Башар ал-Асад не е пријател на народот туку негов експлоататор

Протекционистички капитализам

Токму во 2000-тите кога Башар ал-Асад дојде на власт процесот на враќање на капитализмот навистина беше забрзан, но видот на капитализам кој беше создаден не беше како тој во САД или Европа. Тоа беше „протекционистички капитализам“ во кој процесот на приватизација беше пренос на државната сопственост кај моќни поединци од режимот или со блиски врски со режимот, семејни членови на луѓе на врвот на режимот.

Еден таков човек е Рами Маклуф, братучед на претседателот Башар ал-Асад. Тој ги контролира телекомуникациите на Сирија (Сириател), нејзините бесцарински стоковни куќи, голем дел на нејзината нафтена индустрија, авиотранспортот, мас-медиуми и многу недвижнини. Пред да избувне Револуцијата, се обелодени дека тој поседува имот вреден околу 5 милијарди долари.

Рами Маклуф, братучед на претседателот Башар ал-Асад, ги контролира телекомуникациите на Сирија (Сириател), нејзините бесцарински стоковни куќи, голем дел на нејзината нафтена индустрија, авиотранспортот, мас-медиуми и многу недвижнини. Тој поседува имот вреден околу 5 милијарди долари.

Рами Маклуф, братучед на претседателот Башар ал-Асад, ги контролира телекомуникациите на Сирија (Сириател), нејзините бесцарински стоковни куќи, голем дел на нејзината нафтена индустрија, авиотранспортот, мас-медиуми и многу недвижнини. Тој поседува имот вреден околу 5 милијарди долари.

Каков вид на капитализам беше воспоставен може да се види од фактот дека Маклуф беше способен да ја држи египетската телекомуникациска компанија, Ораском, надвор од сирискиот пазар, бидејќи тој имаше поддршка од државата која е во заложништво на Асад. Му беше доделена 8-годишна дозвола за работа од државата, овозможувајќи му практичен монопол над мобилната мрежа. Во 2009 година Маклуф веќе стекнал акции во девет од 12-те приватни банки. Всушност, овој олигарх го доминираше сирискиот приватен сектор.

Ист таков пример е Мохамед Хамшо, кој стана многу бргу моќен бизнисмен. Фактот дека тој се ожени за Махер ал-Асадовата снаа покажува како тој се издигна во „деловната заедница“. Во овие услови корупцијата беше надмоќна.

Јавниот сектор од државно-поседувани компании, кои функционираа според план, сега функционираат според законите на пазарот, како државно капиталистички компании. Во исто време се развиваше приватниот „протекционистички капиталистички“ сектор. На 10 март 2009 конечно беше воспоставена берзата, која порано беше одложена.

По стопанската криза во 1996 година, за време на која само нафтата го спаси режимот, „потребата за структурни реформи“ беше поставена уште поостро. Тоа објаснува зошто Башар ал-Асад ја постави „економската реформа“ во центарот на својот „политички дискурс“.

„Групата на 18“ предводена од баасистичкиот економист Мохамед Хусеин, кој подоцна стана премиер во 2001 и министер за финансии во 2003, беше група на универзитетски професори, „експерти“, бизнисмени, либерали, итн., повикани да го надгледуваат процесот на приватизација.

Башар именуваше таканаречени „независни“ на одговорни позиции во владата. Многу економисти и инжинери едуцирани на европски или американски универзитети беа поканети да се вратат во татковината да помогнат во „реформите“, односно отпочнувањето на процесот на отворање на сирискиот пазар за приватни инвеститори. Ова беше јасен сигнал дека Асад сакаше да го забрза процесот. На луѓе кои не беа членови на Баас им беа давани клучни министерства. Меѓу овие луѓе беа Исам Заим, министер за планирање во 2000 и потоа министер за индустрија во 2001, кој беше експерт од UNDP (Програма за развој на ООН); Гасан Рифаи, кој беше министер за економија и трговија во втората половина на 2001, службено лице на Светска банка; и Нибрас Фадел, иселенички технократ, кој беше советник на Асад во врска со реформирање на државата.

Покрај овие промени во составот на владата како дел од програмата за отворање на стопанството за капитализам, исто така два државни монополи беа демонтирани. Во декември 2009 режимот одобри отворање на приватни банки и берза, а следната година во февруари 2010 владата одобри отворање на приватно поседувани универзитети.

