Во одбрана на културниот марксизам (интегрална верзија)

FreeArabsCulturalMarxism

Фејсбук страницата „Smash Cultural Marxism“ беше неодамна укината поради рапорти од корисниците на социјалната мрежа за ширење на биготизам кон одредени културни групи како муслимани, Евреи, африкански имигранти и други, но и за ширење на родов биготизам. Меѓутоа, администраторите на страницата како тврдоглави биготисти одново ја отворија без да извлечат поука дека големото мнозинство на луѓе, наместо сегрегација и дискриминација, одбрале да живеат во слободно општество во кое пред законот сите граѓани имаат еднакви права и обврски. Всушност, ние треба да извлечеме поука од нивното игнорирање на оваа поука, дека овие биготисти, односно администраторите на „Smash Cultural Marxism“, мора да бидат кривично гонети. Како добар пример што треба да се следи нека послужи случајот на лидерот на руските анти-геј екстремисти Максим Сергеевич Марцинкевич кој на 17 јануари оваа година беше уапсен и притворен од кубанските власти за време на неговиот престој во оваа земја. Па [sigh] ајде да ги разобличиме петте митови под единствен наслов „Како да препознаеш анти-белец“.

1521892_543579209082277_935057330_n

Првиот став е дека „ние, анти-белците“ негираме дека постои раса и соодветно различни раси. Точно. Расата не се состои од збир на биолошки факти, туку од збир на биокултурни факти. И бараме да се напушти еднаш засекогаш концептот на раса од страна на одредени „научници“ кои имаат расистичка агенда и со тоа научната област на проучување на човечката разновидност да ја вратат пред 150 години. Тоа не е напредок, тоа не е наука, туку анти-интелектуализам и шарлатанство. Во 1935 година, мотивирани од стапувањето на власт на нацистите и нивната расна политичка митологија, Џулијан Хаксли и Алфред Корт Хејдон ја објавиле книгата „Ние Европјаните“, првата обемна критика на расната „наука“. Големото мнозинство на антрополози пред многу време не расправаат за „вродени расни способности“. Според ова мнозинство, способностите зависат од животите, искуствата и очекувањата на тангираните луѓе. Во таа смисла, еден Арап или Зимбабвиец има поголеми очекувања во некоја развиена западна држава отколку во Мавританија или некоја субсахарска или јужно-африканска земја. Тоа што таа или друга западна држава е развиена тоа не зависи од местоположбата на државата (континентот), или од изгледот и темпераментот на Европејците туку од нивниот правен систем кој го осигурува социјалниот живот за да тие имаат различни искуства и очекувања од луѓето од други континенти. Ова е уште повеќе аргументирано со фактот дека во сама Европа постојат помалку и повеќе развиени држави макар што мнозинството на луѓе имаат бела кожа ширум целиот континент.

Тоа што Германија или Шведска се поразвиени економии од други национални економии на континентот е поради постарата традиција на овие две земји во правното осигурување на приватно-сопственички права кои го поттикнале и поддржувале нивниот економски просперитет (т.е. акумулацијата на капитал, а со овој процес и множењето на работничката класа и нејзиниот опозит – капиталистичката класа). Тоа што Русија (тогашен Советски Сојуз) од средината на 1960-тите години од селанска земја (чиј степен на развој бил споредлив со тој на Индија во 1922 год.) стана втора индустриска, технолошка и воена сила, не се должи на некое чудно, изненадно откритие на „расните способности“ на Русите наспроти другите народи, туку на бенефитите од практикуваното централно планско стопанисување, и колективизацијата како правна основа за овој брз економски развој, значајно побрз од тој на САД меѓу 1928 и 1975. Дури идеолошките опоненти на советскиот социјализам го признаваат овој факт.[1] Ако логиката на расистите е исправна, тогаш „вродените расни способности“ на белото население во Русија требало да ја претворат земјата во втора индустриска, технолошка и воена сила во светот многу порано од средината на 1960-тите години, уште во 19-ти век. Но, како што докажавме, тоа не било разултат на расата, туку на свесното централно планирање кое го преместило трудот од фарма во фабрика. Тоа била тајната/моторот на советскиот раст. Материјалните производствени сили. Овие материјални производствени сили кои ја претвориле Русија од селанска земја во втора индустриска, технолошка и воена сила во светот биле: 1) Концентрацијата на инвестициите во тешката индустрија за да бргу се зголеми индустрискиот капитал и да се обезбедат работни места во индустријата; 2) Колективизацијата на земјоделието за да се нахранат индустриските работници, да се обезбедат со суровини и да се извлечат од руралните средини (во прилог на потребата од колективизација на земјоделието отколку увоз на бели имигранти оди економската неминовност во Македонија од задругарство и окрупнување на земјоделските парцели) и 3) Планските цели и субвенционираните фирми да го водат производството и да осигурат целосна вработеност.

