Револуцијата во Либија продолжува, владата во костец со гневот на работниците

…и се разбира конспираторската теорија на општествената интелигенција уште еднаш поразена.

dead_of_the_libyan_revolution_by_party9999999-d3dwopf

Пролетерските револуции, какви што се револуциите во 19 век, непрекинато се критикуваат самите себе, непрекинато се запираат во својот сопствен тек, се враќаат на привидно веќе постигнатото, за да почнат пак одново, без милост и темелно ги исмеваат половичностите, слабостите и мизерлакот на своите први обиди, се чини дека својот противник го фрлаат на земја само затоа, за од земјата тој да се напои со нови сили и уште посилен да се крене против нив, тие непрекинливо повторно се повлекуваат пред неодредената величественост на своите сопствени цели додека не дојдат до онаа положба кога секое враќање е неможно и кога самите околности повикуваат: Hic Rhodus, hic salta (тука е розата, тука играј). Пролетерските револуции никогаш не ја достигнуваат својата цел уште на почетокот, туку низ множество порази доаѓаат до сознание, низ множеството порази се раѓа нивната сила за повторни налети и за оние решенија, кои тогаш траат, кои остануваат како резултат на пролетерската револуција. (Карл Маркс, во „18-ти бример на Луј Бонапарта“)

Либиските работници од компанијата Sirte Oil во Брега, источна Либија, стапија во штрајк и ги блокираа главните пристаништа на земјата од крајот на јули и доведоа до затворање на многу нафтени полиња, кратејќи ги извозите и производството на најниско ниво, со извози помалку од 500 000 барели дневно, откако избувна Револуцијата во 2011. Претходно извозот бил до 1 250 000 милиони барели дневно.

Судирот меѓу работниците на една страна и капиталистите и владата на друга страна околу прекините на извозите на нафта се интензивира на 20 август 2013 со борби на едно пристаниште и обидите на работниците во штрајк да ја продаваат нафтата самите во најголемиот терминал на сурова нафта. Шефот на гардата на либиските нафтени постројки, Едрис Абокхамада, го повикал на помош министерството за одбрана да му испрати засилувања после судирите меѓу работниците и гардата на нафтеното пристаниште Зуеитина, кое работниците го затворија од средината на јули. Абокхамада изјавил за Ројтерс дека работниците кои протестираат на Зуеитина се во сојуз со Ибрахим ал-Џатхран, лидерот на штрајкувачите на најголемото пристаниште за извоз на нафта, Ес Сидер, кој претходно бил лидер на гардата на либиските нафтени пристаништа во централна Либија. Владата признала дека работниците барале повисока плата и барале да ја извезуваат нафтата самите. Една недела пред усвитувањето на судирите владата изјавила дека ќе ја употреби војската ако е потребно за да го скрши штрајкувачкиот отпор на работничките гарди кои сега самостојно ја извезуваат нафтата.

Мохамед Хатаб, портпарол на синдикатот на работниците кои работат во нафтената корпорација Waha Oil Co, изјавил дека на танкерите им било наредено од владата да ги напуштат пристаништата. Waha е заеднички потфат меѓу националната нафтена корпорација и американските компании Маратон, Хес и КонокоФилипс, што го изведува главниот извоз на нафта на пристаништето Ес Сидер и истото го „контролира“. И покрај напорите на владата и корпорациите со отворањето на алтернативни пристаништа за извоз на нафта, производството од нафтените полиња опадна на околу 10 000 барели дневно поради настојувањето на работниците сами да ја продаваат произведената нафта.

Владата не успеа да се договори со работниците од источните нафтени рафинерии, а неизвесен е и договорот со работниците од западните нафтени рафинерии. Цела либиска нафтена индустрија е под окупација на работниците. Цели два месеци владата и корпорациите, што американски што национални, се во беспаќе преговарајќи (!) со работниците.

Работничките штрајкови ја чинат либиската влада загуби на приходи од милијарди долари и предизвикаа несакани осцилации на светските цени во август. Сепак работниците од источните нафтени рафинерии, кои произведуваат околу две третини од нафтеното производство на Либија, се согласиле повторно да ги отворат извозните терминали од 23 септември 2013 (понеделникот) но побарале бројни услови да им се исполнат во рок од три месеци. Иако ова го изјавија локални медиуми, застапникот на работниците ги отфрли овие информации:

„Нема спогодба со владата и пристанишните терминали на истокот од Ес Сидер, Рас Лануф до Брега и Харига се затворени за извози се‘ додека барањата на штрајкувачите не бидат задоволени. Владата не одговори на нашите барања“, изјавил Осама ал-Ореиби за Ројтерс.

Ореиби е портпарол за федералистите во „Политичкото биро на Брега“, предводено од Ибрахим ал-Џатхран, кој бара поголема улога за работниците во нафтената индустрија.

Дијалогот со штрајкувачите од западните нафтени рафинерии на Либија, кои произведуваат околу третина од нејзиното производство, има незначително позитивен тренд, иако владата призна дека таа останува воздржана околу изгледите за повторно отпочнување на производството.

the_libyan_revolution_by_party9999999-d3ajxg9

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s