Марихуаната е одговорна за 30 000 смртни случаи годишно

Истражување направено во Нов Зеланд во 2008 година покажало дека пушењето марихуана може да има поголем потенцијал да предизвикува рак на белите дробови отколку пушењето тутун. Авторите на истражувањето ги анализирале пушачките навики на луѓето на кои им било дијагностицирано рак на бели дробови и контролна група без рак на бели дробови. Нивното главно откритие било дека пушењето канабис го зголемува ризикот од развивање на рак на бели дробови кај адолесценти. Истражувањето исто така сугерира дека пушењето една цигара канабис дневно во текот на една година го зголемува ризикот на рак на бели дробови до 8 проценти. Истражувачите земале предвид променливи вклучително пушење тутун кога ја пресметале оваа бројка. За споредба, истото истражување сугерира дека пушењето една кутија тутун (20 цигари) дневно во текот на една година го зголемува ризикот на рак на бели дробови до 7 проценти. Ова сугерира дека пушењето на само една цигара канабис го зголемува ризикот на развивање рак на бели дробови колку пушењето на 20 цигари тутун. Истражувањето исто така заклучило дека 5 проценти од канцерите на бели дробови кај оние на 55 годишна или помала возраст биле предизвикани од пушење канабис. Друго истражување на пушење канабис во Северна Америка покажало зголемување од 2.4 пати на ризикот од рак на бели дробови меѓу мажи кои пушеле канабис споредено со оние кои никогаш не пушеле канабис. Оваа бројка била добиена после прилагодување на возраста, пушењето тутун, изложеностите на работно место и држава.

Повеќе од 30 000 пушачи на марихуана умираат секоја година во Британија. Професорот Џон Хенри, водечки експерт за оваа дрога, вели дека „канабисот е опасен колку пушењето тутун, всушност, канабисот може да биде полош.“ Истражувачите меѓу нив проф. Џон Хенри пресметале дека ако 120 000 смртни случаи се предизвикани меѓу 13 милиони пушачи, соодветната бројка меѓу 3.2 милиони пушачи на канабис би била 30 000. Канабисот може да предизвика канцер, болест на белите дробови и абнормалности поврзани со сериозна ментална болест. Пушењето три цигари канабис дневно може да ја предизвика истата штета на дишните патишта колку една кутија од 20 цигари. Д-р Вилијам Олдфилд, од болницата Света Марија и еден од авторите на истражување спроведено со проф. Џон Хенри, вели: „Цигарите со канабис и никотин имаат различен начин на вдишување. Здивот земен од пушачите на канабис е две третини поголем, тие вдишуваат три пати повеќе и го задржуваат чадот четири пати подолго. Сите овие фактори би можеле да придонесат за болести на срцето и респираторниот систем, посебно бидејќи хемикалиите во чадот од марихуаната се задржувани во телото до многу повисок степен.“ Покрај ова, тој изјавил дека употребуваниот канабис денес – посебно тој купуван во Холандија – бил до 40 пати посилен од тој употребуван од „децата на цвеќето“ во 1960-тите години. Нивото на активна примеса во канабисот, тетрахидроканабинол (ТХК) се зголемило од околу 0.5 проценти пред 20 години до скоро пет проценти денес. ТХК влијае на срцето и крвните садови и многу изненадни смртни случаи се должат на пушењето канабис.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s