Тирадата на Гленда Џексон против Маргарет Тачер

Извор

Говор на Гленда Џексон (Hampstead и Kilburn) (Лабуристичка партија), 10.04.2013:

Кога јас го дадов својот прв говор во овој Дом, малку повеќе пред околу две децении, Маргарет Тачер беше вратена меѓу пратениците кои не се членови на кабинетот, но тачеризмот сè уште опустошуваше, и опустошуваше во текот на претходната декада, најгнасната општествена, економска и духовна штета за оваа земја, за мојата гласачка единица и за моите избирачи. Нашите локални болници работеа без средства. Пациентите стоеја на тролеи во ходниците. Треперам на помислата за стапката на морталитет меѓу пензионерите за оваа зима доколку таа верзија на тачеризмот беше во целост спроведена оваа година. Нашите училишта, родители, учители, гувернери, дури учениците поминуваа прекумерно време на настани за собирање средства за да можат да обезбедат основни материјали како што се хартија и пенкала. Малтерот на нашите училиштни ѕидови беше поддржуван од умешни конструкции на учениците и милји и милји селотејп. Нашите училиштни библиотеки беа доминирани од празни полици и многу малку книги; книгите кои беа таму беа придржувани од сеприсутен селотејп, а отпадоците од тапетот на учителите беа искористени да се поврзат тие томови за да тие барем стојат заедно.

Во голема мера најдраматичниот и најгнасен приказ на тачеризмот сигурно не беше виден само во Лондон, туку ширум целата земја во густо населените урбани средини каде секоја ноќ, секој влез на продавница стана спална, дневна и клозет за бездомните. Нивната бројка порасна во илјадници, и многу од тие бездомни луѓе беа исфрлени на улица како резултат на затворањето на долгорочните ментални болници. Нѝ беше кажано дека тоа ќе се вика – и беше наречено – „грижа во заедницата“, но она што всушност беше не беше воопшто грижа во заедницата.

Бев заинтересирана да слушнам за спремноста на баронесата Тачер да ги покани оние кои немаа каде да одат за Божиќ откако таа си купи свој стан; каква штета што таа не почна да гради повеќе и повеќе општествени станови па за да имаше помалку бездомни луѓе. Како што еден мој пријател рече, за време на нејзиното владеење, Лондон стана град кој Вилијам Хогарт ќе го препознаеше – и, навистина, тој ќе го препознаеше.

Доаѓајќи до основата на тачеризмот, доаѓам до духовниот дел на она што јас го гледам како очајно погрешен белег кој тачеризмот го остави за оваа земја. Нѝ беше кажано дека сè за она што јас бев учена да го гледам како порок – и сè уште ги гледам како пороци – беше, всушност, под тачеризмот, доблест: алчност, себичност, безобѕирност кон послабите, истиснување на другите кон својата цел, сите овие беа нешта на кои се гледаше дека ќе имаат позитивно влијание на нашите животи. Се наслушавме многу, и ќе продолжиме да слушаме во текот на следната недела, за препреките кои беа скршени од тачеризмот, уредувањето кое беше уништено.

Она што ние го слушнавме, со зборовите кои кружеа околу како ѕвезди, е дека Тачер создаде копнежливо општество. Тоа копнееше за предмети. Еден поранешен премиер кој самиот беше избран во Горниот дом, зборуваше во врска со распродавањето на семејното сребро и луѓето кои ја познаваа во тие години цената на сè и вредноста на ништо. Она што ме загрижува е дека почнувам да го гледам она што би можело да биде одново појавување на тоа целосно клеветење на она што јас го гледам како духовна основа на оваа земја каде што ние се грижиме за општеството, каде што ние веруваме во заедниците, каде што ние не ги напуштаме луѓето и се оддалечуваме од нив. Тоа не се случува сега, но ако ние се вратиме на врвот на таа доба, се плашам дека ние ќе ја видиме реплицирана уште еднаш неверојатната човечка штета од која ние како нација страдавме и талентот кој беше целосно изгубен поради неспособноста на вистински начин да се види индивидуалната вредност на секој поединечен човек.

Мојата почитувана пријателка пратеничката за Hackney North и Stoke Newington (госпоѓица Абот) посочи на фактот дека иако таа се разликуваше од лејди Тачер во нејзините политики, почувствувала должност да дојде овде за да оддаде почит на првата жена премиерка која оваа земја ја избра. Јас сум од генерација која беше израсната од жени, бидејќи сите мажи заминаа во војна да ги бранат нашите слободи. Тие не само што водеа влада; тие водеа држава. Жените кои ги знаев, кои ме израснаа и милиони луѓе како мене, кои ги водеа нашите фабрики и нашите бизниси, и кои го угаснаа пожарот кога беа фрлени бомбите, немаше да ја поистоветат нивната дефиниција на женственост со создавање на иконски модел  – Маргарет Тачер. Да се оддаде почит на првата премиерка означена со женски род, в ред; но жена? Не според моите услови.

Солзливото напуштање на Даунинг Стрит од Маргарет Тачер во ноември 1990. "Моето отстранување од власта е предавство", изјавила таа.

Солзливото напуштање на Даунинг Стрит од Маргарет Тачер во ноември 1990. “Моето отстранување од власта е предавство”, изјавила таа.

Слика на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер виси од покрив каде што луѓето се собраа да ја прослават нејзината смрт (Goldthorpe, South Yorkshire).

Слика на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер виси од покрив каде што луѓето се собраа да ја прослават нејзината смрт (Goldthorpe, South Yorkshire).

Протестирачи ги свртуваат своите грбови додека ковчегот на Тачер ја поминува улицата Royal Courts of Justice во Strand.

Протестирачи со натпис „Почивај во срам !“ ги свртуваат своите грбови додека ковчегот на Тачер ја поминува улицата Royal Courts of Justice во Strand.

Жена гори божемен ковчег на Маргарет Тачер во округот Bogside на Londonderry, Северна Ирска.

Жена гори божемен ковчег на Маргарет Тачер во округот Bogside на Londonderry, Северна Ирска.

Протестирачи го запалуваат импровизираниот ковчег на Маргарет Тачер во Goldthrope

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s