Доколку Руската револуција не избувнеше во 1917 година царството ќе останеше сиромашно низ дваесеттиот век и евентуално ќе беше проголтано од нацистичката машинерија која се потпираше на развиениот капитализам. Без Индустриската револуција од 1771 година и без Француската револуција од 1789 година, без парната машина и железниците (1829 год.), без тешката машинерија и челичарниците (1875 год.), без електричната енергија (1908 год.), западната цивилизација ќе останеше во феудалната мрачна доба на војни, суеверија и убиствени бацили и немаше белците да уживаат поквалитетни животи, повисоки очекувања и да имаат подобри искуства од црното население или Индијците. Расистите можат да ни реплицираат со прашањето зошто овој економски просперитет заедно со буржоаските револуции не се случиле во субсахарска Африка алудирајќи на „вродените расни способности“ кај белите Европјани и со тоа посочувајќи на недостигот на истите кај црното население во субсахарска Африка. Но, на ова реторичко прашање може да се одговори со неколку (а ги има мноштво) примери на Афро-Американци кои се прославиле со своето знаење и изуми и со кои придонеле за економскиот просперитет на САД. Неколку примери за афро-американски научници: Бенџамин Банекер (1731-1806), Ребека Кол (1846-1922), Едвард Буше (1852-1918), д-р Даниел Вилијамс (1856-1931), Џорџ Вашингтон Карвер (1865-1943), Чарлс Тарнер (1867-1923), Ернест Џаст (1883-1941), Арчибалд Александар (1888-1958), Роџерд Јанг (1889-1964), Перси Џулијан (1899-1975), д-р Чарлс Дру (1904-1950). Неколку примери за афро-американски инвентори: Томас Џенинг (1791-1859), Норбер Рилју (1806-1894), Бенџамин Бредли (1830-?), Елајџа Меккој (1844-1929), Левис Латимер (1848-1929), Гренвил Вудс (1856-1910), Мадам Вокер (1867-1919), Гарет Морган (1877-1963), Фредерик Џоунс (1892-1961), Дејвид Кроствејт (1898-1976).

Не расата, туку затекнатиот социјален живот, искуство и очекувања произведени од постоечката политичко-економска формација (капитализам) им овозможило на сите овие афро-американски инвентори да се појават на историската сцена на науката. Овој наш аргумент може да се искористи дури и против црните расисти.

