Венецуелската левица во одбрана на Сириската револуција

Revolution-Syria-2

Oвој став за Сирија беше даден од Венецуелската револуционерна организација Marea Socialista („Социјалистичка плима“) на 8 септември 2013 год. Активна уште од почетокот во Чавистичкото движење и Боливарскиот процес, Marea Socialista е движење организирано во PSUV (Обединетата социјалистичка партија на Венецуела), основана од Уго Чавез. Тоа застапува продлабочување на народниот процес во Венецуела и мобилизира против бирократизацијата на овој процес. Во овој поглед, интересно е да се знае неговата анализа и неговата позиција во поглед на настаните во Сирија. Неговиот повик за да интернационалната и демократска радикална левица се сослуша на координиран начин е исто така важен.

Сирија: Поглавје на Арапската револуција

Избувнувањето на првите народни протести во Сирија во март 2011 година го следеше, со своите необичности, моделот и целите на востанијата во Тунис и Египет. Мобилизациите на народот кои беа преобразени во масовни востанија со барања за слобода, општествена правда и достоинство.

Тогаш, широк бран на она што беше наречено Арапска пролет опфати неколку земји во регионот: Јемен, Мароко, Бахреин, Либија, покрај двете земји веќе споменати, Тунис и Египет. Никој не се осмелуваше тогаш да зборува, во случајот на Сирија, за странска интервенција, освен за учеството на Русија, која уште од почетокот даваше воена поддршка за режимот во Дамаск. По еден месец на протести, репресијата започната од сириската влада веќе остави црн биланс од 3000 смртни случаи меѓу протестирачите.

Полулегалната опозиција, толерирана од владата на Асадовиот клан, непромислено се зафати да му помага и заедно со режимот измислија релативна и манипулативна политика на отворање, вметната во нов устав составен така што да му даде на режимот демократска фасада. Ова не ја спречи сè повеќе суровата и несразмерна репресија, која напластуваше стотици жртви секоја седмица, ниту пак ги прекина протестите кои се обликуваа и растеа по бројност и борбеност. Како што настаните се развиваа, дури таканаречените реформи, одобрени од оваа плашлива опозиција, беа оценети како непотребни од Асад, со циничниот аргумент дека сирискиот народ не ги побарал.

Злосторничката интервенција на НАТО во Либија, бруталната апсорпција на револуционерниот процес во Јемен, козметичките реформи во Мароко, уништувањето на бунтот во Бахреин од силите од Саудиска Арабија, суровото интензивирање на насилството во Сирија, државниот удар во Египет, сето ова не стави прекин на бранот на бунтови кои го соборија Бен Али и Мубарак, и не го „стабилизира“ регионот.

Сосема спротивно: за неколку месеци, овој процес го ликвидира стариот статус кво напорно изграден од Соединетите Американски Држави во регионот со нивните западни сојузници, Израел и кралствата и диктатурите кои го владеаа регионот во текот на изминатите пеесет години. Статус кво кој беше, од неговиот почеток, поддржуван од СССР, кој повеќе не постои. Статус кво кој прво беше разнишан од Иранската револуција против шахот и кој Џорџ Буш се обиде да го обнови со окупацијата на Ирак, која сега е очигледен неуспех. Меѓу јануари и јуни 2011, во едвај шест месеци, оваа шаховска табла, несигурна но поддржувана со децении од САД за да ја осигураат својата контрола над регион кој е стратешки поради неговите природни ресурси и неговата географска положба, исчезна.

Ова е системот во кој Сириската револуција стана граѓанска војна, или вооружен конфликт, и потоа стана терен на трагична интервенција од глобални и регионални сили. На прво место, и од почетокот на Револуцијата, имаше поддршка во оружје и опрема давана од Русија за сириската влада која беше наводно „легитимна“ во очите на „меѓународниот закон“, но го покажуваше во текот на последните триесет години, за оние кои имале очи да видат, својот карактер на крвав режим. Оттогаш, спиралата на ужасот беше довршена со сегашната закана на САД за масовно уништување.