Сепак, овие мерки наидоа на силен отпор од „конзервативното“ крило на режимот, и приватните банки фактички не беа отворени во тоа време. Поради оваа бавност во развојот на приватниот банкарски сектор, либанските банки имаа важна улога во пополнувањето на вакуумот и ги даваа потребните кредити за бизнисот.

richSOCIALIST

„Социјална пазарна економија“

Идејата за „социјална пазарна економија“ – скоро фотокопија на кинеските официјални позиции – беше усвоена од режимот за да се маскира стварната природа на она што се случуваше, пренос на сопственоста од државата во приватни раце.

Овој модел вклучуваше промена на начинот на кој државните индустрии функционираа. Сега, тие мораа да делуваат според законите на пазарот, но без приватизации и без кратења на работните места.

Овде ние гледаме отпор кон било каква целосно оформена програма на приватизации и отворање за странскиот капитал. Но, дали тоа беше отпор кон капитализам по себе? Не беше. Како во Кина, елитата на режимот сакаше модел на капитализам кој би ѝ овозможил на истата привилегирана каста на врвот да ги задржи своите позиции. Начинот на кој ова беше направено беше преку осигурување дека државната сопственост ќе биде пренесена на членовите на владејачката елита, или членовите на нејзините семејства и блиските соработници.

2005-та година (откако заврши окупацијата на Либан) одбележа важен пресвртен момент во целиот процес. На конгресот на баасистичката партија оние кои ја преферираа таканаречената „социјална пазарна економија“ ги поразија оние кои сакаа да го бранат статус квото. Патот кој беше усвоен беше тој на создавање на олигополи во рацете на блиските на режимот. Тоа беше решавачки чекор во насока на капитализам.

Она што ги разгневи западните империјалисти беше фактот дека во Сирија капитализмот беше воведен под строга контрола на режимските блиски луѓе. Империјалистите бараа целосно отворање на сириското стопанство, бидејќи тие бараа уште области за инвестиции за своите мултинационални корпорации.

Режимот преферираше да ја направи трансформацијата без надворешна помош, продолжувајќи кон капитализам преобразувајќи ги деловите на бирократијата во непосредни сопственици на средствата за производство. Токму овие услови овозможија на лица како Рами Маклуф да се појават.

До 2007, за две години, безброј приватни осигурителни компании и банки делуваа во земјата. Банкарскиот сектор беше отворен за приватни инвестиции како што беше странската трговија. За да ги разбереме промените кои се случувале ние можеме да ги погледнеме статистиките за бројот на производи кои биле забранети да се увезуваат. Во септември 2003 бројот бил 11 000, но до јануари 2007 овој број опаднал на 1000.

Режимот значи воспостави услови за развој на слободен пазар, односно капитализам. Ова беше дел од обидот на режимот да се скрши изолацијата која му беше наметната, особено од американскиот империјализам.

Либан исто така беше голем извор на банкарски заеми во овој период. Поради американскиот бојкот, и откако ЕУ во 2004 одби „соработнички“ однос, режимот се сврти кон Турција и Иран за помош, а Иран беше единствената земја која сакаше да инвестира, самата жртва на наметнати санкции од страна на САД. А во 2006, како резултат на либерализацијата, имаше финансиски процут, со големи инвестиции, главно од шпекулативна природа, во недвижнини.

Во декадата 2000-2010 ние гледаме квалитативна промена, кога движењето од стопанско планирање кон капитализам е конечно консолидирано. Ако ги споредиме години 2001-05 (деветтиот петгодишен план) со 2006-10 (десеттиот петгодишен план) ние ја добиваме следната слика: Во првата половина на декадата, јавниот сектор продолжи да доминира, но со промена во начинот на функционирање на државно поседуваните претпријатија. Тие сега беа преобразени во државно капиталистички претпријатија. Во втората половина на декадата, приватниот сектор навистина се прошири. Во 2007 година веќе 70% од сириското стопанство беше во приватни раце.

