Асад има ново оружје за масовно уништување – општа глад

Откако ги бомбардира и гасира луѓето од Моадамија, режимот на тиранинот Асад сега ги изгладнува до смрт. Овој алавитски фундаменталист Асад сака да ја види „својата“ нација уништена бидејќи таа не го сака, не го сака неговиот монархистички политички систем и монополистички капитализам поседуван од негови роднини и блиски соработници. Тој го призна тоа јавно во јануари 2013 пред дипломатскиот претставник на ООН Лакхдар Брахими и чија негова изјава ја објави медиумот asharq-e.com а ова негово признание е уште еден доказ дека тиранинот на 21 август оваа година употребил хемиско оружје против сирискиот народ: „Јас можам да ја добијам оваа војна ако го уништам Дамаск.“ Од оваа изјава треба да ни биде јасно дека оваа химера, овој вампир, оваа караконџола, овој полу-човек, полу-ѕвер, без принципи и без чест, арогантен и амбициозен до политичка самоубиственост и се надевам физичка колку поскоро толку подобро за народот, ќе работи револуционерите да немаат држава со која ќе раководат. Порадо овој безмозочен автомат на плутократот од Кремаљ ќе направи неговата сопствена татковина да искрвари од секоја нејзина пора наместо да се откаже од своето влијание. Такви се оние кои имаат аспирации да владеат и да ја задржат власта „во името на народот“. Quidquid delirant Reges, plectuntur Achivi. (За сите будалаштини направени од кралевите, народот е казнуван.)

Но, сирискиот народ го зеде мечот од смотаната и летаргична Јустиција („правната држава“ толку промовирана од Западот) и непосредно – по пат на оваа револуција – ќе им ги отсече главите на, или ќе ги обеси, сеедно, ќе ги егзекутира Асад, неговите генерали, монополисти кои моментално екстремно се богатат од масовната инфлација врз грбот на кутриот но достоинствен сириски народ кој мора да плаќа скапо за основни прехранбени производи, и политички полтрони. „Што е слободата, кога една класа на луѓе изгладнува друга класа?“, протестирал Жак Ру, гневен револуционерен свештеник од времето на Француската револуција.

Лицемерното човештво се згрозува од обезглавените лакеи на геноцидниот[1] режим на Асад наместо да му помогне на сирискиот народ кој страда и умира од глад. Вистинските интернационалисти и локалните свештеници и родољубиви активисти ако се сметаат за пријатели на сирискиот народ треба да бидат поупорни во повикувањето на смрт за режимските лакеи. Нема сомневање дека сирискиот народ е буден и ќе ги следи нивните совети, тој нема милост за овие режимски лакеи и ги егзекутира како бесни кучиња во служба на еден геноциден режим. На крајот, што има вознемирувачко во смртта на еден воен лакеј на режим, режим кој кога се случи голема страшна суша во 2000-тите ја приватизираше земјата и предизвика нов пролетаријат да се пресели во Дамаск и да му конкурира на градскиот пролетаријат. Тоа беше чист капиталистички заговор на Асадовите монополисти да ги снижат надниците на градскиот пролетаријат. Или дали „згрозеното“ човештво може да погледне во лицето на смртта на малите невини суштества од блокираните градови кои се приморани да јадат лисја за да преживеат? Не, не и не на предавничката умереност! Лакеите на стариот режим треба сите до еден да се уништат. Истите лакеи на стариот режим во Франција за време на Револуцијата беа обезглавувани од сиромашните на Сен-Антоан и други париски работнички предградија и чии глави убодени на копја беа парадирани на улиците низ метрополата со цел да се влее страв кај непријателите на народот и револуцијата. Жан-Пол Мара (1743-1793), тогашен француски револуционер, објаснил зошто НАРОДНОТО НАСИЛСТВО против секоја власт е оправдано: „Мене ме обзема длабока огорченост поради нашите лажни хумани сфаќања и поради нашата длабока попустливост кон секој наш суров непријател. Ние сме глупаци поради тоа што забораваме да се чуваме од нивните удари. Ако било кога тие добијат надмоќ спрема нас, погледајте ги тогаш како, носејќи оган во едната и меч во другата рака, ги пустошат регионите и просто ги убиваат сите родољубци, ги убиваат нивните жени и нивните деца, а градот го препуштаат на пламени јазици.“ Сириската криза го оправдува пак ставот на Мара со блокираните градови од страна на режимот уценувајќи ги со општа глад да се предадат, колку што го оправдува правото на народот да ги егзекутира сите оние кои се дрзнуваат да ги газат неговите граѓански слободи и права. Низ историјата на класни судири, борби и војни ние сме сведоци дека народот спонтано и уште поефективно кога е организиран тежнее да има што помала индиректна власт а што повеќе да ги прошири своите овластувања во непосредното раководење со националните и локалните политики. Двомесечниот штрајк на либиските работници кој им зададе главоболки на американските нафтени корпорации и чиј исход сè уште е неизвесен, самоуправниот работнички град Порт Саид и многу други градови со иста таква тенденција ширум Египет, масовниот отпор на туниските работници кон централната влада да го интензивира наемното ропство (близу 30 000 социјални судири откако отпочна Туниската револуција) се никулци за една надеж дека Арапската пролет не е корумпирана од странски агенти или послережимските власти.

