и тоа дека има многу нечесни намери. Општествените системи во Советскиот Сојуз, Југославја, источно-европските земји, далекуисточните земји, како на пример, Кина, Монголија, потоа Куба и уште некои земји, се воспоставени како резултат на определени радикални општествено политички промени и во овие земји воспоставувањето на власта на работничката класа, како претпоставка да се укине секое класно владеење, можеше да се случи единствено со оружена борба.

    Во својата расправа „Граѓанската војна во Франција“ Маркс ја објаснува вистинската содржина на поимот диктатура на пролетаријатот. Тоа е, на прво место, уривањето на капиталистичката претставничка демократија и класичниот тип на претставништво воопшто, што се јавува како инструмент на експлоататорските класи и кој е препознаен како таков уште од Аристотел, и воспоставување нов тип на односи меѓу луѓето, т.е. изградба на таков систем на власт којшто е непосреден израз на работничката класа и на нивниот интерес, којшто тие можат непосредно да го контролираат.

    Toa се‘ уште не значи дека надминувањето на класното општество и воведувањето во практика диктатура на пролетаријатот не може да оди по друг пат. Затоа Колев, пред да им импутирате на Маркс и Енгелс теза за исклучиво насилна класна борба, сте требале да ги прочитате нивните дела систематски, за да ја осознаете еволуцијата на нивната мисла за класната борба (на пример, прочитајте го Енгелсовиот вовед кон Марксовата расправа „Класните борби во Франција“). Во Енгелсовите „Принципи на комунизмот“ (1847 год.) стои:

    „Дали укинувањето на приватната сопственост ќе биде можно по мирен пат? Би можело да се посака да биде така и, се разбира, би биле последните што би се противелена тоа. Комунистите мошне добро знаат дека сите заговори не само што се бескорисни, туку се дури и штетни. Тие мошне добро знаат дека револуциите секогаш и насекаде претставувале нужна последица од околностите, коишто воопшто не зависат од волјата на раководството наодделните партии. Ако на крајот на краиштата сето тоа го турне пролетаријатот кон револуција, тогаш ние комунистите ќе го браниме делото на пролетаријатот на дело неполошо одошто сега со зборови.“

    „За да се случи ослободување“ на работничката класа, кај Маркс и Енгелс „ја нема идеологијата како ќе се случи тоа.“ (Колев)

    Секако дека Маркс и Енгелс дале свои објаснувања и општи црти како би требало да биде извршено ослободувањето на работничката класа, но вие, Колев, повторно не сте прочитале на оваа тема, а доволно било да ѕирнете во Марксовата „Критика на Готската програма“. И потоа ги преповторувате вашите тези против Марксовата теорија на трудова вредност на кои веќе им е одговорено, и од самиот Маркс, и во освртот на Лазар Гогов кон вашата книга „Спас на човештвото“, и во нашата дебата околу причините за избувнувањето на кризата од 2007 година.

    „Капиталистот врз основа на неговиот влог од пари создава додадена вредност (нова) која ја прима на два наврати, првиот преку пазарот на пари, во облик на остварена камата (аконтација) за влогот од пари, а вториот пат како остаток од вкупно остварената додадена вредност минус остварената камата. Тој остаток може да биде профит или загуба. Профитот значи додаток на аконтацијата или пак корекција.“ (Колев)

    Влогот од пари од страна на капиталистот не е придонес кон создавањето на нова додадена вредност, бидејќи нештата веќе постојат пред парите да се потрошат за да ги соединат. Парите се неопходни поради приватната сопственост над средствата за производство, која е институција што ги спречува факторите на производство да се обединат. Капиталистите го користат својот монопол над средствата за производство за да добијат приход. Исто така е јасно дека парите не придонесуваат бидејќи лесно е за владата да отпечати повеќе пари.

    Остварена камата (аконтација) за влогот од пари исто така не е придонес кон создавањето на нова додадена вредност. Маркс докажал дека зголемувањето на парите не може да произлегува од прометот, туку од производството. „Преостанува, значи уште можноста, промената на вредноста да потекнува од употребната вредност на стоката, т.е. од нејзината употреба или трошење.“ (Капиталот, том 1, стр. 124) Тоа значи дека капиталистот на пазарот наоѓа посебна стока, чија употребна вредност има својство да биде извор на вредноста. Капиталистот купува таква посебна стока: работна сила, која создава нова вредност, поголема од вредноста на работната сила.

