Зошто Асад мора да биде убиен

AsELaSxCQAEVXPY

Во изминатите две ипол години, Асад го фрли народот на Сирија во мрак со својот обид да го скрши сириското востание за слобода. Со повеќе од сто илјади луѓе сега убиени и половина од населението раселено или во бегство кај соседните земји, Сирија стана најголемата хуманитарна криза на нашето време. Еве ги седумте причини зошто меѓународната заедница мора да делува за да ги прекине злосторствата на Асад.

1) 1400 старци, жени и деца отруени со гас до смрт во еден ден

Во еден безочен акт, Асад употреби хемиско оружје против цивили убивајќи 1400 индивидуи, од кои 400 невини деца; многу од нив погинале додека биле во своите кревети, во сон. Покрај хемиското оружје, Асад употреби други забранети оружја како што се касетни бомби и eксплозивни буриња.  Асад исто така има лош углед поради неговите страшни ќелии за измачување, каде тој сега држи над 100 000 политички затвореници. Хјуман рајт воч документира дека дури деца биле жртви на Асадовата практика на измачување и силување како воени средства. Земајќи го предвид размерот на она за што е способен тиранинот Асад и фактот дека тој ја поседува четвртата најголема залиха на хемиско оружје во светот, рамнодушноста на меѓународната заедница чекајќи повеќе деца да бидат отруени со гас до смрт е морална бесрамност. Експертите велат дека сирискиот режим поседува 700 тони хемиско оружје и дека само режимот ја има способноста да качи толкаво хемиско оружје на артилериски бомбардери, посебно на планината Касион која се издигнува над Дамаск и соседните региони каде саринскиот гас бил употребен на 21 август во рано утро. Со количеството од 700 тони хемиско оружје режимот може да произведе скоро 2500 артилериски бомби и 100 хемиски боеви глави за проектилите Скад, што е доволно да се уништи населението на Дамаск, Хомс, Хама и Алепо. Најверојатната причина за масовниот напад со хемиско оружје била тоа што Асадовата 155-та бригада на четвртата оклопна дивизија била во опасност да биде окупирана а оваа дивизија под команда на братот на Асад, Махер Асад, била последната одбранбена линија во централен Дамаск. Видео кое покажува како трупите на сирискиот режим се подготвуваат да ги бомбардираат жителите со хемикалии.

2) Другите брутални тирани гледаат и учат

Ништо не е поопасно од злосторство без санкција. Воочената неказнетост не само што го охрабри Асад да продолжи да го масакрира својот народ, но исто така други брутални диктатори кои би сакале повеќе од било што да развијат, акумулираат и користат забранети оружја. Тоталитарниот режим во Северна Кореја, теократскиот режим во Иран, хезболах и други теориристички организации вниманително ја следат сегашната ситуација во Сирија за да го разберат значењето на „црвена линија“ изречена од меѓународната заедница.

3) Асад има јасни врски со ал-Каеда

За оние кои говорат против интервенција на меѓународната заедница во Сирија, имајте предвид дека Асад веќе довел десетици илјади војници на хезболах и од Иран кои систематски го убиваат и силуваат сирискиот народ. Иран е вмешан заради своите хегемонистички амбиции во регионот, додека терористичката организација Хезболах е во сојуз со Асад под секташко знаме. Хезболах е финансиран од теократскиот режим на Иран и поддршката на оваа теориристичка организација е давана преку Сирија. Поради тоа, опстанокот на Хезболах зависи од понатамошно постоење на Асадовиот режим. Асад исто така има добро воспоставени врски со ал-Каеда и тој ги помогна нејзините операции во Ирак во минатото. Нема причина да се сомневаме дека Асад е виновен за растечкото присуство на ал-Каеда во Сирија. Во 2002 година Асад ја поддржа забранетата терористичка група ал-Нусра во борбата против САД во Ирак. Сега, групата е поддржувана од САД против Асад во сирискиот конфликт. За да биде уште поголема хипокризијата, Асадовиот режим купува гориво во северот на Сирија од групи поврзани со ал-Нусра. Неделувањето од страна на човештвото значи победа за Асад и неговите опасни сојузници.

4) Вакуумите сe расадник за екстремизам

Слободната сириска армија веќе ослободи приближно 60% од Сирија. Додека локалните координациски комитети и граѓанските совети – моторот на Сириската револуција – се борат за ресурси за да ги раководат овие региони, екстремистичките елементи, често составени од странски борци, ги наоѓаат овие региони совршени расадници за да ја шират својата теократска идеологија. Мнозинството од Сиријците сакаат слободна и демократска држава и ја отфрлаат теократијата, сепак без поддршка локалните координациски комитети не можат да се институционализираат во ослободените региони, оставајќи вакуум во кој екстремистички групи можат да се шират. Во меѓувреме, Њу Јорк Тајмс се придружи на руско-капиталистичката пропаганда против Сириската револуција, објавувајќи статија со видео на кое сириски бунтовници егзекутираат 7 Асадови војници. Прво, тоа се предавници на Револуцијата, Асадови војници и шпиони и во секоја револуција за да се победи стариот режим мора немилосредно да се чистат неговите поддржувачи. Само една паралела со изреки на докажани револуционери како Дантон, Робеспјер и Мара:

„Во Револуцијата нема полумерки и воздржливост. Божицата на одмаздата не е светица. Да бидеме страшни и корисни. Дали слонот гледа каде ја става ногата? Да го смачкаме непријателот.“ (Дантон, 1793)

„Граѓани, вие сакате револуција без револуција?“ (Робеспјер, 1792)

„Смрт, смрт е казната за предавниците“ (Жан-Пол Мара, 1791)

Резултатот за една година од доаѓањето на власт на горецитираните јакобинци бил тоа што целите на Француската буржоаска револуција (1789-1794) биле успешно остварени: а) Револуцијата го ослаби политичкото влијание и лидерството на аристократијата. Аристократите ги загубиле своите привилегии засновани на раѓање, бидејќи оттогаш привилегијата се засновува на сопственоста и богатството; б) Бидејќи привилегијата се засновува отсега на сопственоста и богатството, буржоазијата имала пристап до највисоките позиции во државата; в) Револуцијата ја преобрази династичката држава на стариот режим во современа држава (судска, извршна и законодавна власт).

