Итен повик за помош на сириските деца

logo

Дали ќе им помогнете на сириските деца да ја преживеат оваа зима?

Скоро 3 години исполнети со конфликт и немир ја предизвикаа една од најлошите хуманитарни катастрофи во современата историја. Над 10 милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош и скоро 5 милиони се раселени во Сирија, кои едвај преживуваат во бедни услови, во прибежишта без прозорци, врати и електрична струја. Бидејќи според временските прогнози ова би можело да биде најлошата зима во 100 години, Сиријците се ужаснуваат од помислата дека зимата доаѓа. Треба да го претекнеме студот подготвувајќи ги Сиријците да се соочат со својата трета зима откако почна конфликтот и поради тоа треба да ја дадеме својата великодушна поддршка да обезбедиме прекривки за десетици илјади оваа зима.

Донирајќи 10 фунти или 12 евра обезбедувате едно волнено ќебе за да одржува едно лице во топлина оваа зима.

Донирајќи 50 фунти или 60 евра обезбедувате волнени ќебиња за да одржуваат цело семејство во топлина.

Донирајќи 200 фунти или 237 евра обезбедувате цел зимски пакет со волнени ќебиња и печка за да одржуваат семејство во топлина.

Страдалничкиот сириски народ не може да чека. Кликнете овде за да донирате и прочитате други начини да донирате.

Дали можете да замислите да живеете во овие услови? Колку долго можете да преживеете? Дали би сакале да ви помогне некој? Слика од бегалскиот камп Арсал во Либан. Ако сакате да им помогнете на Сиријците оваа зима, тогаш ве молиме бидете великодушни и донирајте заради нив и спасете животи.

Дали можете да замислите да живеете во овие услови? Колку долго можете да преживеете? Дали би сакале да ви помогне некој? Слика од бегалскиот камп Арсал во Либан. Ако сакате да им помогнете на Сиријците оваа зима, тогаш ве молиме бидете великодушни и донирајте заради нив и спасете животи.

1521389_669636423075438_1114431429_n

1497594_668714153167665_624462674_n

1469948_667961116576302_1744873938_n

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s