За нацизмот и фашизмот: два буржоаски феномени

nacizam

Од стариот нацизам-фашизам до „либералниот“ реформизам ние ја слушаме изветвената валкана реторика: капитал и наемен труд, политички ветувања за социјална правда, како и стариот републикански отпад на традиција, семејство, чест и приватна сопственост, почитувани од најлошиот јапи или најдобриот буржоаски макијавелист.

„Национал-социјализмот“, фашизмот и различни готски крстови се ништожни за профит гладни „синови“ на реализација на капиталот и малограѓански сентиментализам: еден политички систем владеан со страв, незнаење и суперегоистички уценувања од џиновски размери.

Не случајно, Италија, Германија и Јапонија – „доцнежни“ современи сили, еднаш очајно во потрага за профитабилност и за бучно бегство од меѓукапиталистичкиот растечки натпревар – немаше да бидат толку богати без промонополските политики на нацизмот и фашизмот (вреди да се спомене политиката на Preisfinanzierung во Германија).

Некои аргументирале (Kalecki, 1943) дека прокапиталистичката задача на нацизмот е таа на забрана на ставот на капиталистичката класа против целосна вработеност.

Капиталистичката класа има многу причини да се одрече од проработничките фискални политики кои имаат за цел намалување на невработеноста. Главните причини се:

1)       Секогаш растечка преговарачка моќ на работничката класа;

2)     Растечка политичка моќ на наемниот труд и поголема политичка нестабилност; и

3)      Повисока инфлација потпомогната од ценовното прилагодување на монополскиот капитал и поради тоа помалку плодови за финансиската субкласа.

Покрај тоа, фискалните политики ја намалуваат можноста за приватниот сектор да ги зајакне своите пипалци кон инфраструктурниот сектор. Всушност, ако државната потрошувачка е насочена кон инфраструктури, потенцијалните профити од страна на капиталистите се искоренети.

Како што Калецки истакнува (Kalecki, 1943), задачата на нацизмот би била да ги направи фискалните политики и постигнувањето на целосна вработеност нешто практично и пожелно во очите на буржоазијата. Непрекинливата милитаризација во капитализмот – како преземена од нацистичка влада – би можела да води кон привремена целосна вработеност или квази-целосна вработеност (како и збогатување на одредени монополски приватни производители). Овде, нацизмот го искорени проблемот на политичка нестабилност до тој степен што тој, во својата агенда, ја има најбезмилосната и прокапиталистичка репресија на синдикатите и општественоекономскиот живот на работниците.

Излишно е да се каже, овој пристап не е одржлив на долг рок додека тој охрабрува меѓународна капиталистичка конкурентност и политичка нестабилност. Покрај тоа, ресурсите се ретки и еден таков милитаристички пристап лесно би можел да води кон нивно исцрпување.

Нацизмот предизвика огромна човечка загуба, и за капитализмот и за социјализмот кој беше применет во Советскиот Сојуз. Тој чинеше милиони животи, растечка монополска моќ и растечка бирократизација на СССР (нешто што беше широко игнорирано од критичарите на ленинизмот). Нацизмот – судрувајќи се со – либералните конкуренти – доведе до квази-смрт на капитализмот до крајот на Втората светска војна. Дотогаш, капиталистите – наспроти структурните граници на нивното приватно производство и нивната нетолерантност кон фискалните експанзионистички политики – мораа да го прифатат компромисот на социјалдемократијата и национал-кејнзијанските политики, кои имаа за цел зголемување на нивоата на вработеност.

Кон што сиот прозападен капитализам – потчинет на директивите на високата буржоазија – тежнееше да произведе во нашата доба на монополски капитализам?

Резултатот на систем заснован на екстензивна примена на фискални експанзионистички политики како преземени од национал-кејнзијанистичките влади на западот беше тој на реализирање на растечката моќ на неолибералните/анархо-капиталистички политики (и, се разбира, тој на засилување на фреквенцијата на анархо-капиталистичките кризи на долг рок), чиј карактер е крајно анти-пролетерски.

Излишно да се каже, бедното историско потомство на овој политички срам секогаш е овековечувано или од промонополските нацистички и фашистички националистички политички тенденции или дури поагресивните неолиберални политики, готови да ја оживеат изгубената домашна буржоаска профитабилност од старите времиња ! Кој и да го преживее најмалограѓанскиот и опасен карактер на оваа исклучиво буржоаска измама, веројатно ќе биде сведок на нејзиниот политички пад, постепено омекнат од издигнувањето на „црвениот“ капиталистички реформизам, во широка смисла, на социјалдемократијата.

Претпоставувајќи дека социјалдемократијата успева да делува (досега тоа стана многу тешко, со обѕир на растечката моќ на финансискиот капитал и стагнирачкиот карактер на монополскиот капитал), оваа сложена бркотија ќе произведе – неизбежно – инфлациски кризи преку владина потрошувачка и последователните неизбежни монополски ценовни практики, а како последица на тоа, таа води кон пораст на дефлацискиот продисциплински, продерегулациски, пролиберализациски, проприватизациски анархо-капитализам (нашиот драг неолиберализам). Еден таков процес би го произвел од своја страна или истиот стар отпад на реализирачки кризи, невработеност, империјалистичка војна маскирана како „хуманитарни мисии“ и комедијанти а ла Мусолини или – во „најдобар случај“ – технократи кои ги туркаат неолибералните политики напред, во името на мултинационалните институции !

Дали технократите или реакционерните фашисти ќе ја земат власта зависи од тоа колку анти-имигрантска реторика и социјален дарвинизам почнува да ги привлекува неразумните работнички и неработнички маси, отпуштени од капиталот, кои гледаат на имигрантите како закана, отколку како на луѓе кои ја делат истата судбина на експлоатација со оглед на тоа дека имигрантите обично се расположени да прифатат пониски надници немајќи преговарачка моќ на своја страна и борејќи се во систем на меѓуработнички натпревар и безнадежност.

Изгледа, засега, дека оваа бркотија ќе биде „вечна“ тенденција во капиталистичко општество, сè додека нашето мизерно човештво „вечно“ останува во таа бркотија.

1383414_10151889026096421_1303773474_n

Давиде Фери е дипломиран економист на Shri Ram College of Commerce, Delhi University, Индија и автор на блогот Растечка релевантност на послекапитализмот.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s