Една друга расистичка страница „The White Resister“ објавува долга статија „100 факти за разлики меѓу човечки раси“ и таму како втор факт (првиот факт нема да го разгледуваме, тој е побиен во наредниот пасус како одговор на реторичкото прашање) се наведува дека „низ 6000 години регистрирана историја на човештвото, африканскиот црнец не измислил ништо. Ниту пишан јазик, ткаена облека, календар, плуг, пат, мост, железница, брод, мерен систем или дури тркало…“ Се разбира, ова е европоцентристичко гледиште и како такво не е објективно. Малкумина (а расистите воопшто) знаат дека пред 8000 години, луѓето во денешен Заир развиле свој нумерички систем, како и народот Јоруба од местоположбата на денешна Нигерија. Системот на Јоруба се засновал на 20 единици (наместо 10) и барал импресивно време на одземање за да се препознаат различни броеви. Академиците го пофалиле овој систем бидејќи тој барал многу апстрактно размислување (!). Структурата позната како Африканскиот Стоунхенџ во денешна Кенија (изграден околу 300 година пред наша доба) бил извонредно точен календар. Догоните од Мали собрале изобилие од детални астрономски опсервации. Догоните знаеле за прстените околу Сатурн, месечините на Јупитер, спиралната структура на Млечниот Пат и орбитата на ѕвездениот систем Сириус. Пред стотици години, тие ги нацртале орбитите во овој систем точно за 1990-та година. Тие знаеле дека овој систем содржел примарна ѕвезда и секундарна ѕвезда (сега наречена Sirius B) од неизмерна густина и невидливи со голо око. Многу успеси во металургијата и изработката на алатки биле направени ширум цела древна Африка. Овие успеси вклучуваат парни мотори, метални длета и пили, бакарни и железни алатки и оружја, клинци, лепило, јагленов челик и бронзени оружја и уметнички предмети. Успесите во Танзанија, Руанда и Уганда пред 1500-2000 години ги надминале оние на Европјаните кои следеле потоа и ги зачудиле Европјаните кога овие дознале за нив. На пример, танзаниските печки можеле да достигнат 1800°C што било од 200 до 400°C повисоки од тие на Римјаните. Различни африкански општества во минатото создале софистицирани градби. Во 12-от век имало стотици големи градови во Зимбабве и Мозамбик. Таму,  масовни камени комплекси биле осовини на градовите. Еден од овие градови имал 250 метри долг и 15 000 тони тежок заоблен гранитен ѕид. Градовите биле окарактеризирани со огромни налик замоците заградени простори со бројни соби за посебни задачи, како такви за ковање железо. Во 13-от век, империјата Мали била горда на импресивни градови, вклучително Тимбукту, со големи палати, џамии и универзитети. Многу медицински третмани кои ние ги применуваме денес биле практикувани од неколку древни народи ширум Африка. Пред инвазијата на Европјаните во Африка, медицината во местоположбата на денешен Египет, Нигерија и Јужна Африка (ова е само да се набројат неколку места како пример) била поразвиена од медицината во Европа. Некои од овие практики биле употребата на билки со салицилна киселина за болка (како кај аспиринот), каолинит за дијареја (како кај каопектатот) и екстракти за кои било потврдено во 20-от век дека ги убиваат грампозитивните бактерии. Други билки кои биле користени имале антиканцерогени особини, предизвикувале пометнување и лекувале од маларија и за нив е докажано дека биле ефективни колку многу денешни западни третмани. Покрај тоа, Африканците ги откриле уабајинот (отровен срцев гликозид чие име потекнува од сомалискиот збор waabaayo што значи „отровна стрела“), пиперката, есеринот и ресерпинот за контрола на високиот крвен притисок. Медицински операции изведувани во древна Африка пред истите да бидат изведени во Европа биле вакцинирање, аутопсија, истегнување на колено и местење на скршена коска, отстранување на куршум, операција на мозок, шиење на кожа, пополнување на забни празнини, вметнување на вештачки заби, она што денес е познато како царски рез, анестезија и каутеризација на ткиво. Покрај тоа, африканските култури изведувале хируршки зафати под антисептични услови кога овој концепт само што се појавувал во Европа. Повеќето од нас учат дека Европјани биле првите кои пловеле до Америка. Сепак, мноштво докази покажуваат дека древните Африканци допловиле до Јужна Америка и Азија стотици години пред Европјани. Многу древни општества во Африка граделе различни бродови, вклучително мали пловни објекти од трска, чамци и импозантни структури со многу кабини и ракотворби за готвење. Империите Мали и Сонгај изградиле бродови кои биле 30 метри долги и 4 метри широки кои можеле да превезуваат до 80 тони. Денешните научници ги реконструирале овие древни пловни објекти и успешно го завршиле прекуокеанското патување. Околу истиот временски период кога тие пловеле до Јужна Америка, 13-от век, овие древни народи исто така пловеле до Кина и назад, носејќи слонови како товар. Толку од „африканскиот црнец кој не измислил ништо“!