    Трудот е единствен извор на новата додадена вредност: Емпириски факт е дека 95 проценти од отстапувањето во цените на стоките се должи на употребениот труд за да се направат истите стоки. Самиот капитал не создава вредности. Маркс кажал дека: „Многу големите потфати, како што се железнички, на друга страна, кои имаат необично висок процент на константен капитал, не даваат просечна стапка на профит, туку само дел од тоа“. Проектите на железнички како тунелот Ла Манш се скоро секогаш непрофитабилни. Тие вклучуваат многу капитал но вработуваат малку труд од кој прават профит.

    Табела: Просечни процентуални отстапувања помеѓу пазарните цени и трудовите вредности за САД за одбрани години (Анвар Шаикх, 1998)
    Година Девијација (Отстапување)
    1947: 10.5%
    1958: 9.0%
    1962: 9.2%
    1967: 10.2%
    1972: 7.1%
    Просек: 9.2%

    „Капиталистите присвојувајќи го делот од додадената вредност што им следува на работниците … ја присвојуваат куповната моќ за веќе створената понуда што одговара на тој погрешно присвоен дел.“ (Колев)

    Кризата која избувна во 2007 година во С.А.Д. не може да биде објаснета со тоа дека капиталистите ја присвоиле куповната моќ на работниците за веќе створената понуда од стоки и услуги. Американските работници не се плаќани помалку во реални услови отколку што биле плаќани децении порано. Нивната реална плата се зголемила. И нивниот удел во националниот приход не опаднал. Тој сега е повисок отколку што бил во 1960 година, и бил стабилен од 1970 година. Помеѓу 1960 и 2009, делот на плати од БДП опаднал за 7.0 проценти, но делот на целокупната компензација опаднал за само 0.8 проценти, а делот на целокупната компензација плус нето бенефициите пораснал за 5.5 проценти. Помеѓу 1970 и 2009, делот на плати од БДП опаднал за 8.3 проценти, но делот на целокупната компензација опаднал за само 3.9 проценти, а делот на целокупната компензација плус нето бенефициите пораснал за 1.4 процент. Од 1972 год., реалните плати на производствените и неменаџерските работници се зголемиле за 12%, а нивната реална целокупна компензација се зголемила (според пресметката на економистот Ендру Климан) за 25%. Реалните плати на работниците од приватниот сектор пораснале за 22% од 1976 год., а нивната реална целокупна компензација се зголемила за 35% од 1980 год. Помеѓу 1985 и 2007, компензацијата од час за сите работници во приватниот сектор, прилагодена на инфлација, порасна до 24%. Луѓето со „менаџерски, деловни и финансиски“ професии уживале пораст од 29%. Реалната цела компензација на сите работници од приватниот сектор пораснала за 25% од 1980 год. и (според пресметката на Климан) реалната цела компензација на производствените и неменаџерските работници пораснала за 8% од 1972 год. Реалните плати на сите работници од приватниот сектор исто така пораснале, за 7% од 1976 год. Единствена низа што опаѓа е таа за платите на производствените и неменаџерските работници, којашто опаднала за 4% од 1972 год.

    ЗАКЛУЧОК: Во својот говор од 1865 год. „Вредноста, цената и профитот“, Маркс доаѓа до заклучокот дека барањето на праведна надница за праведен работен ден е неефективна мерка против законот за опаѓање на просечната профитна норма кој подразбира намалување на надниците како капиталистите би ги надоместиле загубите на профит или пак бидејќи капиталот е општествен однос (изразен во хартии од вредност) тие лесно би го преселиле капиталот во други земји каде има релативна пренаселеност, според тоа поголема конкуренција меѓу работниците, па пониски надници и како резултат на тоа изобилство на нов капитал. Затоа Маркс категорично се изјаснува против синдикалното барање за повисоки работнички плати: „Наместо конзервативното мото: „Праведна надница за праведен работен ден!“ работниците треба да ја испишат на своите знамиња револуционерната максима: „Укинување на наемниот систем!“ Синдикатите генерално не успеаја поради себеограничување на герилска војна, против ефектите на постоечкиот систем, наместо истовремено да се обидуваат да го изменат, наместо да ги искористат своите организирани сили како лост за завршна еманципација на работничката класа односно крајно укинување на наемниот систем“.

