Нема еднаквост за жените без избор по случајност

Клеротерионот е направа за случајна селекција употребувана од  атинскиот народ за време на периодот на непосредната демократија за да одбираат граѓани за советот, за повеќето државни служби, за законодавниот одбор и за поротниот суд. Клеротерионот бил плоча од камен гравиран со редови од отвори и со прицврстена цевка. Токените на граѓаните биле сместувани во отворите и цевката била наполнета со различно обоени коцки. Коцките биле ослободувани една по една, секоја од коцките одговарајќи на ред од токени. Бојата на секоја коцка одлучувала дали имателите на токенот во соодветниот ред биле одбрани да извршуваат одредена службена дејност или да станат поротници или судии.

Клеротерионот е направа за случајна селекција употребувана од атинскиот народ за време на периодот на непосредната демократија за да одбираат граѓани за советот, за повеќето државни служби, за законодавниот одбор и за поротниот суд. Клеротерионот бил плоча од камен гравиран со редови од отвори и со прицврстена цевка. Токените на граѓаните биле сместувани во отворите и цевката била наполнета со различно обоени коцки. Коцките биле ослободувани една по една, секоја од коцките одговарајќи на ред од токени. Бојата на секоја коцка одлучувала дали имателите на токенот во соодветниот ред биле одбрани да извршуваат одредена службена дејност или да станат поротници или судии.

Скоро пред 100 години, кога борбата за право на глас во С.А.Д. се приближувала до својот успешен завршеток со 19-от амандман, феминистичката анархистичка активистка Ема Голдман го напиша својот есеј „Правото на глас на жената“. Таа го започнува есејот вака:

„Ние сме горди на добата на развојот, науката и напредокот. Нели е чудно, тогаш, дека ние сè уште веруваме во фетишки култ? Точно, нашите фетиши имаат различна форма и содржина, сепак според нивната моќ над човечкиот ум тие сè уште се катастрофални колку што беа старите фетиши. Нашиот современ фетиш е општото право на глас. Оние кои сè уште не ја постигнале таа цел водат крвави револуции за да ја остварат, а оние кои го уживаат нејзиното важење носат тешко жртвување на олтарот на ова семоќно боженство. Тешко на богохулниците кои се осмелуваат да се сомневаат во тоа боженство! Нема никаква причина да претпоставиме дека жената, во своето искачување до ослободувањето, била или ќе биде помогната од гласачкото ливче.“

Изборен фетиш

Веродостојноста на воведните изјави на Голдман не се намали со времето изминато откога овој есеј е напишан. Всушност, „изборниот фетиш“ е опис од два збора за најголемиот дел од политичкиот дискурс во последните 100 години, и јавен и академски. Што се однесува до последното тврдење на Голдман, тоа може да се смета некако екстремно, но она што е јасно е дека 100 години на правото на глас на жените никаде не им донесе на жените блиска еднаквост со мажите. Ако добивањето на право на глас беше алатка на ослободување (отколку само камен што покажува милји што се разбира тоа и беше), тогаш јасно е дека оваа алатка не беше ниту близу моќна колку нејзините најгорливи промотори кои веруваа дека таа би била.

„Со бенефициите веќе добиени, со големото ослободување на јавното чувство, и со реалниот доказ дека резултатите на зголемените можности за жените беа за подобрување на општеството, следната декада треба да види довршување на борбата за еднаквоста на родовите. Најтешката борба од сите борби е добиена, и додека сè уште постои потреба и за генерали и за војници, најголемата потреба е за женската популација да преземе контрола и да одбива повлекување.

Ќе има постепено изгласување на закони кои ја признаваат подобрената положба на жената во сите министерства, но овде исто така никогаш нема да има целосна еднаквост сè додека самите жени не си помогнат да донесуваат закони и да избираат законодавци. Во поглед на овој непобитен факт, напредните мислители се согласни дека најсилните напори треба да бидат концентрирани на оваа точка.

Тој може да биде одложен подолго отколку што ние мислиме; тој може да биде овде поскоро отколку што ние очекуваме; но денот ќе дојде кога мажот ќе ја признае жената како еднаква на него, не само во домот но и во институциите на нацијата. Тогаш, и само тогаш, ќе има совршено другарство, идеален сојуз меѓу родовите кој ќе резултира во највисокиот развој на расата“, пишува Сјузан Б. Ентони во својата книга „Статусот на жените: минато, сегашност и иднина“ (1897).

Во 2013 година жените сè уште сочинуваа мало малцинство во скоро секое високо овластено избрано политичко тело. Во Конгресот на С.А.Д. помалку од 20% се жени, додека во државни бирачки позиции и во државни законодавни тела на С.А.Д. тие сочинуваат помалку од 25%. Ситуацијата во Европа е некако подобра, но сепак ниту една европска земја нема мнозинство на жени во парламент и само во 3 земји делот на жени е над 40%.[1]

Многу поважно од недостигот на еднаков удел во избрана службена позиција е фактот што цел век на гласање не успеа да ги изедначи моќта и статусот на жените во сите аспекти и активности во западното општество. Жените се посиромашни од мажите: Економската комисија на ООН за Европа од 2012 год. вели дека трите земји со над 40% жени во парламент се Шведска, Финска и Холандија. 30% од немажените жени живеат во сиромаштија за разлика од 15% од неоженетите мажи кои живеат во сиромаштија[2]. Во сите земји членки на Организацијата за економска соработка и развој средните надници за мажи се повисоки од тие за жените. Просечната разлика е повеќе од 15% и само во две земји (Нов Зеланд и Белгија) таа е помала од 10%[3]. Жените имаат помалку угледни занимања и пониски позиции во владини, деловни, воени и моќни организации. Во државите членки на Организацијата за економска соработка и развој 7% од мажите и 4% од жените имаат управнички позиции[4]. Жените прават 17% од директорите на S&P 500, а 4% извршни директори на S&P 500.

patriarchy poster

Фактот дека правото на глас на жените не успеа да ја произведе ветената еднаквост не би ја изненадило Голдман. Како што таа истакна, бидејќи гласањето мажи во 19-от и раниот 20-ти век не успеа да ја примени власта против елитите, очекувањето дека жените би биле способни да имаат власт преку општото право на глас е нереално. Гласачите, тогаш како сега, мажи како жени, имаат многу ограничено влијание во политиката. Изборниот систем не е канал за изразување на интересите, идеите и светското гледиште на гласачите. Тој е само начин да се одреди власта меѓу мала претходно одбрана група на опции.

