Украина: Земи или остави

Ukraine-Euromaidan

На народот на Украина му е оставен избор во кој е понудена само една опција (Хобсонов избор): или да оди со протекционистичкиот капитализам од Русија – предводен од КГБ или да оди со еднакво корумпираните проевропски „демократи“. Мнозинството го избра второто бидејќи, барем за момент, тоа значи дека тие можат да аргументираат, протестираат и водат кампањи без да бидат киднапирани, убивани или измачувани. Но, многу Украинци се добро свесни дека избирањето на проевропските партии не значи крај на корупцијата или далечен слом на веќе бедниот животен стандард – Украинскиот бруто домашен производ е 175 милијарди долари за население од 45 милиони, или околу 3800 долари по глава. Ирскиот БДП е истиот но за население од 6 милиони, или 28 000 долари по глава, осумпати повеќе.

Пропаста на прорускиот режим на Јанукович е голем пораз за руските национални интереси. Путин ја гледа Украина како сателит на рускиот протекционистички капитализам. Како што еднаш тој му рекол на тогашниот американски претседател Џорџ Буш: „Украина дури не е држава.“ Во јавност, г-дин Путин не може да се дрзне да ја нарече Украина било што освен „крај“, рускиот збор за територија. Тој беше одлучен да ја стопира Украина да се најде под крилото на европскиот капитализам предводен од Германија. Но, неговиот човек, Јанукович не можеше да помогне.

Сега, проевропските буржоаски лидери во Киев ќе се поклонуваат пред ЕУ и ММФ за да добијат „помош“. Овие политичари се во рацете на украинските милијардерски олигарси колку што беа сега отстранетите проруски владини политичари. Како што германскиот весник, Der Spiegel објасни, двата олигарси, Ахметов и Фирташ, меѓу себе контролираат над 90 пратеници во украинскиот парламент. Ахметов е богат со 15 милијарди долари и е шеф на холдинг компанијата Систем Капитал Менаџмент, која контролира повеќе од 100 компании со околу 300 000 вработени. Тие вклучуваат металуршки фабрики и фабрики за изработка на цевки, банки, фирми за недвижен имот, мобилни оператори и голема медиумска компанија. Тој е де факто владејач на Донбас, домот на украинската тешка индустрија и го поседува фудбалскиот тим Шахтер Донецк.

Овие олигарси сфатија мошне пред сегашната криза дека Јанукович нема да биде на власт уште многу време. Тие отпочнаа внимателно да бараат алтернативи. Ахметов избра да ја контролира главната буржоаска „портокалово револуционерна“ партија на затворената поранешна премиерка, златно кадрестата Тимошенко, и сега го поддржува Арсениј Јацењук, кој го презеде водството на нејзината партија „Татковински сојуз“ кога таа беше затворена и е поставен како нов премиер. Фирташ, пак, ја поддржува партијата УДАР на Витали Кличко. Фирташ постави луѓе во УДАР на Кличко, поранешен шеф на тајната служба, на пример.

Олигарсите и партиите кои тие ги поддржуваат сега подготвуваат итен план за Украина, кој ќе се сведи на добивање долари и евра од ММФ и ЕУ во возврат за драстична програма на обезвреднување, сурови мерки на штедење и „трудова реформа“. Нацијата треба да земе на заем 2 милијарди долари до крајот на февруари и уште 9 милијарди долари до крајот на годината само за да ги одржува отплаќањата на владиниот долг. Овие пари требаше да дојдат од Русија, која вети вкупно 15 милијарди долари но сега без тоа ветување останува на Западот да го спречи извесниот банкрот на Украина. Владата треба да најде 9 милијарди долари за да ги изврши исплаќањата кон Гаспром и ММФ како и своите еврообврзници и заеми чиј рок за наплата е стасан. Тогаш го има сегашниот билансен јаз од околу 13 милијарди долари. А стасаниот долг за отплаќање од банкарскиот и нефинансискиот корпорациски сектор додава уште 8 милијарди долари. Вкупно за 2014 година потребите за финансирање се околу 30 милијарди долари, практично двојно од сегашните девизни резерви. (Види го графикот на девизни резерви и надворешниот долг.)

