Сломот на албанскиот интелектуализам (во одговор на Артан Садику)

Hypocrite

Лекција за државност

Според албанскиот интелектуалец и активист Артан Садику во интервју за новинарот Миодраг Мишолиќ дадено во 2012 година ги обвинува македонските мас-медиуми дека биле пристрастни во својата осуда на Приштинскиот инцидент со палењето на државното знаме на Република Македонија.

„Сопствените се минимализираа“, вели Садику. Дали тој заборави дека во 1990-тите години покажувањето на знаме на Република Албанија беше кривичен прекршок и секое прекршување се казнуваше со 13 години затвор?

Тој лицемерно бара да се минимализираат „националистичките“ испади на македонскиот народ, меѓутоа состојбата со македонското прашање во Кутмичевица (Мала Преспа) кога ќе се реши, посебно сега кога со новата територијална поделба на општините албанската влада планира да го асимилира тамошното мнозинство од Македонци? И нека не се надеваат тамошните Македонци дека владата на РМ ќе им помогне да изнудат од Тирана ревизија на планираната асимилација, бидејќи истата влада на РМ не направи ревизија на територијалната организација од 2004 година со која сами си се асимилиравме во сопствената татковина.

Зарем може Рамковниот договор да биде „националистички испад“, или жртва од страна на македонскиот народ за малцинство кое никогаш не научи да ја почитува македонската државност? Како според Садику може криењето на државното знаме на Република Македонија да биде „оркестриран моментум на меѓуетнички тензии од страна на политичките елити“ кога ниту еден Албанец од локалната заедница на Тетово немаше државничко однесување за да го истакне државното знаме? Немаше таков. Ниту ќе има. Во декември 2000 година Тајванците им одржаа лекција за државничко однесување на албанските мештани![1]

Сè додека барем македонскиот народ не изгласа влада од вистински државници-народни трибуни. Таквиот Албанец не е кукавица. Тој е сепаратист. Македонската влада мора да ги тероризира таквите сепаратисти. Но, сепаратистите се вгнездија во самата влада. Значи, македонскиот народ има сепаратистичка влада. Македонскиот народ, според тоа, мора да интервенира на следните парламентарни избори и да избере пратеници од свои независни списоци кои ќе можат да состават влада која ќе ги елиминира тие сепаратисти. Се разбира, ако сакаат да ја спасат татковината од гангстерите на Велиу.

Порано, локалните Албанци ги криеја македонските државни знамиња, денес дрско ги палат (последен случај во октомври 2013 година во Гостивар). И Садику дрско ни вели дека ние Македонците ги минимализираме своите националистички испади? Ние напротив премногу жртвувавме од сувереноста на нашиот народ, не само што ги проширивме општествено-политичките права на албанското малцинство, туку имаме и терористи од тоа малцинство во редовите на власта, која ги амнестираше така што ги понижи македонските синови, денес неосигурени и сиромашни, како што го извалка и споменот за паднатите македонски херои во одбрана на татковината.

Демократија без народ – политичкиот идеал на Садику

Садику верува во „љубовта кон политиката“. И верува дека „љубовта кон политиката“ ќе му даде социјална правда и сигурност на народот, а не „љубовта за власт и профит“. Ова е лицемерен парадокс. „Љубовта кон политиката“ не може да ви даде социјална правда и сигурност. Правда и сигурност само за владејачката класа од професионални политичари како Фазли Велиу, Груевски и Заев. Напротив, производството на индустриските и земјоделските работници дава социјална правда и сигурност. Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје каде што Садику работи во таа смисла може да има љубов само за власт и доход. На работникот треба да му се повраќа од политика, а не да чувствува „љубов“ кон неа, бидејќи политиката го предаде во рацете на злосторници против човештвото и полтрони за власт.

За наводната историска неминовност на независноста на поранешната српска провинција Косово

Следи слом на интелектуализмот на Садику. Тој вели: „Независноста на Косово значеше затворање на историјата на распадот на Југославија.“ Меѓутоа, кој донесува глад? – Војската. Кој донесува чума? – Војската. Кој мечот? – Војската. Кој ја спречува трговијата? – Војската. Кој ги збунува сите? – Војската.[2]

Независноста на Косово беше „незапирлив процес“, а денес по независноста Албанците се засегнати од општата социјална пропаст. По интервенцијата на НАТО во 1999 година, Косово стана криминална метропола на Европа. Трговијата на сексуални робови цути. Провинцијата стана непроценливо транзитно место за дроги спрема Европа и Северна Америка. (Иронично, мнозинството од дрогите доаѓаат од друга држава „ослободена“ од НАТО, Авганистан.) Тогаш зошто војуваа Албанците за „незапирливиот процес“ на независноста на Косово? – Овци кои стојат како антички филозофи-стоици пред кланицата на својата буржоазија која ги поведе не кон независноста на поранешната српска провинција, туку да ѝ ја осигурат независноста на нејзиниот џеб во кој безгрижно ќе ја носи општествената моќ.

