До Здравко Савески: Зошто Исус бил „радикален пацифист“

ssafd

Здравко Савески не знае зошто Исус бил радикален пацифист затоа што не ја познава политичката и религиозната клима на Јудеја во првиот век од Новата ера – ерата за време на која христијанството се појавило. Јудеја била окупирана од Римската Империја, која барала од нив да го обожуваат Цезар како бог. Евреите го сметале ова за богохулење и поради тоа воделе постојани востанија против Империјата. Нивните религиозни свети писма пророчиле дека воин-Месија ќе ги порази Римјаните и ќе ги предводи Евреите кон ослободување. Мноштво на луѓе (како Симон бар Кохба во Третата војна меѓу Евреите и Римјаните) се претставиле како Месии да го водат народот во војна против Рим, но само за да на крајот бидат поразени и распнати на крст, што било вообичаена римска казна за бунтовниците во тоа време. Сепак, Римската власт сè повеќе слабеела над еден век од сè покорупциското владеење на династијата на Јулијевци-Клаудијевци, чиј последен император од оваа лоза бил Нерон, кој ја банкротирал Империјата со своето препуштање на задоволства. Во нивната најголема победа, месијанските Евреи конечно успеале да го запалат Рим и да ги протераат Римјаните од Јудеја. Ова го предизвикало Нерон да повика помош од своите најдобри воини, Флавијевците (Веспазијан и неговиот син Тит Веспазијан) да го задушат востанието засекогаш. Флавијевците успеале не само да ги уништат еврејските градови во Галилеја и нивниот храм во Ерусалим, но откако Нерон бил отстранет и извршил самоубиство, тие го презеле тронот преку воен удар и владееле со Римската Империја. Под Флавијевците, Империјата напредувала и биле изградени многу големи споменици, меѓу нив познатиот Колосеум. За да го пацифицираат еврејското востание, тие ги зеле и запалиле сите свети писма на Евреите. Тоа е времето кога се појавило ново писмо со приказната за многу различен еврејски Месија, тој кој проповедал „вратете му го на Цезар она што е Цезарево“, „сврти го другиот образ“ и „сакај го твојот непријател“.

За разлика од оваа (инсталирана од римската власт) политичка кукавица, францускиот револуционер и научник Жан-Пол Мара бил безочно дрзок кон властите: „Не им дадоа ни скршена пара на сиромашните на кои сè им припаѓа! Затоа вооружете се, претставете се во Народното собрание и барајте веднаш да ви се дадат средства за живот од националното богатство, кое многу поправилно припаѓа на вас отколку на оние крвопијци на државата“. (L’Ami du Peuple, бр. 306) Покрај тоа, Исус ја прекршува заповедта на Јахве од Стариот Завет, кога лажниот месија вели: „Вратете му го на Цезар она што е Цезарево, а на Господ она што е Господово“. (Матеј 22:15-22) Јахве пак во Стариот Завет заповедува: „Земјата не е ваша, таа е моја – а вие сте гости кај мене”. Тогаш, како Исус се дрзнува да заповедува да му се врати на Господ она што е Господово кога во исто време заповедува да му се врати на Цезар она што е Цезарево, имајќи предвид дека земјата е на Господ? Кој е сега лицемер, Исус или фарисеите кои добро ја познавале заповедта на Јахве? Исус морал да одговори како политичка курва за да избегне осуда од римските власти чиј нивен агент бил, но со тоа отишол против волјата на Јахве. Нема ништо бунтовничко или левичарско во овие Исусови повици освен лицемерно морализирање заради поддршка на римската превласт и власта на имотните: „А кога Исус го чу тоа, му рече: „Уште едно не ти достига: продај сè што имаш, и раздај го на бедните и ќе имаш сокровиште на небесата! Тогаш, дојди и следи Ме!” „Кога го чу тоа се нажали мошне, зашто беше многу богат. А кога Исус го виде таков, рече: „Колку тешко ќе влезат во Божјото Царство, оние, кои имаат богатство. Полесно и е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богат да влезе во Божјото Царство.”