Нетипична граѓанска војна

Граѓанската војна во САД во доцниот деветнаесетти век, таа во Русија после Болшевичката револуција и Шпанската граѓанска војна меѓу републиканци и националисти, да споменеме само неколку примери, беа карактеризирани на двете страни од релативно концентрирани политички и воено командни центри. Ова не е случај со бунтовничкиот табор во граѓанската војна во Сирија.

Еволуцијата на Сириската револуција го следеше „моделот“ на Арапската пролет: масовни мобилизации кои се проширија на останатиот дел од земјата од градовите каде што востанието започна. Мирољубивата природа на демонстрациите беше бранета од локалните координациски комитети сè додека репресијата не премина од употреба на снајпери и убиства на улица до непосредна интервенција на вооружените сили на режимот, делувајќи како окупациска војска во својата земја и користејќи ги сите оружја кои една од најдобро опремените војски во регионот ги имаат на располагање. Мирољубивите протести беа потиснати од вооружената одбрана на народот, кој се обиде и сè уште се обидува да дава отпор во земјата. Но, оваа вооружена одбрана е атомизирана, локална и крајно одбранбена.

Одбивањето на првите масакри предизвика дезертирања од вооружените сили на режимот и во Турција беше воспоставен воен центар на Слободната сириска армија (ССА), кој почна да се обидува да организира одбранбена сила на револуцијата. Но, бригадите на ССА кои делуваат во земјата го прават ова врз основа на локални стандарди и потреби, без да одговараат на општ план и единствена команда, што освен тоа, навистина не постои.

Без единствен национален центар на востанието во земјата, со политичко водство во странство парализирано од несовладливи политички и тактички разлики, со свои воени сили кои делуваат без поврзаност и без централна контрола; една таква ситуација беше благонаклонета кон интервенцијата на секташки и екстремистички странски милиции кои одговараат на оние кои ги финансираат и ги вооружуваат, и водат политичка и идеолошка борба која одговара само на нивните лични интереси. Овие такфири екстремистички сили, финансирани од Катар и Саудиска Арабија, точно како милициите поврзани со Ал Каеда, делуваат во интерес на овие кралства и се обидуваат да ја насочат војната по нивна волја, но нивните цели и сфаќања се отфрлени од сирискиот народ.

Според тоа, без да може да изграде обединето политичко водство или единствена воена команда, револуционерниот сириски народ беше вовлечен да ја замени мирољубивата природа на своето востание за вооружена одбрана на револуцијата за да се спротивстави на суровоста на режимот. Многу повеќе од конвенционална граѓанска војна, ние сме соочени со вооружена одбрана на револуција нападната на свиреп начин од сета деструктивна сила на државниот апарат.

Ниe отфрламе империјалистичка интервенција бидејќи таа оди против револуцијата

Наспроти она што Асад го тврди, главната цел на воената интервенција планирана од САД не е соборувањето на сирискиот режим. Обама вели дека неговата цел е да води казнена акција против Дамаск, но ние не можеме навистина да веруваме во тоа. Наместо тоа, падот на Асад би можел да биде оценет од империјализмот како колатерална штета ако тоа се случи како резултат на негова воена интервенција.

Главната грижа на овој стар и ослабен империјализам, сè уште доминантен во светот, е неизвесноста која влијае на овој регион и учеството на голем број на сили кои имаат свои интереси: Русија, Кина, Иран, Израел, Хезболах, Саудиска Арабија, Ал Каеда итн. Според северно-американската логика, ниту една од овие сили, со исклучок на Израел, не треба да се наметнува на другите, ризикувајќи да ја предизвика американската светска доминација.

Од друга страна, како главна контрареволуционерна сила, САД не можат да дозволат да се развие процесот на регионално востание. Поради оваа причина САД ја оправдуваат и ја третираат на пријателски начин владата која резултираше од воениот удар во Египет, ги поддржуваат разновидните струи на политички ислам кои се потчинети на капиталот, како во случајот на Тунис или претходно, на Морси во Египет. Тие ја олеснија репресијата во Јемен и ја охрабрија Саудиска Арабија да интервенира воено во Бахреин.