„Африканските црнци“ имале активна улога во првата и најголема цивилизација на човештвото – во Египет. Древен Египет бил граден, владеан и населен од Африканци со црна кожа, а за тоа постојат докази од физичката антропологија. Повеќето скелети и черепи на древните Египќани јасно покажуваат  дека тие биле црни луѓе („чистокрвни црнци“) со карактеристики многу слични на оние на денешните црни Нубијци и други народи од Горен Нил и Источна Африка. Тука се и доказите од крвни групи. Дури после стотици години на мешање со странски освојувачи, крвната група на денешните Египќани е истата група Б како населенијата од западна Африка на атланското крајбрежје а не групата А2 која е карактеристична за белците пред било какво вкрстување. Покрај овие докази од физичката антропологија, доказ е и тоа како Египќаните се гледале самите – како црни луѓе. Тие имале само еден термин да се опишат себе: КМ, што буквално значи „црни луѓе“. Терминот е колективна именка која го опишувала целиот народ на фараонски Египет како црни луѓе. Како дополнителен доказ, тука се спомениците и како древните Египќани се претставувале во својата уметност. Докази доаѓаат дури од Библијата: Хам синот на Ное бил таткото на црната раса. Како докази служат и сведоштвата на класичните грчки и римски историчари. Според Херодот, Египќаните биле „со црна кожа и волнеста коса“. Според Диодор Сикулски во првиот том „Стар Египет“ од својата 40 томна книга „Историска библиотека“ напишал дека Етиопјаните ги сметале Египќаните за своја колонија. Лукијан испитувал египетско момче и забележал дека не само што тој има црна кожа, туку и дека има дебели усни. Аполодорус го нарекол Египет „земја на црноногите“. Старогрчкиот поет Есхил напишал дека египетските морепловци (!) имале „црни колена“. За крај, доказите од анализата на ДНК на мумиите на Фараонот Тутанкамен и неговото семејство кои покажуваат дека нивните најблиски живи роднини се суб-сахарските Африканци, посебно оние од јужна Африка и регионот на африканските Големи Езера. Ист резултат дала анализата на ДНК на мумијата на Рамзес III.

Повеќе за митот на раса види:

„Митот за расата“, Алан Гудман.

„Зошто „расата“ е квази-наука?“, Герхард Адам.

„Дали е подобро да се биде мешана раса?“

Вториот став е дека „ние, анти-белците“ ги обвинуваме белците („кои не постојат“) за ропството/холокаустот. Aко според нас не постојат белците, како тогаш можеме да ги обвинуваме белците за ропството/холокаустот? Иако правото на поседување робови е јасно признато во Библијата, од Постанокот до Откровението (примери, Излез 21:2-4-7-8 и Послание до Тит 2:9-10), сепак  христијаните исто така го предводеа движењето за укинување на ропството. Затоа е нелогично и историски неисправно за ропството и холокаустот да се обвинуваат сите луѓе со бела кожа, а посебно оваа теза е проблематична во случајот на холокаустот, бидејќи од 11 милиони луѓе кои умреле во нацистичките екстерминациони логори повеќе од 5 милиони од нив биле Словени, значи луѓе со бела кожа. Евреите, Ромите и Словените, сите овие етнички групи, биле жртви на нацизмот и неговите претставници и идеолози, а не на белците. Тоа што национал(квази)социјалистичката партија се служела со убиства, терор, закани, уништување на опозицијата е јасна индикација дека Хитлер немал поддршка од апсолутно мнозинство. По која основа тогаш можеме да ги обвиниме белците за холокаустот? На 5 март 1933 година изборните резултати биле познати:

Национал-„социјалисти“ 17 277 000 43.9%
Социјал-демократи 7 182 000 18.3%
Комунистичка партија 4 848 000 12.3%
Центристичка партија 4 425 000 11.7%
Националистичка партија 3 137 000 3.8%

Резултатите им дале на нацистите 288 места во новиот Рајхстаг, кои заедно со нивните коалициски партнери, националистите, имале вкупно 340 места – мнозинство од 16 места – голем недостиг на дво-третинско мнозинство кое било потребно „законски“ да се измени уставот и да се воспостави тоталитарно владеење. Сепак, за нацистите ова не било проблем со оглед на тоа дека после спалувањето на Рајхстагот од страна на нацистите, КПГ била илегална а нејзините делегати во бегство или во затвор, а на социјалдемократските делегати едноставно им бил одбиен влез во Рајхстагот. Па, на 23 март Хитлер презентирал во Рајхстагот Акт кој му доделил вонредни овластувања, односно станал диктатор на Германија. Впрочем тоа е иронијата на демократијата без народ! Покрај ова, ако ја погледнете мапата на нацистичките кампови за екстерминација на Евреите, Ромите и Словените, ќе забележете дека сите тие се наоѓаат мошне надвор од територијата на Германија. Ова е направено со намера од нацистите кои знаеле дека холокаустот и крајното решение за еврејското прашање биле неприфатливи за обичниот германски народ.

