Уште еднаш и уште еднаш во одбрана на Сириската револуција

Слободната сириска армија не е исто што и ал-Нусра, ал-Шам и Исламска држава на Ирак  – Руските капиталисти и Асадовиот режим се сакаат заради взаемна експлоатација на водојаглеродните ресурси на Сирија во чија поделба на профит сирискиот народ е исклучен – Социјалните корени на Сириската револуција – Лицемерието на Обама во неговата волја да го бомбардира само режимот на Асад

Слободната сириска армија не е ал-Каеда

Нашето сфаќање на граѓанската војна во Сирија е несоодветно и неточно. Тоа е поради фактот дека малку новинари известуваат од внатрешноста на земјата. Ова несоодветно и неточно сфаќање е дека сирискиот отпор кон режимот е исклучиво или доминантно пружен од насилни исламистички екстремисти кои припаѓаат на Ал-Каеда. Ова несоодветно и неточно сфаќање е индоктринирано во нашите глави од страна на мас-медиумите на руските капиталисти, проруските мас-медиуми, несвесните вагабонди и неплатени агенти на Асад. Причините зошто овие сите платени и неплатени агенти на режимот и политичкиот претставник на руската капиталистичка класа претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ја вршат ќе ги објасниме откако ќе го разобличиме митот за „исламистичката Слободна сириска армија“.

Слободната сириска армија е составена од 100 000 дезертери од владината сириска армија за да не ги убиваат своите сограѓани. Сирија е земја со популација од 22 милиони луѓе. Има 15 милиони сунити и 150 000 борци на Слободната сириска армија, повеќето од нив се доктори, учители, инжинери, фармери и студенти, меѓу нив и премиерот Хиџаб и врховни воени командири како Мунаф Тлас (Асадовиот најдобар пријател и син на поранешниот министер за одбрана). Бројот на присутни џихадисти е помалку од 0.1% од населението. Има околу 7500 борци кои припаѓаат на Џабат ал-Нусра во северот и околу 4000 борци кои припаѓаат на порадикалните Исламска држава на Ирак  и ал-Шам во истокот. Тие не се дел од командата на ССА и претставуваат многу мал дел од опозицијата.

Членови на Слободната Сириска Армија ја одбележуваат својата територија со бариера и знаме во Алепо, јуни 2013

Членови на Слободната Сириска Армија ја одбележуваат својата територија со бариера и знаме во Алепо, јуни 2013

Вообичаеното убедување како резултат на перманентната проруска капиталистичка индоктринизација е дека екстремистичките елементи се целосно испомешани со поумерените бунтовнички групи. Ова не е точно. Умерените и екстремистите имаат контрола над различни територии. Иако овие територии често се блиски едни до други, поставени се препреки кои ја одбележуваат контролата. На пример, регионот Алепо е контролиран од Слободната сириска армија, по чија граница спрема регионот Ракка поставени се препреки одбележани со знамето на Исламската држава на Ирак. Во северот на Сирија групите како Џабхат ал Нусра и Исламската држава на Ирак и ал-Шам ги контролираат тамошните локални власти и наметнале шеријатски закон. Сепак, во Алепо има секојдневни протести од илјадници граѓани против Исламската држава на Ирак и ал-Шам.

Наспроти целата индоктринизација во прилог на Асадовиот режим, војната во Сирија не се води целосно ниту дури предоминантно од опасните исламисти на Ал-Каеда. Џихадистите кои влегуваат во Сирија од земји како Ирак и Либан не се собираат на линиите на фронтот, туку тие ги сосредоточуваат своите сили на обединување на контролата во северот, каде доминантно ја имаат територијалната контрола умерените бунтовници, односно Слободната сириска армија.

Групите како Џабхат ал Нусра и ал Каеда не грижат толку за поразување на Асадовиот режим отколку да воспостават и да го задржат својот исламиски емират во северот на Сирија. Многу борци на Џабхат ал Нусра ги напуштаат бунтовничките делувања во Хомс, Хама и Идлиб за да се насочат кон провинцијата Ракка штом главниот град на оваа провинција падна под нивна контрола во март 2013 година. За време на битката за Кузаир во втората половина на мај, борците на Џабхат ал Нусра очевидно биле отсутни. Во првата половина на јуни, бунтовниците се засилија за да го преземат градот Талбисех, северно од градот Хомс, додека борците на Џабхат ал Нусра повеќе сакале да останат во ослободените територии за да го пополнат празниот простор кој Слободната сириска армија го оставила зад себе.