    P.S. „Капиталистите се произлезени од народот, а не се паднати од небо.“ (Колев)
    „Заслугата“ на капиталистот во создавањето на нова додадена вредност е исто толкава како што е и „заслугата“ на силеџијата кој кога ќе сретне убава девојка ќе ја силува и ќе ја „усреќи“ со дете кое никогаш повеќе нема ни да го погледне. Мотив на капиталистите за „пораст“ на производните снаги не е „уживањето на луѓето“ туку профитот. Затоа тие нема доброволно да отстапат од експлоатирањето на додадената нова вредност.

    P.S.S. „Кога ќе се осознае проблемот и капиталистите ќе попуштат и работниците така што ќе се дојде до разбирање, за кое со векови немало сознание.“ (Колев)
    Колев вашите залагања и идеи не се поразлични од социјалутопистите. И Роберт Овен, како вас, се обраќал до повисоките класи и владата со повик да се остварат неговите предлози и неговите идеи за новото општество, а кога увиде дека од таму нема никаков одѕив, мораше да го сврти својот поглед кон работничката класа. И овој социјалутопист, како вас, бил против револуционерно насилство, против класната борба и политика. Него особено го отфрлија повисоките општествени слоеви, тогаш кога почна јавно да проповеда комунизам, да ја критикува приватната сопственост, буржоаскиот брак и религијата, како основна причина за сите општествени зла, и да бара укинување на приватната сопственост.

  3. Имате повеќе работи што не одговараат на стварноста. Но ке споменам само една, во врска со тоа кој ја ствара новата вредност. Вие трврдите, поточно Маркс, дека новата вредност ја ствара единствено трудот и да не опишувам како. Тоа е огромна грешка, сретствата за произвотство ги третираат како предметна имовина, а не вредност која се изразува во пари. Никаде не споменуваат дека парите се еквивалент на трудот. Тогаш како може само трудот да ја создава новата вредност, а парите не. Но, како и да е, незнам дали забележувате дека интересот за разјаснување на оваа материја, која сеуште е различно толкувана е скоро никаков, а само со нашето толкување не ја постигнуваме целта. Народот е претворен во мртва маса, која не и е од Бога дадено да размислува со својот ум, туку тоа е дарба на некој нивни претставници, душебрижници, кои размислуваат толку колку за себе, а народот секогаш ќе остане стока- стадо што ќе го пасаат.

  4. „Вие тврдите, поточно Маркс, дека новата вредност ја ствара единствено трудот и да не опишувам како. Тоа е огромна грешка, средствата за производство ги третираат како предметна имовина, а не вредност која се изразува во пари. Никаде не споменуваат дека парите се еквивалент на трудот. Тогаш како може само трудот да ја создава новата вредност, а парите не.“ (Колев)

    СРЕДСТВАТА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НЕ ДОДАВААТ НОВА ВРЕДНОСТ

    Средствата за производство се објективни фактори на процесот на трудот. Тие се делат на алатки на трудот и предмети на трудот.

    Алатки на трудот се оние сили на производството кои, вметнувајќи се меѓу производителот и предметите на производство, го посредуваат делувањето на производителот. Алатките на трудот се состојат од алати, итн., и од оние други орудија од кои производството зависи, како што се работилниците, патиштата, каналите, итн. Алатките на производство мора да се разликуваат од предметите на производство (и од работната сила исто така) на начинот што како употребни вредности и тие се конзумирани во производството. Алатките на трудот влегуваат постојано и непосредно во процесот на создавање вредност, но само во делови од процесот на трудот.

