Само нова Арапска пролет може да ја спаси Сириската револуција

1385413_345475898932580_391373580_n

Сириската револуција во својата најкритична фаза; итни мерки за одмрзнување на Револуцијата; повик до сите муслимани во светот да се солидаризираат со револуционерните Сиријци кои сакаат да живеат во слобода; митот за исламска револуција во Сирија; Женева II е сквернавање на крвта на сириските мартири; општата глад како нова воена стратегија на режимот и зошто Башар е Хитлер на 21 век; Асадовите „јапонски џиновски стршлени“ во лицето на ISIL.

Локалните координациски комитети – моторот на Сириската револуција – категорично отфрлија милитаризација на востанието против режимот на Башар ал-Асад[1]. Но, оваа милитаризација на опозицискиот блок беше последица на масакрите од страна на режимот врз мирните демонстранти (меѓу нив, познатиот масакр кај Саат Кулата во Хомс[2] или масакрите во селото Бајда и градот Банијас[3]) изразена преку формирањето на Слободната сириска армија да го брани невооружениот народ од режимот[4]. Проблемот е што Слободната сириска армија (ССА) е финансирана од исто така автократски режим (во Катар) и плутократскиот режим во САД што го компромитира природниот ток на Сириската револуција[5]. Во случај на победа на ССА над режимот, тогаш Сириската револуција завршува во ќорсокак. Мислата дека „идеите се помоќни од пушките“ се изопачува во грдата стварност на „политичка власт произлезена од буренцето на пушката“. Во таа смисла, сирискиот народ, а не ССА, мора да ги контролира „пушките“. За да се материјализира оваа идеја, револуционерните сили на народите во Тунис, Либија, Египет и другите земји мора да се консолидираат и солидаризираат за таа цел братски да му помогнат на сирискиот народ. Единственото решение на геноцидниот план на чудовишниот и манијакален вагабон Башар е меѓународен повик од локалните координациски комитети до совеста на секој муслиман да изврши хаџ наместо во Мека туку во Дамаск за да се ослободи приклештениот сириски народ во рацете на секојдневната смрт – така што ќе окупираат постројки за производство на муниција и оружје и внимателно да ги снабдуваат умерените бунтовници и самиот сириски народ. Војната на Асад против сирискиот народ може единствено да се победи преку народно вооружено востание помогнато од интернационализација на феноменот Арапска пролет; значи за да се демилитаризира Сириската револуција неопходно е секој способен Сириец да зграби оружје. Дури тогаш ќе се отелотвори секогаш реафирмираната вистина дека една војска од народот е непобедлива. Во спротивно, ако се форсира ССА како војска од народот, тогаш ќе се случи корупција на Сириската револуција. Локалните координациски комитети мора да продолжат да се противат на секое мешање однадвор ако сакаат да бидат вистински револуционерен организам, мора да застанат цврсто на овие позиции и да се раководат од принципот дека секој однадвор кој му ја дава слободата на сирискиот народ, ќе му ја земе слободата, тие мора да ја претпазуваат својата независност од секаков исламски клерофашизам и теснограда демократија (во која народот не одлучува непосредно по национални и локални прашања[6]), еднакво борејќи се за сите социјално угнетени во Сирија, ако тие сакаат да се искристализираат како моќни заштитници на сириските онеправдени маси и да го зачуваат својот углед како организатори на борбата за социјално ослободување на сирискиот народ.

 

Митот за исламска револуција во Сирија

 

Хама, Сирија во 1936 година е местото на заветот за братство меѓу муслиманите и христијаните, никогаш поделени, но засекогаш обединети. Симболите на христијанскиот крст и муслиманската полумесечина со сириското знаме (зелено-бело-црно). На 22 април 2011, со покана до христијаните да се придружат на мирното движење, активистите повикале на протести на „Велик Петок“ и десетици илјади демонстранти излегуваат на улици. Над 100 луѓе се убиени, што го направило најкрвавиот ден откога Револуцијата избувна.

