Смрт за општествената интелигенција, слобода за народот !

Насловна "Groys: An introduction to anti-philosophy 2010" од Самира Кентриќ

Насловна “Groys: An introduction to anti-philosophy 2010” од Самира Кентриќ

Ниту филозофите се „животна форма“ на општеството, тие се лакеи на државата и се дел од капиталистичката поделба на трудот. Сакате доказ? До 1991 година Цуцуловски, професионален филозоф, ниту збор не кажал против тоталитаризмот на ленинизмот, а денес безобѕирно вели дека ленинизмот е тоталитаризам. Зошто тоа го вели денес а до 1991 не го велел? Затоа што Цуцуловски како професионален филозоф до 1991 бил лакеј на држава која се концепирала врз ленинизмот, а од 1991 државата навидум се концепира врз граѓанските права и слободи. Ист случај се Мухиќ, Скаловски и др. а Мухиќ е посебно интересен феномен на неморал и лицемерие кој верува дека народот не тежнее да биде слободен, поистоветувајќи го со кучето Сари-д-Пари од неговите студентски денови во Париз, иако и самиот Мухиќ е окован во прангите на наемно ропство под државата.

Ако филозофите исто така не се „животна форма“ туку заедно со државата, не како политичко-правно битие туку државата сфатена онтолошки (да се изразиме на филозофски јазик), се паразити на општеството/заедницата, тогаш јасна е историската задача на мисионерскиот ентитет-работничката класа (таа ја има оваа мисија затоа што таа е заедницата): ЕЛИМИНАЦИЈА на филозофите со укинување на капиталистичката поделба на трудот и НАРОДНА КАЗНА против филозофите кои сносејќи историска одговорност заради лакејството спрема државата извршиле највелико предавство на етиката.

Дури и еден анархо-капиталист како Мареј Ротбард е почесен од лицемерно анти-етатистичкиот филозоф Ристо Солунчев да признае дека отсекогаш сите несреќи на народот му се наметнувани од општествената интелигенција (политичари, политиколози, логичари, филозофи, историчари, правници, филолози, етнолози, уметници, одбрана…) која се држи за рака со државата. Нејзината историска одговорност е неизмерна зашто наместо просветлување на народот таа барала во својата државно платена работа свое ухлебение. Затоа во социјализам мораме да ја приватизираме интелигенцијата од наводно хуманистичките општествени науки или на Марксов јазик со укинување на разликата меѓу умствениот и мануелниот труд, филозофите мора да станат антички филозофи, кои м е ѓ у д р у г о т о филозофираат, па сами да се снаоѓаат и да наоѓаат свои издавачи кај работниците. Следи размислувањето на Ротбард а ние класичните марксисти (само Маркс-Енгелсови дела) му честитаме за чесноста, макар што жестоко се противиме на неговиот анархо-капитализам:

„Од најстарите корени на државата, владетелите, барајќи го зајакнувањето на своето владеење, секогаш се врзувале со општествената класа на интелектуалците. Толпата не ги создава сопствените апстрактни идеи, ниту пак ги промислува самостојно. Таа пасивно ги следи идеите кои се прифатени и промовирани од страна на интелектуалците кои станале обликувачи на мислењето во општеството. А со оглед на тоа дека на државата и е неопходно некој да го обликува мислењето на јавноста во нејзиното име, добиваме цврста база за формирањето на прастариот сојуз на државата и интелектуалците.“

Повеќе за конкретни мерки како да се укине разликата меѓу умствениот и мануелниот труд, види Аргументи за антифилозофија, Гогов и Захов, 2012.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s