    Предмети на трудот се оние врз што се работи во производството. Предметите на трудот се оние за кои се смета дека неопходно не поминуваат низ измена преку трудот пред да влезат во производствениот процес и оние за кои се смета дека подлежат на измена. Предметите на трудот кои неопходно поминуваат низ измена преку трудот Маркс ги означува како суровини. Суровините, значи, се оние предмети на трудот кои бараат да се потроши труд на нив пред да влезат во производството. Идентификувањето на предметите на трудот како суровини објаснува дека тие придонесуваат вредност односно веќе проширен, опредметен труд, кон процесот на производство. Во производството на стоки, суровините се преобразени во форма од трудот и нивната вредност е пренесена на производите.

    Пренесена вредност и нова додадена вредност

    Во Марксовата теорија, вредноста на стоката е сумата на две компоненти. Едната е вредноста пренесена од истрошените средства за производство – суровини, машинерија итн. – на производот. (Во случајот на основниот капитал, машинеријата и другите инпути кои траат повеќе од еден производствен период, овој пренос се случува одделно, како што основниот капитал обезвреднува.)

    Маркс сметал дека износот на пренесената вредност е износот на вредноста којашто е потребна да се стекнат средствата за производство (отколку нивната сопствена вредност). Зборот „потребна“ служи да покаже дека износот на пренесената вредност зависи од (а) тековната цена, отколку историската цена, или оригиналната цена, на средствата за производство, и (б) општествено просечниот издаток на средства за производство. Според тоа, ако продуктивноста со којашто одделно претпријатие ги употребува инпутите е поголема од (помала од) индустрискиот просек, нејзиниот актуелен издаток ќе биде помал од (поголем од) сумата на вредност пренесена на нејзините производи.

    Другата комонента на вредноста на една стока е новата вредностдодадена од она што Маркс го нарекува жив труд – трудот извршен од работниците за време на производствениот процес. Нивниот труд додава нова вредност во сразмер на должината на времето што тие го одработуваат, интензитетот на нивниот труд во однос на општествениот просек, и „комплексноста“ на нивниот труд во однос на „простиот“ (неквалификуваниот) труд.

    Постојан (константен) капитал, променлив (варијабилен) капитал и вишок на вредност

    Капиталистичките фирми ги зголемуваат сумите на капитал, или основната вредност, за производствениот процес. Со други зборови, тие инвестираат во производство. Маркс ја дели зголемената основна вредност наконстантен капитал и варијабилен капитал, или сумите на вредноста искористени (1) да се стекнат средства за производство и (2) да се вработат работници.

    Тој ја нарекува првата сума на вредност константен капитал бидејќи, како што ние видовме, тој смета дека истрошеноста на средствата за производство едноставно ја пренесува вредноста на производите. Она што влегува во производството е она што се појавува; вредноста ниту се зголемува ниту се намалува.

    Маркс исто така го користи терминот константен капитал во донекаде различна смисла. Тој се повикува на сумата на вредност пренесена како компонента – од константниот капитал – на стоковна вредност. Ова е донекаде збунувачки бидејќи, како што видовме, пренесената вредност може да се разликува од актуелниот износ на вредност инвестирана во средства за производство кои подоцна биле истрошени.

    Делот на инвестираниот капитал којшто е искористен да се исплатат плати е наречен варијабилен капитал бидејќи вработувањето на работници започнува процес кој предизвикува основната вредност на фирмите да расте. Износот со кој основната вредност на крајот од процесот ја надминува првобитната инвестирана основна вредност е она што Маркс го нарекува вишок на вредност.

    Машините не создаваат вишок на вредност

    Профитната стапка е вкупниот произведен вишок вредност (s) поделен од цената на производство на таа вредност (c+v). Вишокот вредност е произведен од трудот. Цената на производство е цената на купување материјали (с) и работна сила (v). Фактот дека машините се во именителот на равенката не ги прави вредносно продуктивни, односно производители на вредност.

    Органскиот состав на капиталот е соодносот на живиот труд спрема мртвиот труд во производството. Бидејќи овој сооднос е решавачки фактор на профитната стапка не значи дека самиот сооднос создава вредност.