 

Отец Паоло Дал Оглио (роден на 17-ти ноември 1954 – непознат датум на смрт) бил италијански језуитски свештеник и мировен активист. Тој бил протеран од Сирија од владата на Башар ал-Асад во 2012 година поради тоа што се сретнал со членови на опозицијата и затоа што ги критикувал акциите на Асадовиот режим за време на Сириската граѓанска војна. Тој бил киднапиран од милитантите на Исламската република на Ирак и Левант на 29 јули 2013 година додека се движел во провинцијата Ракка. Опозициските извори од Ракка кажуваат дека Паоло Дал Оглио бил егзекутиран од оваа екстремистичка група. А лицемерните анти-империјалисти сè уште нè заглушуваат со лагите дека опозицијата не ги оплакува смртните случаи на убиени христијани во Сирија и сè уште, лажно се разбира, овие „анти-империјалисти“ ја идентификуваат опозицијата со милитантите на ISIL и покрај тоа тие не сакаат да признаат дека сириските христијани активно учествуваат во Сириската револуција против режимот.

 

Овие Сиријци од Алепо на погребна поворка ги покриле мартирите на Револуцијата со револуционерното знаме и извикуваат за слобода и против Исламската република на Ирак и Левант чии милитанти ги убиле: „Слобода, Азади, ние ја сакаме твојата глава, о Багдади!“ Дали ви треба повеќе докази дека опозицијата не е ISIL? Дали ви треба повеќе докази дека сирискиот народ ги мрази и Асад и ISIL?

 

Сириската национална коалиција го осуди кукавичкиот акт на убиство доктор без граници Хусеин ал-Сулејман, чие герилско име е Абу Рајан, од страна на ISIL, во градот Тел Абијад, во провинцијата Ракка. Пред да биде егзекутиран, д-р Сулејман бил заточен во текот на 20 дена, за време на кои тој страдал од сурово измачување во рацете на членови на оваа анти-револуционерна група: „Ние ги испраќаме своите сочувства до семејството на д-р Сулејман и повторуваме дека ISIL е терористичка организација со блиски врски со терористичкиот режим на Асад. Стана јасно дека ISIL е непријател на сирискиот народ, кој ја пролева сириската крв убивајќи невини цивили во бројни случаи. Сириската коалиција ги повикува оние кои ѝ се придружиле или стапиле во сојуз со ISIL, мислејќи дека тоа е група посветена на целите на Револуцијата, веднаш да ја напуштат групата. ISIL има своја агенда која дефинитивно ниту ѝ служи на Револуцијата, ниту на интересите на сирискиот народ. Хусеин Сулејман беше доктор посветен да им служи на своите сириски сограѓани. Тој ќе им недостасува, но неговата смрт нема да биде залудна бидејќи сирискиот народ продолжува да се бори против сите форми на тиранија и тероризам за да ја освои слободата и да изгради демократска плуралистичка Сирија. Ние ветуваме дека ќе ги гониме и ќе одговараат оние кои се одговорни за убиството на д-р Сулејман, како и извршителите на сите злосторства против сирискиот народ. Ние бараме сожаление за нашите мартири, здравје за нашите ранети и слобода за нашите заточени Сиријци. Да живее Сирија и нејзиниот народ, слободен и со чест.“

 

„Исламската република на Ирак и Левант и ал-Шам се странски натрапници“, велат револуционерите од срцето на Сириската револуција: Кафранбел. Храбрите Кафранбелѓани ја повикаа Слободната сириска армија да интервенира и да ги протера милитантите на Исламската република на Ирак и ал-Шам. Револуционерните жители исто така истакнаа дека идејата на Сириската револуција не е да замени една диктатура – таа на Асадовиот режим – со друга, таа на Исламската република на Ирак и ал-Шам. Критиките кон Исламската република на Ирак и ал-Шам биле изнесени откако милитантите упаднале во новинарските канцеларии во Кафранбел на 28 декември 2013 вечерта. Целта на милитантите била радио станицата Радио Фреш. Еден активист рекол дека милитантите грабнале шест новинари но ги ослободиле после два часа притвор. Милитантите ја уништиле радио станицата крадејќи или уништувајќи компјутери, камери, радио и Интернет опрема и револуционерни банери против Исламска република на Ирак и ал-Шам.