Со други зборови, без разлика на тоа дали општото право на глас е ограничено на имотни бели луѓе, или на сите луѓе, или отворен за сите луѓе, изборниот систем не е демократски систем – тоа е олигархиски систем. Тоа е систем кој одржува власт во рацете на елита. Изборната елита е систем на луѓе и организации. Организациите се механизми за добивање и практикување власт – политички партии, мас-медиуми, големи бизниси и сродни организации. Тие организации соработуваат и се натпреваруваат за власт. Добивањето глас е една од активностите на тие организации.

Членовите на елитата се мажи и жени со карактеристики кои се различни од оние на мнозинството народ. Тие сочинуваат стабилна каста која се менува многу постепено во текот на декади и векови. Фактот дека оваа елита сè уште е доминирана од мажи е само еден аспект на природата на изборниот механизам. Поважен аспект е дека жените кои се избрани се многу нетипични жени (на истиот начин, се разбира, дека избраните мажи се нетипични мажи), тие се постари, побогати, поедуцирани, поамбициозни, пошироко познати и подобро поврзани, итн. Според тоа, тие повеќе не можат и не ја претставуваат просечната жена како што избраните мажи не го претставуваат просечниот маж.

Гласачката евиденција на американските конгресменки покажува дека како група тие се едвај различни од своите машки колеги[5]. Според тоа, додека жените страдаат од ударот на економска нееднаквост, избраните жени учествуваат во овековечување и нагласување на доходните разлики и поткопување на економската сигурност. А доследните разлики во јавното мислење меѓу жените и мажите, како што е поголемата одвратност кон војна и зголемената грижа за животната средина, не се одразувани во влијанието на креирањето на политиката од страна на избраните жени.

feminismФеминистичката алтернатива: селекција по случајност

Скептицизмот на Голдман кон општото право на гласање се покажа добро оправдан, но слабоста на нејзината порака е очигледна: Голдман не понуди алтернатива за општото право на глас како начин на практикување на политичката власт. Власта бара организација, и ако изборниот систем е отфрлен како природно недемократски, мора да се понуди алтернатива или борбата е изгубена во старт.

Демократската алтернатива за изборите е селекција по случајност. Селекцијата по случајност е пракса на одбирање на донесувачи на одлуки како случаен статистички примерок од населението. Овој антички механизам сè уште преживува во донекаде дегенерирана форма во поротното одбирање, но истиот механизам може да биде искористен да се одбираат политички службеници, и посебно, членови на законодавни тела.

Статистички репрезентативно законодавно тело ќе го исполни идеалот „во минијатура за точен портрет на луѓето во обемност.“[6] Може да се очекува дека едно законодавно тело селектирано по случајно одбирање ќе содржи членови од секоја подгрупа во населението според нејзиниот размер. Покрај тоа, околу половина од членовите на едно законодавно тело селектирано по случајно одбирање ќе бидат жени. Но, многу поважно од вкупниот размер на жени на власт би бил фактот дека тие жени би биле вистински претставници на популацијата од жени (како што мажите би биле за популацијата од мажи). Не само што законодавните тела би биле репрезентативни според возраст, нивоа на доход, големина на семејство, образовни нивоа, етнички и културни потекла итн., туку идеите, верувањата и гледиштата за светот би биле претставени во законодавството според нивниот размер во популацијата.

Едно такво претставништво може да се очекува да донесува закони на начин кој ги промовира интересите на популацијата отколку на начин кој ги промовира интересите на политичка елита и нејзините сојузници. Може да се очекува дека ова генерално ќе ја подобри состојбата на потпривилегираните групи, но во случајот на жените предимствата на случајното одбирање се најјасни, поради фактот дека за разлика од многу други потпривилегирани групи, жените не се малцинство во популацијата. Жените, поради тоа, немаат потреба да се потпираат на коалиција со слично склони групи за да ги изразат своите позиции и да воспостават јавна политика соодветно на тие свои позиции. Поради својата бројност, жените главно треба да бидат претставувани верно во телата кои донесуваат одлуки за да се практикува нивната власт. Како што Голдман знаеше пред сто години, изборите не можат да дадат верно претставништво. Изборот по случајност, од друга страна, ветува да го направи токму тоа.

Автор: Yoram Gat


[1] Center for American Women and Politics, Women in Elective Offices 2013.

[2] Според Пописното биро на С.А.Д., Доход, сиромаштија и здравствено осигурување во С.А.Д., 2012 год., табела 4

[3] Види Women and Men in OECD Countries, p. 15.

[4] Women and Men in OECD Countries, p. 23

[5] На пример, Men and Women’s Support For War: Accounting for the gender gap in public opinion (2012), Ben Clements; Elaborating on Gender Differences in Environmentalism (2000), Lynnette C. Zelezny, Poh-Pheng Chua, Christina Aldrich.

[6] „Thoughts on Government“ (1776), John Adams.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s