Маркс имаше право: пет изненадувачки начини на кои Карл Маркс ја предвиде 2014

298498_10150325778348133_618413132_7975298_1087641990_n

Овие денови многу се зборува за Карл Маркс – од Раш Лимбо кој го обвинува папата Францис дека промовира „чист марксизам“ до автор за Вашингтон Тајмс кој тврди дека градоначалникот на Њу Јорк Бил де Бласио е „непокајнички марксист“. Но, малку луѓе реално ја разбираат Марксовата остра критика на капитализмот. Повеќето луѓе се нејасно свесни за предвидувањето на радикалниот економист дека капитализмот неминовно ќе биде заменет од комунизмот, но тие често погрешно разбираат зошто тој верувал дека ова е вистина. И додека Маркс грешел во врска со одредени работи {Според нас, Маркс секогаш е во право, па макар и цел свет да е против него. За нас, Маркс е секогаш во право – а тоа го докажуваат неговите признавања како мислител на милениумот, светски најголем филозоф и светски најдобар научник – додека не се појави друг мислител кој ќе даде ставови и погледи кои ќе доведат побргу до укинување на класните антагонизми и стварање на бескласно општество. – Заб. на Захов и Гогов} неговите пишувања (многу од кои претходат на Американската граѓанска војна) точно предвиделе неколку аспекти на современиот капитализам, од Големата рецесија (2007-2009) до iPhone 5S во вашиот џеб.

Еве пет факти од животот во 2014 кои Марксовата анализа на капитализмот точно ги предвидела пред еден век:

5260_1040921442653_1814076568_85984_3437883_n

1. Големата рецесија (Хаотичната природа на капитализмот)

Вродено хаотичната, склона на криза природа на капитализмот беше клучен дел од Марксовите пишувања. Тој аргументирал дека немилосрдниот мотив за профити би ги водел компаниите да ги механизираат своите работни места, произведувајќи сè повеќе и повеќе стоки додека ги намалуваат платите на работниците за да на крајот тие не можат повеќе да ги купуваат производите кои тие ги создаваат {Никој не негира дека падот на економијата е ситуација во која нема доволно побарувачка во однос на понудата. Но, ова не е теорија за тоа зошто овој пад се случил. Недоволната побарувачка во однос на понудата само го опишува она што падот на економијата претставува. Ова е и Марксов став![1] – Заб. на Захов и Климан}. Доволно сигурно, современите историски настани од Големата депресија до дот-ком меурот можат да бидат објаснети од она што Маркс го именува „фиктивен капитал“[2] – финансиски алатки како хартии од вредност и трампи на неисплатени кредити. Ние произведуваме и произведуваме додека едноставно никој не остане да ги купи нашите производи, нема нови пазари, нема нови долгови. Циклусот сè уште се одвива пред наши очи: Зборувајќи општо, тоа е она што го создаде сломот на станбениот пазар во 2008 година. Декади на сè поголема нееднаквост ги намали доходите, што принуди сè повеќе Американци да се задолжуваат. Кога повеќе немаше субпримарни кредитори во шемата, целата фасада се распадна, токму како што Маркс предвидел.

marx-shopping

2. iPhone 5S (Имагинарни апетити)

Маркс предупредил дека тенденцијата на капитализмот да концентрира голема вредност во суштински своеволни производи со текот на времето ќе води кон она што тој го предвидел: „Проширување на кругот на производи и потребите станува остроумна и секогаш пресметана потчинетост кон нечовечките, рафинирани, неприродни и измислени апетити. Приватната сопственост не знае како да ја измени грубата потреба во човечка потреба. Нејзиниот идеализам е фантазија, каприц и импулсивност.“ Тоа е суров но исправен начин да се опише современа Америка, каде што ние уживаме во неверојатен раскош а сепак сме мотивирани од постојана потреба да купуваме сè повеќе работи. Земете го предвид iPhone 5S кој можеби вие го поседувате. Дали навистина тој е подобар од iPhone 5 кој го имавте минатата година, или iPhone 4S пред две години? Дали тоа е реална потреба или измислена потреба? Додека кинеските семејства се разболуваат од канцер од нашиот електронски отпад, мегакорпорациите водат цели рекламни кампањи за идејата дека ние треба да уништиме совршено добри производи без причина. Ако Маркс можеше да го види овој феномен, тој ќе климнеше со глава во знак на препознавање[3].

