Причините за издигнувањето на Златна Зора

latuff_2012_crisisfascistgrave

 

Златна зора е неонацистичка организација, не вообичаена крајно десничарска буржоаска формација, како што е Националниот фронт на Ле Пен во Франција или Северниот сојуз во Италија. Златна Зора е создадена од фашистички елементи во грчката полиција и грчката војска во раните 1980-ти години.

Темелната цел на Златна Зора не беше да стане масовна партија, туку да ги соедини сите фашистички елементи на државата и лумпен-младината во паравоена сила која би можела да игра одредена улога во контрареволуционерен бунт. Основачите на Златна Зора никогаш немале цел за масовно влијание.

Наспроти сите хистерични преувеличувања на малите левичарски групи и ситно буржоаските левичарски интелектуалци, ние мораме да го истакнеме следното:

  1. Златна Зора не е масовна партија. Таа е составена од максимум 2500 до 3000 членови и активни поддржувачи.
  2. Златна Зора не претставува масовно движење и таа не може да се спореди со нацистичката партија во Германија во 1930-тите години. Повеќето од обидите на Златна Зора да организира отворени собири беа поништени поради интервенцијата на масовни левичарски антифашистички собири, како што се случи во август 2013 со поништувањето на фестивалот на Златна Зора во Каламата.
  3. Порастот на Златна Зора не е производ на „пренасочувањето на општеството кон фашизам“ како што „левичарските“ интелектуалци велат, но е резултат на пропаста на буржоаските политички партии. Гласот за Златна Зора денес не значи одлука од народот за активна мобилизација против работничкото движење, туку е крајно назаден и слеп начин на пасивно протестирање против корупцијата на буржоаскиот политички систем.

Нашите ставови во поглед на иднината на Златна Зора не вклучуваат нејзино сигурно присвојување на власта како што малите левичарски групи предвидуваат. Ова е главно поради итната потреба на буржоазијата да најде политички партнер за нова десничарска буржоаска владина коалиција. Веќе, водечките членови на Нова Демократија официјално изјавија дека партијата мора да соработува со Златна Зора.

Во иднина Нова Демократија би можела да создаде форма на парламентарен бонапартизам, но врз основа на денешната длабока капиталистичка криза ова не би било стабилно. Една таква влада поскоро или подоцна би произвела дури помасовен пресврт кон левицата, примарно радикализирајќи ја младината.

Втората причина е дека Златна Зора ги нема потребните резерви на поддршка во општеството.

Ситната буржоазија – класичната општествена резерва на реакцијата – не е повеќе мнозинството од народот. Во 1970-тите години, 60% од грчкото население беа селани. Во Грција денес, 60% од населението живее во двата најголеми града на Грција, Атина и Солун.

Активната работничка класа сочинува 2.5 милиони луѓе додека 1.5 милиони се невработени. Ако ги додадеме децата, пензионерите, домаќинките и илегалните имигранти, ние имаме апсолутно мнозинство за работничката класа во населението. Перспективата за догледна иднина не е фашистичка или бонапартистичка власт под Златна Зора, туку учество на Златна Зора во буржоаска владина коалиција.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s