Сириза и легализацијата на дрогите: решението на Пријателите на Народот

veto-anti-marijuana-bill-e1334774598139

Во својата транзициска програма од 40 точки, квази-марксистичката политичка партија СИРИЗА предлага посредна легализација на дрогите:

Укинување на казните за конзумирање дроги, во корист на борбата против шверцот на дроги. Зголемување на финансирањето на центрите за одвикнување.

Во капиталистичко стопанство со пари забраната на дрогите е симболичен гест бидејќи тој противречи на односите на производство. Во капиталистичко стопанство најдобрата политика се контролирани рецепти на опивки за регистрирани зависници. Тоа го спречува црниот пазар. Бесплатната државна дистрибуција тежнее да го ослаби приватниот наркобизнис. Директната легализација би создала големи претпријатија со овластен интерес во промовирање зависност како со тутунот. Штом парите се укинати и имате планирано производство, вие можете да го прекинете производството на наркотици и тутун. Ако не постојат пари, нема монополизација на средствата за производство, сите се вработени, никој нема „општествена моќ преку разменската вредност да влијае на другите“ (Маркс), тогаш како ќе може наркодилерот да ја „продава“ дрогата, кому ќе му ја продава и со што ќе му се плаќа? Едноставно, тоа не е можно.

Системот на непренесувачки трудови сметки што Кокшот и Котрел го предлагаат во своето дело Кон Нов Социјализам (1993) како замена за парите многу би го отежнал овој вид на црн пазар. Во отсуство на готовина како би можеле уличните продавачи на дроги да бидат платени? Ние не би требале да ја потценуваме способноста на криминалците и ситните капиталисти да измислат нови средства на плаќање. Две непосредни алтернативи на готовината се странските банкноти и златото. Многу од парите за дроги веќе доаѓаат од кражби, а накитот отсекогаш бил примарна цел за кражба, но ако златото е украдено, единственото средство со кое увезените дроги би можеле да се добијат, обемот на трговијата на дроги би бил остро скратен. Останува проблемот да се спречи внатрешниот промет на странски банкноти. За да се справи со ова, социјалистичкиот комонвелт би требал едноставно да го забрани увозот на валута. Сите домашни купувања веќе ќе се извршуваат со користење на пластични картички. Може да се направат договори со капиталистичките банки да им овозможат на странските туристи да ги користат своите кредитни картички кога го посетуваат комонвелтот.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s