Билјана Ванковска за претседател на РМ

mkd-104222

Со две раце ќе гласам за декларираната марксистка Билјана Ванковска на претстојните избори за претседател на РМ, ако како врховна командантка на АРМ воспостави диктатура на безимотните и репресирани граѓани на оваа држава. Положбата на македонскиот работник, а не Уставот на РМ, ја овластува и обврзува Ванковска, ако стане претседателка, да изврши државен удар и да ја собори сегашната власт која со својата политичка економија прави сè за да го форсира егзодусот на нацијата. Уставот на РМ макар што е социјален по дух, тој како слово на хартија е немоќен да се одбрани, да воскликне пред машинеријата на левијатанот на највеликиот предавник на нашата нација – Никола Груевски. На пример, член 30 од Уставот на Р. Македонија ви „го гарантира правото на сопственост“. Меѓутоа, истиот остава да власта „во вид на пари“ ви ја одзема сопственоста и ја става во свој џеб. Каква гаранција на човекови права и слободи е тоа? И, ако е тоа „право на делување“, на кој објект ќе делувате и произведувате свои производи? Капитализмот никому до денес не осигурал право на свои производи преку делување на туѓа сопственост, иако работниците работат повеќе од коњи на туѓите објекти.

За пример, неколку докази за криминалот на владата на Груевски:

1.МРТВ доставува своеволни решенија со „правна сила“ на извршност за плаќање на радиодифузна такса;

2.ЕВН ви монтира „бесплатни“ струјомери, кои потоа ги наплаќа со 3-5 пати повисоки сметки од претходните. ЕВН има и други начини да ве ограбува (владата на Груевски има право да ја експроприра ЕВН во интерес на мнозинството);

3.„Водовод“ ве ограбува со „закочени водомери“. Ако пријавите во МВР за наведеното, тие не преземаат ништо. (Пријава бр.73790/11.11.2009);

4.Градоначалникот на Скопје ве ограбува со „зонско паркирање“;

5.Општината ве ограбува со продавање земја „под зграда“ и дворни места, иако се тие дел од станот;

6.Секоја институција ве присилува да отворите „трансакциска сметка“ за да го пратат секое париче што ќе го добиете и да ви одземат сè што судовите ќе пресудат. И сè така до бесконечност додека не станете потполно робови. Ако власта и институциите се обидат да ви одземат било што преку трансакциска сметка или со извршители тоа ќе биде доказ дека не сте ѝ важни вие, туку вашиот имот.

7. По член 26 од Уставот на Р. Македонија „се гаранитира неповредливоста на домот“. А по „законот‘‘ самата таа буржоазија што го створила тој устав, ви испраќа дома судски извршители да ви конфискуваат сè со што може да подмири некоја сметка. А божем од „уставот произлегуваат сите закони“. Како сега еден закон да поништува член од уставот? И вие верувајте во законите на буржоазијата! Со кој ум!

Законодавците измислуваат „закони“ со цел што подлабоко да ги завлечат рацете во вашите џебови, а паричното стопанисување секогаш доведува до поробување на работниците. Историјата тоа го докажала повеќе пати, а македонската буржоазија го знае инстинктивно, затоа ако таа и ви ги опрости долговите, после извесен број циклуси, вие пак запаѓате во долгови.

За да не се случува тоа, Билјана Ванковска доколку стане претседателка на РМ, треба да иницира, како врховен командант на АРМ, организирање на граѓаните по принцип „општонародна одбрана“ со која ќе спречиме да ни го ограбуваат она што го „гарантираат“ со устав. Инаку во што тие извршители се разликуваат од турските арачлии? Размислувате ли за тоа, сиромашни граѓани?! Буржоазијата има безброј игри и начини да ве преведе преку сите реки жедни. Само вие верувајте ѝ, смотани Македонци.

Владата на Груевски не е патриотска влада како што милува да се изјаснува, таа направи сè за да биде предмет на подбив и презир од народот, само што власта успева преку уцени, поткупи и рекети како во приватни така и во државни претпријатија да го компензира револтот на граѓанинот. Неколку докази за злосторничкиот антипатриотизам на владата на Груевски:

1.Јавна тајна е дека првиот разузнавач индиректно преку шефот на противпожарната единица на Штип извршил рекет во дојранското казино Атлантик за партиско-„патриотска“ поделба на профитот и покрај тоа, да исплаќа данок за УЈП, и затоа денес казиното е банкротирано и 300 Македонци од општина Дојран се без работа и во долгови, и наместо сегашниот градоначалник на општина Дојран – уште еден безмозочен автомат на Груевски – да се заинтересира да истражи за овој криминал, тој со пресконференции на својата матична партија се занимава со расипување на односите меѓу општина Дојран и општина Струмица. Идиот од глава до пети.

2.Уставот на Република Македонија го забранува предавањето на македонските државјани на друга странска држава. Само би го спомнал во контекст случајот со екстрадицијата на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски во Шевенинген, Холандија, која државна интервенција е сосема контрадикторна на она што е изречно демонстрирано во Уставот на РМ.

3.Груевски е лицемерен патриот и обична битанга која треба да виси на некој од неговите барокни канделабри. Тој во 2007 година го изјави следното: „На лагата ѝ се куси нозете и вистината, порано или подоцна, мора да исплива на површина, таа е како шило“, за да во 2010 година го изјави ова: „Никогаш не сум се пазарел за хашките случаи. Тие се судски случаи. Информиран сум дека тие се во судска процедура.“ Кој се сомнева во автентичноста на неговите изјави и кој сака да ги спори изјавите со аргументот „извадено од контекст“ нека сам ги провери стенограмите од седниците на Собранието на РМ. На 19.07.2011, Собранието го усвои автентичното толкување на Законот за амнестија. 63 ненародни пратеници гласаа за амнестирање на ѕверките. Задачата на Билјана Ванковска како пријателка на народот и врховен командант ќе биде да изврши притисок врз извршната власт за кривично гонење на овие 63 ненародни пратеници и укинување на противуставната амнестија за ѕверките и нивно враќање на обвинителните клупи. Неказнувањето на сторителите на масакрот кај село Вејце, кај местото Карпалак, на Хисен Џемаили за малтретираните работници, на Даут Реџепи за киднапираните Македонци и на злосторничките мастермајнди Ахмети и Велиу, ќе значи дека и Билјана Ванковска исто како цела антипатриотска влада на Груевски, не признава дека се случиле злосторства за време на татковинската војна во 2001 година. И уште полошо, во можност да ги санкционира овие злосторства против човештвото и нацијата, таа како власта ќе стане нивен соучесник, наместо народен џелат, егзекутор на волјата на народот, катализатор на она што го чувствува овој сиромашен народ кон безобѕирната власт од авантуристи и хохштаплери.

Народот, гледајќи дека од нивното сменување нема ништо, одамна ја создал пословицата „Сјаши Курта да узјаши Мурта“ (народот е коњот). Ако политичката волја на Билјана Ванковска како претседателка и врховен командант на РМ биде доволна, ние би можеле да ги преуредиме нашите општествени односи на почовечки начин на кој луѓето свесно ја контролираат својата работна активност. Ова е задача на радикална политика за радикален политичар како Билјана Ванковска и јас ја убедувам дека ова е вистинско време за радикална политика. Таа немаше да биде радикален политичар – марксист, доколку стварноста во Македонија не инсистираше на радикална политика: диктатура на безимотните која всушност е демократија затоа што „таа постои кога сиромашните, а не имотните, се владетели“ (Аристотел), како и експропријација на експропријаторите.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s