Потчинувањето на жените – историски преглед

female-submission

„Во почетокот на нашата историја сите значајни општества биле јасно патријархални. Немало ниту еден единствен исклучок.“ (Therborn, 2004, p.17) Walby (1990, p.20) ја објаснува идејата за патријархатот на овој начин:

„Јас ќе го дефинирам патријархатот како систем на општествени структури и практики во кои мажите ги доминираат, ги угнетуваат и ги експлоатираат жените. Употребата на терминот општествени структури овде е важна, бидејќи таа јасно подразбира отфрлање и на биолошкиот детерминизам, и на идејата дека секој индивидуален маж е во доминантна положба и дека секоја жена е во положба на потчинетост. Патријархатот е составен од шест структури: патријархален начин на производство, патријархални односи во платената работа, патријархални односи во државата, насилство од страна на мажите, патријархални односи во сексуалноста и патријархални односи во културните институции.“

Патријархалниот начин на производство се однесува на потценетата работа на домаќинките кои се производствената класа, додека нивните сопрузи се класата која го експроприра нивниот производ. Второто ниво, кое ги опишува патријархалните односи во платената работа, се однесува на фактот дека традиционално на жените им се доделени полоши работни места. Нивото кое е во врска со патријархалните односи во државата се однесува на фактот дека државата е патријархална, расистичка и капиталистичка и дека таа јасно има склоност кон патријархалистичките интереси. Насилството од мажите ја сочинува четвртата структура и објаснува како насилството на мажите против жените е систематски поднесуван и толериран од одбивањето на државата да интервенира против ова насилство. Петтото ниво ги опишува патријархалните односи кон сексуалноста, каде што патријархатот одлучил за нас дека хетеросексуалноста е и треба да биде правило. Шестото ниво кое е во врска со патријархалните односи во културните институции го опишува зјапањето од страна на мажите во различни културни институции, како што се медиумите, и како жените традиционално се изложувани преку мас-медиумите итн. (Walby, 1990).

Ние можеме да се вратиме пред раѓањето на Христос за да наидеме на патријархатот, кога Аристотел и неговите често авангардни идеи буеле. Аристотел претпоставил дека жените биле неправилен дел од човештвото, кои единствено се развиле како грешка кога температурата за време на генезата била прениска (Weitz, 2003). За време на Средниот век, оваа идеологија била во нејзиниот врв. Меѓу обновените верувања за време на оваа доба било прво дека жената била поглупава од мажот. Второ, се верувало дека таа главно била водена од својот биолошки нагон и како последица на тоа таа е обвинета за првиот грев некогаш извршен во Еденската градина (Weitz, 2003). Капиталистичките економски практики сè повеќе станувале институционализирани во Англија меѓу 16-от и 19-от век и оттаму оваа идеологија се прошириле низ Европа, преку политичките и културните граници. На крајот, во 19-от и 20-от век, капитализмот стана главното средство за индустријализација ширум голем дел од светот (Capitalism, 2009). Појавата на капитализмот довело до загуба од страна на жените на работни места кои биле нивни и како последица на тоа тие исто така изгубиле одредени законски права над сопственост кои порано тие ги уживале (Walby, 1990). Покрај тоа, со текот на времето патријархатот се променил од приватен во јавен:

„Приватниот патријархат е заснован врз домашното производсво, со патријарх кој контролира жени индивидуално и непосредно во релативно приватна сфера на домот. Јавниот патријархат е заснован на структури освен домот, иако ова може сè уште да биде значајно патријархално место. Попрво, институциите вообичаено перцепцирани како дел од јавен домен се централни во одржувањето на патријархатот.“ (Walby, 1990, p. 178)

Појавата на капитализмот се разбира довела до развојот на нова форма на патријархат. Сепак, капитализмот не доведе до измена на неговите основни структури бидејќи оваа историска смена немаше големи ефекти врз родовите односи: „мажите останаа доминантниот род; сите шест патријархални структури продолжија низ овој период; само незначителна смена во сродното значење на јавните и приватните места на патријархатот, кои можат да се препознаат сè до седумнаесеттиот век, се засили.“ (Walby, 1990, p.200)

Покрај тоа, кога го разгледуваме осумнаесеттиот и раниот деветнаесетти век во западната култура и другите развиени земји, ние не можеме да забележиме многу промени во потчинувањето на жените. На пример, кога една жена се мажила таа губела сè што поседувала во посед на нејзиниот сопруг и самата таа станувала негов посед, и всушност не е чудно што жените биле ценети толку малку кога Дарвин, најреафирмираниот научник во полето на теоријата на еволуцијата во деветнаесеттиот век, го изнел својот заклучок дека мажите биле поразвиениот дел од човештвото (Weitz, 2003). Покрај тоа, како што Ерла Х. Халдорсдотир покажува (2006, р.139), луѓето во минатите векови верувале дека жените биле „неразумни, ранливи и неспособни за независно размислување“. Се верувало дека на одредени начини тие биле како деца поради нивните општествени и психолошки мани, кои на почетокот ја довеле нивната положба до понизок статус отколку таа на мажите. Нивната важност била примарно расудувана според неколку аспекти од нивните животи, како што е одгледувањето на деца, колку добро тие се заложувале за своите домови и како тие ги цивилизирале своите деца и ги изразувале моралните цели (Erla H. Halldorsdottir, 2006). Жената порано била само гледана како еден од имотите на нејзиниот господар како било која друга сопственост. Како животно таа требала да покажува покорност и послушност, што било ознака за добра сопруга (Weitz, 2003). Покрај тоа, зенитот на приватната форма на патријархатот може да се најде во средината од деветнаесеттиот век кога имало интензивирање на домашната идеологија која довела до фактот дека буржоаските жени биле ограничени на приватната сфера каде им недостигало граѓанство како и право на глас и право на поседување имот, а насилството на нивните сопрузи било сметано за легитимно. (Walby, 1990, p.179)

