Горењето на приносите на храна за да се произведат биогорива е злосторство против човештвото

Лидерите на ЕУ мораат да гласаат против политика во прилог на биогоривата која ја зголемува светската глад и предизвикува еколошки пустош

Горењето на стотици милиони тони на основна храна за да се произведе биогорива е злосторство против човештвото. Почнувајќи од 2007 година, владите на ЕУ и САД им дадоа великодушна поддршка на агрокапиталистите да ги полнат автомобилските резервоари на гориво со храна – присилни цели, и даночно олеснување и субвенции вредни милијарди годишно. А резултатот? Зголемена глад, ограбување на земја, уништување на животната средина и на крајот, стотици илјади изгубени животи.

Следниот месец Дејвид Камерон и другите лидери на ЕУ имаат можност да интервенираат за да го спречат овој идиотизам кога тие ќе гласаат во Брисел за иднината на политиката на биогорива. Имајќи предвид дека на секои пет секунди едно дете под 10 години умира од глад и болести поради глад, тие мораат да гласаат против политиката на биогорива.

Иронично е што биогоривата сè уште се промовирани од одредени мултинационални корпорации како еколошка одржлива алтернатива на фосилните горива. Малкумина, освен оние кои непосредно профитираат од политиките на биогорива како 10%-тната цел на ЕУ за транспорт на обновлива енергија, веруваат дека има било какви еколошки или општествени добивки. Стварноста е само една друга форма на безобѕирна експлоатација на ресурсите. Произведувањето на еден литар биогориво, на пример, бара 2500 литри вода.

Политиките на ЕУ кои промовираат биогорива, почнувајќи од 2008 година, ги одвратија жетвите од прехранбените пазари по барање на моќните агрокапиталисти, во нивната потера по личен профит. Оваа употреба на големи количества на жетва на храна и стоки за прилично мали количества на транспортно гориво имаше три катастрофални последици.

Првата е зголемување на светскиот глад. Скоро сите биогорива користени во Европа се направени од жетви, како пченица, соја, палмово масло, семе од репка и пченка, кои се суштински извори на храна за брзо ширење на глобалното население. Европа сега гори доволно калории на храна во резервоарите на гориво секоја година за да нахрани 100 милиони луѓе.

Покрај тоа, се очекува дека цените на виталните прехранбени продукти како зејтинот ќе пораснат до 20%, растителното масло до 36%, а пченката за 22% до 2020 година поради целите на ЕУ за биогоривата. За сиромашните жители ширум светот, кои имаат многу малку пари со кои треба да купат храна, ова претставува катастрофа.

Втората последица е масовна нова побарувачка за земјиште, што ги уништува ситните земјопоседници како и мештаните. Земјишните шпекулатори, хеџ фондовите и агроенергетските компании имаа во преден план глобално освојување на земја што истера стотици илјади ситни земјопоседници од нивните обработливи површини и им ги одзеде нивните приходи за живот и резерви на вода. Пречесто ширум светот, но посебно во Африка, Азија и Јужна Америка, монополизацијата на земја од страна на корпорациите кои произведуваат биогорива е придружена со насилство: жртвите се малите земјоделци и нивните семејства.

Третата последица е опустошување на животната средина. Побарувачката за дополнителна земја за да се излезе во пресрет со плановите на ЕУ околу биогоривата значи проширување на земјиштето за жетва, што ќе резултира со исечени шуми, разнесени тресети и изорани прерии. Доказите се сè повеќе јасни дека добивките од повеќето биогорива за климатската промена се занемарливи или никакви.

Преку употребата на вештачко ѓубре, расчистување на земјиштето, уништување шума и преместување на други жетви, повеќето биогорива на ЕУ, иако субвенционирани за таа цел, не ги намалуваат емисиите на јаглерод, туку испуштаат милиони дополнителни тони јаглерод диоксид во атмосферата. Потрошувачката на фосилни горива мора бргу да се намали, но решенијата лежат во намалувањето на енергетската потрошувачка, јавниот транспорт и алтернативните извори на чиста енергија, а не земја за производство на биогорива со толку многу штетни последици.

Време е да се стави крај на ова лудило околу биогоривата, што им овозможува на неколку транснационални корпорации да прават големи профити додека предизвикуваат пустош по животната средина и убиваат милиони беспомошни жртви (900 милиони луѓе страдаат од глад и лоша исхрана и 6 милиони деца секоја година ширум светот умираат поради глад и причини поврзани со гладта). На 12-ти декември, кога лидерите на ЕУ ќе гласаат, тие мораат веднаш да ги поништат целите и поддршката за биогорива кои се натпреваруваат со храната. Неуспехот да гласаат така, би ги направил лидерите на ЕУ соучесници во злосторство против човештвото.

Жан Циглер беше специјален известувач на Обединетите Нации за правото на храна меѓу 2000-2008, а сега е член на советодавниот комитет на советот за човекови права при Обединетите Нации. Тој е автор на книгата „Betting on Famine: Why the World Still Goes Hungry“ и коавтор на „Le Livre Noire du Capitalisme“.

Жан Циглер беше специјален известувач на Обединетите Нации за правото на храна меѓу 2000-2008, а сега е член на советодавниот комитет на советот за човекови права при Обединетите Нации. Тој е автор на книгата „Betting on Famine: Why the World Still Goes Hungry“ и коавтор на „Le Livre Noire du Capitalisme“.

Извор

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s