До читателот на македонскиот превод на книгата Кон Нов Социјализам

743511212394756N

Нека читателот не очекува лесна литература. Проблемите кои се третираат во книгата Кон Нов Социјализам се комплексни и општествено важни. Затоа и „поговорот“ излезе повеќе од шестина од англиското издание на книгата. Социјализмот односно комунизмот е иднина на човештвото и затоа е неопходно да се разгледаат сите пишувања за него било критички или пофални. Притоа однапред ќе кажеме дека ги отфрламе сите тврдења за „грешките на Маркс“ ако се со невалидни докази.

Малограѓанските тврдења „Маркс пишувал одамна“ и „Не можел Маркс се‘ да знае“ не се критериуми за оценка на вистинитоста. И Аристарх од Самос (трети век п.н.е.) „пишувал одамна“, и тоа многу поодамна пред Маркс, па неговата хелиоцентрична планетарна теорија важи и денес. Иако некој со едно апсурдно прашање кое нема врска со астрономијата, ја „одложил“ нејзината примена за 17 века, до појавата на Никола Коперник.

Марксизмот е досега единствената исправна наука за општеството која ги објаснува сите полети и падови на борбата на работничката класа. Само со него може да се разбере сета конфузија на 20 век која ја создадоа општествените дејци.  И со тоа си потпишаа „свидетелство за сиромаштво на духот“ (Testimonium paupertatis), што не смееше да им се случи. Тоа е доказ дека тие повеќе не се потребни штом не знаат да ги решаваат – дури и како професии – проблемите на светот. Затоа секој чекор во нивното елиминирање од општествениот живот ќе биде корисен за пролетаријатот. И ова разгледување е пишувано со таа намера. На читателот му пожелуваме просветлување на духот.

Лазар Гогов

Leave a comment