Умерените опозициски сили познати како Слободната сириска армија продолжуваат да ја предводат борбата против сирискиот режим. Батаљоните на Слободната сириска армија ги бранат алавитските и христијанските села од владините сили и исламистичките групи. Овие батаљони се потчинети на локалните административни совети кои бараат изградба на демократско општество. На пример, локалните совети во Алепо кој е контролиран од Слободната сириска армија одржуваат неделни форуми на кои граѓаните можат слободно да го искажуваат своето мислење.

Во изминативе месеци ССА оствари големи победи во Алепо, Идлиб, Дераа и Дамаск – скоро освојувајќи го центарот на главниот град – наспроти консолидацијата на режимот во провинцијата Хомс. Според тоа, најверојатната причина за масовниот напад со хемиско оружје било тоа што Асадовата 155-та бригада на четвртата оклопна дивизија била во опасност да биде окупирана а оваа дивизија под команда на братот на Асад, Махер Асад, била последната одбранбена линија во централен Дамаск. Гранатите со нервен гас биле експлодирани од воена база на планината Касион која се издигнува над Дамаск.

Syria-kanfranbel-Comment-on-Assad-Putin-Relationship

Путин и Асад се браќа заради бизнис интереси

Режимот на Асад сè уште ги поседува едни од најголемите конвенционални водојаглеродни ресурси во источниот Медитеран. Сирија поседува 2.5 милијарди барели сурова нафта (јануари 2013), што ја прави најголемата докажана резерва на сурова нафта во источниот Медитеран според проценката на Oil&Gas Journal, покрај Ирак. Русија, големиот брат на Асадовиот режим, е единствениот меѓународен партнер кој остана среде граѓанската војна да помага во експлоатацијата на сириската нафта и гас. Сирија преговара со Русија и Кина околу истражување на нови ресурси во морето. Сирија исто така има ресурси на нафта од шкрилци чии резерви се проценети дека достигнуваат до 50 милијарди тони, според владата на Сирија во 2010 година. Ова може да објасни зошто Русија вложува огромен капитал во Дамаск чии државно-поседувани енергетски компании профитираат од деспотскиот режим на Асад. Ова може да ја реафирмира констатацијата на еден буржоаски весник од добата на класичниот капитализам дека: „За капиталот со 300% профит не постои престап на кој тој не ризикува, дури и при опасност да го обесат“ (а кој ќе се осмели да го обеси рускиот или американскиот воен капитал?) „Ако вревата и кавгата носат профит, тој и двете ќе ги потспотнува“. Еве ја целата вистина пред која само совесните и вистински марксисти и комунисти се поклонуваат до земја! Па, ако граѓанската војна во Сирија носи профит за рускиот воен капитал или американскиот воен капитал, тие ќе ја потспотнуваат и во ООН безобѕирно ќе противречат на секоја рестрикција против режимот на Асад (кој има убиено 3781 деца заклучно до 2 март 2013) или Муслиманското братство во Сирија кое убива од секташки религиозни и етнички мотиви. Братството меѓу Путин и Асад заради бизнис интереси го признава самиот Асад: „Од чисто економски поглед, се потпишаа неколку договори меѓу Сирија и Русија за различни стоки и материјали. Што се однесува до заемот од Русија, ова треба да се гледа како профитабилно за двете странки; за Русија тоа е можност за нејзините национални индустрии и компании да се прошират во нови пазари.“ Поддршката на Русија за Асад вклучува и продажба на сириската нафта на светскиот пазар.

 1009740_482101308538512_1069053891_n

Сириската револуција е дело на самиот сириски народ а не увезени бунтовници

Против засилувањето на левото крило на партијата Арапска социјалистичка преродба (Баас), кое спроведуваше општествени реформи според советскиот модел, настапи токму умерената група (читај: капиталистичката група) која беше собрана околу генералот Хафез Ал-Асад. На 16 ноември 1970 година со државен удар е преземена власта. Асад на 2 март 1971 година станал претседател на републиката и со основањето на Напредниот национален фронт ја намали зависноста од СССР и неговите сојузници и повторно ја дозволи приватната сопственост.

