Владите природно тежнеат да се изродат во тиранија

„Алегорија на Револуцијата со портретски медаљон на Жан-Жак Русо“ од Никола Анри Жора де Бертри, 1794, масло на платно.

„Алегорија на Револуцијата со портретски медаљон на Жан-Жак Русо“ од Никола Анри Жора де Бертри, 1794, масло на платно.

Вечна вистина е важноста да се убедат луѓето дека најсмртоносниот непријател од којшто тие треба да се плашат е владата. ВЛАДАТА Е НАЈСМРТОНОСНИОТ НЕПРИЈАТЕЛ НА НАРОДОТ. (Жан-Пол Мара, L’Ami du peuple, N° 28. — 8 октомври 1789)

Русо за природното тежнеење на владите да се изродат во тиранија (1762 год.)

Францускиот политички теоретичар и просветител Жан-Жак Русо (1712-1778) предупредил дека постои силно тежнеење за членовите на владата да ја узурпираат суверената власт за да ги спроведат своите лични приватни интереси, водејќи кон тиранија:

Кога посебната волја ќе делува постојано во спротивност на општата волја, владата без престан се напрега против сувереноста на земјата. Колку ова напрегнување станува поголемо, толку повеќе уставот се менува; и, бидејќи во овој случај не постои друга заедничка, општа волја да се создаде врамнотеженост со давање отпор кон волјата на мандатарот, поскоро или подоцна мандатарот мора неминовно да ја потиснува сувереноста на земјата и да го раскине општествениот договор. Ова е неизбежен и природен недостаток кој, од самото раѓање на политичкото тело, тежнее непрекинато да ја уништува сувереноста, како што стареењето и смртта го уништуваат човечкото тело.

Има два општи правци по кои владата се изопачува: односно кога таа се подложува на собирање, или кога државата е распуштена.

Владата се подложува на собирање кога таа поминува од многумина на малкумина, односно, од демократија до аристократија, и од аристократија до кралство. Тоа тежнеење е природна склоност на владата. {Современи примери се американскиот сенат чии членови мораат да припаѓаат на високата класа или актуелниот пример со сириското претседателство кое преку измени на уставот власта беше предадена од таткото Хафез ал-Асад на синот Башар ал-Асад, или примерите на „револуционерна“ монархија во Северна Кореја и Куба и многу други примери – Забелешка на Т. З.} Ако владата земе назаден правец од малкумина кон многумина, може да се каже дека таа е опуштена; со ова обратен редослед не е можен.

Навистина, владите никогаш не ја менуваат својата форма освен кога нивната енергија е исцрпена и ги остава преслаби да ја одржуваат власта. Ако една влада веднаш ја прошири својата сфера и ја опушти својата прописност, нејзината сила би станала апсолутно ништожна, и таа би траела уште помалку. Поради тоа, неопходно е да се собере и да ја зацврсти власта како што ја губи: инаку државата која таа ја одржува ќе доживее штета.

Распуштањето на државата може да се случи на два начини.

Прво, кога мандатарот престанува да ја управува државата според законите, и ја узурпира суверената власт. Тогаш се случува неверојатна промена: не владата, туку државата, се подложува на собирање; државата е распуштена и друга е формирана во неа, составена само од членови на владата, која станува за остатокот од народот само господар и тиран. Тогаш владата ја узурпира сувереноста на земјата, општествениот договор е раскинат и сите приватни граѓани со право на своја природна слобода се принудени да се потчинуваат на оваа тиранска влада.

Истото нешто се случува кога членовите на владата поединечно ја узурпираат власта а тие треба да ја практикуваат власта само како тело; ова е големо прекршување на законите и резултира со дури поголеми безредија. Тогаш има толку мандатари колку функционери, а државата, не помалку поделена од владата, или исчезнува или ја изменува својата форма.

Кога државата е распуштена, злоупотребата на владата, каква и да е таа, го има истото значење со безредие. Демократијата се изродува во оклократија, а аристократијата во олигархија, а кралството во тиранија.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s