campsmap

Не сите белци се виновни за ропството, освен оние кои профитирале од него. Експлоатацијата на луѓето со црна кожа за бесплатен труд го направила Југот на САД најбогатиот и политички најмоќниот регион во целата земја. Многу фирми на Вол Стрит како JPMorgan Chase, New York Life и сега банкротираната Lehman Brothers направиле цели богатства од инвестирањето во трговијата на робови која била најпрофитабилниот занает во 350 годишната историја на Њу Јорк. Капиталистичката класа на САД украла 100 трилиони долари за 222 505 049 часа на принуден труд помеѓу 1619 и 1865 година, со прилагодена камата од 6 проценти. Помеѓу 1761 и 1808 година, британските трговци довлечкале 1 428 000 Африканци низ Атлантикот и спечалиле 96 500 000 долари – околу 13 милијарди долари во денешна вредност – продавајќи ги како робови. Од 1500 до 1860 година, според најскромни проценки, околу 12 милиони Африканци биле продадени како робови во Америка. Овие зделки биле многу профитабилни. На пример, во 17-ти век, „Кралската африканска компанија“ можела да купи заробен Африканец со комерцијални артикли вредни 5 долари и да го продаде тој роб во Америка за 32 долари, правејќи просечен нето профит од 38 проценти на транспорт. Профитите од ропството биле искористени да се збогатат Ол Солс Колеџ, Оксфорд, со прекрасна библиотека, да се отворат бројни банки, меѓу нив Банк оф Лондон и Барклејс и за да се финансираат експериментите на Џејмс Ват, инвенторот на првата парна машина. Се разбира, и обичните Британци профитирале од трговијата на робови. Како првенствен катализатор за Индустриската револуција, прекуокеанската трговија на робови им овозможила на фабрикантите, кои се занимавале со текстил, железо, стакло и изработка на пушки, мегапазар во западна Африка каде нивните стоки биле тргувани за робови. Бирмингем имал преку 4000 производители на пушки, со 100 000 пушки на годишно ниво кои биле продавани на трговците на робови. Овој растеж на производството им создало многу работни места за обичниот народ во Британија кој покрај тоа што работел во фабрики можел да биде вработен да гради патишта и мостови, како и во ловџиство, рударство итн.

Третиот став е дека „ние, анти-белците“ повикуваме на геноцид преку имиграцијата плус принудна асимилација. Мултикултурализмот не е принудна асимилација според повеќето Австралијанци кои сметаат дека мултикултурализмот функционира добро со само случајни проблеми. Еден на 10 Австралијанци рекол дека мултикултурализмот функционира многу добро и ја прави Австралија она што е, додека над половина од анкетираните во 2013 година кажале дека тој функционира генерално сосема добро, предизвикувајќи само случајни проблеми. Една четвртина рекле дека мултикултурализмот генерално не функционира многу добро и дека изгледа создава повеќе проблеми отколку што носи бенефити. Тринаесет проценти рекле дека предизвикува многу култури прашања и проблеми. Според австралискиот експерт за имиграција на државниот универзитет д-р Џејмс Џап рекол дека во заедницата постојат расистички елементи, но дека тие се малку. Од 22 милиони луѓе во Австралија, околу 44 проценти биле родени или во странство или еден или двајца од родителите биле родени во странство. Извор.

Убав пример дека мултикултурализмот може да функционира дале британските муслимани во лондонската област Ист Енд одржувајќи божиќна забава за своите христијански соседи во 2012 година. Стотици станари ја отпочнале празничната сезона во мултикултурната област Ист Енд прославувајќи вера која не е нивна (ист случај со муслиманите од општина Дојран). Во 2011 година немуслимани организирале три забави по повод Рамазан Бајрам на кои се придружиле жители од сите вери и националности. Муслиманите одговориле на овие покани во 2013 година со божиќни прослави кога Асоцијацијата Дорсет Комјунити на Назрул Ислам во Вапинг одржала заеднички настан со Асоцијацијата Колумбија Тенантс на Бетнал Грин. Младата работничка Ангела Браун, која присуствувала на малата забава во Вапинг, изјавила: „200 деца со нивните семејства му се придружија на Дедо Мраз што го направи Божиќ за паметење“. Извор.

