Во одбрана на Сириската Револуција од Мара, пријател на сирискиот народ

Единствените канибали се силите на Асад кои ја блокираат доставката на лекарства, храна, вода и струја до предградијата на Дамаск, како западна Гоута и Моадамија, и градот Хомс, само затоа што тие се под контрола на славниот сириски народ. Не му беше доволно на Махер ал Асад што ги отру со сарин. Опсадата на градот Хомс беснее во текот на повеќе од 500 дена! Жителите мораат да јадат сега мачки и кучиња кои ги наоѓаат на улица. Тие имаат бедна диета: маслинки, нане, лозови лисја и смокви. Многу деца умреле од глад. Сите нивни случаи се евидентирани. Ах, Асад, ти си еден пеколен ѕвер кој чекори по земјата ! Војниците на народот не требале да го убијат овој лав туку требале да го сочуваат за да го нахранат со срцата на тиранот, жена му и децата.

Откако јадеа мачки и кучиња, жителите на Гоута јадат лав од зоолошка градина поради сериозноста на опсадата.

Откако јадеа мачки и кучиња, жителите на Гоута јадат лав од зоолошка градина поради сериозноста на опсадата.

Опсаднатиот град Хомс вклучува 430 семејства од кои 47% деца под 12 години со повеќе од 32 новороденчиња меѓу нив, 22% жени, 16% стари лица и 15% мажи. Жителите на Гоута, Хомс, Моадамија, Дараа и други кои живеат под опсада во текот на повеќе од година и четири месеци страдаат од сериозна хуманитарна неволја со целосен недостиг на основни прехранбени продукти (брашно, ориз, шеќер, млеко за новороденчиња, лекови, медицинска опрема, серуми итн.). Прекинувањето на водоводот од почетокот на опсадата ги присили жителите да користат бунари кои содржат загадена вода во старите куќи. Тоа довело до ширење на болести, посебно жолтица која досега предизвикала три смртни случаи. Освен прекинувањето на водоводот, режимските сили ја прекинале и електричната струја од почетокот на опсадата. На пример, 14-те опсаднати соседства на Хомс имаат само 5 електрогенератори кои работат на нафта, но резервите се потрошиле пред четири месеци. Поради тоа, жителите ги вклучуваат генераторите на само еден или два часа во денот. Поради опасадата во време на зима луѓето сечат дрвја за огрев и готвење. Поради целосниот недостиг на бебешко млеко дошло до четири смртни случаи. Мајките често се принудени да мешат булгар со шеќер за да ги хранат своите деца. Што се однесува до медицинската ситуација, во опсаднатите соседства на Хомс, има три импровизирани болници со многу едноставна опрема. Им недостигаат многу медицински залихи кои се многу основни. Па единствените 3 доктори во сите соседства работат на многу примитивни начини во телемедицината и стерилизацијата за сите повредени луѓе и пациенти кои надминале 490 случаи а меѓу нив 82 случаи се во многу критична состојба и им требаат итни хируршки зафати.

Махатма Ганди: „Сиромаштијата е најлошата форма на насилство“. Во 2010, една година пред почетокот на Сириската револуција, 61 процент од работниците заработувале помалку од 190 долари месечно.

Махатма Ганди: „Сиромаштијата е најлошата форма на насилство“. Во 2010, една година пред почетокот на Сириската револуција, 61 процент од работниците заработувале помалку од 190 долари месечно.