Неолибералните реформи на Башар се случија во исто време кога сушата во 2008-10 предизвика десетици илјади селани да се преселат во градовите. Ефектот на сушата беше влошен со приватизацијата на државното земјиште во 2000 година, што доведе до интензивно нерационално обработување кое ги исцрпи ресурсите на вода. Скратувањата на субвенционираното гориво и укинувањето на ценовните контроли на пестицидите и храната за животни уште повеќе го зголеми очајот на селаните. Во градовите укинувањето на контролите на станбеното изнајмување и влегувањето на бахреинската корпорација Галф Инвестмент во пазарот на недвижнини уште повеќе го отежна добивањето на станови по достапни цени. Намалувањето на увозните тарифи ги банкротира многу мали производители, што придонесе кон зголемување на веќе високите стапки на невработеност, особено меѓу младите. Просечната плата опадна, проследено со кратења на субвенции и инфлација. А во 2010 година 61 процент од работниците заработувале помалку од 190 долари месечно. Други неолиберални реформи, како што е кратењето на данокот на корпорацискиот приход, уште повеќе го зголемиле богатството за богаташите. Приватизацијата на здравството и образованието и воведувањето на издатоци создадоа двостран дискриминаторски платежен систем со ексклузивни универзитети и болници за богаташите.

Асад и неговиот режим ја сметаат Сирија како своја крава за молзење. На пример, само приходите од продажбата на нафта изнесуваат 15 милијарди долари годишно. Оваа сума не влегува во државниот биланс. Таа оди во џебовите на Асад и неговите разбојници. Ова е веќе 40 годишен случај. Ако ја пресметаме сумата која била ограбувана во текот на овој период, ние зборуваме за 500-700 милијарди долари. Ова е уште една причина зошто Асад и неговите разбојници треба да бидат казнети, а да не зборуваме за злосторствата извршени против човештвото. Темелната поделба во Сирија меѓу корумпирана и авторитарна владејачка класа и масата од работници и сиромашни покажува зошто левицата треба да нема илузии во однос на Асад дека на одреден начин тој е повреден да му се даде поддршка од Мубарак или Бен Али. Тоа се и длабоките социјални корени од кои се појави востанието поради што и на режимот и на странските влади ќе им биде тешко да го присвојат и да го обликуваат по нивните интереси.

 995197_601291333256178_1636608506_n

Лицемерието на Обама во неговата намера да ги бомбардира силите на Асадовиот режим

При евентуална интервенција на војската на САД таа не треба да служи како воздушна сила во прилог на ал-Каеда. Ако Обама удри против Асадовиот режим, би било уште подобро да удри и против ал-Каеда. Ако САД применат воена агресија доволно силна што би го соборила Асад од власт постои опасност дека еден таква агресија би можела да им помогне на исламистичките бунтовници да дојдат на власт во Дамаск и да ги употребат Асадовите резерви на хемиско оружје. Би било крајно неодговорно од Обама да удри и да го ослаби сирискиот режим без да удри и да ги ослаби ал-Каеда во исто време. Ако Обама навистина сака да ја искорени ал-Каеда во Сирија тоа е воено изведливо бидејќи џихадистите таму не се измешани со секуларните бунтовници на Слободната сириска армија. Џихадистите како Абу Бакр ал-Багдади, Абу Калид ал-Сури и Абу Мухамед ал-Џулани контролираат одредени територии, главно провинцијата Ракка, и овие злосторници можат да бидат убиени на лице место со бомбардирања доколку Обама престане да биде лицемер. Убивањето на овие исламистички лидери ќе им помогне на борците на Слободната сириска армија да се ослободат од оние кои „ја одложуваат победата на револуцијата и ја фрагментираат опозицијата“ (како што изјавила командата на ССА во своето отворено писмо до Муслиманското братство). Убивајќи ги нивните примарни соперници за власт вакуумот што ССА ќе го остави зад себе кога ќе маршира кон Дамаск нема да биде заменет со власт врз шеријатски закони. Покрај тоа, ССА истакна дека сириската мултиетничка демографија значи дека ниту една група не може или не треба да бара да ја монополизира власта и дека Сиријците ќе прифатат само вистинска еднаквост меѓу себе, а не потчинување на една група под друга. Ако Обама одлучи да удри и против лидерите и единиците на ал-Каеда во северот на Сирија тогаш целата хистерична скрибоманија на лицемерната антиимперијалистичка русофилска левица ќе се посрамоти уште поотворено. Во 2012 година Обама убедуваше дека „ал-Каеда никогаш повеќе нема да може да воспостави безбедно засолниште за да иницира напади против нас и нашите сојузници.“ Провинцијата Ракка е веќе безбедно засолниште на ал-Каеда и ако тој не удри смртоносно против терористите туку само ги бомбардира силите на Асадовиот режим тогаш со оваа своја лицемерна намера не само што индиректно ја поддржува ал-Каеда туку и ќе ги потврди сомневањата дека директно ги поддржува овие религиозни ѕверки односно дека издал наредба на ЦИА да ги снабди со оружје.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s