 

„Женева I ги уби нашите деца, не дозволувајте Женева II да ја убие нашата револуција“ (Сами Алкарју)

 

Преговорите во Женева се бесмислени. Меѓународната заедница преговара со Хитлеровец. Тоа е предавство кон Сириската револуција. Можете ли да замислите ако Втората светска војна беше одложена за следните 20 години бидејќи светот сакаше политичко решение одошто воено решение. Преговори со Хитлер. Женевски конференции итн. Не, ниту сирискиот народ може да преговара со сирискиот Хитлер-Башар ал Асад, па зошто меѓународната заедница ја користи оваа политика сега? Таа треба да го забрза обезглавувањето на Башар, а не да го одложува. Водечки шкотски форензичар го спореди масакрот на 11 000 ЕДИНАЕСЕТТЕ ИЛЈАДИ затвореници во Сирија со Холокаустот. Професорката Сју Блек од Универзитетот Данди ги проучувала 50-те илјади слики на тела на млади луѓе измачувани од нацистичкиот режим на Башар. Таа вели дека фотографиите биле најпотресните кои таа некогаш ги видела. Политичките курви вклучително британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хаг и државниот секретар Џон Кери, се собраа во Швајцарија за мировни преговори кои имаат цел да стават крај на тригодишниот конфликт, всушност да стават крај на Сириската револуција!!! Запомнете го хемискиот напад извршен од братот на Башар, Махер ал-Асад, кој уби 1500 луѓе за само неколку часа на 21 август 2013 година. „Црвената“ линија беше премината, но на Асад му беше доделено правото да живее и тој ја продолжи својата убиствена неумереност. Неговата награда се говорите на Женева II. Сепак, сирискиот народ никогаш нема да го заборави хемискиот масакр. Дрвото на сириската народна слобода мора да биде наводнувано со крвта на тиранот Башар и на сите негови политички и воени соработници. Еве како изледа еден од ослободените затвореници после 4 месеци изминати во притвор во затворите на нацистичкиот диктатор Башар ал Асад. Младите луѓе се апсени случајно, без барем минимум права на граѓанин. Нема адвокат, нема докази. Она што се случува во Сирија е стигма против човештвото. Невидено злосторство. Башар е Хитлер на 21 век. Измачувањето е широко распространето во сириските затвори. Применувани се брутални методи и не се пружи медицински третман. Хјуман Рајтс Воч документира околу 35 различни методи на измачување применувани во сириските затвори. Исто така се применува силување на жени, деца и во одредени случаи на мажи. Измачувањето во затворите не е ново нешто. Тоа е вообичаена пракса за време на многу децении под владеењето на семејството Асад. Нацистичкиот режим на Асад измачувал и егзекутирал 11 000 (ЕДИНАЕСЕТ ИЛЈАДИ) затвореници. Дефинитивно Асад е Хитлер на 21 век а неговите воени злосторства во затворите еднакви на холокаустот врз Евреите и Словените. Слики на мртви затвореници во затворите на режимот на Башар кои биле измачувани или изгладнети до смрт. Полициски офицер е суден за документирање на убиените дезертери и тоа што со него понел 55 000 слики на околу 11 000 ЕДИНАЕСЕТ ИЛЈАДИ убиени затвореници кои тој ги фотографирал. Дури самиот Медведев призна дека делата опишани на фотографиите на измачувани затвореници во Сирија се злосторства. Типично за хитлеровец како Асад тој ги масакрираше и своите војници! На 23 март 2011 година во градот Дараа нацистичкиот режим на Асад изврши невиден масакр, меѓу жртвите 3 деца, најголемото на 12 години а најмалото на 3 години, а 15 цивили биле убиени во џамијата Омари. За 48 часа наци-режимот масакрира 60-150 цивили. Покрај тоа, режимот на регионалниот хитлеровец го егзекутира војникот Калед ел-Масри бидејќи тој одбил да учествува во масакрот во Дараа. Освен него, уште 4 војници на сириската арапска војска биле убиени кои исто така одбиле да пукаат во граѓаните на Дараа. Во октомври 2012 година десет алавитски офицери биле егзекутирани во сириската арапска војска за давање поддршка на Револуцијата. Безброј алавитски активисти и интелектуалци биле убиени, притворени и измачувани поради поддршка на Револуцијата. Имало алавитски офицери кои дезертирале и ѝ се придружиле на Слободната сириска армија во различни области. Еден таков офицер е Фаисал ал-Ахмед од Кардаха кој дезертирал од војската на Асад и му се придружил на батаљонот Ал Фарук во Дараа.