theworld

3. ММФ (Глобализацијата на капитализмот)

Марксовите идеи за прекумерното производство го водеа да го предвиди она што сега се вика глобализација – ширење на капитализмот ширум планетата во потрага на нови пазари. „Потребата за постојано проширувачки пазар за своите производи ја гони буржоазијата ширум целата територија на планета“, напишал Маркс. „Таа мора удобно да се смести секаде, да се насели секаде, да воспостави врски секаде“. Иако ова сега може да изгледа како очигледен факт, Маркс ги напишал тие зборови во 1848 година, кога глобализацијата била над еден век далеку. И тој не е само во право за она што излезе да се случи во доцниот 20 век – тој е во право за тоа зошто тоа се случи: Неуморната потрага за нови пазари и евтин труд, како и бескрајна побарувачка за повеќе природни ресурси, се ѕверови кои бараат постојано хранење.

 7a034cf0-0f33-11de-ba10-0000779fd2ac

4. Валмарт (монопол)

Класичната теорија на економија претпостави дека конкуренцијата е природна и поради тоа самоодржувачка. Маркс, сепак, аргументирал дека пазарната сила всушност ќе биде централизирана во големи монополски фирми како што бизнисите сè повеќе се јадат меѓу себе. Ова би можело да ги зачуди неговите читатели во 19-ти век: Како што Ричард Хофштадер пишува: „Американците здраво за готово прифатија дека сопственоста ќе биде широко растурена, дека економската и политичката моќ ќе биде децентрализирана.“ Тоа беше само подоцна, во 20-от век, кога трендот кој Маркс го предвидел почна да се засилува. Денес, малите продавници се заменети од монолитните супермаркети како Валмарт, малите општински банки се заменети од глобални банки како Џ.П.Морган Чејз, а малите фармери се заменети од монополите како Арчер Даниелс Мидленд. Техничко-технолошкиот свет, исто така, веќе станува централизиран, со големи корпорации впивајќи ги трошоците за отпочнување на бизнисот колку што можат бргу…

karl_marx_was_a_lion_by_galgard-d4oydr2

5. Ниски плати, големи профити (Резервната армија на индустриски труд)

Маркс верувал дека платите ќе бидат намалени од „резервна армија на труд“, што тој го објаснил едноставно користејќи класични економски техники: Капиталистите сакаат да платат колку што е можно помалку за работната сила, а ова е најлесно да се направи кога има изобилие од невработени а работоспособни луѓе. Според тоа, после една рецесија, користејќи марксистичка анализа, ние би предвиделе дека високата невработеност ќе ги држи надниците во застој додека профитите ќе растат, бидејќи работниците се премногу исплашени од невработеноста за да ги напуштат своите ужасни, експлоатирачки работни места. Како што Вол Стрит Џурнал предупредува: „Подоцна, закрепнувањето на САД покажуваше одреден марксистички карактер. Корпорациските профити растураат, а растечката продуктивност им овозможи на компаниите да растат без да мораат да го намалат огромниот број на невработени.“ Тоа е бидејќи работниците се исплашени да ги напуштат своите работни места и поради тоа им недостига преговарачка моќ. Не изненадува тоа дека најдоброто време за правичен раст е за време на „целосна вработеност“, кога невработеноста е ниска и работниците можат да се закануваат дека ќе најдат друга работа.

Како заклучок:

