Како владата на Груевски сака да ја уништи економијата: Критика на законот за финансиска дисциплина

gruevski3

Мас-медиумите обзнанија дека власта во Македонија во најскоро време ќе донесе закон за јакнење на финансиската дисциплина, со кој намера им е да ги принудат должниците навреме да ги извршуваат своите финансиски обврски. Таквата намера докажува дека властите се сметаат себе за семоќни штом веруваат дека со еден закон ќе доведат секој должник навреме да ги исполнува своите финансиски обврски.

Убава замисла, но залудна од проста причина што вредноста на произведените стоки секогаш е поголема од количината на парите во промет. Поради тоа, секогаш ќе се случува одреден стопански субјект, без своја вина, да не може да дојде до потребната количина на парични средства за подмирување на своите обврски. Законодавецот во таков случај предвидел санкции кои ја влошуваат уште повеќе положбата на дадениот стопански субјект. Тоа на крајот доведува до губење на нивниот имот и премин во рацете на други. Добро е познато како се завршуваат тие мерки и кои се последиците од тоа. Сè е можно само социјален мир никако, а тоа произлегува од антагонистичкиот карактер на општеството кое сите „надлежни“ денес настојуваат да го прикажат како хармонично, безконфликтно, хумано и сè најпозитивно до бесконечност. Само што, ете, некои „несовесни“ се бунат за ништо и покрај сета капиталистичка „демократија“, парламентаризам и сите човечки права и слободи.

Колку да се ригорозни мерките што со законот ќе се преземаат, јасно е дека нема ништо да се постигне, па законот ќе биде само еден закон повеќе, без никаква општествена корист. Значи, законодавците залудно губеле време и го маткале општеството. И сето тоа, дебело го наплатиле од народот, во чие име донесуваат „закони“.

Ќе се послужиме со една Марксова мисла за законодавците. Тој вели: „Законодавецот треба себе да се смета како истражувачот на природата. Тој не ги создава законите, тој не ги измислува. Тој само ги формулира, во свесно позитивните закони изразувајќи ги внатрешните закони“, се разбира, на појавата која се „регулира“.

Со спомнатиот закон законодавецот несвесно сака да ги изедначи категориите на политичката економија, кои не е можно да се изедначат – вредноста на стоките во промет со количината пари во овој промет. Очигледно е дека законодавецот не е способен за научно решавање на „проблемот“, кој всушност во постоечките капиталистички производствени односи не е можно да се реши. Тоа се гледа и од праксата на најразвиените светски економии. Кое е решението?

Решението е многу едноставно. Тоа постои во секое семејство, во секое селско и во секое занаетчиско домаќинство. Во истите, „сите работат според способностите“, а трошат „според потребите“, па работат: деца, инвалиди и старци – сите се корисни членови на семејството. Семејството е „поврзано“ со системот само преку парите. Таква е состојбата и во секој друг општествен субјект. Залудни се настојувањата за некое национално, верско, расно или социјално (класно) единство. Тие никако не е можно да се постигнат сè додека се задржува стоковно-паричното стопанисување, бидејќи „приватниот интерес“ – на кој се базира тоа – „го дели општеството на онолку општества колку што во него има возрасни поединци“. Таквото општество „е бојно поле на приватниот интерес во војната на сите против сите“, како што вели Хобс.

Да укажеме конкретно на решението:

1)      Поопштествување на средствата за производство со скратување на работното време и зголемување на бројот на смените додека не биде вработен секој според способностите – вклучително деца, инвалиди и старци;

2)      зголемување на производството до обемот на потребите со што се укинуваат разменските вредности (парите) и пазарното работење. Тоа овозможува вработување на сите од трговското и финансиското работење во материјалното производство а со тоа уште пократко работно време и повеќе слободно време за развој на сите оние способности кај сите поединци, кои се сузбивани и потиснувани со досегашната стара општествена поделба на трудот и

3)      поопштествувањето на средствата за производство доведува и до укинување на општествените антагонизми со што се елиминираат денес постоечките тензии кои доведуваат до секакви општествени судири. Огромниот чиновнички апарат кој денес иако се „отепува од работа“ не сработува ништо, и тој преминува во производството. Значи, уште повеќе се скратува времето на вработените во материјалното производство.

Наведните, и уште некои мерки кои се наметнуваат сами по себе, придонесуваат „општеството да ја најде својата рамнотежа вртејќи се околу сонцето на трудот“ и науката, како вели Маркс. Не се потребни никакви „закони“ бидејќи „општеството влегло во тековите на движењето на природните закони“ кои денес се „отфрлаат“, се негираат и се настојува да се наметнат малограѓански глупости кои немаат никакво оправдување.

Sapienti sat.

Лазар, Пријател на Народот

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s