 

Солзите на Јармук

 

Режимот на сирискиот наци-диктатор Башар ал-Асад го изладнува „својот“ народ и ја блокира хуманитарната помош за изладнетиот народ како „воена стратегија“, што може да се смета за воено злосторство или злосторство против човештвото.
За новото Асадово оружје за масовно уништење – глад, пишував во октомври 2013 год. Еве фотографија од палестинскиот бегалски камп Јармук во Дамаск кој е под опсада на нацистичкиот режим на Асад. Најпоследниот подарок од малиот хитлеровец за децата од кампот Јармук е алиментарна дистрофија предизвикана од неухранетост, дехидрација и недостиг на шеќери во телото. За разлика од ужасните гладови во Африка, гладта во Јармук е целосно вештачка предизвикана од режимската опсада која трае 199 дена, пред седум месеци. Палестинците плачат и велат: „Подобро вратете нè во Израел таму барем режимот нè фрла во море а овде режимот нè изгладува!“ „Нема повеќе луѓе во Јармук, само костури со жолта кожа“, раскажува Ум Хасан, 27 годишна мајка на две детенца. „Деца плачат од глад. Болницата нема медицинска опрема. Луѓето умираат. Мојата тригодишна ќерка и двегодишниот син бргу ја губат тежината поради недостиг на храна.“ Од октомври 2013, 46 луѓе умреле од глад, болести предизвикани од глад или бидејќи тие не можеле да добијат медицинска помош.
250 000 (ДВЕСТА И ПЕЕСЕТ ИЛЈАДИ) луѓе се приклештени без храна, без струја и вода во општини под опсада од нацистичкиот режим на Башар ал-Асад во Сирија и немаат пристап до хуманитарна помош. Палестинскиот бегалски камп Јармук (24.01.2014): Скелетни луѓе во Јармук кои промислено се изгладнувани до смрт поради опсадата наметната од нацистичкиот режим на Асад. Над 50 жители на Јармук, многу од нив жени и деца, веќе умреле од глад, а покрај овие жртви, на 22.01.2014 умреле уште две лица, кога оваа снимка била снимена. Покрај Јармук, под режимска опсада се и градовите Хомс, Гоута, Моадамија и многу рурални места. Тишината на општествената интелигенција е соучество во ова злосторството на Асад, кое во потполност се споредува со нацистичката опсада на Ленинград. Над 300 000 луѓе ги изгубиле своите животи во Ленинград за време на зимата во 1942 година. Под опсадата на нацистите, градот останал без затоплување, храна и вода додека температурите опаднале во една од најсуровите зими кои ги имала Русија. Според временските прогнози оваа зима би можела да биде најлошата зима во 100 години во Сирија. Јармук е прав концентрационен камп за Палестинците. Ситуацијата во бегалскиот камп Ал-Јармук (9 јануари 2014): Областа има 2.11 km2 900 000 луѓе живеат во кампот вклучително 200 000 палестински бегалци. Над 1 година под делумна блокада од страна на чудовиштето Асад. Над 190 дена под целосна блокада. Над 1500 затвореници чија судбина е непозната. Над 30 000 цивили под опсада и бомбардирање од страна на чудовишниот режим 100 долари е цената на 1 килограм ориз во кампот. Над 35 луѓе умреле од глад сметајќи од декември 2013. На видеото дете од палестинскиот камп Ал-Јармук се жали на високите цени и експлоатацијата на трговците користејќи ја моменталната опсада наметната од Асадовиот режим врз кампот веќе седум месеци.