Во тоа се состои и лицемерието на Исусовиот „радикален пацифизам“ – заради мирнодобска превласт на Римјаните над по природа бунтовните Евреи. Оттука и пацифистичкиот став на Чавез, световниот идол на Савески, кон венецуелската буржоазија кој се бори против неа во рамки на парламентаризам, приватна сопственост над средствата за производство и мас-медиуми во посед на истата буржоазија за да по само десет години на пацифистичка револуција, т.н. Боливарска револуција, венецуелското стопанство стана покапиталистичко.[1] Историјата со Париската комуна од 1871, Руската граѓанска војна 1918-1921 (кога војски на 14-четиринаесет капиталистички држави ја нападнаа младата Советска република), Корејската војна, Културната револуција и со други примери, покажа дека буржоазијата не разбира друг јазик освен јазикот на насилството – диктатура на пролетаријатот, масовни егзекуции, експропријации, присилни реквизиции и други револуционерни методи.

Како се појавило тоа ново писмо со приказната за „радикалниот пацифист“ Исус? Постојат документи кои ги оставиле Флавијевците а кои го докажуваат нивното авторство на Евангелијата. Проучувачите на Библијата ги разобличуваат Евангелијата и карактерот на Исус, покажувајќи дека тие се засноваат на архетипи најдени во древни пагански мистични школи и во раната еврејска литература. Многу од учењата на христијанството потекнуваат од написите на Филон Александриски, кој го комбинирал еврејското свето писмо со грчките пагански верувања, како и со стоицизмот, филозофија промовирана од Флавијевците. Кога Флавијевците ја презеле контролата над Римската Империја, тие морале да го озаконат своето владеење, па му дале задача на својот еврејски дворски историчар Јосиф Флавије да напише обемна книга која станала единствената официјална историја која ние ја имаме за Римско-Еврејската војна. Библискиот проучувач Џозеф Етвил забележал многу паралели меѓу ова историско објаснување на војната и настаните во животот на Исус во Евангелијата. Преку неговото проучување на древните грчки текстови и неговото откритие на застарен жанр на еврејска литература, тој пронашол десетина паралели меѓу приказната за Исус и воената историја која се случила во точно ист редослед. Ова покажува дека настаните од Исусовиот живот кои наводно се случиле четириесет години порано, всушност сите тие зависеле од настаните во воената кампања на римскиот цезар Тит Веспазијан. Древните текстови биле многу поалегорични, повеќеслојни и сложени отколку денешните написи и кога ние ги читаме Евангелијата и историските книги на Јосиф Флавије во исто време, се појавува нова порака која открива дека авторите на Евангелијата се Флавијевците, нивните соучесници во овој заговор за пацифицирање на бунтовните Евреи и нивниот литерарен тим.

Покрај ова, библиските проучувачи покажуваат како римскиот императорски култ – воспоставен за да се обожува Цезар како бог – ја поставил основата за Римската католичка црква, и дека некои од првите светци на Црквата биле членови на благородничкиот круг на Флавијевците. Политичкото искористување на религијата сè уште влијае на нашите лични животи денес – во насока на одржување на експлоатацискиот поредок и задушување на бунтовничкиот дух на експлоатираните. Ајде да го отфрлиме лажниот месија Исус, тој полтрон на римската власт, и да ги прифатиме идеите на класен фундаментализам кој ги проповедал поранешниот католички свештеник Жак Ру. Тој во почетокот на 1793 година бил официјален претставник за егзекуцијата на Луј XVI. Знаејќи дека Ру бил свештеник, Луј се обидел да изнуди духовна помош, но бил одбиен. „Јас сум овде само за да те водам кон губилиштето“, одговорил студено Ру.


[1] Хајнц Дитерих, Нема и ниту ќе има социјализам во Венецуела: „На 21 јуни 2009, поранешниот министер за рударство, Виктор Алварез, откако ги анализира „официјалните бројки“ на бруто домашниот производ (БДП) на Венецуела, заклучи дека „по десет години на револуција“, стопанството „стана покапиталистичко“. „Всушност, придонесот на јавниот сектор опадна од 34.8% во 1998 на 29.1% во 2008“, рече поранешниот претседател на CVG и државната Банка за надворешна трговија Bancoex. На 14 декември 2010, поранешниот министер истакна дека „како што венецуелското стопанство станува покапиталистичко така експлоатацијата на работниците се интензивира. Во 1998 година трудот изнесуваше 39.7% од новата додадена вредност, над 36.2% од износот на капиталот. Десет години подоцна, неговиот дел опадна на 31.69% додека тој на капиталистите порасна на 49.18%“.

One thought on “До Здравко Савески: Зошто Исус бил „радикален пацифист“

Leave a comment