Исус ционистот

4032222442_7a0754c2e5_o

Исус не те сака

Христијаните попуваат дека Исус донел порака на љубов и прошка, итн. итн. итн.

Вистината е…

Исус проповедувал дека ти треба „да го сакаш ближниот како себе“; но не ако твојот ближен е Самарјанин или дури полошо, неевреин. Само ако твојот ближен е Евреин ти треба да го сакаш. Исус беше Евреин. Неговите проповеди беа само за Евреи. Никогаш тој немал намера неговата порака да биде универзална. Тој немал толеранција за неевреите (секој кој не бил Евреин во тие денови). Тој нема толеранција за оние Евреи кои не верувале во неговата порака.

Но, не прифаќајте го нашиот збор за доказ. Прочитајте за себе.

Исус не те сака…

Ако не си Евреин

Исус е Евреин кој зборува само на Евреи

„А Исус им рече: „Вистина ви велам дека вие – кои тргнавте по мене, во преродбата – кога човечкиот Син ќе седне на престолот на својата слава, и сами ќе седнете на дванаесет престоли и ќе им судите на дванаесетте Израелеви племиња.“ Матеј 19:28

„Не мислете дека дојдов да го поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.“ Матеј 5:17

„Мислите ли дека дојдов да ѝ донесам мир на земјата? Не дојдов да донесам мир, туку меч.“ Матеј 10:34 и Лука 12:51-53

„А во денот кога Лот излезе од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги уништи сите. … Спомнете си за Лотовата жена.“ Лука 17:29-32

„Како во Ноевите денови, така ќе биде и при доаѓањето на Човечкиот Син.“ Матеј 24:37, Лука 17: 27

„Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто спасението доаѓа од Јудејците.“ Јован 4:22

Сите стихови горе алудираат на Стариот завет. Само Евреите биле свесни за или загрижен за содржините на Стариот завет. Исус знае дека неговата публика ќе ги разбере неговите наговестувања на Стариот завет бидејќи тие исто така се Евреи. Тој знае, бидејќи тие се Евреи дека неговите следбеници се свесни за наговестувањата што тој ги дава за Стариот завет. Сè што тој вели е насочено кон оваа еврејска публика. Исус проповедал само на Евреи и всушност, ги поттикнувал своите апостоли да одат само во еврејски области.

„Исус ги испрати тие дванаесетмина и им нареди, говорејќи: „Не одете по пат кај неевреите, и не влегувајте во град на Самарјаните; туку одете подобро кај изгубените овци на Израелевиот дом. И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно. Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте. И така не грижете се, велејќи: Што ќе јадеме? или Што ќе пиеме? или Што ќе облечеме? Зашто сето тоа го бараат неевреите, зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова.“ Матеј 6:31-32

Исус ги укорува своите ученици да избегнуваат секој неевреин („народи“ во тоа време значело „секој кој не бил Евреин“) и да ја лечат само изгубената овца на Израеловиот дом; односно Евреите. Тој им наредува на дванаесетте апостоли да „ги лечат болните“ само заради изгубената овца на Израел. Кога тој има потреба од пример на лошо однесување, се повикува на неевреите.

Каде е општата љубов на Исус во оваа приказна?

Овде пак, Исус потврдува дека неговата Љубов е само за Евреи.

Една од првите работи кои читателот на Новиот Завет има можност да прочита е околу тоа дека Исус е наследник на тронот на Давид, назначен од Јахве (Господ). Пред Исус да се роди, пораката на ангелот Габриел до Марија неговата мајка била оваа:

„Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давида; и ќе царува над домот Јаковов секогаш, и царството Негово нема да има крај.“ (Лука 1:32-33)

Тронот на кралот Давид бил во Ерусалим – познат страствено од страна на Евреите како Сион, Градот на Давид. Крал Давид бил Кралот на Израел. Израел води потекло од семејствата на Абрахам, Исаак и Јаков. Сите овие луѓе биле приматели на вечните ветувања од Израелевиот Господ – создателот на рајот и земјата. Овие ветувања се однесувале на Месија кој би дошол еден ден да владее во Ерусалим над обновената нација на Израел. И, од Ерусалим да владее над сиот свет.

Кралството на Месијата ќе биде исход на ционизмот во последните денови. Еве одличен пророчки пример од пророкот Језекиил:

„Вака вели Господ Бог: Еве, Јас ќе ги земам синовите Израилеви меѓу народите, помеѓу оние, кај кои се наоѓаат, ќе ги соберам сите и ќе ги доведам во нивната земја. Во таа земја по планините Израилеви Јас ќе ги направам еден народ и еден цар ќе биде цар над сите нив и нема да има повеќе два народа, и нема повеќе да се делат на две царства. И нема веќе да се осквернуваат со своите идоли, со своите гадотии и со разни свои пороци; ќе ги извлечам од сите нивни живеалишта, каде што грешеле, и ќе ги очистам, – и ќе бидат Мој народ и Јас ќе бидам нивни Бог. А слугата Мој Давид ќе биде Цар над нив и Пастир на сите нив; тие ќе одат по Моите заповеди и уредбите Мои ќе ги пазат, и ќе ги исполнуваат. Тие ќе живеат во земјата, која му ја дадов на мојот слуга Јакова, во која живееја татковците нивни; таму ќе живеат вечно, тие и децата нивни и внуците нивни; а Мојот слуга Давид ќе биде кнез при нив засекогаш.“ (Језекиил 37:21-25)

Исус јасно го поврзал своето Второ Доаѓање со идното обновување на Израел:

„Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни  племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како иде на небеските облаци, со голема слава и сила; и ќе ги испрати Своите ангели со голем трубен глас, и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата. Со смоквата направете споредба: штом се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу летото; така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата.“ (Матеј 24:30-33)

Зошто Исус го употребил симболот на смоквата како илустрација на Израел, а не некое друго дрво од Израел кое може да пушти лисја порано од смоквата? Едноставниот одговор е дека тој го искористил овој симбол на Израел на две други места во неговото учење (Матеј 21:19 и Лука 13:6-9). Остатокот од Светото Писмо е доследен со оваа употреба. (Види Јеремија 24, Осија 9:10 и Јоил 1:7)

Исус се поистоветил како Месија на Израел кога, само неколку дена пред неговото распнување, тој го објавил крајот на големиот храм во Ерусалим:

„Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш  испратените при тебе! Колкупати сакав да ги соберам чедата твои, како кокошка што ги собира пилињата свои под крилја, а вие нејќевте. Ете, ви се остава вашиот дом пуст. Оти, ви велам: нема да Ме  видите отсега дури не кажете: »Благословен е Оној, Кој иде во името Господово!«“ (Матеј 23:37-39)

Со ова објавување тој го прифатил величењето на распеаните толпи кога тој влегол во Ерусалим:

Кажете ѝ на ќерката Сионова: ете, твојот Цар иде при тебе кроток, качен на ослица и осле, син на подјаремница. Учениците отидоа и направија така, како што им беше заповедал Исус: ги дотераа ослицата и ослето и ги кладоа одозгора алиштата свои, и Он седна на нив. А мнозина од народот ги постилаа по патот облеките свои; други, пак, сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот; а народот, што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: Осана на Синот Давидов! Благословен е Кој иде во името Господово! Осана на висините!” (Матеј 21:5-9)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s