Пред 228 години игуменот Мабли ја предвидува американската олигархија

Габриел Боно де Мабли (1709-1785)

Габриел Боно де Мабли (1709-1785)

Игуменот Мабли му аргументира на Џон Адамс околу опасностите од „трговската елита“ која презема контрола над новата Република и ја користи за своја лична корист (1785). По 228 години обвинувањата на Мабли се реафирмирани како никогаш порано.

Но, јас премногу го проширив истражувањето на темата; и ќе останам задоволен со заклучокот дека нашите европски начини кои, веројатно, се, во овој период, превообичаени во Америка, ќе им овозможат на парите (или, со други зборови, богаташите) да узурпираат и да одржат апсолутна доминација ширум неколку држави. За да се спречи никнувањето на оваа доминација, ќе се појават одредени слаби и немоќни напори; и, можеби, не може да се покаже невозможно, преку мноштво заштитни мерки, да се спречи оваа империја да постане всушност тиранска. Ако слабите закони ја немаат моќта да ги спречат комерцијалните тела да ја преземат сета власт; ако јавните морали не претставуваат помош за луѓето; туку, се обидуваат, залудно, да постават одредени граници на јароста на алчноста, јас морам се тресам на иднината на крајниот раскин на сите обврски на вашата конфедерација. Трговците ќе го вкоренат впечатокот на своите карактери во републиката: сите Соединети Американски Држави ќе ја следат трговијата; а овие настани ќе ги посејат семињата на вашите поделби и на пропаста на американскиот Конгрес. Расипани од нашите пороци, вие, кратко, ќе добиете слична инфекција од нашата политика. Секоја од вашите држави ќе замислува дека секоја рана предизвикана на трговијата на другите мора да го докаже порастот на напредокот на својата држава. Според тоа, тиранска и смешно будалеста е страста на алчноста! Таа ќе ве убедува да предизвикувате непријателства за да го зголемите вашето богатство. Вие ќе станете еден вид на Картагина, наеднаш воинствени и комерцијални; а вашата амбиција, соединета со лакомост, ќе настојува да ја преземете улогата на тиран над сите соседни држави; да ги третирате како потчинети; можеби, дури како робови. Соперничка сила ќе се појави за да ви дава отпор. Ќе ја усвоите нашата лажна политичка рамнотежа. Вашите договори ќе потонат од нивни раскинувања; вашите сојузници стануваат несигурни и колебливи; и сите ваши држави ги забораваат своите интереси, за да се придружат во прогонот на диви химери.

Ова е премногу: и јас треба да ве изморам нафрлувајќи докази врз докази во прилог на оправданоста на моите стравови. Вие знаете (премногу за мене за да забележите) дека сета историја ќе ме поддржи. Јас би можел да опишам на кој начин нашите пороци се нераскинливо поврзани едни со други; сепак не треба да ви ја поднесувам најбезначајната новост заради ваше внимание. Со вистини како овие вие сте запознати: последицата на длабинско испитување на човечкото срце ! Никој не може да се интересира повеќе од мене за иднината на вашата малолетна слобода, и славата на вашите законодавци; кои можат да се спротивстават на јазикот на укорот, тие треба да го убедат светот дека ги откриле сите карпи на кои републиката би можела да биде разбиена, и се бореле да дадат потполн отпор на таа фаталност која изгледа дека ги поставила границите кои делата на човечкиот живот никогаш не можат да ги поминат. Му ги нудам на Бога моите најсилни молитви за ваш напредок ! И, господине! Барам никогаш да не ги заборавите протестите кои ви ги доставив на мојата ревност за вашите интереси, на мојата почит и мојата склоност.

Нееднаквоста во Америка е поголема отколку што таа била пред скоро еден век. 400-те најбогати Американци сега поседуваат повеќе од 150 милиони Американци. Близу две третини од нето приватните активи се концентрирани во рацете на 5 проценти од Американците. За споредба, капиталистичките 5 проценти во Германија поседуваат помалку од половина од нето активите. Само во 2009 година, во исто време кога САД се грчеа од масовни отпуштања од работа, бројот на милионери во оваа земја се зголеми до небо. Дури ЦИА заклучи дека разликите во богатството се поголеми во САД отколку во Тунис или Египет.

