Страдањето на обоените луѓе под владеењето на Нелсон Мандела

Смртта на Нелсон Мандела нè потсетува на големата победа која црниот народ на Јужна Африка ја оствари над порочниот, суров и назаден апартхејдски систем прво охрабруван од британскиот империјализам и потоа усвоен од реакционерната и расистичка бела јужно-африканска владејачка класа за да ги сочува привилегиите на тесното малцинство. Мандела помина 27 години во затвор и народот кој тој го претставуваше се водеше долга и тешка битка за да го собори гротескниот режим, поддржан од големите империјалистички сили, вклучително САД, со децении.

Наспроти напорите на британските конзервативци, особено под владеењето на Маргарет Тачер, освојувачот на сите реакционери ширум светот, и другите империјалистички лидери, јужно-африканскиот режим на крајот падна на колена од жртвите на милиони црни Јужно-Африканци: работничките сили во рудниците; децата во училиштата и луѓето во квартовите. Тие беа поддржани од солидарните акции на работниците и луѓето во големите земји преку бојкоти, штрајкови и политички кампањи. Тоа беше голем пораз за реакционерните сили во Британија и Америка.

Но, моментот на завршетокот на апартхејдот беше исто така поради промена на однесувањето од страна на белата владејачка класа во Јужна Африка и владејачките класи на големите капиталистички држави. Без емоции се одлучи Мандела повеќе да не биде сметан за „терорист“ и се дојде до признание дека црн претседател бил неминовен и дури неопходен. Зошто? Капиталистичкото стопанство на Јужна Африка беше на колена. Тоа не беше само поради бојкотот, но и бидејќи продуктивноста на црниот труд во рудниците и фабриките опаднала. Квалитетот на инвестициите во индустријата и расположливоста на инвестиции од странство остро опаднале. Ова било изразено во профитабилноста на капиталот која достигнала послевоена депресија во глобалната рецесија од раните 1980-ти години. И за разлика од другите капиталистички стопанства, Јужна Африка не можеше да најде начин да го заобиколи тоа преку експлоатација на работната сила.

Владејачката класа мораше да ја промени стратегијата. Белото лидерство под Фредерик Вилем де Клерк ја измени претходната политика водена со децении и избра да го ослободи Мандела и поддржи влада со црно мнозинство која би можела да ја обнови дисциплината на трудот и да ја оживее профитабилноста. Заради неговите заслуги, Де Клерк ја доби Нобеловата награда за мир заедно со Мандела, кој стана претседател на возраст од 76! А профитабилноста навистина порасна драматично под првата влада на Мандела како што стапката на експлоатација на работната сила се дигна до небо.

Порастот на профитабилноста се намали во раните 2000-ти години кога органскиот состав на капиталот[1] остро порасна преку зголемената механизација макар што имаше додатен пораст на стапката на експлоатација. Јужно-африканската индустрија сега е во тешкотија, невработеноста и криминалот остануваат на глобални високи нивоа, а растот на стопанството тоне.

Јужна Африка под Мандела и подоцна Табо Мбеки имаше одредено подобрување во навистина ужасниот животен стандард на црното мнозинство, во здравствената заштита, станувањето, снабедоноста со електрична струја, образованието итн., што стави крај на суровата и самоволна контрола на движењето и нееднаквоста на апартхејдскиот режим. Но, Јужна Африка сè уште ја има највисоката нееднаквост на доходи во светот и нееднаквоста никогаш не била повисока откако црните капиталисти им се придружија на белите во стопанисувањето. Наспроти својата декларирана социјалистичка идеологија, Африканскиот национален конгрес никогаш не отпочна да го заменува капиталистичкиот начин на производство со заедничка сопственост, не дури над рудниците или индустриите на ресурси.

Како што Организацијата за економска соработка и развој (OECD) го изрази тоа во својот извештај за доходовната нееднаквост во стопанствата во развој:

„На една крајна страна, силниот раст на производството во текот на изминатата деценија одеше рака за рака со опаѓачката доходовна нееднаквост во Бразил и Индонезија. На друга крајна страна, четири земји (Кина, Индија, Руската Федерација и Јужна Африка) забележаа неверојатни порасти на нивоата на нееднаквост во текот на истиот период, макар што нивните стопанства исто така силно се ширеа.“

Малото главно богато бело малцинство остана мошне непогодено од завршувањето на апартхејдското владеење. Повторно, како што OECD го изрази тоа:

„Ова е особено сериозен предизвик за Јужна Африка, каде што географските поделби одразуваат нееднаквост помеѓу расите. Иако реалниот доход растеше за сите групи откако апартхејдот падна, многу Африканци сè уште живеат во сиромаштија. Според секое мерило на сиромаштија, Африканците се многу посиромашни од јужно-африканските мулати, кои се многу посиромашни од Индијците/Азијците, самите посиромашни од белите.“

И сега богатите белци се придружени од богатите црни луѓе кои ги доминираат бизнисите и вршат одлучувачко влијание врз црното лидерство на владејачката партија Африканскиот национален конгрес. Африканскиот национален конгрес ги изразува острите поделби меѓу мнозинството од црни луѓе кои припаѓаат на работничката класа и малата црна владејачка класа која се создаде по падот на апартхејдот. Овие пукнатини избувнуваат многу често но сепак без решавачки раскин (како што неодамна ние бевме сведоци на пукањето во рударите кои штрајкуваа од страна на полицијата под команда на црна влада). Наследството на Мандела беше крајот на апартхејдот. Борбата за еднаквост и подобар живот продолжува со следните генерации на неговиот народ.

Aвтор: Мајкл Робертс

Извор


[1] Органскиот состав на капиталот претставува односот на вредноста на променливиот капитал кон постојаниот капитал кој однос е одреден од сразмерот на масата на постојан капитал кон масата на променлив капитал, отколку од други фактори. Постојаниот капитал е делот од капиталот кој е претворен во средства за производство (суровини и алатки на труд) и кој не подлежи на квантитативна измена на вредноста во производството. Променливиот капитал е делот од капиталот кој е преобразен во работна сила и кој како последица на тоа подлежи на квантитативно зголемување на својата вредност во производството.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s