Нешто што се засновува на лаги и клевети, на злосторничка пропаганда, не може да биде историска неминовност, туку заговор да се измени историјата. Според таа пропаганда, безбедносните сили на Милошевиќ извршиле геноцид и најмалку 100 000 косовски Албанци биле масакрирани и закопани во масовни гробови ширум тогаш српската провинција. Сите знаеме што се случи потоа: НАТО јурна во акција и наспроти фактот што ниту една земја-членка на алијансата не беше загрозена, отпочна бомбардирање не само на Косово, туку и инфраструктурата и населението на Србија, без овластување со резолуција од ООН, и сето тоа во корист на целите на ОВК која ширум светот е обележана како терористичка организација и е познато дека добивала поддршка од ал-Каеда на Осама Бин Ладен. Една таква лага од оваа конспирациска пропаганда за измена на историјата на Србија беше кризата која избувна на 15 март 2004 година. Мас-медиумите објавија дека четири албански момчиња биле протерани во реката Ибар во Митровица од најмалку двајца Срби и едно куче (етничката припадност на кучето не била објавена). Три од овие момчиња се удавиле а едно побегнало на другата страна. Веднаш потоа илјадници Албанци се мобилизирале и собрале во областа на поделениот град. Ширум провинцијата отпочнале напади врз Србите со исход од 30 убиени и 600 ранети. Триесет српски православни цркви и манастири биле уништени, повеќе од 300 домови биле спалени до темел и шест српски села исчистени од нивните жители. Покрај тоа, 150 меѓународни мировници биле повредени. Меѓутоа, вистината е дека не се случил инцидент меѓу Србите, кучето и албанските момчиња. Портпаролот на НАТО Дерик Чапел на 16-ти март изјавил дека „дефинитивно не е точно“ дека момчињата биле протерани во реката од Срби. Чапел продолжил со својата изјава велејќи дека преживеаното момче им рекло на своите родители дека тие влегле во реката сами и дека тројца од неговите пријатели биле однесени од текот на реката. Покрај тоа Грегори Џонсон, командант на НАТО, изјавил дека судирите кои после наводниот инцидент настанале биле „оркестрирано и добро испланирано етничко чистење“ од ОВК. Тие Срби принудени да заминат им се придружиле на 200 000 бегалци кои беа исчистени од провинцијата после „хуманитарното“ бомбардирање на НАТО во 1999 година[3]. Според генерал-мајор Лувис МекКензи немало геноцид како што тврдел Западот, 100-те илјади наводно закопани во масовни гробови се покажаа дека биле околу 2000, од сите етнички групи, вклучително оние убиени во борбите за време на самата војна.

Лицемерието во антинационализмот на Садику

„Погрешна апстракција е да се смета, нацијата чиј начин на производство се базира на вредноста и која е капиталистички организирана, за организирана целина која работи само за национални потреби“, има речено германскиот општествен научник Карл Маркс. Ете во што се состои противречноста на антинационализмот на сите денешни левичарски опции. Сè додека работникот е поробен, никаква национална „сувереност“ и „рамноправност“ нема да му донесе подобрување на социјалната положба. Кога Славој Жижек како самодеклариран левичар е за прекројување на националните граници, зошто да не биде еден обичен Албанец, да не зборуваме за „татковците“ Велиу и Ахмети? Зошто пак да не биде еден таму Артан Садику од „македонската СИРИЗА“, Движењето „Солидарност“? На Жижек и Садику не им е јасно дека СФР Југославија ја растурија националистички ориентираните и организирани сили кои погрешно сметаа дека виновници за лошата економска состојба на поедини републики е доминацијата на другите нации. Националистите наметнаа погрешно решение на класните антагонизми со формирањето на „суверени“ и „независни“ национални држави.