Наспроти ова, сè не било во загуба за жените. На пример, Просветителството во седумнаесеттиот и осумнаесеттиот век во Европа го родило либерализмот во деветнаесеттиот век, кој наскоро потоа го родил феминизмот (Andersen, 2006). Просветителството, самиот збор подразбира, го одбележа почетокот на покритичко размислување. Како резултат на тоа, луѓето станувале сè повеќе просветлени, бидејќи просветителството е резултат на критичко размислување. Критичкото размислување се содржи од политиката дека вие не можете да прифатите било што без соодветна премиса (Pall Skulason, 1987). Растечкото верување во човечката разумност ги оспособи жените на крајот да се спротивстават на својата лична криза во општеството, водејќи до нивната следна борба за еднакви права со мажите, што доведе до раѓањето на феминизмот во доцниот деветнаесетти век (Andersen, 2006). Во деветнаесеттиот век ропството беше укинато во С.А.Д. со голема помош од многу важни луѓе. Некои од овие луѓе биле жени, како Елизабет Кејди Стентон, која подоцна стана една од првите феминистки, која се залагала за еднакви права со мажите во однос на поседување имот, гласачко право и повеќе (Elizabeth Cady, 2009).

Наспроти растечката моќ на жените во доцниот деветнаесетти век, тоа било во најголем дел патријархален свет каде сопругите буквално секаде биле потчинувани на сопрузите а браковите најчесто биле уредувани од родителите, освен во северно атлантскиот дел од севернозападна Европа и Северна Америка (Therborn, 2004). Тherborn вели дека „во глобална перспектива, еден од најмоќните изрази на патријархат е родителската власт над бракот на децата“ (2004, р.107). Според тоа, може да се аргументира дека макар што некои жени од ова време имале растечка моќ во својата слобода на изразување и делувања, моќта на патријархатот сè уште имала силно влијание врз нив.

Покрај тоа, во повеќето општества жените или имале минимални или немале воопшто права да наследуваат пари или имот ако нивниот татко или сопругот починал; покрај тоа, било скоро невозможно за жените да добијат развод, дури ако нивниот сопруг ги злоупотребувал психички или физички и исто така ако тој имал афера со друга жена што било прилично вообичаено во тие денови (Therborn, 2004).

При крајот на деветнаесетти век и во почетокот на дваесетти правата на жените во западниот свет се зголемувале година за година сè додека тие постепено не го добиле правото да гласаат, правото да поседуваат имот, правото да се разведуваат од своите сопрузи и на крајот правото да студираат и да работат надвор од домот ако тие го сакаат тоа (Andersen, 2006). Во почетокот на 20-от век жените повеќе не биле сметани за неодговорни, детинести и слаби. Покрај тоа, светот на жени е дури попаметен сега во 21-от век. На пример, во последните децении, жените постепено станаа мнозинство на студенти во буквално секое ниво на јавно образование. Постои надолен тренд бидејќи традиционално помалку жени од мажи студираат наука или студираат на било кои други нивоа на повисоко образование (Andersen, 2006). Во Исланд учеството на жените на пазарот на труд изнесува 80% и повеќе жени од мажите кои дипломирале на високи школи, а сепак образованието на жените изгледа не им помага да заработуваат колку мажите или пак да добијат унапредување (Einarsdottir, 2002). Според тоа, не е тешко да се замисли фактот дека традиционално: „мажите заработуваат повисоки надници во 85% од односите“ (Ingolfur V. Gislason, 2005). Каде и да погледнете, мажите добиваат повисоки надници од жените, дури во полиња типично сврстувани за жени (Einarsdottir and Stella Blöndal, 2004). Овие полиња би можеле да бидат работа во градинки, учителствување, итн. Guðrun M. Guðmundsdottir (2004, р.2) ги објасни теориите на Бордју во однос на овие прашања вака:

„Повеќето развои во однос на ситуацијата на жените во минатите векови беа надворешни промени бидејќи тие го немаа ефектот на изменување на патријархално ориентираната природа на општеството. Една и единствена реална промена е дека повеќе ние не се сомневаме во надмоќноста на мажите. Сите други промени кои се однесуваат на учеството на жените во пазарот на труд и нивното зголемено ниво на образование се само на површината ако се испитани поблизу.“

Како што може да се види, без сомнение ние сè уште можеме на одредени начини да бидеме сведоци на потчинување на жените во развиените општества. Сепак, „жените не се пасивни жртви на угнетувачките структури. Тие се бореа да ги променат и нивните непосредни околности и пошироките општествени структури“ (Walby, 1990, p. 200). Денес, жените уживаат повеќе слобода од било кога во повеќето делови од светот. Ова ги оспособи да излезат и да остават свој белег на пазарот на трудот, да се разведуваат од своите сопрузи, да користат контрацепција и да имаат абортуси ако тие не се спремни за бебе. Очигледно е дека „имало многу важни промени во политиката на државите кон родовите односи во текот на последните 150 години, но овие исто така вклучуваат одредени многу значајни ограничувања. Државата сè уште е патријархална како и капиталистичка и расистичка“ (Walby, 1990, p.171).

Автор: Нина Катрин Јоханасдотир

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s