Маркс и проклето лажните цитати

Од анти-културните-марксисти (десничари, христијански клерофашисти, конзервативци, анти-семитисти, национал-„социјалисти“) Карл Маркс е „дискредитиран“ како „еврејски татко на комунизмот“, а вистината е за 180 степени обратна; Маркс ја разобличува формалноста на анти-семитската критика во негово време и ја изложува суштината на овој проблем во својата статија „Парламентарни дебати – Свештенство против социјализам – Умирање од глад“ од 25 февруари 1853:

Исклучувањето на Евреите од Долниот дом без сомнение е бесмислена аномалија, бидејќи духот на лихварството одамна владее во британскиот парламент и тоа пред Евреите да стекнат право да бидат бирани на сите места во државната служба.

(Повеќе во мојата критика на книгата „Светски заговор“ на Никола Маринов Николов.)

Анти-културните-марксисти, покрај тоа, тврдат дека Маркс го употребил терминот „холокауст“ (се разбира, нивната совест е мртва па порадо би расправале околу „холокаустот“ во текстовите на Маркс отколку реалниот холокауст под капитализмот поради кој 15 милиони луѓе од глад умираат секоја година или уништените 100 милиони домородци во Северна Америка во периодот 1492-1890). И ова е исто така нивна конструкција заради дискредитација на Марксовиот лик и дело.

Прво, датумот на измислениот цитат е погрешен. Не постои статија со датум 16 април 1856. Делот од измислениот цитат: „Класите и расите преслаби да ги владеат новите услови на живот мораат да пропаднат…“ потекнува од статијата „Присилна емиграција – Kossuth и Mazzini – Прашањето на бегалците – Изборна корупција во Англија – G. Cobden“ напишана на 4 април 1853. Еве ја оваа „реченица“ во нејзиниот целосен контекст па од него може да се разбере дека зборот „мора“ не имплицира политички администрирано исчезнување на овие класи и раси, туку тие мораат да исчезнат поради примената на модерната наука врз капиталистичкиот начин на производство:

Јас не мислам како Рикардо дека нето-приходот е Молох, на кого мораат да се жртвуваат цели популации, ниту сум истомисленик на Сисмонди, кој во својата хипохондрична филантропија со сила би ги сочувал надживеаните методи во земјоделството и би ја прогонил науката од индустријата, како што Платон ги протера поетите од својата република. Општеството поминува низ тиха револуција, на која луѓето мораат да се покорат и која за луѓето повеќе не води сметка како кога земјотресот ги руши куќите. Класите и расите кои се преслаби да ги владеат новите услови на живот мораат да пропаднат. А има ли нешто подетинесто, пократковидно од сфаќањето на тие економисти, кои најсериозно веруваат дека таа несреќна транзициска состојба значи само прилагодување на општеството врз присвојувачките склоности на капиталистите и земјопоседниците и финансиските магнати? Во Велика Британија тој процес е најочигледен. Примената на модерната наука во производството ги чисти селата од нивното население, но концентрира луѓе во индустриските градови.

Втората „реченица“ од измислениот цитат која гласи: „Тие мораат да исчезнат во револуционерниот холокауст“ не може да се најде во ниту една Марксова статија, ниту пак било каде во собраните Маркс-Енгелсови дела може да се најде терминот „холокауст“. Едноставно, тоа е измислица на овие анти-културни-марксисти кои мислат дека сите други се глупаци (такви како нив кои цитираат непрочитани дела) па можат да бидат излажани да поверуваат во оваа клевета насочена против Маркс. Меѓутоа, има луѓе кои во секој миг можат да ја проверат веродостојноста на секој цитат од Марксово или Енгелсово дело бидејќи тие луѓе ги имаат на располагање сите нивни дела собрани во 46 тома.

Всушност, „реченицата“ „тие мораат да исчезнат во револуционерниот холокауст“ со додадениот термин „холокауст“ е преземена од Енгелсовата статија „Унгарската борба“ (13 јануари 1849) која точно гласи:

Сите други големи и мали племиња и народи имаат засега мисија во светската револуционерна бура да пропаднат. Затоа сега се контрареволуционерни.

Меѓутоа, овој Маркс-Енгелсов став (и самиот став го сугерира тоа со временските прилози: „засега“ и „сега“), како и многу други нивни ставови, нормално, еволуирал. Во 1881 година Маркс ‘и пишува писмо на Вера Засулич, важен руски следбеник, во кое тој вели дека социјализам во Русија е можен низ алтернативен пат. Руската верзија на социјализам заснована на архаичната комуна може да ги искористи развоите во технологијата и општествената организација создадена од развиениот капитализам. Според Маркс, не е неопходно за руското општество да помине низ неколку вековниот долг процес на земјоделска и технолошка модернизација низ кој Англија поминала, туку Русија може едноставно да ги усвои модерните технологии кои сега се на располагање.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s