20-ти ноември Светски ден на децата: Човештво, спаси ги сириските деца од канџите на властољубецот Асад!

Денес, 20-ти ноември, е Светски ден на децата, кој бил прогласен во 1954 година за да промовира сплотеност и свесност за децата ширум целиот свет.

Само за потсетување за оние кои го прогласија овој ден: Сириските деца сурово страдаат почнувајќи од 15-ти март 2011 година.

За ваше љубезно внимание:

1) Бројот на деца убиени од силите на тиранинот Башар ал-Асад е 12 500 деца, а овој број се зголемува секојдневно со стапка од едно дете на секои два часа. Тие се убиени од бомбардирање, од снајпери и од хемиско оружје, од скад проектили, тешка артилерија, при измачување во режимските затвори, тие се масакрирани пред нивните мајки, убивани при уништување на нивните села, градови, соседства, куќи врз нивните глави и режимот се‘ уште ги убива… и ги убива… и околу 50 деца се убиени од различни опозициски групи за време на борба против силите на Асад.

2) Бројот на деца во затворите на режимот е проценет на 9000 деца, а бројот на деца измачувани до смрт е 780. Некои од нив се доенчиња, или затворени со нивните мајки, или затворени за да се изврши притисок врз таткото да се предаде. Сириските владини вооружени сили употребиле против нив многу насилни измачувачки методи и одвај се разликуваат од методите со кои се малтретирани возрасните, властите не прават разлика меѓу деца и возрасни во притвор. Многу од оние кои биле ослободени им кажале на новинарите и активистите дека го слушале плачот на децата кои врескале: „Ние ја сакаме мама, ние сакаме да излеземе“.

3) Бројот на деца без училишта во последните 2 години е околу 2 милиони деца.

4) Бројот на деца раселени во и надвор од Сирија (бидејќи нивните домови се уништени) или живеат во бегалски кампови е близу 5 милиони деца.

Револуцијата отпочна кога режимот притвори 7 деца (на возраст меѓу 11 и 13 години) и ги измачуваше откорнувајќи им ги ноктите на прстите и тепајќи ги ѕверски по нивните лица  само поради тоа што тие напишале на ѕидот на едно училиште во градот Дараa: „БАШАР, ВРЕМЕ Е ДА СИ ЗАМИНЕШ“.

Хамза Али Ал-Катееб (арапски: حمزة علي الخطيب) беше 13 годишно сириско момче родено во 1997 година, а убиено на 25 мај 2011 година во притвор од страна на сирискиот режим во Дараа за време на фазата на граѓанско востание од Сириската граѓанска војна. На 29 април 2011, Хамза бил задржан од властите за време на еден протест. На 25 мај 2011, неговото тело било врачено на неговото семејство, но многу помодрено, со белези од изгореници, три рани од куршуми и осакатени гениталии. Семејството на Хамза ги доставило фотографиите и видеата од неговото тело до новинарите и активистите. Вџашени од доказите, илјадници луѓе преку онлајн и улични протести демонстрирале во поддршка за Хамза.

Ова е фотографија направена на улиците на Дамаск. Сириските деца спијат и мрзнат до смрт во картонски кутии… Како што зимата приближува, а ноќите стануваат ужасно студени, што ќе се случи со овие деца? Сириската „Марија Антоанета“ Асма ал-Асад кога потрошува 270 000 фунти купувајќи преку Интернет мебел од ексклузивна лондонска продавница за една од нејзините претседателски палати, дрско им препорачува на овие деца: „Нека јадат сарин!“

Ние се надеваме дека овој Светски ден на децата ќе биде исто така релевантен за сириските деца.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s