Гајо Петровиќ е малограѓански реафикатор

Гајо Петровиќ (Карловац, 12 март 1927 – Загреб, 13 јуни 1993) бил марксистички хуманист, еден од главните теоретичари на Праксис школата во бивша Југославија и единствен уредник на списанието „Праксис“ што беше на таа функција од основањето до замирањето на списанието.

Гајо Петровиќ (Карловац, 12 март 1927 – Загреб, 13 јуни 1993) бил марксистички хуманист, еден од главните теоретичари на Праксис школата во бивша Југославија и единствен уредник на списанието „Праксис“ што беше на таа функција од основањето до замирањето на списанието.

Гајо Петровиќ и воопшто југословенската општествена интелигенција биле неверојатни идиоти, а ако сугерирале погрешно при здрав разум, тогаш биле злосторници од прв степен, затоа што притоа ја скриле од работничката класаединствената научна вистина за општеството – Маркс-Енгелсовиот марксизам. Така, во предговорот кон томовите 19 и 20 од собраните дела на Маркс и Енгелс, кои го опфаќаат Марксовиот труд „Прилог кон критиката на политичката економија“ (1859) и „Основи на критиката на политичката економија“ (1857-1859), Гајо Петровиќ пишува:

„[Маrx] ujedno analizira i kritizira različite buržoaske i sitnoburžoaske teorije novca, a napose nerealne ideje o poboljšanju kapitalizma putem ukidanja novca.“

Напротив, Маркс (и Енгелс*) претпоставува укинување на парите со поопштествувањето на средствата за производство, бидејќи парите се последица на приватната сопственост. Маркс и Енгелс никогаш не умислувале да даваат предлози за подобрување на капитализмот преку нова распределба на општественото богатство, туку баш поради тоа што немале таква намера, тие предложиле укинување на парите со поопштествувањето на фабриките и земјата, за да му се нанесе смртоносен удар на капитализмот и со својот политичко-економски и културен живот да заврши во историски музеј. Така, во истиот том на кој Гајо Петровиќ дава предговор во кој погрешно сугерира дека Маркс ги анализирал и критикувал нереалните идеи за подобрување на капитализмот по пат на укинување на парите, Маркс сугерира укинување на капиталистичкиот начин на производство и соодветно на тоа неговите доходи (надница, профит, рента и камата). Парите имаат историски минлива улога, тие служат само за порамнување на аритметичката поделба која настанува од поделбата на трудот врз приватна сопственост на средствата за производство.

„Kao osnova proizvodnje pretpostavljena je zajednička proizvodnja, zajedništvo. Rad pojedinca je od samog početka postavljen kao društveni rad. Stoga, ma kakav bio poseban materijalni oblik proizvoda koji on stvara ili pomaže stvarati – ono što je on kupio svojim radom nije određeni posebni proizvod, nego određeni udio u zajedničkoj proizvodnji. On zato i ne mora razmjenjivati nikakav poseban proizvodNjegov proizvod nije razmijenska vrednost. Taj se proizvod ne mora tek pretvoriti u neki poseban oblik da bi primio opći karakter za pojedinca. Umjesto podjele rada, koja se nužno rađa kod razmjene razmjenskih vrijednosti, postojala bi organizacija rada koja bi imala za posljedicu učešće pojedinca u zajedničkoj potrošnji.“ (Karl Marx, Osnovi kritike političke ekonomije, str. 74, Karl Marx-Friedrich Engels Dela, Tom 19, Beograd, 1979, Institut za međunarodni radnički pokret, Prosveta izdavačka radna organizacija)

Маркс овде претпоставува само пазар на потрошувачки добра чија трудова вредност, во часови и минути, е отпечатенa на етикетата на секој посебен производ од заедничкото производство, производи кои работникот како потрошувач ги купува со својот труд измерен во работно-временски единици, часови и минути, со помош на трудови ваучери на кои е отпечатено просечното општествено работно време. Трудовите ваучери кои ги емитира една централна банка не циркулираат, тие се уништуваат после секое купување производи.