    Да го слушнеме и Давид Рикардо: „Адам Смит никаде не ги потценува услугите што ни ги прават природните сили и машините, но сосема точно ја разликува природата на вредноста што им ја придаваат на стоките… Бидејќи тие ја вршат својата работа бесплатно, или помошта што ни ја даваат не ‘и придава ништо на разменската вредност“ (Ricardo: „Principles etc.“).

    Зошто англискиот математичар, механичар и економист Чарлс Бебиџ смета дека во Јава на вредноста од памукот ‘и се придава скоро 117% само од трудот на предењето, а во исто време (1832) во Англија целокупната вредност, што му ја придаваат на памукот, машинеријата и трудот во предилниците за фино предење, изнесувала приближно 33% од вредноста на суровината ни објаснува Маркс:

    „Колку помалку вредност предава машината, толку е таа попроизводствена и толку повеќе нејзината услуга се приближува кон природните сили. Но, производството на машинерии со машинерии ја смалува нивната вредност сразмерно со нивното раширување и дејство.

    Ако се анализираат напоредно цените на занаетчиски или мануфактурно произведените стоки со цените на истите стоки произведени со машини, воопшто се добива резултат дека составниот дел на вредноста кај машинските производи што произлегува од средствата на трудот релативно расте, но апсолутно опаѓа. Тоа значи дека неговата апсолутна големина опаѓа, но неговата големина во однос на вкупната вредност на производот, на пр. на една фунта преѓа расте.

    Читателот, опфатен со капиталистички претстави, природно е што овде зачуден се прашува каде е „интересот“ што му го придодава на производот машината сразмерно на својата капитална вредност. Сепак е лесно да се увиди дека машината, како и некој кој и да било друг составен дел од постојаниот капитал не создава нова вредност, не може да придава таква под името „интерес“. Потака е јасно дека овдека, каде што се работи за производството на вишокот на вредноста, ни еден негов дел не може однапред да се претпостави под името „интерес“.

    Јасно е дека се врши само разместување на трудот, т.е. дека вкупната сума на трудот потребна за производството на некоја стока не се смалува, или производната сила на трудот не се зголемува ако производството на некоја машина чини толку многу труд, колку што се добива со нејзината примена. Сепак, разликата меѓу трудот колку што таа чини и трудот што таа го економисува или степенот на нејзината производственост очевидно не зависи од разликата меѓу нејзината сопствена вредност и вредноста на алатот што го надоместува таа. Разликата трае дотогаш, додека трудот потрошен на машината, а со тоа и делот на вредноста што го пренесува таа на производот, останува помал одошто вредноста што му ја придава работникот на предметот на трудот со својот алат. Според тоа, производственоста на машината се мери со степенот во кој таа ја надоместува човечката работна сила“ (Капиталот, том I, Мисла, Скопје, 1975, стр. 345).

    Заклучок: Делот на вредноста што машината го пренесува на производот е трудот потрошен на машината.

    Потеклото на вишокот на вредноста

    Како може ова зголемување на вредноста да се случи? Маркс докажува дека зголемувањето не може да се случи, збирно, купувајќи евтино и продавајќи скапо. Некои фирми можат се разбира да профитираат на овој начин, но Маркс тврди дека таквиот профит доаѓа на сметка на, и е токму компензиран од, загубите на другите фирми. Ова е така дури ако сите фирми продаваат скапо бидејќи во овој случај тие не можат да купуваат евтино. Ако сè се продава за 10% повеќе од вистинската вредност на стоките, сè се купува исто така за 10% повеќе од вистинската вредност на стоките, и сите фирми го губат како купувачи токму она што тие го добиваат како продавачи.

    Наместо тоа, Маркс покажува, она што се случува е дека работниците изведуваат вишок на труд, и со тоа го заменуваат варијабилниот капитал искористен да се исплатат нивните плати со поголема сума на вредност. Замислете дека секој час на општествено потребен труд додава 60$ нова вредност, и дека поединечен работник (чиј труд точно го задоволува стандардот на општествена неопходност) прима неделно плата од 600$. Во текот на првите десет часа на работната недела, неговиот труд додава 10 x $60 = $600 нова вредност, и според тоа тој целосно го заменува варијабилниот капитал вложен да се исплати неговата плата. Но, работникот е присилен да работи за дополнителни триесет часа, и според тоа извршува триесет часа на вишок труд, труд за којшто не му бил исплатен еквивалент. Ова додава екстра 30 x $60 = $1800 нова вредност, вишок на вредност.