Don't tell me how to dress tell them not to rape

Друго лажно лице на геноцидот преку имиграцијата е наводната епидемија од силувања (па дури убиства!) од муслимани во Норвешка и Шведска. На 28 мај 2011 година, помалку од два месеци пред Брејвик да убие 69 луѓе на островот Отоја и 8 луѓе во Осло, озлогласениот исламофоб Памела Гелер – без кривично да одговара – објавила статија во која тврдела дека во Норвешка „сите силувања во изминатите 5 години се извршени од муслимански незападни имигранти“. Но, истражувањето на полицијата на Осло наоѓа дека повеќето силувања во Норвешка се извршени од мажи со норвешко и европско потекло. Она што е поважно, доказите на полицијата на Осло покажуваат дека не постои поврзаност меѓу етничката припадност, културата или религијата и склоноста да се извршува силувања или сексуални напади. Истражувањето на полицијата на Осло се состои од 88 страници под наслов „Силување во глобалното село“ (Voldtekt i den globale byen) и е напишано од Marianne Saetre и Veslemøy Grytdal. Важни делови од извештајот (страниците 51-56) се преведени на англиски. Според класификацијата на сексуалните напади, од 152 регистрирани случаи на силувања во полициската област на Осло во 2010 година, 6 случаи биле класифицирани од авторите на истражувањето како сексуални напади од „странци“. Според државјанството на силувачите, широкото мнозинство на силувачи во Норвешка се норвешки граѓани и три четвртини се европски граѓани. Истражувањето на полицијата на Осло на страница 52 констатира: „Мнозинството на регистрирани злосторници во случаи на регистрирани силувања во Осло во 2010 година имаат норвешко државјанство, како што беше случај во секое претходно истражување на случаи на силување. Во 2010 година 61.2% биле злосторници со норвешко државјанство, што е релативно стабилен процент споредено со материјалот од 2007 (60.3%). Релативно висок размер, 12.5%, од регистрираните злосторници се од други делови на Европа, и земени заедно скоро три четвртини од злосторниците во 2010 година имаат европско државјанство. За останатите, 10.5% се од Африка, 9.2% од Среден исток, 4.6% од Азија и 2% од Америка.Според етничката припадност, „Европјаните“ биле најголемата група на силувачи сочинувајќи повеќе од половина од случаите. 152-те силувања во 2010 година биле извршени од 131 осомничени лица. Истражувањето на полицијата на Осло констатира на страниците 53-54: „Сразмерот на злосторници од норвешко национално потекло е групата чие учество се зголемува најмногу, сочинувајќи 38.2% од злосторниците. Заедно со овој процент на злосторници од норвешко потекло размерот на злосторници со европско континентално потекло достигнува до вкупно 51.9%.“

Официјалната статистика на Шведска за убиства во 2012 година регистрирала 68 случаи, што претставува стапка на убиства од 0.71 на 100 000 луѓе за 2012 година, и е пониска стапка од сите сојузни држави на Америка, скоро секоја држава на цела планета и една од најниските стапки на убиства во историјата на Шведска. Какво разочарување за шведските расисти и нацисти и партијата на Шведските демократи, стапката на убиства во Шведска во 2012 година (со повеќе имиграција на муслимани) е дури пониска од таа која била во 2011 година. Линк до официјалната шведска криминалистичка статистика овде.

Во Шведска постои тенденција да се пријавува секој случај на сексуален напад одделно според новиот изменет закон од 2005 година. На пример, кога Швеѓанка оди во полиција и вели дека нејзиниот сопруг или нејзиниот вереник ја силувал скоро секој ден во текот на последната година, полицијата мора да го регистрира секој од овие случаи, што би можело да бидат повеќе од 300 случаи. Во многу други држави тоа би било само еден записник – една жртва, еден вид на кривичен прекршок – еден записник. Во 2009 година според Шведските демократи имало само 253 случаи на силување, што значи дека пријавената стапка на силувања во Шведска би била само околу 2.7 на 100 000 луѓе ако случаите на силувања се пријавуваат како една жртва – еден вид на кривичен прекршок – еден записник, што е повеќе од 94% пониска стапка отколку моменталната стапка која се појавува во статистиките.

Други факти кои треба да им се турат под нос на шведските нацисти и расисти и сопартијците на Џими Окесон:

1.Најлошиот силувач во Шведска бил бел Швеѓанец, Томас Квик, кој според неговите лични исповеди силувал и убил 30 луѓе;

2.Нов Зеланд го нема шведскиот бесмислен закон за случаи на силување, па регистрираната стапка на силувања е веројатно пореална од шведската, бидејќи во Нов Зеланд регистрирани се силувачи-убијци како Џејсон Френди, бел државјанин на Нов Зеланд кој силувал и убил турист;

3.Европските држави со највисоки стапки на убиства, Латвија, Литванија и Естонија ја имаат најмалата имиграција на небелци, најнискиот процент на муслимани во Европа и најфино белите Европјани.

