Исус Христос vs. Жан-Пол Мара

Исус не ги разбира сиромашните како ќе му платат данок на царот (само идиоти можат да веруваат дека тој е Месија а не агент на Цезар да ги смирува по традиција бунтовните Евреи против римската власт!): „Вратете му го на Цезар она што е Цезарево, а на Господ она што е Господово“. (Матеј 22:15-22)

Мара ги разбира сиромашните и ги поттикнува да се бунтуваат против својата состојба: „Несреќникот без средства за живот има право да краде за да преживее.“ (L’Ami du peuple, бр. 328) или „Капиталистите, лихварите, монополистите, агентите на интриганство, поранешните господа во тоги, поранешните благородници, со неколку исклучоци, се кметови на стариот поредок. Тие се непријатели на народот. Не гледам ништо освен целосно уништување на ова проклето потомство што може да го обнови спокојството на народот. Грабежот на продавниците, на чии врати некои монополисти треба да висат обесени, би ставило крај на тие измамници поради кои пет милиони луѓе се сведени на очај, а илјадници погинаа од глад и беда.“ (L’Ami du peuple, 23.02.1793) или „Кога човек нема ништо, тој има право да им одземе на другите што имаат во изобилство. Наместо да гладува, тој има право да им го пресече гркланот и да го проголта нивното растреперено месо!“ (во Маратовиот проектиран Устав) или „Мојата крв клокоти во моите вени против таканаречените татковци на оваа земја, тие луѓе без чувства, без достоинство, кои великодушно им даваа милиони на браќата на кралот, опасни непријатели на татковината, сепак кои не им дадоа ни скршена пара на сиромашните на кои се‘ им припаѓа! Затоа вооружете се, претставете се во Народното собрание и барајте веднаш да ви се дадат средства за живот од националното богатство, кое многу поправилно припаѓа на вас отколку на оние крвопијци на државата, вие морате од ваша страна да преземете секоја мерка која е потребна бидејќи стопати е подобро целото кралство да биде превртено на подобро отколку десет милиони луѓе да бидат принудени на смрт од глад.“ (L’Ami du Peuple, бр. 306)

Исус го одобрува ропството и не ги сака бунтовните робови: „Робовите, кои се подјармени, да ги сметаат своите господари достојни за секаква почест, за да не се хули Божјото име и науката. А оние кои имаат верни господари, да не ги презираат, затоа што се браќа, туку да им служат подобро, зашто оние кои се ползуваат од нивните услуги се верни и возљубени браќа! Така поучувај и проповедај! Ако некој поучува поинаку, тој е надуен и не знае ништо, туку боледува од желба за распрашувања и препирки од кои произлегуваат: зависта, расправиите, хулењата, лукавите сомневања, празни препирки меѓу луѓето со изопачен ум…“ (Прво послание до Тимотеј, 6:1:2:3:4:5)

Мара го негира ропството и ги повикува подјармените да се бунтуваат: „Угнетениот има право да убива за да ја отстрани тиранијата и најразумната работа е да се масакрира еден тиран со сите негови политички приврзаници.“ (L’Ami du Peuple, Ibid.)

Исус бара послушници на власта бидејќи секоја власт е дадена од Господ: „Секоја душа нека им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога, а оние кои се поставени, од Бог се поставени. Затоа, оној кој ‘и се противставува на власта, ‘и се противставува на Божјата уредба; а оние што се противставуваат, ќе ја примат својата осуда. Власта е во служба на Бог за твое добро.“ (Посланието на Павле до Римјаните, 13-то поглавје)

Мара ја негира оправданоста за постоење на власта и ги повикува обесправените да ја срушат: „Вечна вистина е важноста да се убедат луѓето дека најсмртоносниот непријател од кои луѓето треба да се плашат е владата. ВЛАДАТА Е НАЈСМРТОНОСНИОТ НЕПРИЈАТЕЛ НА НАРОДОТ.“ (L’Ami du peuple, бр. 28) или „Откорнете им ги јазиците на сите свештеници кои проповедаат слугување!“ (L’Ami du Peuple, бр. 305) или „Ако вие не присилите поништување на бесрамните декрети, ако вие не се вратите на 14 јули 1789, готово е со вас засекогаш. Поткупените шкрабала се бунат против убиства, па јас ве советувам да ги спречите чудовиштата кои сакаат да ве заколат. Пред една година петсто до шесто пресечени глави ќе ве направеа слободни и среќни засекогаш. Денес, за тоа ќе треба да кутнете дваесет илјади глави, можеби за неколку месеци вие ќе кутнете сто илјади глави, и вие ќе направите прекрасна работа, бидејќи за вас нема воопшто мир сè додека не го истребите последниот подмладок, непомирливите непријатели на татковината.“ (L’Ami du Peuple, бр. 313)

ElGrecoChrist

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s