Единствениот предавник, тоа е Башар ал-Асад. Неговиот татко Хафез ал-Асад штом стапи на власт одново ја допушти приватната сопственост во Сирија. Што е тоа, ако не предавство спрема сирискиот народ, сириските работници и сириската работничка класа? Неговиот син отпочна неолиберални реформи во 2008 година кога земјата беше погодена од сериозна суша. Што се овие неолиберални реформи ако не предавство кон сирискиот народ, сириските работници и сириската работничка класа? Во 2000 година, Башар го приватизира државното земјиште и со тоа допушти да се случи нерационална обработка на земјата. Приватизацијата на земјиштето предизвика исцрпување на ресурсите на вода. Погледнете го истиот случај во сојузната американска држава Ајова. Што е оваа приватизација на земјата ако не предавство кон сирискиот народ и сириската работничка класа? Владата на тиранинот Асад ги укина контролите над изнајмувањето на станови. Тоа им отежна на работниците да добијат свои домови по пристапна цена. Што е ова укинување на контролите над изнајмувањето на станови ако не предавство кон сириските работници? Во 2010 година, една година пред почетокот на Сириската револуција, 61 процент од работниците заработувале помалку од 190 долари месечно. Владата на тиранинот спроведе други неолиберални реформи како намалувања на данокот на приход за корпорациите, што го зголемија богатството за богатите а бедата за сиромашните. Што е ова намалување на данокот на приход ако не предавство кон сириските работници и сириската работничка класа? Според тоа, единствените предавници се Асад и оние околу него кои му даваат поддршка.

„Угнетениот има право да убива за да ја отстрани тиранијата и дека најразумната работа е да се масакрира еден тиран со сите негови политички приврзаници“ ~ Jean Paul Marat, L'Ami du peuple, бр. 328.

„Угнетениот има право да убива за да ја отстрани тиранијата и најразумната работа е да се масакрира еден тиран со сите негови политички приврзаници“ ~ Jean Paul Marat, L’Ami du peuple, бр. 328.

Неплатените агенти и несвесните вагабонди на Асадовиот режим би можеле да ги наречат овие работници „незадоволни луѓе“: „Незадоволни? Тоа постои во секоја земја ширум цел свет“. За нив, сосема е разумно и праведно да им се одземе земјата на работниците, да се допушти приватна сопственост над средствата за производство, да им се укинат можностите на работниците да купуваат своите домови по пристапни цени, да се намали данокот на приход за богатите и со тоа да се намалат социјалните услуги за сиромашното сириско мнозинство, а потем да не се двоумат да ги наречат работниците „незадоволни луѓе“! По ѓаволите со нивната логика! Асадовиот режим се одржува врз полуидиоти како нив. Но, која е непосредната причина за избувнувањето на Сириската револуција, покрај горенаброените индиректни општествени причини?

Револуцијата отпочна кога режимот притвори 7 деца (на возраст меѓу 11 и 13 години) и ги измачуваше откорнувајќи им ги ноктите на прстите и тепајќи ги ѕверски по нивните лица  само поради тоа што тие напишале на ѕидот на едно училиште во градот Дараa: „БАШАР, ВРЕМЕ Е ДА СИ ЗАМИНЕШ“.

Хамза Али Ал-Катееб бил еден од седумте мартири. Хамза Али Ал-Катееб (арапски: حمزة علي الخطيب) беше 13 годишно сириско момче родено во 1997 година, а убиено на 25 мај 2011 година во притвор од страна на сирискиот режим во Дараа за време на фазата на граѓанско востание од Сириската граѓанска војна. На 29 април 2011, Хамза бил задржан од властите за време на еден протест. На 25 мај 2011, неговото тело било врачено на неговото семејство, но многу помодрено, со белези од изгореници, три рани од куршуми и осакатени гениталии. Семејството на Хамза ги доставило фотографиите и видеата од неговото тело до новинарите и активистите. Вџашени од доказите, илјадници луѓе преку онлајн и улични протести демонстрирале во поддршка за Хамза.

Сликите на Хамзаовиот лик станале симбол на борбата во Сирија за општествени промени.

Сликите на Хамзаовиот лик станале симбол на борбата во Сирија за општествени промени.

Не постои разумен човек кој би ги оправдувал делата на вахабистите и нивната идеологија. Вистината е дека корените на овој вахабизам во Сирија биле засадени од самиот Асад. Во ТВ интервју овој тиран изјавил (17.04.2013):

„Во Сирија почнувајќи од 1970 година до денес биле изградени 18 000 џамии и 220 исламиски школи за изучување на шеријатот…“

Од 1970 година до денес во Сирија биле изградени само 4 едукациски центри. Бројот на кината опаднал од 840 до 25. Бројот на театри опаднал од 220 до 15. Владата на семејството Асад забранила илјадници книги вклучително сите дела на Ричард Докинс. Владата го има ослободено мастермајндот на бомбардирањето што се случи на 07.07.2005 година во Лондон: ал-Каеда терористот Абу Мусаб Ал-Сури. Асад исто така е одговорен за религиозниот екстремизам во Сирија. Значи, ајде потсетете не‘ уште еднаш, вие лажни партизани на секуларноста и прикриени вахабисти, кој е одговорен за религиозниот екстремизам во Сирија?