Сигурно е дека не е тоа наводниот „анти-империјализам“ на диктатурата во Дамаск што го загрижува Обама. Ниту тоа е лажниот социјализам на државната партија која владее со Сирија, земја во која, пред конфликтот, 40 проценти од населението живееше под границата на сиромаштија. Ниту тоа е план за постепена доминација на регионот. Напротив, тоа е убеденоста дека проширувањето на востанието кое отпочна во Тунис во доцната 2010 година, и кое се прошири во овој историски нестабилен регион од светот, може да стави крај на марионетските тоталитарни режими кои ги угнетуваат овие народи и да води кон сомневање во самото постоење на злосторничката држава Израел.

Ова е причината поради која ние ги поддржуваме овие народи и овој револуционерен процес, по кој Обама исто така сака да удри со својата интервенција против востаничкиот, јуначки, пожртвуван сириски народ, и ова е причината поради која ние одлучно отфрламе империјалистичка интервенција.

Погрешната аргументација на другарите кои го поддржуваат Башар ал-Асад

За другарите кои го гледаат само крвавиот империјализам на САД, светот е нешто едноставно и предвидливо и историјата се повторува како бескрајно тркало. Тие ја гледаат меѓународната стварност како црно-бела фотографија меѓу на една страна намерите, надежите и политиките на Обама – или било кој американски претседател – и остатокот од човештвото на друга страна. Изгледа дека тие сè уште не дознале за смртта на СССР и крајот на Студената војна, или обновата на капитализмот во Русија и Кина, или глобалната криза која избувна во 2007 година и е најсериозната криза во последните сто години. Тие ги затвораат своите очи пред еден процес на регионално востание кое траеше две ипол години. И кога тие зборуваат за него, го опишуваат како план прецизно составен од САД, кои тие ги претставуваат како сезнајни и семоќни, според тоа мразејќи ги народните бунтови.

Аргументите на овие сектори се потпираат темелно на негирањето на факти и стварноста. За нив, не постои реална граѓанска војна во Сирија, но тие објавуваат во изобилство фотографии на „бунтовници кои убиваат сириски војници“. Немало употреба на хемиско оружје, но во исто време тие тврдат дека „само бунтовниците го употребиле“. Тие ги карактеризираат како идентични странските фундаменталистички бригади и сили кои ги угнетуваат и делуваат против целите на Револуцијата, и бунтовниот сириски народ, според тоа оправдувајќи ја Асадовата репресија против овој народ.

Тие велат дека ако не го браниме Асад, ние сме неопходно во таборот на империјалистичката интервенција. Тие тврдат дека нема масовен сектор на сирискиот народ кој го отфрла режимот и како доказ за ова, тие велат дека Асад сè уште е на власт. Но, тие го превидуваат фактот дека режимот се одржува извршувајќи масакр против сиромашно вооружен народ и уништувајќи многу од земјата.

Тие не зборуваат за бројките изнесени од телата на ООН како што е УНХЦР, која пресметува дека бројот на жртви изнесува повеќе од 100 000 мртви, два милиони бегалци и пола милион ранети. Но, тие бараат ООН да го објави извештајот на своите инспектори за хемиско оружје и да најде политичко решение за конфликтот. Конфликт чија природа, покрај тоа, тие ја негираат.

А оние кои немаат проблем да ја негираат диктаторската природа на режимот на оваа наследна република, ја оправдуваат нејзината одбрана во името на „помалото зло“.

Овој вештачки и заговорнички поглед на историјата е во исто време нетолерантен со оние кои, макар во таборот на опозицијата спрема империјалистичка интервенција, размислуваат различно и не прифаќаат да го бранат кланот на Асад. И кога нивните аргументи недостигаат, тие го трошат своето време дискредитирајќи, изнесувајќи неосновани обвинувања против оние кои имаат различни мислења.

Автори: Карлос Карсионе, Сталин Перез, Хуан Гарсиа, Зулеика Матаморос, Гонзало Гомес, Александар Марин

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s