Гласните анти-ционисти овојпат – злосторнички лицемерно – се глуви на врисоците на ова дете. Ја нема норвешката вештерка Локеберг која го режира документарецот „Солзите на Газа“ да ја пренесе трагедијата и на сириските Палестинци до светот со друг документарец „Солзите на Јармук“. Тие се чудовишно рамнодушни на мимиките и треперливиот глас на ова момче кое гладува. Зарем е можно да прават разлика меѓу трагедијата на Палестинците од Газа и Палестинците од Јармук? Секако дека е можно затоа што над нивното сочувство кон трагедијата на Палестинците од Газа доминира антиционизмот. Лицемерие од прв ранг за кое треба да одговараат кривично бидејќи ја презеле улогата на општествена интелигенција без да водат сметка за објективноста и без да ја слушаат научната совест. Алаа ал-Масри е друго палестинско дете кое е во критична состојба поради дехидрација и неухранетост што предизвика да ѝ откаже бубрег и сето тоа како резултат на опсадата наметната врз палестинскиот народ во кампот Ал-Јармук во Дамаск од бандите на Асад, а режимските контролни места не дозволуваат девојката да замине за третман. Нејзиното семејство ги моли меѓународните комисии, Црвениот Крст и Црвената Полумесечина да овозможат ова девојче да излезе од кампот бидејќи нејзиното здравје се влошува.
Во Сирија повеќе од 1 500 000 луѓе се под опсада во југот на Дамаск, источен и западна Гоута и Хомс. Тие се целосно изолирани од остатокот на светот без храна, електрична струја или било какви средства за загревање. Палестинскиот камп Ал Јармук во Сирија е под опсада, луѓето умираат од ГЛАД! Секогаш во овој ист камп, снајперистите на Асад обесуваат леб на видливо место и чекаат недалеку оттаму за да стрелаат во секој кој ќе се искуши да земе леб. Ние сме во 2014 година а меѓународната заедница сè уште гледа во тишина во текот на цели три години, вклучително и режисерот на документарецот СОЛЗИТЕ НА ГАЗА и светската општествена „интелигенција“. Нивната тишина е соучесништво во злосторствата на Асадовиот режим против сирискиот народ и самото човештво, бидејќи во Куранот (5:32) е запишано дека „Секој кој убил човек тоа е како да го убил целото човештво а ако било кој спаси еден живот, тоа е како да го спасил животот на целото човештво.“ Иако Асад изгладнува ИЛЈАДНИЦИ Палестинци до смрт во кампот Јармук, покрај безбројните сириски жртви. Анти-ционистите како Чомски, Жижек, Локеберг лицемерно молчат. Ноам Чомски, стар вампир и лажен анти-империјалист, кој се дрзна да рече во 1970-тите години дека Пол-Потовиот режим го снабдувал населението со доволно ориз за да биде нахранет, каде е сега да ги брани сириските деца кои гладуваат до смрт поради опасадата од Асадовите сили против Хомс, Моадамија, источна и западна Гоута, и ширум цела рурална Сирија? Следниот текст е сценарио на документарецот Солзите на Газа кое може доследно во целост да биде пресликано на стварноста во предградијата на Дамаск, Хомс, Алепо и ширум цела рурална Сирија! Но каде е сега норвешката вештерка Вибеке Локеберг да ја брани слободарската кауза на сирискиот народ?! „Во груб стил, како единствена футажа, суровите последици на современите војни се изложени. Филмот исто така ја опишува способноста на жените и децата да се справат во својот секојдневен живот после драматично воено искуство. Многу од нив живеат во шатори или во руини без ѕидови или покриви. На сите им требаат пари, храна, вода и електрична струја. Други загубиле членови од своето семејство, или се оставени со сериозно повредени деца. Дали војната може да решава конфликти или да создава мир? Филмот следи три деца низ војната и периодот после прекинот на огнот.“ Палестинците страдаат и умираат од глад под диктатурата на Башар а антиимперијалистичката левичарска елита и режисерот на Солзите на Газа ниту збор да кажат во нивна одбрана. А Шелинг рекол: „Кој ја крие вистината од човештвото, тој прави злосторство против истото.“ Ништо не може да го промени моето мислење за Асад. Само мртов Асад е добар Асад. Неговата смрт мора да биде бавна и болна како што неговите жртви умираат од долга и болна глад во опсаднатите градови Дамаск, Хомс и Алепо. Неговиот грклан треба да биде потсечен малку за да тој може да искрвари до смрт и ја почувствува нивната бавна и долга смрт од глад.