Асадовиот терор со општа глад

„Никој не ни помага и ние умираме. Ако имаше барем 1% од човештво на овој свет, ова немаше да се случува“, вели Ваел, 17 годишник.

Откако ги бомбардира и гасира луѓето од Моадамија, режимот на тиранинот Асад сега ги изгладнува до смрт[2]. Децата во Сирија сега јадат лисја за да се прехранат. Жителите на еден бегалски камп печат сплескан леб направен од „застоена леќа“. Оџите издадоа дозвола за Курбан Бајрам да се јадат мачки, кучиња и магариња за да се преживее. Во Моадамија, едно од предградијата јужно од Дамаск познато како западен Гоута, отруено со сарин од режимот на 21 август оваа година, жителите преживуваат на бедна диета од маслинки, нане, лозови лисја и смокви. Ова е Асадовиот терор со општа глад. И оваа ситуација се влошува секој ден.

Според Кузаи Закарија, говорник за револуционерите во градот, режимот ги блокирал сите хуманитарни залихи до Моадамија пред десет или единаесет месеци, а локалните продавници се испразниле во март. Па луѓето мораат да се потпираат главно на дарежливоста на Сиријците кои живеат на село и „довезуваат“ основни прехранбени производи во градот. Всушност, тие ги довезуваат на автопатот Дамаск-Кунеитра и ги фрлаат вреќите со прехранбени производи од своите автомобили во движење спрема Моадамија, кои потоа мораат да бидат најдени од жителите, понекогаш при голем ризик. „Ова вклучува ориз, маслинки и модри патлиџани, кои траат една до две години“, му рекол Закарија на новинарот Мајкл Вајс преку Скајп, со јасни звуци на артилериски оган во позадина. „Но, пред три месеци, сета оваа храна се потроши исто така“. Водоводните цевки до Моадамија, рекол тој, исто така биле блокирани или уништени од геноцидниот режим на Асад, оставајќи ги жителите да се потпираат на индивидуален непостојан извор на вода. „Во месецот што измина, ние загубивме преку 11 жени и деца од неухранетост. Има околу уште 100 кои страдаат од неухранетост.“ Слики и видеа на деца кои гладуваат во регионот на Дамаск, собрани, потврдени и мапирани од Џејмс Милер, колега на Мајкл Вајс, покажуваат зголемен број на слаби и исцрпени тела, почнувајќи во август сè до денес.

Duaa al Sheikh, седумгодишно сириско девојче во Моадамија кое умрело поради неухранетост

Duaa al Sheikh, седумгодишно сириско девојче во Моадамија кое умрело поради неухранетост

Ibrahim Khalil, жртва на режимското опсаднување на Муадамија.

3-годишниот Ibrahim Khalil, жртва на режимското опсаднување на Муадамија.

Ammar Arafeh, седумгодишно момче починато од неухранетост - жртва на режимската опсада на Моадамија (датум на смрт 31.08.2013)

Ammar Arafeh, седумгодишно момче починато од неухранетост – жртва на режимската опсада на Моадамија (датум на смрт 31.08.2013)

Ammar Arafeh, седумгодишно момче починато од неухранетост - жртва на режимската опсада на Моадамија (датум на смрт 31.08.2013)

Ammar Arafeh, седумгодишно момче починато од неухранетост – жртва на режимската опсада на Моадамија (датум на смрт 31.08.2013)

Со 12 000 од 70 000 цивили кои останаа во градот после хемискиот масакр, Моадамија е единствен меѓу револуционерните градови во Сирија кој е целосно опколен од режимските преторските дивизии. Кон исток лежи воениот аеродром Мезе, кон север, главниот штаб на четвртата оклопна дивизија, која е предводена од Башаровиот дури поманијакален брат Махер ал-Асад[3], кој беше осакатен во еден обид за атентат пред две години; кон запад, републиканската гарда; и кон југ, Дераја, поранешно бунтовничко место со значајна активност, чиј најголем дел бил преземен од режимот.