Марксовиот цитат пак е докажан од животното искуство. „Педесетипетгодишниот Нагиб Дервиши од гостиварско Форино загинал на лице место откако автомобил го удрил додека возел велосипед. Полицијата соопштила дека го уапсила шеесетишестгодишниот Џемал И. кој претходно имал жестока расправија со загинатиот. Двајцата се расправале за поставување бандери на нива и се обиделе да се пресметаат физички додека биле во селото Чајле. Локалните жители успеале да ги разделат. Потоа Дервиши се качил на својот велосипед и тргнал кон домот во село Форино. Од истото село бил и неговиот единаесет години постар соперник Џемал. Тој со својот автомобил по пат го стигнал Дервиши и го удрил додека возел велосипед по патот. Потоа Џемал удрил во бетонски столб и во банкина на патот и без да застане продолжил дома во Форино. Удрениот Дервиши починал на лице место од тешките повреди. Полицијата го уапсила осомничениот Џемал И.“ (Канал 5 Телевизија). Со пазарното стопанисување се постигнува Хобсовото „Човек на човека е волк“, бидејќи во него „Брат убива брат за грст пари или за педа земја“. Кога нема љубов ни меѓу родени браќа, како може да има сожителство меѓу луѓе, кои се расно, национално, верски и класно разединети? Тоа протагонистите на денешниот „најдобар од сите можни добри системи“ не ги загрижува. За нив е важен профитот, а што стои зад него – тоа за нив не е важно. И како човек да не каже за такви општественици дека се или идиоти, или геноцидни злосторници штом бранат систем во кој „мајката на синот душман му раѓа“.

Садику доаѓа до „сознание“ дека само кај македонскиот народ постои тенденција да развие политичка свест на неонацизам

Во декември 2012 година, Садику заедно со својот колега од „македонската Сириза“ – Здравко Савески, објавуваат на англиски јазик „анализа“ насловена „Радикалната десница во Македонија“ во која тврдат:

„Неонацизмот во Македонија е присутен само во етничката македонска заедница и неонацисти се активни во неколку групи, повеќе или помалку поврзани меѓу себе. Повеќето индикации за нивното делување може да се најдат во градовите Битола и Скопје, но тие имаат мало јавно присуство, што го отежнува собирањето на информации за нивната организација и барања. Нивната главна јавна активност е сликање свастики и келтски крстови на јавни места. На неколку настани неодамна името на фудбалската „ултра“ поддржувачка група „Комити“ беше насликано до свастика. Кај ултра група од Битола присуство на луѓе со нео-нацистички погледи исто така беше забележано, што сугерира дека овие групи може да формираат база за ширење на неонацистички идеи. Покрај тоа, барем два или три пати од 2000 година еврејските гробишта беа осквернавени со анти-семитски слогани, а во август 2012 година неонацистите имаа успех да објават некролог по повод за 25-годишнината од смртта на Рудолф Хес во дневниот весник „Дневник“ и „Вест“, предизвикувајќи сосема негативна јавна реакција…“

На својата фејсбук страница „македонска Сириза“ (18.09.2013) по повод убиството на 34 годишниот Павлос Фисас, деклариран анти-фашист, кое го извршија членови на Златна Зора, објави: „Убиство од страна на неонацисти во Грција! УЖАС! Да береме ум и да не им дозволиме на македонските неонацисти да земат замав, после ќе биде далеку потешко! СТОП за неонацизмот, која и да е неговата етничка лушпа!!!“ Меѓутоа, „македонска Сириза“ никогаш јавно не се огради од искажаниот став на Садику и Савески дека „Неонацизмот во Македонија е присутен само во етничката македонска заедница…“, со оглед на тоа дека тие се членови на ова левичарско движење. Според тоа, овој антинационалистички повик на „македонска Сириза“ е лицемерен. Но, да се вратам на „анализата“ на Садику за „радикалната десница“ во Македонија.