 

Асадовите ѓаволи

 

Сирискиот режим во 2011 година штом избувна Револуцијата ослободи 1500 затвореници поврзани со ал-Каеда, а во 2013 година иранскиот режим ослободи 200 затвореници поврзани со ал-Каеда. Сето тоа со намера овие два режими да ја демонизираат и дискредитираат Сириската револуција во очите на меѓународната заедница. Kуче касапско на Иран, исламистичко! Асадовиот министер за информации Омран ал-Зоби, еден од режимските делегати кои присуствуваа на конференцијата Женева II, молчи како секогаш на прашањата зошто режимот не ги бомбардира базите на „анти-режимските“ милитанти на Исламската република на Ирак и ал-Шам. (22 јануари 2014, Женева) Корените на вахабизам во Сирија биле засадени од самиот Асад. Во ТВ интервју овој тиран изјавил (17.04.2013): „Во Сирија почнувајќи од 1970 година до денес биле изградени 18 000 џамии и 220 исламиски школи за изучување на шеријатот…“ Од 1970 година до денес во Сирија биле изградени само 4 едукациски центри. Бројот на кината опаднал од 840 до 25. Бројот на театри опаднал од 220 до 15. Владата на семејството Асад забранила илјадници книги вклучително сите дела на Ричард Докинс. Владата го има ослободено мастермајндот на бомбардирањето што се случи на 07.07.2005 година во Лондон: ал-Каеда терористот Абу Мусаб Ал-Сури. Асад исто така е одговорен за религиозниот екстремизам во Сирија. Исламската република на Ирак и Левант (ISIL) е група на гангстери кои ги следат режимот на сирискиот претседател, Иран и Ирак. Единствената цел на ISIL е да ја киднапира Сириската револуција. На пример, Мохамед Мустафа Фахам, кој се појавува како брадест борец на ISIL всушност е разузнавачки офицер на сирискиот режим. Друг таков е Мохамед Басем Јасен, исто така познат како Абу ал-Бараа ал-Самараеи. Хасан Џазарах започна како режимски разбојник кој ги тепаше мирољубивите анти-Асадови протестирачи во Алепо. Потоа, тој стана водач на исламистичката екстремна група наречена Горба ал-Шам. Кога веста за неговата кражба и уцена беше објавена од страна на секуларните активисти, тој беше уапсен од исламистичките бунтовници во текот на неколку денови и потоа ослободен од шеријатскиот суд. После неколку месеци тој беше затекнат покрај Асад додека го посетувал уништениот град Дараа, каде силите на Асадовиот режим масакрираа 300 луѓе. Ова е приказната за развојот на Хасан Џазарах од обичен криминалец до исламистички воен моќник и платеник на Асад. Овие борци на ISIL се обидуваат да ги убијат и затворат и активистите и бунтовниците. ISIL ги апси сите организатори на демонстрации кои ќе ги затекне. Абу Анас (бригада на ал-Каеда во провинцијата Рака) е финансирана директно од режимот на Башар ал-Асад преку Иран и Ирак, признал притвореник поврзан со ал-Каеда. Абу Анас е бригада специјализирана за киднапирања, автомобилски бомби и атентати врз членови на Слободната сириска армија. Режимот ја плаќа ал-Нусра поврзана со ал-Каеда за да ги штити нафтоводите и гасоводите под контрола на ал-Нусра во северот и истокот на Сирија. Од јануари 2013 година сириската влада купува нафта од ал-Нусра. За среќа, на 4-ти јануари 2014 година избувна Втората Сириска револуција, овојпат против Исламската република на Ирак и Левант, и ал-Шам. Мора да се истакне дека Асадовите шабиха војници не се разликуваат во свирепоста и варварството од милитантите на ал-Шам и Исламска република на Ирак. На видеото се прикажани како тие сакатат тела, отсекуваат ушиња и други сквернавања во училиште во Алепо. И ова не е единствено видео. Меѓународната заедница е нема пред злосторствата на веќе докажаниот нацизам на Башаровиот режим. Друго видео покажува војници на сирискиот наци-диктатор Башар ал Асад закопуваат жив сунитски муслиман и бараат од него да кажува: „Нема Господ, туку Башар“, но човекот храбро умира противејќи се.