Второ, руско-капиталистичката пропаганда со секоја можна конструкција, лага и клевета се обидува да ги поистовети војниците на Сириската слободна армија со религиозните фанатици од ал-Нусра. Нема поголема измислица од ова. Всушност, ССА е составена од 100 000 поранешни војници на Асадовата војска која ја напуштиле од причина што не сакале да пукаат во своите сограѓани и одлучиле да погинат за идеалите на Сириската револуција, слободна и демократска Сирија.

5) Eфектот на прелевање на сириската криза

Насилството на Асад веќе се прелеа надвор од границите на Сирија. Силите на Асад се одговорни за смртта на поединци во Либан и Турција. Асадовиот безбедносен апарат е добро познат по својата способност да иницира секташки тензии надвор од границите на Сирија. Либан, Турција и Јордан се ставени под значајно финансиско напрегање во справувањето со сегашната сириска бегалска криза. Малата нација на Либан прими повеќе од 700 000 бегалци. Кампот Заатари во Јордан стана четвртиот најголем град во таа земја. Ресурсите на меѓународните организации како УНХЦР, Светската банка за храна и УНИЦЕФ се продолжени до максимален капацитет и исцрпени. Единственото решение да се заврши кризата во Сирија е да се убие Асад и да се поддржат локалните координациски комитети.

6) Бидејќи безбедносниот совет на ООН одбива да делува, подвигот останува на либералните демократии

Безбедносниот совет на ООН неколку пати покажа дека е неспособно тело да се справи со сегашаната криза во Сирија. Рускиот и кинескиот капитал постојано дури не се обидуваат да ги осудат злосторствата на Асад, а камоли да наметнат санкции. Поради тоа, императив е, во име на човештвото, на либералните демократии да делуваат за да спречат понатамошни колежи од страна на Асадовиот режим.

7) Режимот во Сирија е монархистички – наследен од таткото Хафез до синот Башар – кој ја чува привилегираната класа во безгрижно експлоатирање на општественото богатство

Различни левичарски сили беа вклучени во сирискиот револуционерен процес oткако револуционерниот процес започна. Има бројни помали левичарски групи и младинци во Сирија кои учествуваат во револуционерниот процес, во локалните координациски комитети, организирањето на демонстрации и давањето услуги на населението. Сириската левица најмногу е ангажирана во граѓанската работа отколку во вооружено делување. Против засилувањето на левото крило на партијата Арапска социјалистичка преродба (Баас), кое спроведуваше општествени реформи според советскиот модел, настапи токму умерената група (читај: капиталистичката група) која беше собрана околу генералот Хафез Ал-Асад. На 16 ноември 1970 година со државен удар е преземена власта. Асад на 2 март 1971 година станал претседател на републиката и со основањето на Напредниот национален фронт ја намали зависноста од СССР и неговите сојузници и повторно ја дозволи приватната сопственост. Неолибералните реформи на Башар се случија во исто време кога сушата во 2008-10 предизвика десетици илјади селани да се преселат во градовите. Ефектот на сушата беше влошен со приватизацијата на државното земјиште во 2000 година, што доведе до интензивно нерационално обработување кое ги исцрпи ресурсите на вода. Скратувањата на субвенционираното гориво и укинувањето на ценовните контроли на пестицидите и храната за животни уште повеќе го зголеми очајот на селаните. Во градовите укинувањето на контролите на станбеното изнајмување и влегувањето на бахреинската корпорација Галф Инвестмент во пазарот на недвижнини уште повеќе го отежна добивањето на станови по достапни цени. Намалувањето на увозните тарифи ги банкротира многу мали производители, што придонесе кон зголемување на веќе високите стапки на невработеност, особено меѓу младите. Просечната плата опадна, проследено со кратења на субвенции и инфлација. А во 2010 година 61 процент од работниците заработувале помалку од 190 долари месечно. Други неолиберални реформи, како што е кратењето на данокот на корпорацискиот приход, уште повеќе го зголемиле богатството за богаташите. Приватизацијата на здравството и образованието и воведувањето на издатоци создадоа двостран дискриминаторски платежен систем со ексклузивни универзитети и болници за богаташите. Асад и неговиот режим ја сметаат Сирија како своја крава за молзење. На пример, само приходите од продажбата на нафта изнесуваат 15 милијарди долари годишно. Оваа сума не влегува во државниот биланс. Таа оди во џебовите на Асад и неговите разбојници. Ова е веќе 40 годишен случај. Ако ја пресметаме сумата која била ограбувана во текот на овој период, ние зборуваме за 500-700 милијарди долари. Ова е уште една причина зошто Асад и неговите разбојници треба да бидат казнети, а да не зборуваме за злосторствата извршени против човештвото. Темелната поделба во Сирија меѓу корумпирана и авторитарна владејачка класа и масата од работници и сиромашни покажува зошто левицата треба да нема илузии во однос на Асад дека на одреден начин тој е повреден да му се даде поддршка од Мубарак или Бен Али. Тоа се и длабоките социјални корени од кои се појави востанието поради што и на режимот и на странските влади ќе им биде тешко да го присвојат и да го обликуваат по нивните интереси.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s