Маркс погрешил за многу работи. {Г-дин Mcelwee не кажува кои се тие многу работи за кои Маркс не бил во право, и на овој начин ние треба да му веруваме на г-дин Mcelwee на тврдење без аргументи, а токму поради тоа никако не можеме да му веруваме и не мораме да му веруваме. – Заб. на Захов} Повеќето од неговите пишувања се фокусираат на критика на капитализам отколку на предлог за она што би го заменил капитализмот – што остави простор за погрешно толкување од безумници како Сталин во 20-от век. {Не може поради тоа што Маркс не дал предлог на замена за капитализмот да му се префрла нему вината за постапките на Сталин, прво, бидејќи Маркс немал активна улога во комунистичката партија на Советскиот Сојуз затоа што тој не живеел во 20 век туку во 19 век, второ, не е точно дека Маркс не дал своја алтернатива за капитализмот, бидејќи самата негова критика на политичката економија од „Капиталот“ е основа за изградба на новата политичко-економска формација, а доказ за тоа е што економската база на Советскиот Сојуз беше изградена токму на она што Маркс го критикуваше во својот магнум опус – категориите на политичката економија: државата како колективен капиталист, стоковно производство, рента, камата, наемно исплаќање на работниците во рубљи, даноци за политичката класа и воената елита итн. Вината за изопачувањето на Советскиот Сојуз од социјалистички рај во колективна капиталистичка касарна за советските работници единствено може да биде и е вина на советската авангарда која не ја проучила Марксовата критика на политичката економија, а за тоа доволно било да го студира „Капиталот“ – Заб. на Захов} Но, делото на Маркс исто така сè уште го образува нашиот свет на позитивен начин. Кога тој аргументирал за прогресивен данок на приход во Комунистичкиот манифест, ниту една држава имала. Сега, ретко која земја нема прогресивен данок на приход, а тоа е еден мал начин на кој САД се борат против доходовната нееднаквост. Марксовата морална критика на капитализмот и неговите длабоки проникнувања во внатрешното функционирање на капитализмот и историскиот контекст сè уште заслужуваат внимание. Како што Роберт Л. Хајлбронер пишува: „Ние се свртуваме кон Маркс, значи, не поради тоа што тој е непогрешлив, туку бидејќи тој е неизбежен“. Денес, во свет на претходно невидено акумулирано лично богатство и гадна сиромаштија, во кој најбогатите 85 луѓе имаат повеќе богатство од најсиромашните 3 милијарди луѓе, славниот крик „Работници од целиот свет, обединете се! Вие немате ништо да изгубите освен вашите синџири!“ мора да се стави на дневен ред за да ја загуби својата важност.


[1] Карл Маркс, Капиталот, том втори, Мисла, Скопје, 1975, стр. 363-64: „Чиста тавтологија е да се каже, дека кризите произлегуваат од недостиг на платежно способна потрошувачка или платежно способни потрошувачи. Инаков вид на потрошувачка, освен онаа што плаќа капиталистичкиот систем не познава, со исклучок на онаа sub forma pauperis (во форма на бедна потрошувачка) или онаа на „мангупите“. Кога стоките не може да се продаваат, не значи ништо друго освен, дека за нив не може да се најде платежно способни купувачи, значи потрошувачи (било тоа стоките во крајна инстанца да се купуваат за производната или за индивидуалната потрошувачка.) Но, ако се сака на оваа тавтологија да ѝ се даде вид на подлабока заснованост со тоа, што се вели, дека работничката класа добива еден премал дел од својот сопствен производ, и дека злото ќе биде само со тоа отстрането, штом таа ќе добие од него поголем дел, штом расте нејзината наемнина, при ова треба само да се забележи, дека кризите секојпат се подготвуваат токму во еден период во кој имаме општо кревање на наемнината и работничката класа реално добива поголем дел од годишниот производ определен за потрошувачка. Таков период – од гледната точка на овие рицари со здрав и „прост“ (!) човечки разум – би морал, напротив, да ја отстрани кризата. Според тоа, се чини дека капиталистичкото производство содржи во себе услови независно од добра или зла волја, кои само моментално го допуштаат оној релативен просперитет на работничката класа, и навистина секојпат само како буревесник на криза.“

[2] Michael Roberts, The dilemma of the mainstream, 2012: „Не е случајно што овој пораст на долгот, она што Маркс го нарекува фиктивен капитал, се совпаѓа со надолниот тренд на профитабилноста за поголемите капиталистички стопанства. Од средните 1990-ти, просечната профитна стапка во топ седумте капиталистички стопанства опадна за 5% до 2008 година (во почетокот на Големата рецесија) додека долгот на приватниот и јавниот сектор спрема БДП порасна преку 30%. Порастот на фиктивниот капитал ја криеше претстојната криза во капиталистичкото производство поради недостиг на профити сè до 2008.“

[3] Маркс-Енгелс, „Рани трудови“, стр. 238: „Секој човек шпекулира со тоа на другиот да му создаде нова потреба, за да го присили на нова жртва, за да го стави во нова зависност, за да го наведе на нов начин на уживање, а со тоа и во економска пропаст. Секој се обидува над другите да создаде туѓа суштинска сила, за со тоа да ја задоволи својата сопствена, егоистична потреба.“

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s