„Дури пред да се појави Слободната сириска армија (ССА)“, изјавил Закарија, „Асадовата војска уби над 600 луѓе со ножеви, а многу од нив исто така беа запалени. 95 проценти од бунтовниците овде се млади луѓе кои зедоа оружје искористувајќи ги своите пари. Некои од нив ги продадоа своите автомобили или куќи за да купат АК-47-ки и лесно оружје. Слава му на Бога, режимот не би можел да нè нападне.“ ССА вели дека е среќна што живее на маслинки и вода отколку да дозволи градот да падне.

Дете во воена болница во опсаднатото предградие на Дамаск, Хаџира ал Балад, кое починало од глад на 22.09.2013:

Дете кое починало од глад во опсаднатото предградие на Дамаск, Ал Хаџар Ал Асвад, на 09.09.2013:

Детето-новороденче на Касем Баракат починало од глад и недостиг на медицински лекови во опсаднатото предградие на Дамаск, Дума, на 11.10.2013

Детето-новороденче на Касем Баракат починало од глад и недостиг на медицински лекови во опсаднатото предградие на Дамаск, Дума, на 11.10.2013

Прво режимот задуши секој жител. Закарија вели дека околу 85 жители на Моадамија биле убиени од нападот со саринскиот гас пред скоро два месеци, а други 500 (вклучително и самиот тој) биле изложени на смртоносниот нервен гас. Кратко потоа режимските сили изготвиле план да се обидат да го нападнат Моадамија уште еднаш, користејќи десетина Т-72 и Т-82 тенкови од руско производство – вторите тенкови се „од нов бренд“, изјавил Закарија, како и војници облечени во „целосна хемиска опрема“. „Благодарение на Бога, планот пропадна.“ И додека Асад сега се преокупира глумејќи западен одново легитимен партнер во хемиското обезоружување, неговите елитни воени единици и неговите секташки милиции водат систематско изгладнување како нивна претпочитана контрареволуционерна тактика. Згора на тоа, тие го признаваат тоа. „Ние нема да им дозволиме да бидат нахранети за да нè убиваат. Нека тие гладуваат малку, ќе се предадат и потоа ќе им судиме“, изјавил 24-годишник член на националната одбранбена сила, алавитска-шиитска паравоена група обучена и финансирана од иранските револуционерни гардиски корпуси – како официјален сириски одговор на Басиџ, паравоена формација основана од манијакалниот теократ ајатолахот Хомеини во 1979 година. Се разбира, овој владин герила тврди дека пукаат само во бунтовници, но не и во жени и деца иако тој не даде објаснување како напорот за изгладнување може да прави разлика меѓу бунтовници и цивили. Покрај тоа, четвртата оклопна дивизија, јавно ги опишува сите жители кои останале во Моадамија како „терористи и оние кои ги прифаќаат.“ Сè додека на Асад му е допуштено да остане на власт, а условите од американско-рускиот договор за оружјето за масовно уништување му овозможуваат уште една година сигурно владеење, никој не треба да очекува дека режимскиот терор со глад ќе попушти.


[1] Црниот биланс на жртви на Асадовиот режим почнувајќи од 15 март 2011 година и не прекинува да се проширува наспроти очите на „згрозеното“ човештво:

150 000 луѓе се убиени вклучително 12 000 деца.
285 000 исчезнати или притворени луѓе.
600 000 луѓе ранети или осакатени.
6 500 000 луѓе раселени ширум Сирија.
3 500 000 луѓе живеат како бегалци во други држави.
500 000 куќи се уништени.
4000 училишта се уништени.
2 милиони деца не можат да посетуваат училиште.

Ова е геноцид, трагедија, која се случува во 21-от век за повеќе од 31 месец. Колку што е виновен Асад и неговиот режим, толку е виновно индиферентното човештво.

[2] Извештајот на хуманитарната организација „Save the Children“ накратко ја опишува растечката криза со глад во Сирија, предизвиците да се реализира хуманитарна помош за семејствата на кои им е неопходна и чекорите кои се потребни за да надминат овие препреки.

[3] Најверојатната причина за масовниот напад со хемиско оружје била тоа што Асадовата 155-та бригада на четвртата оклопна дивизија била во опасност да биде окупирана а оваа дивизија под команда на братот на Асад, Махер ал-Асад, била последната одбранбена линија во централен Дамаск. Бунтовниците веројатно се регрупираат за поновена офанзива и ако Асад нема оружје за масовно уништување како опција, тогаш враќањето во Дамаск би значело негово заробување или егзекуција. Гранатите со нервен гас биле експлодирани од воена база на планински венец спрема запад од Дамаск.

Advertisements

One thought on “Асад има ново оружје за масовно уништување – општа глад

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s