Во годините на економски раст меѓу 2002 и 2007, 65 проценти од добивките на приход заминале во џебовите на топ 1 процент на даночни плаќачи. Исто така, иако продуктивноста на стопанството на САД пораснала значително од почетокот на 2000 година, повеќето Американци немале корист од тоа, со просечни годишни приходи кои опаднале за повеќе од 10 проценти, до 49 909 долари или 35 184 евра.

Овој 1 процент на американското општество сега контролира повеќе од половина од националните хартии од вредност и обврзници. И додека средната класа уште еднаш се мачи со изгубена декада која не успеа да донесе зголемувања на приходите, високите заработувачи во финансискиот сектор згрнаа зачудувачки суми. На пример, просечниот приход за трговците со хартии од вредност стабилно се искачи до 360 000 долари годишно.

Сепак, тоа не е ништо споредено со трендот на платите на директорите. Во 1980 година, американските извршни директори заработувале 42 пати повеќе од просечниот работник. Денес, таа бројка порасна до небо за повеќе од 300 пати. Во 2010 година, 25 од највисоко платените извршни директори во САД заработиле повеќе отколку што нивните компании платиле даноци. За споредба, топ директорите во 30-те компании кои го прават берзанскиот индекс DAX на Германија ретко заработуваат над 100 пати повисоки плати од нивните работници, и таа бројка често е околу 30 или 40 пати.

Во исто време, богаташите добиваат огромни даночни олеснувања вредни стотици милијарди долари. Во 1970-тите години, данокот на капитална добивка бил 40 проценти, а највисокиот данок на приход се плаќал со стапка од 70 проценти. Под Џорџ Буш, овие стапки опаднаа до 15 проценти и 35 проценти, соодветно. На пример, во 2010 година инвеститорот Варен Бафет заработил 63 милиони долари но морал да плати само 17 проценти во данок.

Во време кога стана клише да се кажува дека Движењето Окупирај го Вол Стрит го промени политичкиот дискурс во САД, изборната политика и претседателските избори од 2012 година станаа скоро исклучиво дефинирани од 1%. Или, да бидеме попрецизни, .0000063%. Тоа се 196-те поединечни даратели кои обезбедиле близу 80% од парите собрани од комитетите за политичка акција во 2011 година давајќи 100 000 долари или повеќе секој од нив. Во изборната 2012 беше година на големи даратели во кои кандидатот е единствено добар колку што неговиот комитет за политичка акција собрал. Во оваа кампања, на секој кандидат му требале неговите милијардери.

„Ова навистина е продавање на Америка“, вели поранешниот претседателски кандидат од демократската партија Ховард Дин. Демократијата на САД е продадена на најголемите наддавачи пред многу време, но во изборната 2012 експлозијата на комитетите за политичка акција го преместија фокусот на јавноста кон неверојатната нееднаквост во политичкиот систем на САД, баш како што Движењето Окупирај го Вол Стрит фрли светло на широката нееднаквост во економијата. Овие две нееднаквости, се разбира, одат рака за рака.

Во изборната 2010, 1% од 1% соодветствуваше на 25% од сите донации за кампањата, со вкупен износ од 774 милиони долари, а 80% од сите донации заминаа кај демократската и републиканската партија, што е највисокиот процент по 1990 година. Со обѕир на цената на водењето на кампањите и поразувачката премија за истрошување на опонентот, не чуди што близу половина од членовите на Конгресот се милионери, а средната нето вредност на американски сенатор е 2.56 милиони долари. Трошоците за претседателската трка и други натпревари за федерални позиции во 2012 година се зголемија од 5 милијарди долари во 2008 година до 7 милијарди долари. Изборите во 2000 година чинеа „само“ 3 милијарди долари. Со други зборови, износот потрошен на изборната сезона во 2012 година бил близу колку бруто домашниот производ на Хаити.

Она што идеолозите на капитализмот го нарекуваат демократски процедури би било поточно опишано како псефономски процедури (Грчки псефос: гласење со гласачко ливче). Притајувајќи ја природата на класните односи, таквите идеологии го збунуваат правото да се гласа со практикувањето власт. Всушност сите капиталистички земји се плутократски олигархии. Плутократија е владеење од страна на богатата класа; олигархија е владеење од страна на малкумина. Овие се карактеристичните принципи на современата држава. (Кокшот и Котрел)

Advertisements

One thought on “Пред 228 години игуменот Мабли ја предвидува американската олигархија

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s