Фантазијата од социјализам во Венецуела се распаѓа

abn-12-09-2006-heinz_01

Хајнц Дитерих, таткото на социјализмот на 21 век, силно го тресна Мадуро по глава

Хајнц Дитерих, германски социолог и политички аналитичар, на кој му е признаена заслугата за иницирање на идејата на социјализмот на 21 век, која беше штитена и „применета“ во Венецуела под Уго Чавез, неодамна остро го осуди сегашниот венецуелски претседател Николас Мадуро. Дитерих рече дека Мадуро „е целосно неспособен да се справи со сериозните проблеми на својата земја“. Тој додаде дека ако венецуелскиот претседател наскоро не направи нешто да ги поправи економските и политичките проблеми со кои се соочува неговата земја, тој би можел да биде обезвластен до април 2014 година.

„Во овие околности, мислам дека Мадуро нема да го преживее март или април 2014. Сценаријата на неговиот можен пад се очигледни: улични демонстрации организирани од Вашингтон и десницата, или сојуз меѓу вооружените сили и гувернерите“, изјави Дитерих за венецуелскиот весник El Universal.

Германскиот интелектуалец му раскина пријателство на Чавез во 2012 година поради воочливиот недостиг на Венецуела од сериозност и разбирање на идејата за социјализмот на 21 век. „Економскиот модел спроведен во 2003 година од Чавез сега е исцрпен и сега Венецуела страда од растечка инфлација и можен мораториум на исплаќањата кон странство“, вели Дитерих.

Покрај неразвиената економска состојба, Мадуро се бори со растечка стапка на насилство и криминал која ја наследи од неговиот Чавез. Според владините бројки, во 2012 година имало повеќе од 16 000 убиства а во првата четвртина од 2013 година имало вкупно 3400 убиства, што ја прави земјата една од најопасните во Јужна Америка. Стапката на убиства се удвои за време на 14-годишното владеење на Чавез поради евтиниот пристап до оружје и неефикасниот правен систем кои создадоа култура на насилство во ѓета како Петаре чии делови станаа непожелни зони за странци.

Пропаст на економскиот модел на претседателот Чавез

Со годишна инфлација од 49.4% (според Централната банка на Венецуела за септември 2012-2013), Венецуела ќе ја заврши 2013 година со хиперинфлација од околу 58%, бидејќи општинските избори во декември и исплаќањето на божиќните бонуси (надници за 15 дена) ќе оневозможат стопирање на инфлациската спирала. Дел од проблемот е несразмерното зголемување на понудата на пари (пари во промет) која порасна околу 66.5% во текот на истиот период од 2012 година.

Друг фактор е заминувањето на капиталот од околу 150 милијарди долари во текот на изминатите девет години. Контролата над смената на девизи единствено функционираше околу 2003 година (околу 43 милијарди долари годишно во џебовите на буржоазијата). Признанието во прилог на боливарската револуција која создава само околу 2.7 милијарди долари годишно, се смени.

Таквата инфлација создава нула планови за штедење кај вработените, боливар кој се заменува со силни валути или драгоцени метали (Законот на Грешам), ниска стапка на инвестиции, високи каматни стапки, прекумерни монетарни добивки од разликите во девизниот курс, заминување на капиталот, недостиг на производи и на крајот неминовно и сурово обезвреднување. Уште полошо: таквата инфлациска спирала е комбинирана со годишен раст на БДП од 1%, помал од растот на населението (Економска комисија за Јужна Америка и Карибите). Венецуела се соочува со стагфлација, смртоносна комбинација на стагнација со висока инфлација.

Зголемување од 45% на минималната плата беше објавено од претседателот Мадуро за 2013 година, зголемување кое сепак не може да ја компензира загубата на куповната моќ на работниците. Во исто време стапката на недостиг на производи е 21.2%. Увозите на државата пораснаа од 2003 до 2012 до скоро 900%. Индустриското производство во БДП не се зголеми. Претседателот Мадуро одобри купување на 3.5 милиони тони храна во вредност од 4.6 милијарди долари, а каматата на кредитите присвоени од државата и PDVSA (Petróleos de Venezuela, S.A.) во просек изнесува 11.59% годишно: скоро двојно од просекот за земјите во развој (според бројките од Банк оф Америка).

Според Централната банка на Венецуела, нејзините меѓународни девизни резерви (долари со кои се израмнуваат увозите и надворешниот долг) достигнаа сума од 3 милијарди долари во средината на 2013 година, додека сумата од готови пари изнесува вкупно 900 милиони долари. Сепак, просечен месечен увоз бара 4.6 милијарди долари. Според тоа, само масовен трансфер од небуџетски биланс, како Развојниот фонд на Кина и Венецуела, нови заеми или конвертирање на резервите од злато во долари, може да спречи мораториум на исплаќањата кон странство.

Донкихотовска „социјалистичка“ економија

Откако боливаризмот дојде на власт во 1999 година во Венецуела, никогаш немаше ниту една социјалистичка економска мерка: ни социјализам на 20 век ни социјализам на 21 век. Политичко-економскиот модел развиен од Уго Чавез по 2003 година, не беше ништо повеќе од либерален развоен експеримент, сличен на првата влада на генерал Перон. Веќе исцрпен во 2010 година влезе во втората фаза на Перон: зголемена ерозија и пат кон бездна. Социјалистичкиот план на Гвајана, работничкото самоуправување, комуните – најголемата грешка на социјалистичките Распутиновци од Мирафлорес (Марта Харнекер и другите) – се само химери (илузии) во капиталистичка пазарна економија. Сега, цела оваа фантазија се уништува уривајќи се сама во себе.

Chavez_history-Latuff

One thought on “Фантазијата од социјализам во Венецуела се распаѓа

Leave a comment