 

Втората сириска револуција

 

Познатото арапско мото гласи: „Народот сака да го собори режимот“. Сепак, лицемерната анти-империјалистичка елита на левичарски интелектуалци ја клеветат Сириската револуција нарекувајќи ја „квази-револуција“ (Славој Жижек, истиот филозоф кој брани диктатура без пролетаријат!). Тие аргументираат дека не постои масивен дел од сирискиот народ кој го отфрла режимот и како доказ за ова, тие велат дека Асад сè уште е на власт. Тие забораваат дека за време на Француската револуција од 14 јули 1789, кралот Луј 16 бил уште на власт сè до 10 август 1792 кога монархијата била укината а кралското семејство било уапсено и заточено. Треба време за да еден режим падне, посебно кога сирискиот народ е слабо вооружен. Штом францускиот народ успеал да се вооружи тие го собориле од трон тиранот Луј Капе. Еве зошто режимот на Башар успева да се одржи, вршејќи масакр врз слабо вооружен народ и уништувајќи многу од инфраструктурата на Сирија. Башар наводно рекол: „Револуција обично е крената од народот а не од увезени странци да се бунтуваат против народот“, асоцирајќи на увезените ал-Нусра и Исламската република на Ирак и Левант, па дури и на самата Слободна сириска армија. Но, револуционерна Франција беше во истата ситуација. Сè до падот на кралот, многу странски кралства објавиле војна на Франција макар што кралот уште бил на власт но тие знаеле дека апсолутната монархија била во опасност во Франција и се плашеле од ширење на револуционерните идеи и револуционерниот ентузијазам надвор од границите на Франција. Во зимата 1793 година само Данска и Шведска, Швајцарија и САД одржувале нормални дипломатски врски со Франција. Со изненадното влошување на ситуацијата на фронтот, се појавило прашањето за промена на методот на политичкото раководство. Францускиот револуционер Жан-Пол Мара барал да се формира Комитет за јавен спас и Комитет за општа безбедност како главни револуционерни органи со диктаторско овластување. Ова не е така со револуционерниот камп во граѓанската војна во Сирија. Бригадите на ССА кои делуваат во Сирија го прават ова врз основа на локални стандарди и потреби, без да одговараат на општ план и единствена команда, која пак навистина не постои. Без единствен национален центар на востанието во Сирија, со политичко водство во странство парализирано од ненадминливи политички и тактички разлики, со свои воени сили кои делуваат без поврзаност и без централна контрола, една таква ситуација одеше во прилог на пенетрирање на секташки и екстремистички странски милитантни групи како ал-Нусра и ISIL. За среќа, пак ќе кажам, на 4 јануари 2014 избувна Втора сириска револуција, овојпат против овие милитантни групи. Овие се накратко моите аргументи во одбрана на Сириската револуција.


[1] Локалните координациски комитети (ЛКК) на Сирија се основани во март 2011. Тие се содржат од мрежа на локални групи кои организираат и известуваат за протести како дел од Сириското востание. ЛКК поддржуваат граѓанска непослушност и се противат на локален вооружен отпор и меѓународна воена интервенција како методи на противање кон сирискиот режим. Методите на граѓанска непослушност промовирани од ЛКК вклучуваат ноќни протести во Хама и одбивање да се плаќаат сметки за вода, електрична струја и телефон во предградија на Дамаск, како и генерални штрајкови (дводневен генерален штрајк на 5-6 февруари 2012). ЛКК се противат на внатрешна вооружена опозиција и меѓународна воена интервенција бидејќи според нив милитаризацијата ќе ја стави Револуцијата во арена каде што режимот има посебна предност. Потоа, ЛКК правилно заклучуваат дека милитаризацијата буквално ќе го оневозможи воспоставувањето на легитимна основа за гордна идна Сирија.