Слободната сириска армија не е ционистичка инсталација како што овие неплатени агенти и несвесни вагабонди на режимот обвинуваат без ниту еден доказ.

Слободната сириска армија не е Ал-Нусра или Исламската република на Ирак и Левант. Слободната сириска армија е во отворен судир со вахабистите. Слободната сириска армија јавно ја обвини Ал-Нусра и другите за религиозно секташтво и за одложување на победата над режимот на Асад.

Слободната сириска армија е составена од 150 000 дезертери од владината сириска армија за да не ги убиваат своите браќа и сестри, своите деца, својата нација. Повеќето од нив се доктори, учители, инжинери, фармери и студенти, меѓу нив и премиерот Хиџаб и врховни воени командири како Мунаф Тлас (Асадовиот најдобар пријател и син на поранешниот министер за одбрана). Бројот на присутни џихадисти е помалку од 0.1% од населението. Има околу 7500 борци кои припаѓаат на Џабат ал-Нусра во северот и околу 4000 борци кои припаѓаат на порадикалните Исламска држава на Ирак  и ал-Шам во истокот. Тие не се дел од командата на ССА и претставуваат многу мал дел од опозицијата.

Во случај на победа од страна на Башар, тоа ќе значи победа и продолжување на неолибералните реформи против работниците кои реформи Асад ги отпочна во 2000 година, штом ја наследи власта од татко му.

Слободната сириска армија е составена од 150 000 дезертери од владината сириска армија за да не ги убиваат своите браќа и сестри, своите деца, својата нација.

Слободната сириска армија е составена од 150 000 дезертери од владината сириска армија за да не ги убиваат своите браќа и сестри, своите деца, својата нација.

„Знамето со зелена, бела и црна боја кое Слободната сириска армија го користи“, велат неплатените агенти и несвесните вагабонди на режимот, „тоа е знаме на колонијализмот и потчинетост“. Сегашното државно знаме не е вистинското знаме. Овие неплатени агенти и несвесни вагабонди лажат! Наспроти обидите на Асадовиот режим да го маргинализираат ова знаме бесрамно плукајќи го како „француско“ знаме, тие не можат да скријат дека тоа било важен дел од историјата на Сирија и дека секој сириски претседател од Мухамед Али ал-Абд, до Шукри ал-Куватли, Адиб Шишакли, Хашим Атаси до самиот Асад, стоеле пред тоа знаме. Знамето било одредено во Уставот на Сириската Република во 1930 година, под надзор на еден од најславните јунаци на Сирија, Ибрахим Ханану. Знамето прво било демонстрирано во Алепо и Дамаск во 1932 година и наскоро станало моќен симбол на отпор против француските колонијалисти. На 17-ти април 1946 година, Денот на Независноста, тоа било прифатено како знаме на новата независна држава.

Прославување на независноста во 1940-тите години.

Прославување на независноста во 1940-тите години.

Прославување на Денот на независноста во 2010 во Алепо. Забележете ги долгите знамиња на партијата Баас и официјалното знаме со ликот на Башар надвиснат во позадина.

Прославување на Денот на независноста во 2010 во Алепо. Забележете ги долгите знамиња на партијата Баас и официјалното знаме со ликот на Башар надвиснат во позадина.

2007: Ден на независноста

2007: Ден на независноста

Башар не е Сирија и Сирија не е Башар. Според тоа, монархијата на Асад порано или подоцна ќе падне.

Да живее славниот сириски народ!

Да живее сириската Република!

Смрт за тиранинот!

Смрт за сите платени и неплатени агенти на режимот!

Да живее сириската Револуција!

Leave a comment