    Како може тој да биде присилен да го прави ова? Марксовиот одговор на крајот зависи од неговите теории на тоа како платите и должината на работната недела се определени. Маркс докажува дека, иако изворот на вишокот на вредноста е експлоатација на работникот, овој експлоатациски однос е целосно согласен со буржоаскиот закон и буржоаската моралност. Претпријатието не го купува неговиот труд или неговиот производ по помала од неговата целосна вредност – бидејќи тоа не купува труд или производ од него воопшто. Претпријатието, не работникот, е законскиот сопственик на производот, а она што тоа го купува од него не е неговиот труд, неговата активност, туку работната сила, неговата способност да работи. Заради аргументираност, Маркс претпоставува дека претпријатието му ја плаќа целата вредност на неговата работна сила, парите што му требаат за да ја произведе оваа способност да работи повторно. Со други зборови, 600$ е она што му треба за да се врати на работа следната недела без да биде неговата способност за работа намалена преку глад, недостиг на засолниште, итн.

    Имајќи ја купено неговата работна сила по нејзината вредност, претпријатието е законски – и во ова општество, морално – овластен да добива целонеделна работа од него, во текот на кое време тој само произведува нова вредност од 2400$ наместо 600$. Од гледиштето на денешното општество, нема што да се критикува. Експлоатацијата на работникот може само да биде критикувана од гледиштето на можното неексплоатациско бескласно општество од иднината.

    За да го мери степенот на експлоатација, Маркс го зема размерот на вишокот на вредноста, s, спрема варијабилниот капитал, v. Резултатот, s/v,е она што тој го нарекува стапка на вишок на вредноста или стапка на експлоатација.

    ПАРИТЕ НЕ СОЗДАВААТ НОВА ВРЕДНОСТ

    Парите се имагинација на квадрат затоа што нивното постоење то ест примена рефлектира да ја претставува вредноста која е исто така непостоечка. Во развиено стоковно производство, кога парите стануваат општ израз на општествениот труд и општественото богатство, цена може да имаат и земјата, честа, дипломата, положбата, иако не се производ на човечкиот труд. Во тие случаи, цената е имагинарна, таа престанала да ја изразува вредноста и затоа се зборува за квалитативно непоклопување на цената и вредноста.

    Кредитните пари издадени пред 2007 година во С.А.Д. се доказ тие не додаваат нова вредност

    Стапката на профит на американското стопанство опаѓала и не успеала да закрепне значително после рецесиите од средината на 1970-те години и раните 1980-ти години. Кога ние го сметаме за профит сиот приход создаден од корпорациите којшто нивните вработени лица не го добиваат, нето додадената вредност минус компензацијата, профитната стапка на корпорациите во САД продолжува да има надолен тренд солидно во текот на неолибералниот период. (Роналд Реган стана претседател во почетокот на 1981.) Во текот на периодот 1941-1956, откако капиталот бил уништен на масовно ниво, стапката на профит имал просечна вредност од 28.2%. Високата стапка на профит во раниот дел од периодот 1941-1956 делумно се должел на владиното задолжување и трошење за време на Втората светска војна, но стапката на профит останала многу висока за повеќе од една декада оттогаш, што е јасен доказ за издржан економски процут отколку за меур индициран од долгови. Сепак, стапката на профит потоа паднала на просечна вредност од 20.4% во периодот 1957-1980. Покрај тоа, наспроти честите тврдења дека неолибералните политики и глобализацијата оствариле издржано закрепнување од кризата во 1970-те години, стапката на профит продолжила да паѓа во периодот 1981-2004, во просек од 14.2%. Корпорациските профити опаднаа во третиот квартал од 2007, и повторно во четвртиот квартал, за цели 4.5%. Помеѓу 2000 и 2005, сиот оданочен приход пораснал за само 35% проценти, одвај една третина од зголемувањето на станбените цени. Ова е токму причината што меурот на недвижен имот се покажа како меур (нестварност).

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s