Да го парафразирам Маркс. Бидејќи цела економија се сведува на економизирање на времето и планска расподелба на работното време на различни гранки на производство, тогаш колку помалку време му треба на општеството да ги произведе производите, толку повеќе производи работниците можат да купуваат, оти вложената трудова вредност на секој производ е помала, односно потрошувачките добра ќе поевтинуваат. Во таа смисла, комунизмот како економија на време ќе му овозможува на работникот повеќе време за друго производство и соодветно потрошувачка, материјална или духовна. Само во таа смисла, комунизмот е распределба, не на општественото богатство, туку на времето заради задоволување на сите потреби на работничкото население, материјални или духовни. Исходот на овој прв економски закон на основа на заедничко, комунистичко производство, треба да биде сестрано развиена индивидуа.

Полскиот филозоф Лешек Колаковски, познат критичар на советскиот комунизам, истакнува дека наспроти тврдењата на Марксовите противници, Маркс не застапувал или замислувал изумирање на индивидуалноста или општа урамниловка заради „општото добро“.Тоа било во други социјалистички и комунистички утопии и програми (Томас Мор, Мабли, Морели, Бабеф и други), но не во Марксовата замисла. За Маркс социјализмот претставувал целосно ослободување на индивидуата од уништувањето на мрежата од мистификација која го претворила животот на заедницата во свет на отуѓување надледуван од отуѓена бирократија. Марксовиот идеал бил дека секој човек треба да биде целосно свесен за својот карактер како општествено битие, но исто така треба, поради самата оваа причина, да биде способен да ги развие своите лични таленти во сета нивна целост и разноличност. Никако не се работело за тоа индивидуалното битие да се сведе на општо битие, туку она што Маркс посакувал да види било заедница во која изворите на антагонизам меѓу индивидуите биле отстранети.

Во истиот том, на стр. 106, Маркс повторно сугерира укинување на паричните односи, овојпат поради тоа што парите и како циркулирачко средство се непродуктивни:

„Kao sredstvo razmjene, novac se pojavljuje kao neophodan posrednik između proizvodnje i potrošnje. U sistemu razvijenog novca, proizvodi se samo zato da bi se razmijenjivalo ili se proizvodi samo time što se razmjenjuje. Kad bi se novac ukinio, bili bismo, dakle, ili bačeni natrag na niži stupanj proizvodnje (kojem odgovara popratna trampa) ili bismozakoraknuli na viši stupanj, na kojem razmjenska vrednost nije više prvo određenje robe, jer se opći rad, čiji je ona predstavnik, ne bi više pojavljivao samo kao do zajedništva posredovani privatni rad.

Pitanje da li je novac kako opticajno sredstvo produktivan ili neproduktivan rješava se isto tako jednostavno. Prema Adamu Smithu novac je neproduktivan. A Ferrier npr. kaže:

»On stvara vrijednosti jer one bez njega ne bi postojale.« Treba proučavati »ne samo njegovu vrijednost kao metala, već isto tako i njegovo svojstvo kao novca.«

A. Smith je u pravu utoliko što novac nije oruđe neke posebne grane proizvodnje; Ferrier je u pravu, jer je jedan moment opće proizvodnje koja počiva na razmjenskoj vrijednosti i taj da se proizvod i agent proizvodnje postavljaju u određenju novca, a to određenje pretpostavlja novac različit od proizvoda; jer i sam odnos novca je odnos proizvodnje, ako se proizvodnja promatra u njenom totalitetu.“

—————————————————————————————

*Фридрих Енгелс, Анти-Диринг: „Со земањето на средствата за производство од страна на општеството, стоковното производство е отстрането, и, истовремено, господарството на стоките над производителите. …Тоа е скок на човештвото од царството на нужноста во царството на слободата“.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s