Праведна надница за праведен работен ден по 210 години?

8908_577743435569972_1262096863_n

Праведна надница е, под нормални услови, сумата потребна работникот да си осигура средства за опстанок, кои му се потребни, во склад со животниот стандард на луѓето од неговата положба и неговата земја, да ја одржи својата работна способност и продолжувањето на својот вид. Вистинската висина на надницата може, веќе според колебањата на деловниот процес, да биде понекогаш под ова ниво; под нормални услови пак, оваа висина би требало да претставува просек на сите колебања на надницата. (Фридрих Енгелс, 1.Мај 1881)

Овој извадок ни укажува во каква состојба се наоѓа денешниот работник и по 210 години од неговото прво читање. Ќе се обидам да дадам појаснување, иако во многу работи не се согласувам со некои ставови на овој филозоф, сепак треба да се респектира неговото мислење бидејќи и денес се соочуваме со слични појави.

Под нормални услови се подразбира мирнодобски услови, кога нема инфлација, истата се контролира или во во најлоша ситуација кога нема депресија, за среќа нашата држава не спаѓа во овие категори, што значи го има првиот услов.

Со тој услов, на работникот треба да му се пружи и обезбеди парични средства со кои би го осигурал својот опстанок како и опстанокот на неговото семејство. Ако им веруваме на државните заводи за статистика, просечниот трошок на едно семејство за да би можело нормално да го преживее месецот, треба да има (околу, не сум сигурен) 20.000 ден. примања. Според тоа, личниот доход не може да биде помал од оваа сума, според тезата на Енгелс. Додека ние го имаме спротивното, 8000 ден. најмал личен доход кој би профункционирал во 2015 г.

Енгелс со овој извадок се согласува дека постоењето на класно општество е неминовно, ’’средства за опстанок, кои му се потребни, во склад со животниот стандард на луѓето од неговата положба и неговата земја’’, но сепак нагласува дека средствата треба да бидат доволни за живеење, а не за преживување, бидејќи во продолжение вели: ’’да ја одржи својата работна способност и продолжувањето на својот вид.

„Да го продолжи опстанокот на својот вид“. Тука Енгелс оди и кон демохристијанските вредности кои денес голем број политички партии ги критикуваат. Па оттука го поставувам прашањето: ’’Како ќе се продолжи со зголемување на наталитетот со 8000 ден. плата’’?

Праведен работен ден е она траење на работниот ден и оној интензитет на трудот при кој работникот може да ја троши сета работна сила еден ден, не загрозувајќи ја својата способност идниот ден и наредните денови да даде иста количина труд. (Фридрих Енгелс, 1.Мај 1881)

Пред да ја образложиме оваа теза, ќе се навратиме малку погоре кој дел намерно го испуштивме: ’’средства за опстанок, кои му се потребни, во склад со животниот стандард на луѓето од неговата положба и неговата земја, да ја ’одржи својата работна способност’ и продолжувањето на својот вид’’

Енгелс тука нагласува одржување на работноспособноста. Сите параметри за нормално функционирање на еден работен ден е 8 часовно работно време, иако тука Енгелс остава простор да работникот САМ избере колку може да работи, но САМ да одлучи со што не би го нарушил работниот процес во наредниот ден, а не истото да биде морално онолку колку што сака работодавецот.

Со тоа се надоврзуваме на самата теза за праведен работен ден, кој не може да биде наредбодавен надвор од она што е пропишано со Закон.

Сепак реалноста е сосема друга, затоа предлагаме и прифаќаме трудот да се плаќа за живеење, а не за преживување, а работнот ден не подолг од 8 часа, освен ако само работникот изрази желба и тоа да се плаќа за 150% повисока надница од редовната како што законски е воведено во одредени сфери во државата.

Исто така компромисно се согласуваме, трудот да се плаќа според вредноста на индивидуата и неговиот учинок, но сепак најмалиот личен доход да биде константен кој како што нагласивме ќе му биде потребен за нормално одржување на својот вид и негова репродукција, а не тоа да биде во форма на милост.

Во спротивно ’’трудот ќе биде стока на пазарот’’ ~ К.Маркс

                                                                 Јоже Франц

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s