[2] На 18 април 2011 илјадници протестирачи се собрале околу Саат Кулата во Хомс, барајќи отстранување на режимот. Протестот продолжил до зори (19-ти април), кога дошло до негов изненаден прекин од страна на Асадовите сили кои на јуриш го зазеле плоштадот за да го растурат протестот. Силите пукале во невооружените, мирни граѓани, притоа убивајќи и повредувајќи многумина. Оттогаш, плоштадот е преименуван во Плоштад на Слободата а часовникот ја симболизира силата на народот на Хомс и сите други револуционерни градови. Овој настан станал познат како „Масакрот кај Саат Кулата“.

[3] Масакрите во селото Бајда и градот Банијас во Сирија се случија во мај 2013 година каде Асадовите наци-паравојски убија цивили од сунитска вероисповест. Цели семејства биле убиени во двата масакри на 2 до 3 мај, а илјадници се обиделе да ја напуштат областа. Најмалку 100 луѓе биле убиени, додека други велат дека бројот на жртви надминува 400. Хјуман Рајтс Воч пресметала бројка од 248 жртви во масовните егзекуции. Според извештај на ООН помеѓу 300 и 450 луѓе биле егзекутирани. Преживеаните сведочеле дека било вообичаено за војската на Асад поддржана од паравоената национална одбранбена сила да влегува во села и да почнува убиствени напади: палење, грабење и убивање. Во градот Банијас меѓу 77-те жртви имало 14 деца.

[4] 18-01-2014: Генерал Салим Идрис, врховен командант на Слободната сириска армија и револуционерните сили во Сирија, даде изјава изложувајќи ги суштинските предуслови за било какви преговори на претстојните „мировни разговори“ во Женева чии домаќини се владите на Русија и САД.
1. Заминување на Башар и неговата клика од власт и да немаат улога во било кој дел од иднината на Сирија; 2. Заминување на сите режимски воени и „безбедносни“ претпоставени кои учествувале во геноцидот и уништувањето на Сирија; 3. Формирање на транзициско владејачко тело со целосни овластувања, вклучително воени и безбедносни; 4. Ослободување на сите затвореници притворени во режимските затвори, посебно жените и децата; 5. Итно отворање на хуманитарните коридори за да се овозможи промет на храна до опсаднатите региони, вклучително Дараа, Моадамија, Хомс и Јармук.

[5] Сигурно е дека не е тоа наводниот „анти-империјализам“ на диктатурата во Дамаск што го загрижува Обама. Ниту тоа е лажниот социјализам на државната партија која владее со Сирија, земја во која, пред конфликтот, 40 проценти од населението живееше под границата на сиромаштија. Ниту тоа е план за постепена доминација на регионот. Напротив, тоа е убеденоста дека проширувањето на востанието кое отпочна во Тунис во доцната 2010 година, и кое се прошири во овој историски нестабилен регион од светот, може да стави крај на марионетските тоталитарни режими кои ги угнетуваат овие народи и да води кон сомневање во самото постоење на злосторничката држава Израел.

[6] Идиотизам би било од страна на сирискиот народ да допушти во случај на победа над режимот повторно да го одгледува истиот расадник на идни Асадовци – „демократија“ во која наместо народот непосредно, професионални политичари посредно ја претставуваат волјата на мнозинството. Кратка рекапитулација. Во 1970 година Хафез ал-Асад (таткото на Башар ал-Асад) ја презеде власта во Сирија со државен удар, го промени уставот и учествуваше на претседателските избори. Тој беше „избран“ за претседател на референдум со 99.9%-тна поддршка. По 7 години, повторно учествуваше на избори и „победи“ на изборите со уште едно одобрување од 99.9%. Учествуваше на избори за уште неколку мандати со слични резултати и беше „избран“ од народот како доживотен претседател. Хафез умре во 2000 година, но повторно неговиот син Башар ал-Асад беше „избран“ од народот, „претставен“ од баатистичката партија. Повторно уставот мораше да биде изменет за само 15 минути за да му се овозможи на Башар да стане претседател. Башар повторно учествуваше на претседателски избори во 2007 год. и беше „избран“ од народот. Накратко, демократија без народ.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s