„Либералите“ не можеа да побараат повеќе бидејќи сега можеше да се направат обилни профити. Процутот на пазарот на недвижнини беше пример за ова. Во годините 2003-04 цените на недвижнини пораснаа до 59%, но во следните три години, 2005-07, тие пораснаа до 400% !

Во исто време ние го гледаме враќањето на старите сириски капиталисти и банкари во татковината кои ја напуштиле некогаш, многу од нив со свој бизнис во Либан. Овие се буржуите кои ја напуштиле земјата после национализациите во 1960-тите години. Сепак, постоеја буржуи кои беа толерирани откако Хафез ал-Асад ја презеде контролата над режимот во 1970-тите години. Овие „независни“ капиталисти беа толерирани сè додека тие не се измешат како една голема група, туку делуваа како поединци, според тоа не претставувајќи закана за режимот.

Сепак, помалку важната страна на сиот овој рудник на профитирање и шпекулација беше растечката пауперизација на дел од населението. Растечката општествена поларизација беше одбележана со јаз меѓу богатите и сиромашните кој стануваше сè поголем.

Во 2005 година, 5.3 милиони луѓе (30% од населението) живееле под границата на сиромаштија, а од овие, 2 милиони (11.4%) не можеле да ги задоволат своите потреби за храна. Населението продолжи да расте значително, додавајќи сè повеќе млади луѓе на списокот на оние кои бараат работа. Во исто време продолжуваше масовниот егзодус од руралните средини кон урбаните средини, додавајќи повеќе социјални проблеми во градовите. Само Дамаск растеше до 150 000 жители годишно. Ова создаде урбано сценарио во кое богатите делови на градот беа опкружени од бедни предградија.

Во овие услови избувна инфлација. Во 2003 таа беше само 1.3%, до пролетта 2007 таа беше 18%. Но, цените на основните потрошувачки добра растеа дури побрзо, со зголемување од 60% во 2007.

Друг клучен индикатор за општествениот напредок беше стапката на писменост која во Сирија почна да се влошува. Бројот на неписмени растеше. Ова ја покажува разликата меѓу прогресивните мерки од минатото, кои ја намалија неписменоста, и новите „пазарни“ мерки кои го влошија образовниот систем.

Овде исто така, ние ја гледаме социјалната поларизација. Додека основното образование за масите било скратено, во периодот 2000-07 биле отворени осум приватни универзитети за да им служат на елитата. Ние имавме растечко изобилство и богатство среде широко распространета беда. Бројот на раскошни хотели, 4WD автомобили, мерцедеси, итн., растеше додека голем дел од населението мораше да преживува со 2 долари дневно ! Во 2004 година најсиромашните 20% од населението се однесуваа на само 7% од вкупната потрошувачка, додека најбогатите 20% се однесуваа на 45% од потрошувачка.

Во обид да ја компензира загубата на старите бенефиции кои се должеа на старата, државно-поседувана, планирана економија, сега режимот се обиде да воведе одредена форма на социјално осигурување, но широката корупција во системот ја попречи неговата примена.

Според тоа, ние гледаме како во текот на дваесетгодишен период, после падот на Советскиот Сојуз, во Сирија се одвиваше долг процес на постепено демонтирање на планираното стопанство и воведување на сè повеќе елементи на капитализам, на крајот водејќи до сегашниот протекционистички капиталистички систем.

Сето ова ја објаснува конфузијата меѓу левичарите. Некои левичари продолжија да го поддржуваат Асадовиот режим наспроти народното востание, а нивното оправдување што го поддржуваат е дека режимот е некако прогресивен и антиимперијалистички. Ништо од тоа, се разбира, не е вистина, како што фактите и бројките во оваа статија обилно покажуваат.

Други левичари слепо ја поддржуваат опозицијата, преферирајќи да го игнорираат фактот дека вистинската револуција која избувна во 2011 беше киднапирана од различни реакционерни групи. Ова може само да се објасни со фактот дека Сириската револуција не го најде потребното водство кое ќе можеше да ја преобрази во социјалистичка револуција. Револуцијата избувна под влијание на Туниската и Египетската револуција. Масите сакаа да се стави крај и на растечките социјални и економски проблеми и на диктатурата на Асад, но тие не најдоа партија способна да ги обедини работниците, младите, невработените, сиромашните во заедничка борба против диктатурата.

Извор

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s