Манифестот на шведската Феминистичка Иницијатива

Феминистичка Иницијатива во политиката е неопходна

  1. бидејќи жените во просек имаат 4300 шведски круни помалку од мажите во своите паричници секој месец, наспроти фактот дека жените работат колку и мажите {Пријателите на Народот тврдат дека жените работат повеќе од мажите а се помалку надоместени од мажите за својот придонесен труд};
  2. бидејќи 46 проценти од сите жени во одреден период на нивните животи страдале од физичко или сексуално насилство или закани за насилство од маж и бидејќи многу жени сè уште се плашат дека ќе бидат нападнати и силувани кога тие се движат на улица ноќе;
  3. бидејќи жените земаат 81 процент од отсуствувањето од работа, што го зајакнува потчинувањето на жените во работниот живот и недоволната одговорност на мажите за домот и децата;
  4. бидејќи самохраните мајки ја сочинуваат единствената семејна група која во текот на повеќе од една деценија продолжи да живее под сè повеќе сиромашни услови;
  5. бидејќи на имигрантските жени им се даваат работни места со најнесигурни работни услови;
  6. бидејќи злосторствата од омраза кон хомосексуалните, бисексуалните и трансродовите лица растат;
  7. бидејќи платите на мажите се стандардот кога се градат домови и станови.

Време е триесетте години на политика на родова еднаквост да отпочнат да покажуваат резултати во животите на жените ! Време е за феминистичка иницијатива во политиката. Ние ги поставуваме феминистичките прашања на самиот врв на агендата. Во Феминистичка Иницијатива никој не се жали кога се покренуваат дискусии околу еднаквоста и никој не негодува дека други работи се поважни. Ова е причината зошто ние можеме да направиме разлика во политиката.

Политиките на Феминистичка Иницијатива се изградени врз сфаќањето дека наспроти разновидноста на жени и различните искуства, финансиските околности како и нашите различни сексуални преференции и боја на кожа и етничко потекло, сите жени го споделуваат фактот дека ние сме соочени со структури кои ги прават нашите услови и можности полоши, само затоа што ние сме жени. За да оствариме вистинска еднаквост, структурата на родова превласт помеѓу мажите и жените мора да се урне.

Жените треба да добијат повеќе власт а мажите мораат да отстапат

Работа и одмор, домашен и јавен живот, различните фази на живот – сите делови од нашите животи се поврзани. Ова е исто така веродостојно за политиката. Доминацијата на мажите и патријархалните односи на власт според тоа нема да бидат укинати преку еден единствен акт. Ова е зошто Феминистичка Иницијатива ги анализира сите политички сфери од перспективата и искуствата на жените и ги поставува нашите политички барања врз оваа основа. Ние ќе осигуриме дека феминистичките политики ќе бидат сериозно разгледани во шведскиот парламент.

Платите на жените мораат да бидат покачени !

За да се изедначат неправичните плати, мора да се направи национална работна проценка. Ние не можеме да прифатиме јаз од повеќе од четири илјади шведски круни, што постои на пример помеѓу платата на една болничарка и еден механичар. Секој мора да ја има можноста да биде вработен на полно работно време. Хонорарната невработеност меѓу жените мора да биде намалена а работниот ден треба да биде скратен.

Насилството од страна на мажите мора да престане !

Сигурноста и слободата од насилство е основно телемно право. Државата и општините мораат да преземат одговорност за насилството  од страна на мажите и за заштита и помагање на жените и децата кои се изложени на насилството. На меѓународно ниво мора да се формулира нов концепт на безбедност кој се фокусира на безбедноста на луѓето, а не врз безбедноста на државите.

Родителскиот додаток мора да биде индивидуализиран !

Време е за мажите целосно да ја прифатат нивната одговорност како родители. Сите родители треба да преземат одговорност како за сакањето така и за грижата околу нивните деца. Индивидуализиран родителски додаток е прв чекор кон поправедна работна распределба и во работниот живот и дома.

Свет без дискриминација мора да биде темелот !

Нашата феминистичка анализа е заснована на убедување во демократски принципи и еднаквост за сите луѓе. Нашата визија е свет без дискриминација. Да се вклучат други односи на моќ засновани на етникум, сексуални преференции, дисфункционалности и класа и да се види како тие делуваат заедно со родовата структура на превласт е централен дел од политиките на Феминистичка Иницијатива.

Граѓанското, урбаното и домашното планирање треба да се потпира на и да биде извлечено од потребите и условите на жените !

Жените имаат еднакви права на јавен простор и на финансиска, општествена и физичка безбедност/сигурност како мажите. Ова вклучува нивни домови, нивни работни места и јавен живот. Општеството мора да биде организирано и изградено за да ги олесни сите делови од животот. Станови по разумни цени и јавни услуги во разумни далечини се два темелни услови за ова.

Maрксистичкото решение на феминистичкото прашање

Класната борба меѓу мажот и жената е изразена преку патријархалното насилие кое е глобална пандемија. Една од три жени во светот е злоупотребувана, физички или сексуално. Така вели Светската здравствена организација во својата нова глобална студија која е неодамна презентирана. Студијата покажува дека околу 35% од жените во светот се тепани од својот партнер или некој роднина. Во 42 проценти од случаите, жените се здобиле со сериозни повреди. Оваа класна борба меѓу мажот и жената е исход на експлоатацијата од страна на мажот врз жената.

На пример, жените трошат 17% повеќе време во домашно производство (чистење, готвење, грижа за деца, итн.) отколку во платени активности. Според разни студии изведени во Франција, домашното производство би можело да претставува дури 75% од стандардниот БДП.

Како велат авторите на книгата „Кон нов социјализам“ (1993): „Во домашниот систем омажените жени вообичаено вршат неплатена работа за своите сопрузи и деца. Овој посебен облик на експлоатација е високо мистифициран. Прикриен и без тоа со идеологиите на сексуалната и мајчинската љубов, луѓето тежнеат да не ја забележуваат. Поради нивната мошне приватна природа, класните противречности помеѓу експлоататорите и експлоатираните тежнеат да се појавуваат во обликот на лични спротивности. Економската класна борба се манифестира преку кавги, морални притисоци, тепање на сопругата, напуштања и разводи.“

Кое би било марксистичкото решение на овој класен конфликт меѓу жената и мажот? Симнување на куќата од грбот на жената (Македонската пословица вели: „Од четири ќошиња на куќата, три лежат на жениниот грб‘‘. А Србите одат понатаму и вистината ја потврдуваат со пословицата: „Не стои куќата на земја, тука на жената‘‘. Значи, тие го товарат и четвртиот ќош врз жената.) и целосно нејзино ослободување во општеството со изградба на ресторани за општествена исхрана, сервиси за хемиско чистење и перење и сместување на сите деца во градинки. Воспитување на децата по принцип: „играта да е работа и работата игра“. Kако и општествено помагање на постари лица. Сите овие под комуна од можеби 50 до неколку стотина возрасни лица. Два принципи се складни со комунистичките принципи во широка смисла. Во еден случај комуната би вработувала некои од своите членови како платени готвачи на полно работно време, додека во друг случај би имало систем на список со должности кои ротираат.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s