1002244_397110080400806_1776664954_n

Не „културните марксисти“, туку капиталистичката класа има потреба од имигранти. Работните места се топат поради пад на стапката на раст на БДП, а ова поради пад на стапката на акумулација на капитал, а ова поради пад на стапката на профит, а ова поради судир меѓу тенденцијата за ширење на физичкото производство и оплодување на вредноста, а овој судир поради процесите на техничка иновација и стареењето на европското население. Вработувањето на имигрантите, според тоа, ја спасуваат економијата на Европа и САД, или во најмала рака, ја намалуваат тенденцијата на профитната стапка да опаѓа. ИМИГРАЦИЈАТА НЕ Е ПОЛИТИЧКО ПРАШАЊЕ ИЛИ ПРОБЛЕМ ТУКУ ТАА Е ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМ кој произлегува од противречностите на капиталистичкиот начин на производство.

„Растот на стапката на вработеност е под влијание на природната стапка на раст на населението, и миграцијата или од други држави или од предкапиталистички сектор на домашната економија. Земји со низок раст на население и политика на ограничена имиграција како Јапонија и Кореја се осудени на многу ниски стапки на профит. Земји како Египет или Јужна Африка со висока стапка на природен раст на населението можат да имаат висока стапка на профит. Земја, на пример САД, која увезува труд во голем размер може да има закрепнување на профитната стапка. Ова подразбира дека на светско ниво одлучувачкиот фактор за профитната стапка во текот на еден век е прогресот на положбата на жените и опсегот до кој тие можат да го ограничуваат бројот на своите семејства“, објаснува универзитетскиот професор по компјутерска наука и дипломиран економист Пол Кокшот во своите „Забелешки кон Каркеди и Думенил“. Извор.

При недостиг на релативна пренаселеност, капиталистите се принудени да ги снижуваат наемнините на работниците под нивните вредности како би ја сопреле тенденцијата кон паѓање на профитната норма која е резултат на овој недостиг на релативна пренаселеност. Недостигот на релативна пренаселеност во една држава е сериозен проблем на капиталистите да извлекуваат што повеќе вишок на вредност како би ја сопреле тенденцијата кон паѓање на профитната норма, бидејќи релативната пренаселеност дава маса на евтин труд кој ги одржува индустриите со низок органски состав на капитал и висока стапка на експлоатација и на тој начин ја креваат профитната норма. Тенденцијата кон паѓање на профитната норма поради недостиг на релативна пренаселеност е опасна и поради тоа што капиталистите се принудени да се задолжуваат кај банкарите и со фиктивен капитал да стопанисуваат со средствата за производство.

Дека стапката на профит опаѓа секогаш кога вработувањето не е во чекор со акумулацијата на капитал постојат емпириски докази. Типичен европски модел, опаѓачкиот раст на население го намалил профитот до 1980. Потоа повисоката имиграција и пониска акумулација ја зголемиле:

62483_10200697559792255_1687682202_n

Биготистите од „Smash Cultural Marxism“ никогаш нема да читаат официјални криминалистички статистики кои се објавуваат или да охрабруваат други да читаат па наместо тоа тие злоупотребуваат шпекулации, гласини или други бесмислици како „докази“. Тие не можат да го објаснат феноменот на миграцијата бидејќи се економски игноранти и за нив многу полесно е да шпекулираат и да го претстават како политичко прашање кое зависи само од волјата на политичките елити а не како системски проблем, тие и не го сакаат тоа, макар несвесни дека капитализмот ја произведува имиграцијата, бидејќи не сакаат да го менуваат системот, туку само неговиот нус-производ на имигранти, одејќи притоа против самиот палијатив на системот.


[1]It is important to note that the Five-Year Plan, whatever its failures, accomplished a major aim of Stalin and the Communist Party. At breakneck speed it literally built an industrial base for what grew after WWII into the second largest economy in the world — it even eventually outproduced the Nazi war machine — advanced technical modernization of the country and established a scientific and engineering foundation.“

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s