7b7c65b244162b033142e657edf36baf240ad8a33c11da49b81fec21d6d2a8b5

Во почетокот на цитираниот пасус Садику „утврдува“ дека „неонацизмот во Македонија е присутен само во етничката македонска заедница…“ за да веднаш потоа го негира своето откритие дека македонските неонацисти „имаат мало јавно присуство, што го отежнува собирањето на информации за нивната организација и барања.“

Според Садику, „нивната главна јавна активност е сликање свастики и келтски крстови на јавни места“. Зарем таа нивна јавна активност може да се споредува со онаа на албанските социјалшовинисти кои ја пропагираат идејата за Голема Албанија преку емитување на албанските мас-медиуми песни со националистичка и националромантичарска содржина; или со именување на албанските новороденчиња чии имиња стимулираат националистичко чувство и поврзаност кон Република Албанија како Alban, Albana, Shqipë, Fljamur (Албанско знаме), Kustrim (повик), Ljiriduam (ние сакаме слобода) и „Црвен орел“; или со издигнување на споменик на балистот Џемо Хаса во Гостивар (во 2008 година во родното село Симница на Хаса му е подигнат споменик) и со преименување на улици и населени места на албански кои носат имиња на балисти во региони каде преовладуваат етнички Албанци; или со телевизиските канали на албански јазик на кои се прикажуваат карти и песни за голема Албанија? Садику никаде во својата „анализа“ не ги споменува случаите на албански социјалшовинисти кои испишуваа „Балисти Шкендија“ и „Синсе 1992 ултрас“ на партизански споменици. Тука не запира Садику со својата пристрасност, па иако вели дека „барем два или три пати од 2000 година еврејските гробишта беа осквернавени со анти-семитски слогани“, не сака да го признае клерофашизмот на албанските социјалшовинисти демонстриран преку бројните осквернавувања на православни и партизански гробишта во населени места каде преовладуваат етнички Албанци.

Садику стравува дека „овие групи може да формираат база за ширење на неонацистички идеи“, но не се плаши од фактот дека злосторниците против човештвото се на слобода, дека правдата за малтретираните работници од страна на Хисен Џемаили не е задоволена, дека на Даут Реџепи не му е судено за киднапираните Македонци како и на водството на ОНА под Али Ахмети? Садику е лицемер што не признава дека можноста за да тие групи формираат база за ширење на неонацистички идеи e последица токму на незадоволената правда за хашките случаи и на помилуваниот албански социјалшовинизам.


[1] Утрински весник, Лекција за државност, Сашо Чолаковски, петок 15 декември 2000: „Официјалните тајпејци, деновиве ни покажаа како резонираат цивилизирани луѓе. Амбасадорот Питер Ченг, заменик-министерот за надворешни работи, Дејвид Ли и други тајвански официози, донираа седум компјутери на Здружението на лекари, стоматолози и фармацевти – Албанци во Македонија. Гостите во Тетово ги прими наша, македонска екипа на високо официјално ниво, меѓу кои и вицепремиерот, Бедредин Ибраими и заменик-министерот за здравство Муарем Неџипи. И, види беља: на чинот на примопредавањето на компјутерите, Тајванците одбиваат да влезат во салата на Општинскиот совет. Образложение: го нема никаде македонското државно знаме! А, тоа, во Тетово, мора да признаете, тешко се наоѓа. Потрошувачката е голема, а производителите никако да надвјасаат. Па, затоа домаќините добар еден час се дадоа во потрага по жолтото стилизирано сонце на црвена основа. Работата е јасна: нема македонско знаме, нема ниту компјутери за лекарите – Албанци! Лекарите – Власи сигурно ќе протестираат заедно со лекарите Турци, ама за нив, компјутери ќе дојдат можеби во некоја друга пригода. Поентата, всушност, е што нашите пријатели од далечниот Тајван ни одржаа сериозна лекција по цивилизациско однесување и почитување на основните општествени норми: почитувај ја државата во која живееш и почитувај ги другите што не се како тебе. Само така можеш да очекуваш и државата и другите да те почитуваат тебе. Македонски знамиња во Тетово, да речеме, нема ниту на државни и национални празници, а камоли за една, па макар и висока, тајванска делегација. Тоа не е само локален тетовски проблем, туку тоа е сериозен проблем на централната власт: и на Љубчо Георгиевски, и на Арбен Џафери и на Ристо Гуштеров! Па, потоа виновни им биле некои кои тврдат дека државата не функционира на целата територија, за разграничувањата до и од Групчин… Секако, со „херојскиот чин“, сега има опасност Тајванците да ги прогласат за македонски националисти и уривачи на релаксираните меѓинационални односи!“

[2] Hugh Peter, A Word for Army and Two Words to the Kingdom, 1647.

[3] Lewis MacKenzie, We bombed the wrong side?, 2004.

Advertisements

2 thoughts on “Сломот на албанскиот интелектуализам (во одговор на Артан Садику)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s