ukraine-fx

Новата влада ќе ја обезвредни украинската валута, гривната, уште повеќе – таа веќе доживеа слом – за да ги поттикне извозите. Конвенционалните економисти и владини советници аргументираат дека ова е неопходно за да се „обнови конкурентноста“, која била разјадена од 9 процентен годишен раст на реалните плати почнувајќи од 2008 година додека индустриските единечни трудови трошоци достигнуваат до скоро 40% за време на истиот период. Со други зборови, реалните плати мораат сега да бидат намалени охрабрувајќи остро зголемување на инфлацијата и кратења на работни места. Целта е да се зголеми профитабилноста на украинските клучни извозни сектори, земјоделието и производството на челик.

Што ќе бара ММФ? Тој ќе сака 40 процентен пораст на енергетските цени со отстранување на владините субвенции. Тој се жали дека овие субвенции чинат 7% од БДП годишно поради што украинските жители добиваат евтин гас и затоплување за време на суровите украински зими. Тој сака крај на тоа. Неодамнешна делегација на ММФ во Украина изјави дека „искрени, разбирливи и широки царински зголемувања се суштински за намалување на големите квази-фискални загуби, привлекување на нови инвестиции и подобрување на администрацијата.“ Тој ќе сака да се преуредат банките и сака „фискална консолидација“ што значи дека „високото буџетско трошење треба да биде намалено со рационализирање на јавните набавки, ограничување на растот на платите и работните места во јавниот сектор и ограничување на пензиската индексација врз инфлацијата.“

Новата влада ќе се согласи со ова. Навистина, избраниот премиер рече дека макар што тоа ќе значи немашност за народот и ќе биде непопуларно, тој е подготвен да води „самоубиствена политика“. За овие лидери, нема алтернатива освен да се согласат врз условите на ЕУ и ММФ. Јацењук веќе се заложи земјата да ѝ се придружи на ЕУ.

Украина сепак би можела да иницира финансиска катастрофа и банкарски слом. Поверојатно, новата влада ќе биде помогната во текот на следните неколку месеци со бриџинг заеми сè додека не падне договорот со ММФ. Потоа, немашноста за народот навистина ќе почне. Украинскиот надворешен долг ќе се удвои кога државата поново ќе се задолжи кај ММФ и чинењето на постоечкиот долг во долари и евра ќе скокне штом гривната биде обезвреднета. Овој товар ќе падне на плеќите на Украинците за цела генерација.

Сето ова може да биде премногу за прорускиот дел од земјата, веќе загрижен околу превласта од страна на проевропските украински политичари во Киев, кои тие очекуваат да ги дискриминираат. Како што покажува мапата, на Крим и по границата со Русија, повеќето жители говорат руски и го поддржуваат Јанукович. Всушност, Крим беше дел од Русија сè додека Хрушчов не го предаде на Украина во 1954 година. Земјата може сепак да се подели според овие обележја кога мерките за штедење и отплаќањето на долгот ќе почнат да касаат.

ukraine-election

Секако дека постои алтернатива на Хобсоновиот избор понуден од капитализмот за украинскиот народ. Една вистинска народна влада би се спротивставила на интересите на олигарсите кои го украдоа богатството на Украина – како прво. Потоа, таа би ги конфискувала нивните богатства за да ги задоволи потребите на обичниот народ за греење, образование и јавни услуги. Таа би ги поништила долговите спрема руските и западните банки и би барала од ММФ да ги отпише заемите така што Украина би можела да почне без тешкиот товар од долгови. Украина останува клучен земјоделски извозник и исто така евтин производител на челик. Ако банките и главните извозни сектори беа во владини раце а не во тие на олигарсите (и странски приватни инвестициски компании во иднина), тогаш би можело да се спроведе национален план.

Се разбира, ова нема да се случи бидејќи никој со влијание во земјата не го застапува ова. Наместо тоа, останува Хобсоновиот избор за Украина.

Автор: Мајкл Робертс

Извор

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s