Исус не те сака ако си сиромашен и бунтовен роб

Jezus-verboden

Исус не те сака ако си сиромашен

А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот, се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцено миро, и го изли врз главата  Негова, кога Он седеше на трпезата. И штом го видоа тоа учениците Негови, се расрдија и рекоа: Какво е тоа растурање? Оти тоа миро можеше да се продаде многу скапо и парите да се разделат на сиромаси.” Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело за Мене; оти сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш. (Матеј 26:6-1)

Ние веруваме дека Исус бил вечен а сепак изгледа тој претпочитал земски добра за себе наместо да им помогне на сиромашните, бидејќи тие ќе бидат со нас секогаш.

Зошто тој не ја укинал сиромаштијата точно тогаш и таму? Покрај тоа, христијаните ја посочуваат оваа случка за да ја покажат љубовта на Исус за жените. Навистина?

Исус не те сака ако ти си роб и се бунтуваш против својот господар

А оној слуга, кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен. (Лука 12:47)

Затоа царството небесно прилега на цар, кој побарал да ја расчисти сметката со своите слуги. Кога почна да ја расчистува сметката, доведоа при него еден што му должеше десет илјади таланти; па, бидејќи немаше со што да плати, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и сè што имаше, за да наплати. (Матеј 18:23-25)

Исус го простува ропството и вели дека Јахве (Господ) е како робовладетел кој ги тепа своите робови и продава семејства за да отплатат долгови. Иако овде е употребен зборот „слуга“ наместо роб, јасно е дека „слугата“ е роб бидејќи тој и жена му можат да бидат продадени. Каде е љубовта на Исус?

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s